Режисерот на „Титаник“ Џејмс Камерон ја коментира ситуацијата со подморницата Титан
top of page

Режисерот на „Титаник“ Џејмс Камерон ја коментира ситуацијата со подморницата Титан

Понекогаш, во момент на чист к’смет, пристигнува вест која има толку прикладен коментатор што делува како да е дизајниран во лабораторија. Џејмс Камерон, твоето време е сега.


Еј-Би-Си Њуз неодамна го исконтактира режисерот за коментар за имплозијата на Титан, подморницата на OceanGate Expeditions во која е нејзиниот капетан и четворица гости за обиколка на познатиот потонат брод Титаник. Камерон е човек кој темелно ја разбира приказната на Титаник (можеби сте слушнале за неговиот филм - се вика „Титаник“), човек кој гради подморници дизајнирани за големи длабочини и кој сними цел филм за патот на водата.Човекот го знае муабетот на оваа тема. Камерон со леснотија разговараше за техничките елементи на приказната, истакнувајќи дека многу луѓе од потопната заедница биле нервозни поради овој брод и напишале дојава до компанијата искажувајќи ја својата загриженост. Но, најнезаборавниот дел од интервјуто е кога тој ги става техничките аспекти на страна и едноставно коментира што значи приказната.


„Изненаден сум од сличноста на самата катастрофа на подморницата со приказната на Титаник“, рече Камерон. „..чиј капетан постојано бил предупредуван за санти лед пред неговиот брод, а сепак тој со полна брзина влета во ледено поле во ноќ без месечина, а како резултат на тоа загинаа многу луѓе. За многу слична трагедија, каде што предупредувањата не се послушале, да се случи на истото точно место, со толку нуркање што се случува низ целиот свет, мислам дека е едноставно зачудувачки. Навистина е сосема надреално“.



bottom of page