Екологија на тишината: човекот што садеше дрвја
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Oct 9
- 1 min read
Анимираниот филм The Man Who Planted Trees (1987) зборува за она што често го забораваме во време на избори: дека вистинските градители не ветуваат, туку засадуваат.
Нашиот свет во моментов е потопен од пароли и ветувања, „Човекот што садеше дрвја“ зборува тивко” и токму затоа погодува осетлив нерв. Филмот на Фредерик Бак, создаден рачно, како молитва во движење, е повеќе од анимација: тој е манифест на тивката упорност. Приказна за еден човек кој без аплауз и без сведоци ја менува својата земја, садејќи живот таму каде што останала само прашина.
Во време кога зборот „екологија“ звучи како празен слоган, оваа трисетминутна приказна потсетува дека вистинската грижа е чин на љубов – без потреба да биде забележана.
За филмот
The Man Who Planted Trees (L’homme qui plantait des arbres) е краток анимиран филм од 1987 година, режиран и илустриран од Фредерик Бак, канадски аниматор и еколошки активист со француско потекло. Сценариото е базирано на истоимената новела од Жан Жионо (Jean Giono, 1953), фиктивна, но инспирирана од реални ликови и пејзажи на Прованса.
Филмот ја раскажува приказната за еден осамен овчар кој, во текот на децении, сам ја преобразува својата опустошена земја во зелена долина, садејќи илјадници дрвја. Без зборови за слава, без политички програми — само преку трпение, верба и секојдневен труд.
Анимацијата е целосно рачна, создадена со пастел и акварел, со повеќе од 20.000 индивидуално нацртани кадри. Во 1988 година, филмот ја освои наградата „Оскар“ за најдобар краток анимиран филм, а денес се смета за едно од највлијателните дела во историјата на еколошката уметност.
„Секој цртеж е семе. Ако никне кај некого, мојата работа е завршена.“ — Фредерик Бак
▶️ Види го филмот




Comments