Море, набрзинка
top of page

Море, набрзинка

Неколку дена претходно - точно три - ми беше соопштено дека одиме на море.


Додека бев под немилосрдниот стисок на топлотниот бран запајташен со четвртиот ковид бран копнеев да отидам: избрав Палмолив гел за туширање кој мириса на плажа, и додека слабиот млаз од тушот се цедеше врз мене замислував дека сум во море… само овој гест на очај ме дисквалификуваше и да размислувам да останам во Скопје.


Но, за три дена мораше да организирам мал милион ситници… а, тоа резултираше со: мислите ми беа во слободен пад, и во оган, и се вртеа во круг како мачка што си го брка опашот, сето тоа одеднаш - првите два дена. Не можев да сфатам дека сум во заспано градче, ако воопшто беше и тоа, веднаш на плажата.



Се будев во 5 сабајле и одев со забрзан чекор на терасата. Третиот ден таа состојба испари.Нема да опишувам како изгледа тој мир, но сега не можам да излезам од него…ниту ќе навлегувам во про и кон списоци само ќе кажам: тешко нѝ e (интересна омашка!) да се вратам на галамата, да ја соџвакам и да ја плукам на малите Фејсбук гладни пилиња … #greece #macedonia #home

bottom of page