Музејот на графити слави 6 години со нова изложба „Origins“ за време на Miami Art Week
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 2 hours ago
- 2 min read

Музејот на графити -неодамна прогласен од U.S. News & World Report за еден од најдобрите музеи во САД, годинава ја одбележува својата шеста годишнина со нова, полу-постојана изложба насловена „Origins“, која го следи настанувањето и еволуцијата на графити-движењето: од улиците и подземните железници на Њујорк во раните седумдесетти, до неговиот статус на глобално призната и легитимна уметничка форма.
Посетителите на „Origins“ ќе влезат преку реконструирана вintage железарија, замислена како временска капсула што ги пренесува во периодот кога графитите беа чисто DIY-уметност создадена со индустриски материјали и импровизација. Овој имерзивен вовед во изложбата воедно функционира како вистинска продавница за боја, снабдена со Rust-O новата линија спреј-бои на Rust-Oleum специјално создадена за уметници, со што се означува значаен напредок во однос на старите денови на уличното експериментирање.

Еден од централните моменти во „Origins“ е презентацијата на оригинални слики од членовите на колективот United Graffiti Artists (UGA) : PHASE2, FLINT 707, SNAKE 1 и COCO144 кои не биле изложени уште од нивниот историски деби настап во 1973 година, кога графитите за првпат влегле во галериски простор.
„Пронаоѓањето на вакви ретки артефакти отсекогаш беше дел од нашата мисија да ја споделиме вистинската историја на графитите на најавтентичен начин“, изјави Алисон Фрејдин, ко-основачка на Музејот на графити.
Современата димензија на оваа приказна се прикажува преку голема самостојна изложба на меѓународно признатиот уметник JonOne (John Andrew Perello). Неговиот проект „El Tiguere“ , термин од доминикански уличен сленг што означува издржливост и бунтовна енергија, ја одразува трансформацијата на авторот од харлемски тинејџер што цртал возови, до светски афирмиран сликар со париско ателје. Преку динамичните линии и експлозивната палета, JonOne ја пренесува приказната за издржливост, отпор и уметнички подем.
За првпат во Мајами, Музејот ќе вклучи и активна уметничка работилница, во која JonOne ќе создава дела во живо, пред публиката. На денот на отворањето, посетителите ќе можат да присуствуваат на перформанс во реално време, во кој уметникот ќе го трансформира просторот со својот препознатлив ритам и стил.

„Го следам Џоновиот уметнички пат уште од 1980-тите во Њујорк и сè уште се восхитувам на тоа што го постигна со својот препознатлив потпис. Она што некогаш беше осудувано, денес го славиме како чиста уметничка генијалност“, вели Алан Кет, ко-основач и куратор на Музејот на графити.
Тродневната прослава на отворено ќе се одржи од 3 до 5 декември, поврзувајќи ги Museum of Graffiti, The Art of Hip Hop и The Private Gallery со една заедничка влезница.
Повеќе информации: museumofgraffiti.com





Comments