Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”
top of page

Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”

Еден од најдобрите филмови за вистинските ужаси и бесмисленоста на војната (покрај „Дојди и види“ „Данкирк“ и „Ивановото детство“) „На запад ништо ново“ е третиот обид да се екранизира истоимениот роман од Ерих Марија Ремарк.



Претходните два филмови, своевремено, исто така беа многу успешни: верзијата од 1930-та во режија на Луис Мајлстон доби два Оскари. Телевизискот филм од 1979-та од Делберт Ман, доби Златен глобус и Еми награда.

Во главната улога е Феликс Камерер, кој брилира во улогата на Пол Бојмер и ова е неговото филмско деби.

Саундтракот е нетипична модерна музика компонирана од Хаушка.


Пред да го гледаат овој филм, гледачите треба да го имаат на ум предупредувањето на Данте од неговото дело „Пеколот“ напишано на портите на пеколот: „ Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“ затоа што има многу страдање, а нема светлина на крајот на тунелот, ниту среќен крај во овој филм.


Авторка: Лени Гелева.

bottom of page