Ние плачеме заедно - краток филм од Кеј Дот.
top of page

Ние плачеме заедно - краток филм од Кеј Дот.

Целиот албум на Кендрик Ламар е точно она на што се надевавме и што очекувавме од него: комплексен, интелигентен дури и интелектуален (Екхарт Тол се појавува како влијание, но и неговиот глас), амбициозен. Сконцентриран на менталното здравје, генерациските проклетства и лични вистини… Но, зачудувачки - во најдобрата можна смисла - од некоја причина Кендрик Ламар, се потпра великодушно - на британската музичка сцена, и тоа не нивниот рап, оние кои му се жанровски или културолошки блиски. Во случајот со We cry together (Ние плачеме заедно), тоа се Florence and the machine, со кој ја отвора песната, а потоа користи интерполација од June.


Другиот семпл е џез - сензибилитет кој веќе два албуми претходно го покани како звук кој може да му ја вдоми и продукцијата и стиховите: Valentine на Gary Peacock, Art Lande и Eliot Zigmund Valentine.


Спотот кој излезе со Ние плачеме заедно, е промовиран како „краток филм“ и не за ништо. Неговата контратежа, дијалогот се одигрува и на албумот не со музичар, туку со актерка Taylor Paige - и додека го гледам краткиот филм спот имам чувство дека не рапуваат, туку дека тогаш и таму на снимањето, ги изговараат репликите - не рап стихови(малите дискрепанци во текстот со албумската верзија кажува дека е така ).


PG Lang - креативната агенција која ја отвори Ламар, во мисија најави активности во сите медиуми, но засега најактивни се во - филмот. А и се чини дека овој краток филм е современа интерпретација на сцена од Poetic Justice со Janet Jackson и Tupac Shakur (нема да биде првпат кога го користи како референца. Poetic Justice му е еден од најголемите хитови).


Всушност целиот албум потсетува на мјузикл, музичка или музикална драма.


Се мислев дали да ги преведам стиховите, но она за кое се сомневав дека е вистина, удри уште посилно како ме зјапаа зборовите назад на македонски уште при самиот обид: читајќи на англиски, без разлика колку добро го разбираш, или си живеел со јазикот, не може да сфати колку сиров, колку е близок до животот. Вулгарностите и пцостите, кои се „препишани“ многу веројатно од вистинскиот живот - го отвараат тоа сирово секојдневие како напукната лубеница. Толку е интимен, и реалистичен разговоров, што си мислев „ местово на овие стихови им е позади затворени врати“ од некоја причина. Но точно тоа и е поентата, да се отворат вратите на една токсична врска.


Се работи за расправија на еден пар, расправија која се чини дека води кон раскинување на врската но всушност завршува со секс. И сугерира дека таа караница се одигрува редовно и ја храни со „лудо млеко“ врската, колку и да има самосвест за таа токсичност.




Плачеме заедно


Држете се заедно

Држете се заедно

Ова е како светот звучи


А не, еби се копиљ* (еби се кучко) (оригиналниот збор е „нигер“ - но во нивниот контекст значи нешто поинаку од она што е во македонскиот кој има исклучиво расна конотација)

О вау, океј

Си се заебал

Еби се, еби се

Се колнам, уморна сум од овие емотивни, неблагодарни кучки,

(Ќути ти ибам)

Нестабилни, конфронтациски, глупави кучки

Треба секој по свој пат да си отидеме одма, треба да си продолжиш самa (жими Господ)


Еби се копиљ, сакаш да си се сожалуваш, ама нема со мене

Секогаш глумиш како твоето гомно да не смрди, порасни дркаџијо, (иди ма еби се)

Секогаш доцниш за срања, не сакаш да купуваш срања, па седиш и одрекуваш срања (чоек!)

Се ебеш наоколу со кучката по страна, тогаш доаѓаш и ми ги упропастуваш моите срања

Што? Ти ги упропастувам твоите срања? Мора да крвариш и некои други срања

Кучко, не знам за нишо од срањава еби ги твоите чувства, ова е курвинско срање

Види, не знам зошто сакаш да си играш ментални игрици со мене

Кучко, не сум ни глупа ни блесава, знам кога си на дистанца

Знам кога си лажно зафатен, излези од твоите чувства и немој на мене со обратна психологија

Чоек, кучко, трипаш, кој ти го купи Роли ланчето?

И кој ти ја стави колата на твое име?

Што мислиш? Ке ти го лижам г’зот

А не копиљ, ебено си тапа

Ми трошиш време и енергија, пробувам да бидам добра со тебе

Изгубив другари, фамилија, а добив непријатели поради тебе

Кучкине ме зјапаат во Зара, ороспии ми ги гребат колите

Требаше да си одам по својот ум, во 09 и да се преселам во Џорџија,

Оо, што, сега е моја вина? Кучко пробуваш да трипаш на моќ или вина?

Те држев и пазев

Ме држеше доле, тоа е голема разлика

Се стресувам се обидувам да сконтам зошто не сум доволно добра

Одам во црква, се молам за тебе, барам што е доброто со нас

Копиљ со мало куре што пробува да успее на големо

Ама ми го пушеше ова куре

Е па срање, требаше да му го пушам на него

Што рече?

Требаше да најдам поголем кур, кучко, тргни ми се од фаца

Оо што, лут си?

Ќути кучко, денес нема да си играм курташак, жими Господ

Ах-ха, лут си, малиот со чувствата е погоден

Иди пиши порака, на парталавата кучка, и кажи ѝ ти си сѐ што има

Чоек, која кучка?

Кажи ѝ дека си ги пакуваш срањата, и дека треба да се иселиш до први,

Ма дај ми ги ебените клучеви

Дај ми ги клучевите ќе задоцнам на работа

Еби ја твојата работа, денес ќе биде денот кога ќе идеш пеш до кучката

Дај ми ги ебените клучеви

Нее, ми се свиѓа дека си испаркиран во кучката

Дај ми ги клучевите брат

Жими господ, не ги земаш клучевиве

Дај ми ги ебените клучеви


Аах, сега си ми лут, те натерав да се дереш за ништо

Го правам истото кога се ебеме,

Глумам како пичето да не ти е попуштено

Порадо ќе глумам дека свршувам

Порадо ќе од

Порадо ќе го ебам братучед ти

Кучко, рече ќе ебеш - кого

Ме слушна копиљ, не е ништо

Ни сам не знам зошто се заебавам со тебе

Да не сум јас ако заглавам со тебе

Го сменив бројот, ќе те избегавам кучко

Кучко, како и да ти одговара

Срање, ова се тип на срања што парови ги прават?

Требаше да ми текне да те женам, кучко

Копиљ, ти си прљав и шворц

Курво ти си трапава и лекомислена, кој кур збориш?

Мм, твоите несигурности нема да дозволам да ме ебат у мозок

Женкар, си немал никава љубов од мајка ти, гледам

Немој мајка ми да ја ставаш во уста, кој кур ти е?

Кучката ионака не ме сака

Кучко, ти ја даде Хондата

И го искористи тоа срање да ми го вади од нос,

Смешно ми е што не можеш само да се извиниш

Егоистичен, нарцистичен, заљубен во своите лаги

Пази, ти си причина зошто силните жени се поебани

Зошто кажуваат дека е свет на мажите, види,

Ти си причината за Трамп

Ти си причината што сме превидени, помалку платени, никако најмени, засрамени

Ако гледаш, не зборувам, тогаш сум критикувана

Јас сум со маани, со болка, никогаш твоја, останав

Ти си причината што кучките почнуваат да се ебат со кучки кога ќе се сменат

Ти си причината што кучките ве викаат кучки затоа што сите сте бескорисниТи си причината зошто Харви Вајнстин мораше да си го види крајот

Ти си причината Р Кели не може да види дека е насилник

Чоек, заќути, сите знаеме дека уште го слушаш

Реков уморна сум од овие емотивни, неблагодарни кучки

Фејк невини, Фејк феминисти, доста се преправаш

Твоите сентименти не се повеќе вистински од она што го браниш

(еве го почна пак, заќути)

Тоа е одлука на пола, женски како тебе и вистинските жртви

Ајде да зборуваме малку вистина, жените генерално не можат да се сложат (објасни копиљ)

Хмм, кога Таш најде дечко, престана да ѝ креваш (објасни копиљ!)

А-ха!

А-ха, кога Нејт најде работа, рече ќе останеш дома (објасни!)

Оф, па зошто РНБ кучките не си гостуваат на песни тогаш?

Кој кур зборуваш?

Нема врска, кучко си одам

Како и да е, копиљ, се оладив од тебе

Толку си злобна што се прашував цело време

Пичка копиљ, подобро пази си ја устата

Пичка и уста е сѐ што имаш

Легни го пичево назад на каучот

Од позади, после ти врз мене


Еби ме копиљ (ќе те ебам кучко)

Нее еби ме копиљ, еби ме (ќе те ебам кучко)

Нее еби се, еби ме (си играш играчки)

Еби ме…



bottom of page