Низ цела Македонија хомофобични плакати и налепници на албански и македонски
top of page

Низ цела Македонија хомофобични плакати и налепници на албански и македонски

Од Тетово до Струмица во пресрет на парадата на гордоста, очигледно оркестрирано и - анонимно, залепени се нелегални хомофобични плакати по јавните простори. Модус операнди е идентичен со оној на групата која го води профилот „Преземи одговорност“ - анонимно хушкање. Тука е и сајтот кој го водат zadecata.org кој е отворен од Флорида, САД: тие ги повторуваат поентите на американските познати фанатици како Мет Волш, кои се продукт на фундаменталистички лоби групи. Не на религиски чувства, не на морални и етички принципи - туку на работна задача.


Со овие акции ги ставаат во опасност не само илјадници припадници на ЛГБТКИ+ заедницата, туку и на нивните сојузници, пријатели, и членови на семејствата кои вообичаено се придружуваат на оваа парада, но и на обезбедувањето - МВР.





Плакатите во Тетово, Скопје и Кичево велат:


ПРОТИВ ДЕГЕНЕРАЦИЈА!

# Брани ги вредностите

# Заштити го семејството

ЈАВЕН ОГЛАС

Во наредните денови се очекува „Заедницата на дегенерација“ да го направи своето дефиле.

Со Алахова дозвола ве известуваме дека на 24 јуни ќе имаме протести во градот Скопје против оваа дегенерација против оние што ги засегаат нашите вредности, и нашите семејства.

Обединети, заедно за една цел!

Заштитете ги вашите вредности, заштитете го вашето семејство!

Ја очекуваме вашата поддршка!

ИСЛАМСКИ ОДРЕДБИ

ДАТУМ: 24.06.2023

ВРЕМЕ: 11:00 часот

МЕСТО: „ПЛОШТАД СКЕНДЕРБЕГ “ - СКОПЈЕ

Овој плакат насловен „Против дегенарцијата“ осамна низ Македонија.


МПЦ рака под рака со мистериозните „Преземи одговорност“ не останаа пократки...




.



bottom of page