Ники Минаж тврди дека Џеј Зи ѝ должи 200 милиони долари: „Оние што го викаат Хов – ќе одговараат пред Бог“
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Jul 10
- 2 min read
Нова јавна епизода во конфликтот меѓу две хип-хоп икони – Ники Минаж (Nicki Minaj) и Џеј Зи (Jay-Z).

На 8 јули, Минаж објави серија тврдења на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), во кои го обвинува Џеј Зи дека ѝ должи меѓу 100 и 200 милиони долари за уделот што го имала во музичката платформа Tidal.

Според неа, при лансирањето на Tidal во 2015, 15 артисти – вклучувајќи ја Минаж, Бијонсе (Beyoncé), Ријана (Rihanna), Џ. Кол (J. Cole) и Кање Вест (Ye) – добиле по 3% сопственост во компанијата, која тогаш вредела 56 милиони долари. Но во 2021, платформата беше продадена на Square (во сопственост на Џек Дорси – Jack Dorsey) за 302 милиони долари. Минаж тврди дека ѝ понудиле само 1 милион долари за својот удел – сума што според неа е далеку под реалната вредност.
„Пресметавме дека е од 100 до 200 милиони. Џеј Зи, јави се – оваа кармичка сметка само расте со камата“, напиша таа.

И покрај тоа, додаде: „Сè уште си ми во Топ 5. Ајде да го разрешиме ова.“
Минаж отиде чекор подалеку и изјави дека фановите кои го нарекуваат Џеј Зи со прекарот „Хов“ ќе мора да „одговараат пред Бог за богохулие“.
Таа објави и дека, доколку ги добие тие пари, ќе ги искористи за да финансира школување на своите фанови преку фондацијата #StudentOfTheGame:
„Ќе платам школарини, студентски долгови, ќе ги пратам моите Barbz на факултет.“
Никој од тимот на Џеј Зи или од Roc Nation сè уште не реагирал. Но конфликтот продолжи и неколку дена подоцна, кога Минаж објави навредливи коментари насочени кон Меган ди Сталион (Megan Thee Stallion) – уметничка потпишана под Roc Nation – користејќи тековна тужба за сексуално вознемирување како дел од нападот.
Comentarios