Објавен е првиот тизер за Опус каде Рјуичи Сакамото го изведе својот последен настап
top of page

Објавен е првиот тизер за Опус каде Рјуичи Сакамото го изведе својот последен настап

Рјуичи Сакамото го изведе својот последен настап за новиот филм Опус, а сега е објавен и првиот тизер.
Пионерот - композитор почина на 71 годишна возраст во март годинава, откако му беше дијагностициран рак на дебелото црево во 2021 година и рак на грлото во 2014 година.


Кон крајот на декември минатата година славниот композитор и основач на оркестарот Yellow Magic Orchestra го имаа својот последен концерт со пренос во живо насловен „Рјуичи Сакамото: свирење на пијано 2022“
Сепак, следеше уште една изведба, снимена за концертниот филм „Опус“, кој ќе биде премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал на 5-ти септември.


Погледнете го клипот на Deadline.

Во постхумната изјава за проектот, Сакамото рече: „Проектот беше замислен како начин да ги снимам моите настапи - додека сè уште можев да настапувам - на начин што вреди да се зачува за во иднина. Го позајмивме студиото 509 на NHK Broadcast Center за да снимаме, што е место што мислам дека ја нуди најдобрата акустика во Јапонија“.

Тој додаде: „Секое парче што го снимивме дома го свирев и снимав на iPhone за да го конструирам целокупниот состав на концертот кој ќе ја изрази прогресијата на времето од утро до вечер. Сè беше прецизно поставено, така што позициите на камерата и осветлувањето значително се менуваа со секоја песна.
Влегов во снимањето малку нервозен, мислејќи дека ова може да биде мојата последна шанса да го споделам мојот настап со сите на овој начин. Снимавме неколку песни дневно со многу внимание.Во извесна смисла, размислував за ова како на мојата последна можност за настап, исто така почувствував дека можам да пробијам нови граници. Едноставно свирење неколку песни дневно со многу концентрација беше се што можев да соберам во овој момент од мојот живот.
Можеби поради напорот потоа се чувствував крајно шупливо, а состојбата ми се влоши околу еден месец. И покрај тоа, чувствувам олеснување што успеав да снимам пред мојата смрт - изведба од која бев задоволен“.

Претходно оваа година, раководството на Сакамото сподели плејлиста курирана од покојниот музичар и композитор, насловена како „Погреб“.

Тие напишаа на социјалните мрежи: „Би сакале да ја споделиме плејлистата што Рјуичи приватно ја составуваше за да биде пуштена на неговиот сопствен погреб како придружба на неговото умирање. Тој навистина беше со музиката до самиот крај“.

bottom of page