top of page

Погледнете ги Ашер, Алиша Кис, Лил Џон, Лудакрис и повеќе за возбудлива изведба на полувремето на Суперболот


Настапот на Супербол полувремето гарантира дека ќе направи една работа: луѓе, многу луѓе ќе се поплакуваат колку е тапа, не чини, Принс го направил тоа подобро, па дури и ќе бидат скандализирани доколку видат малку повеќе кожа.. Но Ашер во петокот успеа да ги обедини дури и најкритичните мрчатори во воодушевување од настапот.




Ашер (Usher) ја презеде сцената на Super Bowl LVIII Halftime Show во неделата вечер на величествен начин и изнесе неколку големи иимња како специјални гости. Шоуто се одржа во неделата во Allegiant Stadium во Лас Вегас, Невада, а пејачот од Атланта се потруди на сите можни начини да донесе настап перформанса кој брзо се рашири по социјалните медиуми. 

45-годишниот Ашер изведе микс од хитови, вклучувајќи "Caught Up," "U Don't Have To Call," и "Love in This Club," но специјалните гости го подигнаа шоуто на посериозно ниво. Алиша Кис се  придружи на Ашер за изведба на "If I Ain't Got You" и "My Boo" пред да се појави Џермејн Дупри и да му помогне со "Confessions, Pt. II." Потоа 45-годишниот продолжи со мајсторски микс на "Burn" и "U Got It Bad" додека H.E.R. и Will.i.am беа следните кои се придружија на забавата. Ушер го затвори полувремето со Lil Jon и Ludacris кои се придружија за електрифицирана изведба на нивниот сингл од 2001 година "Yeah!".Во скорешно интервју со Good Morning America, Ашер откри дека настапот е посветен на сите црни  уметници кои го инспирирале. „Размислувам за тоа што нашата земја претставуваше за Црните уметници. Во одреден момент, требаме да поминеме низ кујните за дури и да имаме можност да настапиме пред публика. Тие мора да се измолкнат низ задната врата, стравувајќи за своите животи, и да одат во друга држава за да го прават истото. Со овој настап влегувам низ влезната врата“.Тој продолжи, "Не започнав каде што сум сега, и не стигнав таму сам. Затоа, секој кој беше дел од тоа, ги носам со мене. Сите мои фанови, моите драги луѓе- луѓето кои можеби чувствуваат дека се заборавени, не се. Вас ве носам со мене кога ќе влезам на таа сцена таа вечер." Супербол полувремето емомент кога музиката и спортот се среќаваат на една сцена, креирајќи уникатен спектакл гледан милиони(па и милијарди). Оваа платформа им овозможува на уметниците да ги покажат своите таленти на глобално ниво и да го искажат својот став. За Ашер, ова беше можност да ги почести Црните уметници кои го инспирираа и да ги носи со себе нивните приказни и борби. Тоа е момент на солидарност и признание, и еден од најголемите настани во светот на спортот и музиката.

П.С. Нашата миленичка останува Рири





Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page