Светло-зелениот мурал на Бенкси се појавува на Денот на Свети Патрик
top of page

Светло-зелениот мурал на Бенкси се појавува на Денот на Свети Патрик




Нов мурал на Бенкси на фасада на станбена зграда на лондонскиот Хорнси Роуд се појави на Денот на Свети Патрик. 


Нов мурал на Бенкси се појави во лондонската населба Финсбери Парк во текот на викендот, на задоволство на жителите на Хорнси Роуд. На фасадата на, во моментов, празна станбена зграда, светло-зеленото дело се усогласува со искастрените гранки на дрвото со ограда за да личи на тажна врба, додека препознатливата фигура со стенсил, која држи црево, е свртено накај дреч-зелено, и од која капе зелена боја.



Лондончаните но подеднакво и аутсајдерите, шпекулираа дека тоа е парче од Бенкси откако се појави на Денот на Свети Патрик, и излезе дека беа во право кога уметникот го објави делото на Инстаграм, само со слика но без натпис, на 18 март. Неколку граѓани од соседството изјавија за Гардијан дека тие веруваат дека муралот ја коментира моменталната климатска криза. Лидија Гуера, која живее на Хорнси Роуд, го сфати делото како порака за „борбата на природата“.




Пред дополнувањето на Денот на Свети Патрик, претходно дело на Бенкси - антивоено дело додадено на знакот за стоп во Лондон во декември 2023 година - беше украдено неколку часа по потврдување на автентичноста на уметникот на Инстаграм. Помалку од еден месец пред да биде украден знакот стоп, муралот на Бенкси од 2017 година кој се однесува на Брегзит беше срушен во Довер, Англија, бидејќи беше на страната на осудената зграда.


Коментарите на најновата објава на Бенкси на Инстаграм забележаа дека барем крадците нема да му го украдат муралот. 




bottom of page