top of page

Хотелот на Бенкси на Западниот Брег во Газа е затворен



Хотелот на Бенкси (Banksy) наречен Walled Off (Ограден) во палестинскиот град Витлеем е затворен поради тековните напади на Израел врз Палестина, во кои загинаа повеќе од 20.000 луѓе во Газа и стотици на окупираниот Западен Брег каде што се наоѓа хотелот. Установата со три ѕвезди ги сместува уметничките дела на Банкси во своите соби и лоби и директно гледа кон незаконскиот ѕид што го олесни она што многу организации го опишуваат како апартхејд  во регионот кога беше изграден пред повеќе од две децении. Бенкси има насликано и  неколку дела кои го осудуваат израелското насилство на бариерата долга преку 443 милји, а хотелот Walled Off може да се пофали со самопрогласениот „најлош поглед на светот.“

„Поради значајните случувања во регионот, со жалење решивме да го затвориме хотелот засега“, објави хотелот на Инстаграм „Ќе објавуваме ажурирања овде како што се развива ситуацијата“.




Витлеем, библиското родно место на Исус, сместено 9 км јужно од Ерусалим, долго време служеше како дестинација за аџилак. Туристите мора да поминат низ израелски воен контролен пункт за да стигнат до градот; На Палестинците им треба посебна дозвола да заминат. Израел континуирано градеше населби на Западниот Брег, а уште пред нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.200 израелски цивили и војници, оваа година се покажа како најсмртоносната во историјата за окупираната територија, со најмалку 483 Палестинци загинати во тој регион.




Меѓу другите погодности,   Walled Off хотелот кој доби одлични оценки, вклучува лоби бар во британска колонијална тема со „атмосфера на незаслужен авторитет“, според неговата веб-страница, која служи чај и слатки под висечките прикази на херувими кои носат маски за кислород. Над нив е поставена скулптура во класичен стил која се гуши од солзавец. Галеријата на хотелот содржи дела на локални уметници, а музеј и книжарница кои се посветени на историјата на бариерата што е на чекор од влезните врати на музејот.




Хотелот е отворен во 2017 година, на 100-годишнината од Британската декларација на Балфор што ја наведе намерата на нацијата да создаде татковина за еврејскиот народ во Палестина. Бенкси одржа сатирична чајанка наречена „Извинување“ за Палестинците која беше синхронизирана со формалната прослава на Велика Британија за нејзиното едновековно прогласување.














Меѓу другите уметнички дела, Бенкси создаде скулптура во 2019 година за хотелот со наслов „Лузна од Витлеем,“ сцена на раѓање под сегмент од бетонски ѕид перфориран со нешто што изгледа како остаток од експлозија во облик на ѕвезда. Една деценија претходно, Бенкси насликав стаорец кој држи чатал на напуштениот израелски воен пункт близу до бариерата во близина. Делото беше пренесено во уметничка  галерија во Тел Авив минатото лето, а палестинското Министерство за туризам го осуди тоа како „кражба на имотот на палестинскиот народ“.



bottom of page