Тапанарот на Foo Fighters, Taylor Hawkins пронајден мртов
top of page

Тапанарот на Foo Fighters, Taylor Hawkins пронајден мртов

Долгогодишниот тапанар на Фу Фајтерс, Тејлор Хокинс, почина на 50-годишна возраст.


Хокинс беше пронајден мртов во хотелска соба во северниот дел на Богота, Колумбија каде бендот требаше да свири на фестивал во петокот вечерта. Причината за смртта се́ уште не е објавена.

Групата требаше да свири на Фестивалот Естерео Пикник во колумбискиот главен град, но тие вчера објавија дека бендот нема да свири поради „сериозна здравствена состојба“.


Хокинс, кој беше оженет со неговата сопруга Алисон и татко на две тинејџерски деца, Оливер и Анабел, штотуку заврши низа турнеи во Јужна Америка, а бендот последен пат свиреше во Сан Исидро, Аргентина, минатата недела.


Хокинс му се придружи на бендот во 1997 година, откако групата го заврши својот втор албум, The Color and the Shape.


Пред да биде Фу Фајтерс, Хокинс свиреше на тапани за Аланис Морисет од која беше регрутиран од фронтменот Дејв Грол - сопствениот легендарен тапанар на Нирвана.


Грол го формираше својот втор бенд Foo Fighters во 1994, само само неколку месеци откако Курт Кобејн, фронтменот на Нирвана, си го одзеде животот. Во документарецот за Нетфликс, Напред - назад, тој зборуваше(едвај и за прв пат) за траумата што ја донело ова самубиство, и како зависноста на Хокинг, го потсетува и плаши од таа причина што веќе таа ситуација му е позната.


По самоубиството на Кобејн во април, Грол се повлече и не беше сигурен дали сака да остане во музичката индустрија, но го создаде Foo Fighters во октомври истата година, откако напиша демо од 15 песни и потпиша со Capitol records.


Кога Хокинс му се придружи на бендот во 1997 година, Фу Фајтерс се пресели од алтернативната рок сцена за да постигне мејнстрим успех, редовно полнејќи ги арените и стадионите.






bottom of page