Чудно фотошопираната семејна фотографија на Кејт Мидлтон создава уште почудни мемиња
top of page

Чудно фотошопираната семејна фотографија на Кејт Мидлтон создава уште почудни мемиња

Одлуката на принцезата да сподели чудно изменета слика, а потоа да се извини за тоа не помогна многу, во смирувањето на апсурдните теории на заговор на Интернет. И тогаш дојдоа мемињата.


Чудната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините три деца споделена за време на викендот долеа масло на огнот на гласините дека таа е MIA, ја нема - од јануари. Принцезата од Велс се повлече од јавноста од Божиќ 2023 година, а Кенсингтонската палата подоцна потврди дека била подложена на „планирана операција на абдоменот“ во средината на јануари. Малиот број на достапни информации ги поттикна корисниците на социјалните мрежи да лансираат теории на заговор на ѕидот за да видат што ќе се фати - вклучително, но не ограничувајќи се на шпекулациите за бразилско подигнување на задникот и Кејт како пробува да изведе Gone Girl.

Но, принцезата го прекина молкот во неделата, 10 март - Денот на мајката во UK- за да сподели семеен портрет кој навистина не помогна да ги смири теориите на заговор, ако не и да ја влоши ситуацијата.


Новинските и фото-агенциите како Асошиејтед прес и Гети Имиџис издадоа известувања за повлекување на фотографијата, наведувајќи докази за дигитална манипулација што ги прекршува нивните политики за фотографии. Во изјавата , на 11 март, Мидлтон призна дека „експериментирала со едитирање“ како аматер фотограф и се извини за конфузијата, која само ги мотивираше луѓето да продолжат да укажуваат на чудни недоследности низ сликата и, природно, да и́ ја мемат мајката. Едно лице не можеше да одолее да додаде уметничка историска перспектива со наметнување на неуспешната реставрација на фреска во Шпанија со љубов позната како „Ѕверот Исус“.

Подолу, ви ги претставуваме некои од најдобрите и веќе иконични одговори на портретот на семејството Мидлтон :





bottom of page