2 Мирко Попов | diva.mk
top of page

2 Мирко Попов

 ,, Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.


Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!


Киднавме од ланец, и каква среќа - го сретнавме Мирко Попов! Вториот дефинирачки гостин, слично на институцијата „втор албум“ е Мирко, кој е еден од оние ликови кои или го мразиш или го сакаш, и трето нема и во „Брза кучка“ верен на себе, и на формата дава одличен материјал и за обете групи луѓе.




Мирко Попов не се извинува за своите ставови, ниту за она кој е.


За оние што го сакаат: ќе чујат какво дете бил малиот Мирко, зошто сака, едноставно ОБОЖАВА да пишува, но зазира од идентитетот „македонски поет/писател“, ќе не́ потсети зошто и покрај лошата навика да кукаме, имаме зошто да бидеме среќни па и горди, за неговата хиперпродуктивност, за соработката со младата сцена со платоформата „Силата еу младите“ и што има научено од младата генерација креативци, за Јанг Дади, за поп културата, зошто мисли дека е мета на тролови, и - ПМГ народна (изданија на народна музика )- е реалност!



За оние кои сакаат да го мразат - ќе бараат напорно причини за тоа и ќе најдат еден тон, затоа што не се штедеше кога распали, но и ги разговаравме неговите најконтроверзни моменти како повикот да се запалат сите цркви и „дијагноза-гејт“. Сето ова го зборувавме во утрото кога осамна веста дека неонскиот натпис „Ние сме од Скопје“ (инспириран од песна на ПМГ) одмазднички е симнат од МКЦ.


Па не гледаме посовршен момент да го чуеме Мирко - па да го слушнеме !


00:22 - Мирко пишува, зборови еден тон.


07:04 - Кочо Рацин е комплетна несреќа.


14:00 Хиперпродуктивен од клинец - мора да се работи за ПМГ да го прошири полето на делување.


20:06 - Визијата е побитна од егото.


20:18 - Работа со младите креативци.


23:10 - ПМГ работи со поп артисти - критиките се резултат на ограниченост.


26:05 - Јанг Дади - еден од највоспитаните, образовани, младиќи, му помага на Мирко во работата.


29:00 - Зошто Мирко е мета на тролови уште како дете? Ја бара причината и во себе.


34:02 - За скандалот „Сите цркви да се запалат“ : „Јас доаѓам од попска фамилија...“


37:50 - На Македонците црквата им е неопходна.


43:22 - За скандалот „Дијагноза“: Скопје може да биде Лондон, Берлин.


46:25: „И онда бев поканет да зборувам на едно политичко rally"


56:00 - Распеани Валандовчани 



на КСП Центар - Јадро, а автор и водител е Ана Чушкова.


Инстаграм  Дива


Фејсбук Брза Кучка.


КСП Центар Јадро Дива Мисла


Плимата ги подига сите бродови: доколку сакате да и́ помогнете на Брза кучка да продолжи да функционира и да стане платформата на која ќе може да се забележи и промовира македонската независна културна сцена: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.

Лени Галерија

bottom of page