Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- 🐾 ШТО ДА ПРАВИШ КОГА ПЕКОЛОТ Е НА ЗЕМЈА, 🐾 ШТО ДА ПРАВИШ КОГА ПЕКОЛОТ Е НА ЗЕМЈА, што-да-правиш-кога-пеколот-е-на-земја
Упатство за грижа на животни во екстремна жештина (особено за оние што се држат на ланец) Во Македонија овие денови не е само жешко – опасно е. Термометрите во главниот град покажуваат 42 °C, а во целата земја се активирани црвени и портокалови аларми. Во такви услови, животот на отворено не е тешкотија, туку болка – особено за животните кои немаат избор. Овој текст е упатен до сите што имаат животни на тераса, двор, кров или – сè уште – на ланец. 🚫 НЕ ДРЖИ ЖИВОТНО НА ЛАНЕЦ ВО ЖЕШТИНА Држењето животно (особено куче) врзано на ланец е суровост во секоја сезона. Но во екстремна жештина, тоа е практично тортура. Металните ланци стануваат вжештени, телото не може да се помести во сенка, водата испарува, а асфалтот гори. Ако не можете да го ослободите тогаш барем: Поставете засолниште што дава сенка цел ден Преместете го ланецот така што животното да има простор за движење Проверувајте го ланецот ако е метален, обложете го со ткаенина или пластика Освежувајте го телото на животното со вода неколку пати дневно Но најважно: Преиспитајте зошто ви е потребно животно на ланец. Дали тоа е куче-чувар или животна навика? Животно што не се движи, не лае, не е ниту чувар ниту придружник – туку страдалник. ВОДА: ЧИСТА, СВЕЖА, ПОСТОЈАНО ДОСТАПНА Во жештини над 35 °C, телото (и човечко и животинско) губи течности за неколку минути. Постави голем сад со вода, во сенка. Ако си на работа, остави два-три различни извора на вода, за да не се испразнат или превртат. Додај неколку коцки мраз или замрзнато шише вода околу садот – не директно во водата – за да остане свежа. СЕНКА, НЕ САМО „НЕКАДЕ“ Животно што е изложено на директно сонце без засолниште може да претрпи топлотен удар. Сенката треба да биде: Постојана (не само до 12 часот) Од чадор, чаршав, дрво или кров Далеку од бетон, што зрачи топлина дури и кога има сенка Дрвото е најдобро. Метален кров – најлошо. 🐾 Уличните мачки и кучиња во топлотен удар: невидливи тела под сонцето Тие немаат врата на која ќе чукаат. Немаат сад што некој ќе го дополни. Немаат сенка што ќе ги пречека секој ден на исто место. Во екстремни горештини, уличните животни се меѓу најризичните суштества во градот. Без пристап до вода, без стабилно засолниште, изложени на бетон што пече, тие често страдаат во тишина. Многу често и умираат така – тивко, во некој агол што никој не го гледа. ⚠️ Како изгледа топлотен удар кај улично животно? На улица, нема кој да ги следи знаците – затоа набљудувањето и грижата на случајните минувачи е суштинска. Ова се симптомите што бараат итна реакција: Забрзано, плитко дишење Јазик кој виси, често синкав или леплив Неконтролирано лежање на отворено (без реакција на луѓе или бучава) Тетурање, несигурен од Треперење, згрчени мускули Ако забележиш улична мачка или куче со овие знаци – не го игнорирај. Можеби си последниот човек што ќе помине покрај него пред да биде предоцна. 🧊 Што можеш да направиш веднаш? ☑ Освежи го: Истури вода на подлогата околу него. ☑ Навлажни го: Нежно испрскај му ги шепите, вратот и делот зад ушите. ☑ Понуди вода: Ако можеш – остави пластичен капак/чашка со вода. ☑ Помести го во сенка: Дури и ако е само мала сенка од зграда, тоа може да биде животоспасувачко. ☑ Контактирај здружение: Ако животното е во сериозна состојба, јави се во локално здружение или ветеринар. 💡 Малите гестови спасуваат животи Празна шолја со вода пред зграда. Картонска кутија под сенка. Мокра крпа на плочник. Ова не се решенија – но се првиот отпор кон заборавот. Во време кога дури и луѓето тешко дишат, уличните животни немаат кому да се пожалат. Ние сме нивната шанса. ПРЕПОЗНАЈ ТОПЛОТЕН УДАР КАЈ ЖИВОТНИ Знаци на топлотен удар кај куче: Тешко, забрзано дишење Лепливи, суви непца Повраќање или дијареа Недвижност, губење рамнотежа 🆘 Итно внеси го животното во лад, ставај му влажни компреси, особено на шепи, врат, внатрешни бутови. И барај ветеринар. 💬 КАЖИ НЕШТО Ако забележиш животно врзано на сонце: Разговарај со сопственикот – смирено, но решително Понуди конкретна помош: сенка, вода, пренослива куќичка Ако се повторува, пријави до најблискиот инспекторат или здружение за заштита на животни ЗАКЛУЧНО: ЖИВОТНОТО НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ Не може да си најде ново место. Не може да каже „жешко ми е“. Ниеден објект во дворот, ниедна функција не е поважна од животот што страда и молчи. Нека жештината биде момент на свест – за какви луѓе сме во однос на тие што зависат од нас.
- Боб Сагет почина на 65 години!, Боб Сагет почина на 65 години!, боб-сагет-почина-на-65-години
Кажуваат дека познатите си одат во тројки, но Дива почнува да личи на некролог :(. Посебно сме извадени од памет затоа што вчера гледавме Fuller house - и по прв пат од деца ги видовме глумците. Полицијата кажува дека засега нема сомнителни околности кои укажуваат на неговата смрт, ниту употреба на дрога. Само неколку часа пред да е најден во хотелската соба, постирал селфи на Инстаграм.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Квир култура, транс побуни и архиви на отпорот: Симпозиум вечерва во Скопје, Квир култура, транс побуни и архиви на отпорот: Симпозиум вечерва во Скопје, квир-култура-транс-побуни-и-архиви-на-отпорот-симпозиум-вечерва-во-скопје
Источна Европа, Балканот и иднината на квир отпорот низ уметност, поезија и теорија Вечерва (4 јуни, среда) со почеток во 19:00 часот, во Скопје ќе се одржи симпозиумот „За квир културата, Балканот, Источна Европа и глобалните транс* побуни“. Настанот обединува не само истражувачи, уметници и активисти од регионот и пошироко, туку и перспективи што ретко добиваат централно место во јавниот дискурс – особено во контекст на Источна Европа, каде историите на квир и транс* заедниците често се игнорирани, избришани или сведени на маргина. Овој симпозиум, што се одвива на крстосница од поезија, теорија, политика и уметност, отвора простор за радикално преиспитување на постоечките општествени норми и државни политики. Темите се движат од архивирање на панк и квир супкултурите во поранешна Југославија, преку телото како простор на отпор, до транс* побуната во контекст на глобалниот капитализам и технорасните структури на моќ. Помеѓу архивот и телото: Марина Гржиниќ и квир историјата на Љубљана Настанот ќе го отвори философката, теоретичарка и уметница Марина Гржиниќ, која со своето излагање „Простори, стратегии, визии“ ќе го лоцира значењето на ЛГБТК+ сцената во Љубљана низ 1980-тите и 1990-тите – период кога панкот, алтернативата и уметничката продукција стануваат јазик на непокорност. Гржиниќ ќе зборува за тоа како овие сцени не само што ја трансформирале локалната културна клима, туку и влијаеле на законодавството и граѓанскиот активизам, поставувајќи темели за човекови права и плурализам. Транс побуни во време на технорасен капитализам: Тјаша Канцлер Во говорот „Транс побуни*“, активистката и истражувачка Тјаша Канцлер ќе понуди длабински осврт на тоа како транс* телата и искуства стануваат политички субјекти во услови на неолиберална репресија, фашизам и војна. Со интерсекциски пристап, Канцлер ќе ги поврзе историите на раса, класа, род и сексуалност со глобалните и локалните механизми на биополитика, и ќе предложи еротиката и поезијата како алатки на револуционерна имагинација. Изложбата како оружје: Јануш Чех и родовите контроверзии Кураторот и визуелен уметник Јануш Чех ќе зборува за контроверзиите околу изложбите што ги креира како дел од проектот А.К.Т. – особено изложбата ПАНК.СУПКУЛТУРА.СОЦИЈАЛИЗАМ, која низ фотографии ја документира и архивира словенечката супкултурна сцена од доцниот социјализам. Чех ќе ја отвори дебатата за тоа како изложбата – особено кога ја третира родовата и сексуалната различност – станува простор на идеолошко надмудрување и политичка интервенција. Поетска екологија на квирот: Весна Липоник Поетесата и истражувачка Весна Липоник во своето излагање ќе го истражува пресекот на квир културата, екологијата и поезијата. Со метафори за избегани свињи, јаболки и берачи на јаболка – Липоник ќе покаже како поетскиот јазик може да биде субверзивен, опасен, и начин на преживување. Поезијата, во нејзината визија, не е бегство од стварноста туку алатка за нејзино радикално преобликување. Фотографијата како документ и бунт: Дијалог меѓу ДК и Марина Гржиниќ Симпозиумот ќе заврши со дијалогот меѓу ДК, долгогодишен член на мултимедијалниот колектив „Стрип кор“ и Марина Гржиниќ, каде ќе се истражува улогата на фотографијата во документирањето и обликувањето на панк, квир и супкултурните движења во регионот. ДК, кој живее и работи меѓу Љубљана, Амстердам, Белград и Виена, ќе сподели согледувања од својата работа што вклучува и хибридни медиуми и долгогодишен активизам во визуелната култура.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Отворањето на Илика: кафе, книги, и нови литературни приказни | diva.mk
27.1.24 г., 10:00 Кафе-книжарница Илика, отварање Булевар Партизански Одреди 7, Skopje, North Macedonia Денот на отворањето, 27.1, од 11 до 19 часот Поканет е секој кој го сака вкусот на добро кафе затскриени позади книга, во најновата дестинација - Илика. Дегустација на кафе и книги Од 11 до 19 часот, Илика ќе биде местото каде што ќе се сретнат страстта кон книгите и задоволството од свежо испечени колачиња и домашно вино. Тема за февруари: „АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ" Во разговор со присутните, тимот на Илика ќе сподели зошто избраа темата "АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ" за февруари. Издавачи за Илика Во Илика ќе може да најдете дел от големите и мали македонски издавачки куќи како Илика, Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





