top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Зошто Израел се однесува на овој начин?, Зошто Израел се однесува на овој начин?, зошто-израел-со-однесува-на-овој-начин

    од Томас Л. Фридман; Со оглед на тоа што Блискиот исток е на работ на целосна копнена војна, во петокот наутро размислував за тоа како последните две големи војни на Израел имаат две многу важни заеднички работи: и двете беа започнати од недржавни актери поддржани од Иран - Хезболах од Либан во 2006 година, и Хамас од Газа сега - после повлекувањето на Израел од нивните територии. Обете започнаа со дрски напади на граничните премини - Хезболах уби тројца и киднапираше двајца израелски војници во 2006 година, додека Хамас покрај војниците брутално уби повеќе од 1.300 и киднапираше околу 150 израелски цивили, вклучително и постари луѓе, бебиња и мали деца. Таа сличност не е случајна. И двата напади беа дизајнирани да ги оспорат новите трендови во арапскиот свет, кој почна да го прифаќа постоењето на Израел во регионот. И што е најкритично, резултатот од овие изненадувачки, смртоносни напади преку релативно стабилните граници беше тоа што тие го излудеа Израел. Во 2006 година, Израел во суштина му одговори на Хезболах: „Мислите дека можете едноставно да правите луди работи како киднапирање на нашите луѓе и ние ќе го третираме ова како мал спор околу границите?! Можеби изгледаме како да сме од Западот, но модерната еврејска држава преживеа како „вила во џунглата“ - по описот на поранешниот израелски премиер Ехуд Барак - „затоа што ако дојде ножот до коска, ние сме подготвени да играме по локалните правила. Немајте илузии за тоа. Нема да можете да бидете полуди од нас за да не́ избркате од маалото“. И така израелските воздухопловни сили немилосрдно удрија по домовите и канцелариите на раководството на Хезболах во јужните предградија на Бејрут во текот на 34 дена колку што траеше војната, како и клучните мостови во и надвор од градот и меѓународниот аеродром во Бејрут. Водачите на Хезболах и нивните семејства и соседи платија многу лична цена. Одговорот на Израел беше толку жесток што лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, рече во сега фамозното интервју на 27 август 2006 година, со либанската Нова ТВ станица, набргу по завршувањето на војната: „Не мислевме, дури ни 1 процент, дека фаќањето [на двајца израелски војници] ќе доведе до војна во овој момент и со овие размери. Ме прашувате, да знаев на 11 јули ... дека операцијата ќе доведе до таква војна, дали ќе постапев на ист начин? Велам - не, апсолутно не“. И навистина, од 2006 година, границата меѓу Израел и Либан беше релативно стабилна и тивка, со малку жртви на двете страни. И додека Израел беше погоден во однос на неговиот глобален имиџ поради масакрот што го нанесе во Бејрут, тој не беше ни приближно толку изолиран во светот или на Блискиот Исток на краток или долг рок, на што се надеваше Хезболах. Хамас сигурно ја пропуштиле таа лекција кога реши да го наруши статус квото околу Газа со сеопфатен напад врз Израел минатиот викенд. Ова е и покрај фактот што во текот на изминатите неколку години, Израел и Хамас развија некој вид на соживот околу Газа што им овозможи на илјадници жители на Газа да доаѓаат во Израел секојдневно за работа, ја полнеше касата на Хамас со парична помош од Катар и им даде на жителите можност да работат со Израел, при што стоките од Газа се извезуваат преку израелските поморски пристаништа и аеродроми. Наведените причини на Хамас за оваа војна се дека владата на Бенјамин Нетанјаху ги провоцира Палестинците со утринските прошетки што израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ги правеше околу џамијата Ал Акса во Ерусалим и со чекорите што тој ги преземаше за да ги направи условите на затвораниците Палестинци потешки. Иако овие потези на Израел беа нашироко гледани како провокации, тие едвај го оправдуваат Хамас да ги стави сите свои влогови на маса како што тоа го направи минатата сабота. Поголемата причина поради која дејствуваше сега, а која Хамас нема да ја признае, е тоа што виде како Израел е повеќе прифатен од арапскиот свет, а наскоро можеби и од родното место на исламот, Саудиска Арабија. Иран беше приклештен од блискоисточната дипломатија на претседателот Бајден, а Палестинците стравуваа дека ќе останат заборавени. Така, Хамас во суштина рече: „Во ред, Евреи, одиме таму каде што никогаш претходно не сме биле. Ќе започнеме сеопфатен напад од Газа кој нема да запре со војници, туку ќе ги убие вашите баби и дедовци и ќе ги заколат вашите бебиња. Знаеме дека е лудост, но ние сме подготвени да ризикуваме за да ве испровоцираме да станете полуди од нас, со надеж дека пожарите ќе ја согорат целата арапско-израелска нормализација во процесот“. Да, ако мислите дека Израел сега е луд, тоа е затоа што Хамас го удри со тупаница по лицето, го понижи, а потоа му го избоде едното око. Така, сега Израел верува дека мора да го врати своето одвраќање со тоа што ќе докаже дека може да го над-луди најновото лудило на Хамас. Израел ќе ги применува правилата на Хама - термин измислен пред години да се опише стратегијата што ја примени во 1982 година сирискиот претседател Хафез ал-Асад, кога политичките предци на Хамас, Муслиманското братство од Сирија, се обидоа да го соборат секуларниот режим на Асад со започнување на бунт во градот Хама. Асад со денови немилосрдно ги напаѓаше населбите во кои беше Братството во Хама, не пуштајќи никого да излезе, и внесе булдожери и го израмни како паркинг, убивајќи околу 20.000 свои луѓе во тој процес. Отидов по тие урнатини неколку недели подоцна. Еден арапски водач што го познавам ми кажа приватно како, потоа, кога го прашаа Асад за тоа, тој лаконски ги крена рамениците: „Луѓето живеат. Луѓето умираат“. Добредојдовте на Блискиот Исток. Ова не е како граничен спор меѓу Норвешка и Шведска или жестока дебата во Харвард Јард. Господи, колку би сакал да беше, но не е. Оваа војна, Израел-Хамас, е дел од еволуирачката ескалација на лудоста што е во тек во ова соседство, но секоја година станува се́ поопасна бидејќи оружјето станува се́ поголемо, поевтино и посмртоносно. Како Бајден, јас стојам 100 отсто со Израел против Хамас, бидејќи Израел е сојузник кој споделува многу вредности со Америка, додека Хамас и Иран се противат на она за што се залага Америка. Таа математика ми е прилично едноставна. Но, она што ја прави оваа војна различна за мене од која било војна досега е внатрешната политика на Израел. Во изминатите девет месеци, група израелски крајнодесничарски и ултраортодоксни политичари предводени од Нетанјаху се обидоа да ја киднапираат израелската демократија на очиглед на јавноста. Религиозно-националистичко-доселеничката десница, предводена од премиерот, се обиде да го преземе израелското правосудство и другите клучни институции со елиминирање на моќта на израелскиот Врховен суд да врши судска ревизија. Тој обид отвори повеќекратни фрактури низ израелското општество. Израел непромислено беше доведен од неговото раководство, на работ на граѓанска војна поради идеолошко бегство во фантазијата. Овие фрактури беа согледани од Иран, Хамас и Хезболах и можеби ја поттикнаа нивната смелост. Ако сакате малку да ги почувствувате тие фрактури - и вулканскиот гнев кон Нетанјаху за начинот на кој ја подели земјата пред оваа војна - погледнете го видеото што стана вирално во Израел пред два дена кога Идит Силман, министерка на Ликуд партијата на Нетанјаху, беше исфрлена од болницата Асаф Харофех во Црифин кога отиде да посети повредени жртви. „Ја уништивте оваа земја. Бегај одовде“, ѝ викнал израелски лекар. „Како не ви е срам да водите нова војна?„“ ѝ рекол друг човек. „Сега е наш ред“, се слуша како докторот вреска на видео објавено на X, порано познат како Твитер, а објавено од The Forward. „Ние сме на власт. Ќе владееме овде - десно, лево, обединета нација - без вас. Уништивте сè!“ Израел претрпе неверојатен удар и сега е втурнат во морално невозможна војна за да го над-луди Хамас и истовремено да ги одврати Иран и Хезболах. Липам за ужасната смрт што сега ги чека толку многу добри Израелци и Палестинци. И, исто така, длабоко сум загрижен за израелскиот воен план. Едно е да се одврати Хезболах и одвраќање на Хамас. А нешто сосема друго да се замени Хамас и зад себе да остави нешто постабилно и попристојно. Но, што да се прави? Конечно, сепак, како што стојам денес со новата израелска влада на единство во нејзината борба против Хамас за да го спаси телото на Израел, ќе стојам и по оваа војна со бранителите на демократијата на Израел против оние кои се обидоа да ја киднапираат душата на Израел. Томас Л. Фридман (Thomas L. Friedman) е колумнист за надворешни работи во сегментот Opinion. Тој се приклучи на The New York Times во 1981 година, и има освоено три Пулицерови награди. Автор е на седум книги, меѓу кои и „Од Бејрут до Ерусалим“, која ја доби Националната награда за книга.. @tomfriedman Facebook

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Пилот епизода: Никола Гелевски | diva.mk

    < Back Пилот епизода: Никола Гелевски Поткастот го отвораме со Никола Гелевски, со кого сакавме да се чуеме бидејќи неговото медиско присуство е проретчено до целосно-отсуство во последно време. Тој е препознатлив по тоа што секогаш нуди фасцинатни и дефинирачки содржини за македонската култура, преку бескомпромисната посветеност на говорењето на својата вистина, и тоа се докажува до денес како револуционерен чин. Во отворено, на моменти интимно сведоштво, тој објаснува зошто иако е автор и колумнист, најмногу се наоѓа во улогата на издавач и уредник. Оваа година е 30 годишен јубилеј на литературното списание „Маргина“ и 15 години на ,,Окно”, па се осврнавме како Маргина му делува од оваа перспектива, какви планови има за нејзе, и како и покрај сите предизвици е неверојатно горд на „вебсајтот за култура“, Окно. 00:00 - Уредникот и рефлексијата 08:53 - Маргина и окно 16:16 - Активизам 25:08 - Култура и просветителство 43:49 - Птици и илустрации 51:17 - Млади уметници и промени 01:00:43 - Економија и морализам Oкно Следете го остатокот од нашите содржини на diva.mk На Инстаграм: @divotni На Фејсбук: (4) Facebook Лени Галерија претходна Следна

  • Немиот спектакл на Бјанка Сензори, Немиот спектакл на Бјанка Сензори, немиот-спектакл-на-бјанка-сензори

    Авторка: Наоми Фрај; 31 август 2024 илустрација: Ричард Ченс; Ќе бидам искрена: ги обожавам славните личности. Сакам да размислувам за нив, да читам за нив и да пишувам за нив. А нема многу нешта што ми носат поголемо задоволство од тоа кога ги среќавам живо. Затоа, со нетрпение го очекував моментот кога, за време на новинарско патување во Лос Анџелес ова лето, закажав вечера со пријатели во хотелот Chateau Marmont. Овој хотел одамна е познат не само по своите славни гости, туку и по тоа што им нуди простор каде што можат да се соберат без страв од осуда. (Да не заборавиме, ова е едно од местата каде што синот на претседателот, Хантер Бајден, се затвори за своите крек-кокаин маратони.) Је и Сензори на Греми црвениот тепих Сместен во готски замок на рид над Сансет Булеварот, дури и обичните вечери можат да понудат можност за неочекувана средба со некоја славна личност. Ноќта започна бавно: за време на вечерата, моите обиди да забележам некоја ѕвезда не дадоа значајни резултати. Единствениот „селебрити“ што го здогледав—иако овој термин можеби е преоптимистичен—беше Пол (П. К.) Кемзли, поранешниот сопруг на „Домаќинката од Беверли Хилс“ Дорит Кемзли. Но, по вечерата, додека сама пушев цигара во засенчената зона за пушачи, ситуацијата се смени. „Тукушто ја пропушти Бјанка Сензори!“ ми рече возбудено еден од моите пријатели кога се вратив. „Се симна по скалите! Немаше горен дел!“ Подоцна дознав дека нејзиниот топлес изглед бил комбиниран со беж хулахопки и високи потпетици. Со инстинктите на гепард на лов, без збор побрзав кон скалите. Летав низ ходникот, речиси соборувајќи мала саксија со палма, и влетав во паркингот, трескаво разгледувајќи ја околината. Но, задоцнив. Сензори веќе исчезна. Која е Бјанка Сензори? Нејзиното име можеби не е познато на оние што не ги следат Daily Mail, Page Six или TMZ. 29-годишната Австралијка, со магистратура по архитектура од Универзитетот во Мелбурн, повеќе е позната како сопруга на Кање Вест, отколку по своите професионални достигнувања. Од 2022 година, таа е во брак со Вест, кој сега се нарекува Јe—рапер, поранешен соработник на Adidas и Gap, некогашен партнер на Ким Кардашијан, поранешен претседателски кандидат и, најново, самопрогласен обожавател на Хитлер, кој на Твитер се закани дека ќе отиде „death con 3 на ЕВРЕИТЕ“. (Подоцна се извини со порака на хебрејски јазик, наводно напишана од ChatGPT.) Сензори влезе во светот на Јe кога тој ја ангажира за разни дизајнерски проекти, најзначајно за реновирањето на куќата на јапонскиот архитект Тадао Андо во Малибу—која Вест ја купи за 57,3 милиони долари, а потоа ја уништи. Според нејзиниот LinkedIn профил, таа моментално е шеф на одделот за архитектура во Yeezy, но по стапувањето во врска со својот работодавец, стана позната не по својата кариера, туку по своите екстремно провокативни модни избори. Во изминативе месеци, Сензори се појавува во јавноста со минимална, ако не и непостоечка облека, што ги доведе таблоидите до состојба на онлајн хистерија. Неколку примери од неодамнешните папарацо снимки: Проѕирен боди во боја на кожа, носен во ресторан во Санта Моника („Голи гради на цел екран!!!“ – TMZ) Транспарентен краток топ и мини шорцеви, за филмска вечер („Пак ги распушти девојките“) Танга гаќи и ништо друго, на ручек во Chateau Marmont („Мамо, не носам панталони!!!“) Бидејќи Сензори има фигура како цртеж на Алберто Варгас, целата ситуација добива уште посилен пин-ап ефект. Ye и неговите „музи“ Јe е познат по тоа што го контролира изгледот на своите партнерки. За време на деветгодишната врска со Ким Кардашијан, тој ја трансформира од Л.А. риалити ѕвезда во модна икона, облекувајќи ја во монохроматски, футуристички тесни креации, дизајнирани од Демна (Balenciaga). „Стилизирањето на Ким за мене е љубовен јазик“, изјави Јe. Сепак, кон крајот на нивната врска, неговата посветеност на Христијанството го направи поригиден во однос на нејзината провокативна облека. Така, во 2019 година, тој го критикуваше нејзиниот Мugler корсет-фустан за Мет Галата, нарекувајќи го „претерано секси“ за една сопруга и мајка. По разделбата со Кардашијан, Јe кратко се гледаше со глумицата Џулија Фокс, облекувајќи ја во техно-готски стајлинзи. Фокс изјави дека се чувствувала како „Пепелашка“ додека испробувала облека што Је ѝ ја подготвил. Сепак, многумина тогаш шпекулираа дека Ye само создава уште еден Кардашијан-клон. Сензори – неговиот најнов „дизајнерски проект“? Слично на Кардашијан и Фокс, Сензори изгледа како производ на Јe—но овојпат во својата најекстремна форма. Таа го претвори сопственото тело во концептуално дело, експериментирајќи со голотија како визуелен израз, но прашањето останува: Дали ова е нејзин личен избор, или пак уште еден спектакл режиран од Je? Јавните појавувања на Сензори во речиси гола состојба имаат малку од оној „Бјанка, трепни двапати ако не си ОК“ момент. Дали таа е под контрола на Ye или не – кој би можел со сигурност да каже – факт е дека ретко се појавува без него. Во некаква игра на спротивности, додека се во јавноста, Јe обично е завиткан во тешки облеки од глава до пети, додека неговата облеченост уште повеќе ја нагласува нејзината голотија – исто како што лептир-машната уште повеќе го истакнува инаку голото тело на една Playboy девојка на средната страница. Во февруари, на пример, за време на едно одење во студио, Сензори носеше проѕирен пластичен дождовен мантил, очигледно без ништо под него, додека Ye беше облечен во беж пончо врз црна кожна јакна и ракавици, комбинирани со чизми и целосно затворена маска во bondage стил. Ако неговиот изглед потсетуваше на „егзекутор“, нејзиниот ме потсети на секс-комедијата од осумдесеттите “So Fine”, во која ликот на Рајан О’Нил случајно осмислува нова модна сензација – проѕирни фармерки што ги откриваат задникот. Сепак, Сензори и Јe очигледно немаат намера да бидат пародија. Иако нивната театралност е во најмала рака апсурдна, морам да признаам дека визуелниот ефект што го постигнуваат преку координираните аутфити е импресивен. Ако ништо друго, тоа е висококонцептуален стајлинг и целосна посветеност на улогата. Културата на откривање – но на ново ниво Секако, стратешки откриената голотија не е реткост во денешно време. Само еден брз скрол низ телефоните нè бомбардира со инфлуенсери во бикини што го откриваат долниот дел од градите, филмски ѕвезди во разголени црвени тепих фустани, ријалити личности што ги промовираат своите OnlyFans профили и поп-ѕвезди во танга гаќички. Погледнете го, на пример, омотот на новиот ремикс на „Guess“ од Charli XCX, каде што таа провокативно прашува дали некој може да ја погоди бојата на нејзиниот долен веш. Насловната слика? Крупен кадар на задник што кокетно ѕирка од под тенка ткаенина со чипка. Но, Сензори оди чекор понатаму – и во екстрем. Нема потреба да ја погодуваме бојата на нејзиниот долен веш, бидејќи често воопшто не го носи. (Или, пак, го носи како надворешна облека.) Ако повеќето јавни разголувања играат на картата на заводливост, во духот на стриптиз-провокација, Сензори користи голотија што е директна и пресметана – повеќе шок-техника отколку сексуална привлечност. Ако дел од нашата фасцинација со славните личности лежи во тензијата меѓу нивната видливост и мистериозност, Сензори ја носи таа тензија до крајните граници, како да вели: „Еве ме, целосно изложена на вашиот поглед – и сепак, некако, сè уште сум мистерија.“ Шокот што го носи Сензори , сепак, е од тивката сорта. (Колку што знам, не постои ниту една понова снимка на која таа зборува, иако неодамна фановите успеаја да ископаат архивска снимка од 2022 година, на која Сензори држи предавање на ВР конференција—откритие што, според Page Six, ги натерало да „полудат“.) Додека ги разгледував нејзините фотографии, мислите ми се насочиja кон експерименталниот театар Living Theatre и нивната претстава „Paradise Now“ (1968), во која актерите масовно се соблекувале на сцена, гласно повикувајќи на враќање кон природна, посткапиталистичка утопија. „По револуцијата, нема да има пари!“ извикувале актерите, а додека започнувале да ги соблекуваат алиштата, повикувале: „Самото тело од кое сме создадени е табу!... Не ми е дозволено да се соблечам!... Јас сум надвор од портите на рајот!“ Оваа авангардна побуна била борбена и политичка, во која актерите барале признавање на својата индивидуалност преку соблекувањето. Сензори , пак, прави спротивно – таа не инсистира на својот субјективитет, туку свесно прифаќа да биде објект. Со зализаната коса, оголениот силует и мазниот, речиси аеродинамичен изглед—со нагласени шуплини и неочекувано пренагласени облини—таа изгледа како поместен од реалноста визуелен спектакл од голо тело. Нејзината појава потсетува на илустрација од Патрик Нејџел што оживеала, или на идентичните „фемботи“ што го придружуваат Роберт Палмер во неговото видео за “Addicted to Love”. Референците од осумдесеттите не се случајни Во своите јавни настапи со Јe, Сензори често се вози во Tesla Cybertruck—електричниот џин од нерѓосувачки челик на Илон Маск, кој изгледа како нешто директно излезено од „Blade Runner“ и може да чини над 100.000 долари. Cybertruck изгледа како фантазија од ерата на Реган—визија за дистописко-либертаријанска иднина, оформена врз убедувањето на Маск дека „иднината треба да изгледа како иднината.“ Со своите агресивни геометриски форми и непоколеблива површина, Cybertruck е како некаков модерен идол создаден за да шокира и да заплашува—да ве натера да застанете и да гледате. Исто како голотијата на Сензори – можете да ја гледате, но најверојатно не можете да ја имате. ♦

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page