top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Играта на судбината во трагичниот живот на Christopher Reeve, Играта на судбината во трагичниот живот на Christopher Reeve, играта-на-судбината-во-трагичниот-живот-на-christopher-reeve

    Супермен е излезен во годината на моето раѓање, а сум го гледала прв пат на телевизија во моето рано детство. Во тоа време бев „заљубена“ во Супермен и неговите продорни плави очи што можат да те прочитаат како рентген. Ја прашував мајка ми дали тоа е вистински Супермен или глумец и дали навистина лета. Таа иако ми ја кажа вистината дека тоа е само глума, јас сепак не сакав да верувам. Сакав да верувам дека има некој што ја презема правдата во свои раце, дека има некој што ги прави сите тие најверојатни работи. Christopher Reeve е роден 1952 година. Студирал на позната школа за глума Julliard, каде што само тој и Robin Willamsбиле избрани за напредната програма. Со него, освен што биле цимери, исто така бие блиски пријатели до крајот на животот на Christopher. Сузан Сарандон ќе изјави дека да не починеше Christopher Reeve, можеби и Robin Willams ќе беше се уште жив. Robin Willams му помагал на ChristopherReeve финансиски после неговата парализа. Во споредба со него за кого вели дека е сјаен принц, тој е за себе вели дека е само дворска будала, но дека тоа не му смета. Кога се пријавил за кастинг за Супермен, неговиот пријател Willam Hurt, се обидел да го спречи и според него тоа значело дека ќе се продаде. Откако утврдил дека никој од познатите актери не одговара за улогата на Супермен, кастинг директорот одлучил да оди со непознат актер, но да биде опкружен со звучни имиња. Christopher имал комплициран однос со татко му и кога му кажал дека е избран за Супермен, татко му сакал да прослави со шампањ. Christopher бил изненаден од реакцијата, затоа што обично ништо не било доволно добро за него. Но за кратко се утврдило дека се работи за недоразбирање. Татко му мислел дека тој е избран да глуми во претставата Супермен на Џорџ Бернард Шо, но кога дознал дека тој е избран да глуми лик од стрип, тоа не било доволно сериозно и доволно академски за него. Супермен од 1978 не е само она што денес имаме претстава за суперхеројски филм. Од оваа дистанца филмот е се уште уметнички издржан. Покрај убедливата глума на Christopher,кој избран меѓу 200 пријавени и кој целосно се поклопува со замислата како изгледа Супермен, во филмот се јавуваат и легенди како Марлон Брандо, кој го глуми неговиот татко (и кој бил платен 3 милиони долари за помалку од 20 минути присуство во филмот), скоро починатиот Gene Hackman кој го глуми негативецот Лекс Лутор и Terence Stamp, кој го глуми Генерал Зод. Саундтракот на филмот (John Williams, Star Wars, Jaws, Indiana Jones, ET) е еден од најпрепознатливите во историјата на филмот, а сцените со планетата Криптон, со леденото засолниште на Супермен и скривалиштето на Лекс Лутор не пренесуваат во еден магичен свет кој успева да се вреже во потсвест. Како прв значаен филм за суперхерој, тој ги постави темелите за целиот жанр. Визуелната иконографија на Супермен втисна длабок и долготраен печат врз поп-културата. Иако Christopher Reeve се појавува во уште три продолженија на Супермен, тој сепак понатаму се труди да се наметне како сериозен актер со несомнен талент во сериозни улоги. Негови поистакнати улоги се во романтичната драма со елементи на научна фантастикаSomewhere in Time (1980) во режија на Jeannot Szwarc, каде партнерка му е Jane Seymour, во која вистински се вљубил за време не филмот. Тој успешно го пренесува ликот на непоправлив романтичар, кој е спремен и да се врати назад во времето заради љубов и длабокото страдање после губењето на вистинската љубов. Потоа во трилерот Deathtrap (1982) во режија на SidneyLumet, каде се појавува покрај британската икона MichaelCaine, чија изведба се доживува како театрална, но тоа е дел од стилот на самото дело – кое е базирано на театарска претстава на Ира Левин и намерно го задржува тој стил. Како контратежа на неговата театралност, глумата на Christopher Reeve делува посуптилно. Исто така е контроверзен неговиот избор да глуми хомосексуалец после таков голем успех со Супермен каде веќе беше глобално препознатлив како симбол на машкост, морал и „чистота“. Бакнежот меѓу Reeve и Caine (иако многу краток) предизвика огромна реакција, дури и негативен публицитет, а некои фанови на Супермен беа шокирани. Тоа покажува дека тој не сакаше само да биде „икона“, туку актер со интегритет, подготвен да го прошири својот спектар и да ги предизвика општествените норми. Потоа во ремејкот на Village of the Damned од 1995 во режија на John Carpenter, каде се појавува покрај KirstieAlley како психолог кој води морална борба со надмоќни вонземски суштества во форма на белокоси деца, кои што можат да убиваат со поглед. Новата верзија е визуелно, но и психолошки подобра од оригиналот затоа што ја обработува темата на неприфаќање на "другиот" и за дехуманизацијата и изолацијата на општеството. Овој филм е релевантен и денес кога си ги поставуваме прашањата колку можеме да ги прифатиме и како да се справиме со новите генерации западнати во апатичност и непочитување на старите морални вредности. Потоа се појавува во Above Suspicion (1995) во режија на Steven Schachter, кој е последниот негов филм пред неговата несреќа каде што се парализира од вратот надолу откако ќе падне од коњ. Како иронија на судбината токму во овој филм глуми парализиран полицаец, нели животот ја имитира уметноста, покрај Kim Cattrall, во улогата на негова сопруга, која го изневерува со неговиот брат. После неговата несреќа иако може да се движи само со вратот се појавува во ремејкот на Rear Window (1998), во режија на, Jeff Bleckner покрај Daryl Hannah која му е партнерка во неговиот воајеризам. Гледајќи го овој филм, имаме впечаток како да гледаме документарец за лицата што живеат со парализа и многу исечоци се искористени во документарецот за Christopher Reeve. Како борец за подобрување на квалитетот на живот на лицата со парализа, кој оформил фондација преку која се извојувани многу промени, овој филм е најверојатно правен по негова иницијатива и како платформа преку која ќе се претстават предизвиците и тешкотиите со кои тие се соочуваат во секојдневието. Неговото појавување на Оскарите во 1996 во количка беше храбар чин на човек кој не се срами од својата состојба и не ја табуизира и тоа беше прв пат парализиран човек да се појави на најважната филмска сцена во светот, а со самото тоа стана симбол за сила и достоинство. Тој ја искористи својата состојба за да биде лицето и гласот на другите што се наоѓаат во слична положба. Неговата неверојатна животна приказна не тера да размислуваме за тоа дали има судбина, дали тој ја испровоцирал судбината со тоа што глумел толку моќен човек и заради тоа доживува голем пресврт на судбината, еден ден да е познат како најсилниот човек на светот а потоа да доживее несреќа и да ги помине последните години од својот живот немоќен и целосно зависен од други и 24часовна нега. Не тера исто така да размислуваме за опседнатоста на Америка и на западното општество со супер херои и колку е тоа е оправдано. Сите сакаме да се појави некој супер херој и да ни ги реши сите проблеми и неправди, но за жал такви не се појавија, оставени сме сами на себе и борбата е во нашите раце. Reeve, со сите својатаживотна борба, не само што ги надмина своите физички граници, туку и стана симбол за отпор и за неприфаќање на реалноста. Гледајќи го неговиот живот по несреќата се поставува прашањето дали вистинската сила не е во физичката моќ, туку во внатрешната сила да се соочиш со предизвиците и да ги надминеш. Силата да продолжиш да се бориш, дури и кога изгледа дека сè е изгубено. Лени Гелева, фотограф , е една од најважните имиња во современата македонска фотографија и важен глас на домашниот визуелен идентитет. Има работено на филмови, десетици групни и самостојни изложби, во последните две децении. Таа е страстен филмски фан, која се прелева во филмската критика.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Нова Поетска Вечер во Скопје: "Судбината и Зборот" на Томе Велков | diva.mk

    12.4.24 г., 17:00 Томе Велков, Судбината и зборот, промоција, Салон-Империјал Културно информативен центар (КИЦ), Mirche Acev, Skopje, North Macedonia Скопје, 12.4.2023 - Љубителите на поезијата и книжевноста во Скопје наскоро ќе имаат уникатна можност да присуствуваат на промоцијата на новата книга на реномираниот македонски поет Томе Велков. Неговата книга, насловена "Судбината и Зборот", ќе биде промовирана на 12 април 2024 година во престижниот простор на Салон – Империјал 2, со почеток во 19 часот. Томе Велков, роден во 1947 година во Струмица, веќе децении е дел од литературниот свет, со својот почеток во 1964 година кога стана член на Литературниот клуб "Кочо Рацин" во Велес. Неговите стихови, распрскани низ многубројни списанија и публикации, се одликуваат со едноставност и длабочина, со посебен фокус на егзистенцијалните прашања и човек овата судбина. Томе Велков е роден 1947 година во Струмица. Средно образование завршува во Скопје. Живее и твори во Скопје. Со пишување поезија се занимава од 1964 година кога станува член на Литературниот клуб „Кочо Рацин“ од Велес. Застапен е во повеќе алманаси на овој литературен клуб, а во следните години неговата поезија се објавува во повеќе списанија: „Млад борец“, „Студентски збор“, „Современост“, „Телеграм“ од Загреб, „Младост“ од Белград, „Стремеж“, „Пролетни ракувања“ и други. Досега ги има објавено стихозбирките „Јужен ветар“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“, „Чудно време“ и други. Својата поезија ја пишува со голема самосвесност и егзистенцијалистичка мисловност, прашувајќи се „има ли смисла зборот едноставен / да ја разбуди мислата“. Лично сум убедена дека има сила поезијата од срце искрена да ја разбуди свеста на читател(к)ите. Елена Пренџова На промоцијата, почитуваната Елена Пренџова ќе ги сподели своите впечатоци како рецензент на делото, додека Виолета Танчева-Златева ќе ги води присутните низ вечерта како модератор. Тие ќе ни помогнат да се погледнеме понатаму од зборовите на страниците и да ги разбереме поткопните теми што проникнуваат низ Велкововата поетска мисла. Велков, со своите претходни дела како "Јужен ветар", "Копнежи и соништа", "Жолти сеќавања" и "Чудно време", успеа да создаде силно присуство на поетската сцена, пишувајќи стихови кои го допираат срцето и разбудуваат мислите. Во својата најнова книга, тој продолжува да го истражува вечното прашање на поетот - "има ли смисла зборот едноставен / да ја разбуди мислата". Оваа книжевна вечер не е само промоција на ново дело, туку и прослава на моќта на зборот и неговото значење во нашите животи. Сите сте поканети да станете дел од овој културен настан и заедно да ја истражиме "Судбината и Зборот" низ поетската визија на Томе ВелковСе гледаме во Салон – Империјал 2 на 12 април, каде поезијата ќе биде во воздухот што го дишеме. претходно следно

  • Има простор и за разум и за бес, Има простор и за разум и за бес, има-простор-и-за-разум-и-за-бес

    Од сите прашања што ми ги поставуваат, има едно што се појавува почесто и попредвидливо од кое било друго. Речиси секогаш кога разговарам со новинар или седнувам со нова група луѓе, во основа можам да сметам на некој што ќе го подигне прашањето, додека другите се поднаведнуваат да слушаат. Што навистина значи да се оди високо? Се чини дека е можно да поминам години одговарајќи на ова прашање. Па дозволете ми да се обидам овде. За прв пат, јавно ги изговорив зборовите „Кога тие ќе тргнат ниско, ние одиме високо“ додека зборував на Демократската национална конвенција во Филаделфија во 2016 година. Хилари Клинтон се кандидираше за претседател, како и Доналд Трамп. Мојата работа беше да ги обединам демократските гласачи, потсетувајќи ги сите да останат вклучени и да ја завршат работата што е потребна за нивниот кандидат да биде избран, вклучително и гласање на денот на изборите. Како што често правам, зборував за тоа што ми значат темите на денот како родител на моите две ќерки, како изборите што Барак и јас ги правиме секогаш се водени од принципите кои сакавме нашите деца да ги препознаат како вредни. Искрено, немав поим дека фразата „Одиме високо“ ќе ми се прикачува со години, станувајќи речиси синонимна со моето име. Сè што направив, всушност, беше споделување на пригодна кратенка со која Барак и јас се потсетувавме да се држиме до нашиот интегритет кога гледавме како другите го губат својот. Тоа беше поедноставување на нашите идеали: кажувај ја вистината, дај сè од себе за другите, одржувај перспектива, остани жилав. Приватно, Барак и јас се посветивме и ја возобновивме посветеноста на идејата, да одиме високо многу пати, особено кога минувавме низ тешки кампањи и политички битки, обидувајќи се да се движиме низ животот во очите на јавноста. Се повикуваме на тој принцип секогаш кога се чувствуваме дека сме ставени на тест, како потсетник да се стабилизираме кога ќе се соочиме со морален предизвик. Одењето високо е како цртање линија во песокот, граница која можеме да ја направиме видлива и потоа да разгледаме „На која страна од ова сакам да бидам?“ Тоа е потсетник да паузирате и да бидете внимателни. А сепак, проблемот со секое едноставно мото, претпоставувам, е дека може полесно да се запамети и повторува отколку да се стави во активна секојдневна пракса. Деновиве, кога луѓето ме прашуваат да објаснам што значи да се оди високо, понекогаш чувствувам како да има помалку учтиво прашање во позадина, изнијанисрано со природен скептицизам, чувство зготвено од замор, и кое пристигнува кога нашите напори изгледаат бесплодни и нашите тестови никако да завршат: Но чекајте, дали сте го виделе светот во последно време? Колку работите можат да станат полоши? Каде е енергијата за борба? Откако Џорџ Флојд умре со коленото на полицаец на вратот на аголот на улицата во Минеаполис во мај 2020 година, луѓе ми пишуваа, прашувајќи дали одењето високо е навистина правилниот одговор. Откако беше опустошен Капитол, откако републиканските функционери продолжија да поддржуваат лажни и поткопувачки тврдења за нашите избори, тие прашуваа нешто слично. На провокациите им нема крај. Видовме повеќе од милион Американци како умираат во пандемија што ја истакнува секоја разлика во нашата култура. Видовме руски војници како колат цивили во Украина. Талибанците им забранија на девојчињата да одат на училиште во Авганистан. Во САД, нашите сопствени лидери направија потег, да го криминализираат абортусот додека нашите заедници рутински се уништени од насилство со оружје и злосторства од омраза. Транс правата, правата на хомосексуалците, правата на глас, правата на жените - сето тоа останува на удар. Секогаш кога има уште една неправда, уште една рунда на бруталност, друг инцидент на неуспешно раководство, корупција или прекршување на правата, добивам писма и мејлови, кои поставуваат некаков облик на истото прашање. Дали сè уште треба да одиме високо? Мојот одговор е да. Треба да продолжиме да се обидуваме да одиме високо. Да се делува со интегритет е важно. Ќе биде важно засекогаш. Тоа е алатка. Во исто време, сепак, сакам да бидам јасна: одењето високо е нешто што го правите наместо само чувство. Не е некој повик да се биде самозадоволен и да се чека промената или да се седи на страна додека другите се борат. Не се работи за прифаќање на условите на угнетување или оставање на суровоста и моќта да останат без предизвик. Идејата за одење високо не треба да покренува никакви прашања за тоа дали сме должни да се бориме за поголема правичност, пристојност и правда во овој свет; Наместо тоа, се работи за тоа на кој начин да се бориме, како се обидуваме да ги решиме проблемите со кои се среќаваме и како да се одржуваме доволно долго за да бидеме ефективни наместо да прегориме. Има некои кои го гледаат ова како неправеден и неефикасен компромис, продолжување на политиката на почитување, во која ние се усогласуваме со правилата наместо да ги оспоруваме за да успееме. Зошто, луѓето со право се прашуваат, дали треба постојано да се трудиме да бидеме толку разумни? Гледам како некои мислат дека разумот не остава простор за бес. Ја разбирам перцепцијата дека одењето високо значи дека некако се отстрануваш од ситуацијата и остануваш незасегнат од сето она што инаку би можело да те жолчи и испровоцира. Но, воопшто не е тоа. Кога првпат ги кажав тие зборови на конгресната сцена во Филаделфија во 2016 година, ниту бев по страна, ниту незасегната. Всушност, бев прилично вознемирена.. Во тој момент, бев темелно испровоцирана од жолчката што редовно излегуваше од устата на републиканските функционери. Бев уморна по речиси осум години кога видов дека работата на мојот сопруг е поткопана и неговиот лик оцрнет, вклучително и преку фанатичните обиди да се доведе во прашање неговото државјанство. И јас бев лута што главниот поттикнувач на тој фанатизам сега истапи како кандидат во кампања за претседател. Но, каде беше мојата вистинска моќ? Знаев дека тоа не е во мојата болка и бес, барем како што постоеја во нивните сирови форми. Мојата моќ лежи во сè што можам да направам со таа болка и бес, каде што би можела да ги однесам. Се држеше од тоа дали можам - или не - да ги издигнам тие чувства во нешто што на другите ќе им стане потешко да го отпишат, што беше јасна порака, повик за акција и резултат за кој бев подготвена да работам. Делувајќи со интегритет е важно. Ќе биде важно засекогаш. Тоа е она што е високо за мене. Станува збор за земање на апстрактно и вообичаено, вознемирувачко чувство, и работа за да се претвори во некаков план применлив во акција, да се движите низ сировите работи во насока на поголемо решение. Сакам да бидам јасна дека ова е процес, и не секогаш брз. Можно е да биде потребно време и трпение. Во ред е да седите и да вриете некое време, да живеете во возбуда предизвикана од неправда или страв или тага, или да ја изразите својата болка. Во ред е да си го дадете просторот што ви треба за да закрепнете или заздравите. За мене, одењето високо обично вклучува пауза пред да реагирам. Тоа е форма на самоконтрола, линијата помеѓу нашите најдобри и најлоши импулси. Одењето високо значи да се спротивставиш на искушението да учествуваш во плиткиот гнев и корозивниот презир и наместо тоа да сфатиш како да одговориш со јасен глас на сè што е плитко и корозивно околу тебе. Тоа е она што се случува кога ќе преземете реакција и ќе ја созреете во одговор. Затоа што ова е работата: емоциите не се планови. Тие не ги решаваат проблемите и не ги исправаат сите грешки. Можете да ги почувствувате - и ќе ги почувствувате, неизбежно - но бидете внимателни да не дозволите да ве водат. Бесот може да биде валкано ветробранско стакло. Болката е како скршен волан. Разочарувањето само ќе се вози, мрзливо и некорисно, на задното седиште. Ако не направиш нешто конструктивно со нив, ќе те одведат директно во бездна. Мојата моќ отсекогаш зависи од мојата способност да се држам себеси надвор од таа провалија. од Мишел Обама Обама е автор на Светлината што ја носиме, од кој овој есеј е адаптиран.

  • Поткаст лектира: Одекот на болката и нејзиното игнорање, Поткаст лектира: Одекот на болката и нејзиното игнорање, одекот-на-болката-и-нејзиното-игнорање

    Откако јавноста се соочи со вестите за скандалот на Онкологија каде организирана мрежа ги заменувала цитостатиците со физиолошки раствор за да ги препродадат на црниот пазар во Косово, се отклучи реакција во форма на гнев и тагување, масовна траума на ништо помалку од цело едно општество. Она што и ионака биле најболните етапи во животот - кога полека губат сакани луѓе - не само што оживеа туку и се зголеми со прашањата на „што ќе беше, доколку примеше лек?“. Ситуацијата е многу посериозна од поткастот кој ви го нудиме неделава, затоа што се работи за системско предавство на довербата, и за ситуации кои се на живот и смрт... но сепак има заедничка нишка: Во ноември 2021 година, Сузан Бартон наиде на напис за вести од локален медиум во Конектикат во кој беа детализирани искуствата на неколку жени кои го посетиле Центарот за плодност на Јеил. За време на нивните процедури за вадење јајце клетки, првиот хируршки чекор во некои третмани за плодност, медицинска сестра тајно го заменила нивниот лек за болка, фентанил,со физиолошки раствор. Жените дознаа за измамата кон крајот на 2020 година - медицинската сестра си го земала за себе фентанилот - и голем број на пациентки поднеле тужба. Во написот, жените ја опишаа силната болка што ја претрпеле за време на постапката. Тие рекоа дека нивната болка понекогаш била отрфрлана како легитимна од персоналот на клиниката. „Веднаш се заинтересирав“, рече Бартон, долгогодишна соработничка која работи на неделниот подкаст „This American Life“. Таа сакаше да знае како се чувствуваат пациентите и како е можно тоа да се случи. Следното утро, г-ѓа Бартон го симнала секој правен документ достапен во тужбата и му испратила е-пошта на адвокатот кој ги застапувал седумте тужители. (Сега има 68.) Неколку месеци подоцна, таа почна да прави интервјуа со некои од жените кои отишле на клиниката полни со надеж, и заминале со чувство на збунетост и несигурност. Тие разговори го формираа „The Retrievals“, нов подкаст од The ​​New York Times и Serial Productions, чиј домаќин беше Бартон. Секоја епизода ги истражува заедничките искуства на 12 жени кои го посетиле Центарот за плодност на Јеил. (Според федералната истрага, дури 200 жени можеби биле лекувани на клиниката без соодветни лекови во текот на пет месеци во 2020 година.) „The Retrievals“ документира некои од тие процедури, начинот на кој пациентите сфатиле што се случило. Во серијата, пациентите опишаа силна болка за време на вадењето на јајце клетките; многумина побараа повеќе лекови, но им беше кажано дека веќе им е дадена максималната доза. Во првата епизода, една жена опиша како што таа ја нарече дисасоцијација за време на нејзината операција во која медицинската сестраси ги земала лековите за болка за себе. Еден член на персоналот и́ кажал дека веројатно имала болки за време на процедурата бидејќи лекарот собрал многу јајца. Таа ја отфрлила сопствената интуиција. Во еден потресен момент, Бартон ја замоли да го следи патот на таа когнитивна дисонанца. Тешката тема беше сложено да се води - и повеќето интервјуа, од кои многу беа направени на далечина а не лично, беа следени од адвокатите на пациентите. Но, Бартон пристапи кон разговорите со емпатија и интимност, давајќи им до знаење на пациентите дека можат да го паузираат интервјуто во секое време. „Болката е универзално, човечко искуство, но да се најдат зборови за тоа е толку тешко“, рече Лаура Старечески, уредник на серијата, која уште од самиот почеток знаеше дека Бартон ќе може да разговара за траумата „на начин што беше чувствителен и љубопитен“. Откако беа завршени сите интервјуа, г-ѓа Бартон цврсто ја сфати насоката на поткастот. Иако пациентите споделуваа слични искуства, секој од различните женски идентитети „се појави да ја каже приказната“, рече таа, и дефинираше јасна траекторија за лакот на приказната: „Структурата се сугерираше самата себе, со тоа што тие имаа многу индивидуални искуства“. Откако Бартон и нејзините уредници го разработија сценариото за секоја епизода, тие ги испратија до Бен Фелан и Кејтлин Лав, двајца истражувачи кои прецизно ги разгледаа фактите во текстот. Двајцата додадоа стотици прибелешки на секое сценарио; секоја прибелешка се однесуваше на материјали кои ги потврдуваа, на пример, сложеноста на третманите за плодност или деталите од правната постапка. Тие понекогаш правеа сопствено известување за да ги потврдат информациите. „Предизвикот со ова шоу беше што толку многу од овие факти требаше да се добијат од жени кои поминале низ ужасно, болно искуство“, рече Фелан. Тој рече дека тој и Лав сакале нивните извори со сигурност да знаат дека нивната намера била само вистинито да ги претстават нивните приказни. Болката што ја чувствуваа жените е централна за поткастот, но речиси исто толку голема е начинот на кој таа болка беше интерпретирана од личности со авторит. Поткастот испитува како општеството ги толкува, толерира или минимизира коментарите на жените. Присеќавањето на тие искуства бепе „исто колку, ако не и повеќе од вистинската болка што ја почувствуваа за време на интервенцијата“, рече Бартон. Надежта, рече таа, е дека трајните ефекти од 15-минутната процедура на оваа клиника ќе резонираат длабоко кај слушателите. Една пациентка која ја сподели нејзината приказна се присети на одговорот што го добила и кој се чинеше дека ја отфрла нејзината болка: „Што е работава? Забременивте“. „Истражувањето како такво искуство одекнува низ животот е важно“, рече Сузан Бартон. Поткастот можете да го најдете на сите поткаст платформи:

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page