top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Нина Симон беше радикална, Нина Симон беше радикална, нина-симон-беше-радикална

    Авторка: Шардин Тејлор-Стоун; „Никогаш не зборувавме за мажи или облека. Секогаш беше Маркс, Ленин и револуција — вистински женски муабети.“ — Нина Симон Забелешката на Нина Симон за тоа дека не разговарала за мода, туку за „Маркс, Ленин и револуција“ нуди увид во секојдневниот политички живот на Симон, подалеку од нејзината попозната приказна како активистка за граѓански права и музичарка. Овој „женски муабет“ се одвивал со нејзината пријателка и драматург Лорејн Хансбери — разговор меѓу две црни жени кој, како што вели Симон, не бил за мажи или облека, туку за креативната работа што ја создавале и како ја гледале нејзината улога во ослободувањето на нивната заедница. Повикувајќи се на автобиографската драма на Хансбери „Да се биде млад, надарен и црн“ (To Be Young, Gifted, and Black), Симон подоцна напишала песна со истиот наслов во чест на нејзината пријателка и другарка откако Хансбери починала од рак на панкреасот на трагично млада возраст од триесет и четири години. Ова пријателство и другарство покажува како интимните разговори меѓу политички ангажираните црни жени имаат моќ да инспирираат. Тие се одвиваат подалеку од погледот на мажите, подалеку од белите луѓе; тие можат да бидат места за одмор во кои може да се собере енергија и повторно да се приклучи на поширокото движење кое често ги маргинализира и брише политичките согледувања на црните жени. Да се каже дека Нина Симон е „избришана“ би било апсурдно. Таа е една од најславните музичари на дваесеттиот век. Нема потреба да се пишува уште еден напис, биографија или анализа на нејзините политички песни. Но, на годишнината од нејзината смрт, можеме да погледнеме како се раскажува приказната за политичкиот живот на Симон и кој ја раскажува; што избираат да вклучат, а што, всушност, „бришат“. За Нина Симон често се зборува како за активистка за граѓански права, и таа беше тоа. Но, движењето за граѓански права опфаќаше многу различни политички ставови за тоа како треба да изгледа ослободувањето. Некои, како NAACP (Национално здружение за унапредување на обоените луѓе), сакаа либерални реформи кои беа критикувани дека се корисни само за афроамериканската средна класа. Црните националисти бараа економска независност и нова црна држава, одвоена од расистичката бела Америка, иако беше дискутабилно нејасно како би изгледала таа нова држава, освен како црна верзија на капитализмот. Поради тоа, не сите активисти за граѓански права ги спомнувале Карл Маркс или Владимир Ленин како пример за разговорите што ги воделе со пријателите. За жена со жестока интелигенција, талент и брилијантност, која точно знаеше како сака да биде слушната преку нејзината музика и настап, можеме да го сфатиме ова како изјава за намера, а не како минлива забелешка. Нина Симон ни кажуваше дека е комунистка, другарка, револуционерка. Понекогаш, црните уметнички, а особено музичарки, кои покажуваат некаква форма на левичарска политика, се дерадикализираат во побезбедни верзии што ги прават белите слушатели поудобни, како што белиот комунистички фолк музичар Фил Окс хумористично пееше во неговата химна „Сакај ме, јас сум либерал“ (Love Me, I'm a Liberal). Либералните белци можеби одат на митинзи за граѓански права, пее Окс, „Но не зборувајте за револуција / Тоа оди малку предалеку.“ Симон сакаше да оди дотаму. Напишана како одговор на бомбардирањето на баптистичката црква на 16-тата улица во септември 1963 година — терористички напад на бели супремасисти во кој загинаа четири млади црни девојчиња на возраст меѓу единаесет и четиринаесет години — Симон пее во „Mississippi Goddam“: Се обидуваат да кажат дека е комунистички заговор Сè што сакам е еднаквост За мојата сестра, мојот брат, мојот народ и мене. Ова може да се чита како одговор на макартистичката „Црвена паника“, во која секој разговор за еднаквост се поистоветуваше со комунизам и „антиамериканско“ расположение. Но, кога ќе се прочита во светлината на нејзиниот „женски муабет“ со Хансбери и политиката на нејзиниот социјален круг, вклучувајќи ги Џејмс Болдвин, Стоукли Кармајкл и Ленгстон Хјуз — сите активисти кои се занимавале со социјализам — овие стихови се политичка изјава. Симон е на левицата бидејќи ја гледа како единствен пат до вистинска еднаквост; реформите „оди полека“ кои ја смируваат расистичката држава не се опција. Исто така, гледаме одраз на интернационалистичка политика во „Backlash Blues“, чии стихови се земени од песна напишана за Симон од Хјуз: Но, светот е голем Голем, светол и тркалезен И полн е со други луѓе како мене Кои се црни, жолти, беж и кафеави. Една од последните работи што Хјуз ги напишал, песната размислува за Виетнам и за афроамериканските мажи кои се испраќаат да водат империјалистичка војна додека дома се третирани како граѓани од втор ред. Симон му кажува на слушателот дека таа и другите расизирани групи кои се угнетувани од многуте инкарнации на „Г-дин Реакција“ (Mr Backlash) се, всушност, мнозинството во светот — изјава што го одразува политичкиот момент во кој организации како Партијата на Црните Пантери се обидуваа да изградат меѓународни коалиции со други луѓе ширум светот кои страдаат од последиците на американскиот империјализам. Политичката историја на црната американска левица е важна за контекстуализирање и разбирање на делото на Симон, но сакам да се вратам на „женскиот муабет“ меѓу Симон и Хансбери. За моето уво, како Црна жена, социјалистка, феминистка и музичарка, политиката на овие приватни и интимни разговори меѓу радикалните црни жени се појавува во музиката на Симон. Земете ја песната „Четири жени“ (Four Women). Често нарекувана феминистичка химна, песната ги опишува наметнатите класни и родови улоги и стереотипи во кои црните жени се нашле заробени: „мамичката“ (mammy); „трагичната мулаткиња“ (tragic mulatto); сексуалната работничка; лутата црна жена. За мене, песната оди подалеку од поедноставена анализа на ропството и ефектот на неговото наследство врз црните жени денес. Наместо тоа, ги замислувам Хансбери и Симон како зборуваат за сопствените животи и животите на другите црни жени користејќи марксистичка анализа која опфаќа раса, род и класа; тие би зборувале за тоа како расизмот и капитализмот ги создале животите на жените во песната, Тетка Сара, Сафронија, Свити (Sweet Thing) и Пичес (Peaches) — животите на црните жени кои постојано мораат да се борат, да преживуваат и да даваат отпор. Политичкиот живот на Нина Симон не може целосно да се опфати во еден краток напис. Таа беше вистинска сила која ја донесе пораката за слобода, еднаквост, правда и ослободување до сите што имаа задоволство да ја слушнат нејзината музика. Но, важно е да не ја ставаме во калапот само на активистка за граѓански права: таа беше револуционерка — жена која се занимаваше со делата на Маркс и Ленин, и која таа револуционерна пракса ја внесе во својата музика на начин кој продолжува да одекнува кај нас и денес. Извор:

  • Филозофскиот Филмски Фестивал полни 14 години со Маја Дерен | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8-14-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Филозофскиот Филмски Фестивал, Маја Дерен, Атанас Чупоски, работилница 14.11.24 г., во 18:00 Фестивалот продолжува да ги прашува и предизвикува оние теми што ги чинат човековите опити, подигајќи ги во светлината на креативниот израз на филмското платно. Овогодинешното издание на Филозофскиот Филмски Фестивал, кој традиционално се одржува под широко отвореното небо на Мирно лето и во удобноста на кино-салата на Кинотеката, означува јубилеј - 14 години од постоењето и успешното надминување на многу предизвици. Настанот што ќе се одржи меѓу 7 и 13 јуни ја продолжува мисијата на проучување на филозофските прашања преку филмската уметност, ветувајќи и оваа година да биде епицентар на авангардното, алузивното и подривното. Одбројувањето до фестивалот ја открива програмата што оваа година e посебно посветена на Маја Дерен , пионерката на американската авангарда, и нејзиното иконокластичко наследство преку "нередот меѓу редовите". Со видео-есеи како "Meshes of the Afternoon" и "At Land", Дерен не само што го обликувала правецот на авангардниот филм, туку и поставила основа за размислување за филмската уметност како медиум за истрага и претставување на филозофски теми. Оваа година, на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе биде посветен на американската авангардна режисерка Маја Дерен (1917-1961). Така, во рамките на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи: 1. Meshes of the Afternoon 2. At Land 3. A Study in Choreography for Camera 4. Ritual in Transfigured Time 5. Meditation on Violence 6. The Very Eye of Night Како најава на ова, на 14. мај, во Музејот на современата уметност во Скопје (19:00 ч.), ќе биде прикажан документарен филм за режисерката Дерен. Традиционално, тоа ќе биде првата проекција на Фестивалот за годинава, односно најава за Главната програма. Односно, ќе имате можност да го погледнете филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). Не е сè во врска со гледање и контемплација, туку и за активно учење и размена на идеи, како што е реализирано преку работилницата за млади возглавена од д-р Атанас Чупоски. Оваа платформа нуди уникатна можност за младите од 17 до 19 години да посетуваат работилници посветени на филмската естетика и јазик, истражувајќи ги различните аспекти и можности што ги нуди седмата уметност. Филозофскиот Филмски Фестивал не само што успева да поттикне размислување и да промотира авангардата, туку и да изгради мост меѓу различните форми на уметничко изразување и филозофската мисла. Секоја година, фестивалот се потврдува како централно место за оние кои бараат поинакво разбирање на уметноста и нејзината врска со остатокот од светот. За заљубениците во филмската и филозофската уметност, Филозофскиот Филмски Фестивал останува традиционален настан што не смее да се пропушти. Со секоја своја итерација, фестивалот продолжува да ги прашува и предизвикува оние теми што ги чинат човековите опити, подигајќи ги во светлината на креативниот израз на филмското платно. Доколку сте во Скопје за време на овој прекрасен период на календарската пролет, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова културно и уметничко патување, кое гарантира да ве остави со размислувања, инспирација, и можеби некои одговори на долго поставените филозофски прашања. следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Нејзината победа го означува и подемот на мемоарите како водечки жанр на нашето време, Нејзината победа го означува и подемот на мемоарите како водечки жанр на нашето време, нејзината-победа-го-означува-и-подемот-на-мемоарите-како-водечки-жанр-на-нашето-време

    Веста за новата Нобелова награда за литература има тенденција да ги подели читателите аматери во два табора: оние кои никогаш не слушнале за авторката и оние кои слушнале, но едвај. Има, се разбира, попознати имиња кои понекогаш произлегуваат од пророчката магла на Шведската академија, особено во изминатите неколку децении, кога, иако извалкан од скандали, Нобеловиот комитет стана, повремено, мм, па - хип, и Боб Дилан и Казуо Ишигуро доаѓаат на ум. Но, ова се исклучоци. Во најголем дел, ќе провериме во октомври, па велиме „Абдулразак кој?“ и се заветуваме дека ќе најдеме книга од авторот и ќе ја прочитаме. Понекогаш, со сигурност, наградата претставува некој достоен, но помалку досаден - или во спротивно, читањето на делото навремено ја објаснува опскурноста во која писателот претходно бил втурнат. Но, понекогаш, авторот се издигнува од регионалната значајност, за да стане светска фигура: Вислава Шимборска, лауреатот во 1996 година, беше писателка од овој вид, преминувајќи од полската специфичност на не само трајно, туку и со милно значење, не само „импресивна “ поетска фигура на англиски, но возљубена, извор на безброј здравици за свадби и епиграфи. Ани Ерно , новопечената француска добитничка на наградата, читателот со коцкарски дух веројатно ќе ја регистрира како писателка од оној вториот вид, на пат да стане постојан писател на оние кои што ја читаат поради љубовта а не поради играта. Секако, таа е повеќе од вториот вид, отколку другите неодамнешни француски лауреати, кои полесно се ценат како обврска отколку задоволство: уважениот J. M. G. Le Clézio, човек со беспрекорен глобализам, чии дела сепак може да звучат како нарација на документарен филм на УНЕСКО, или сосема францускиот Патрик Модиано , чии восхитувачки романи за окупацијата се и ретроспективни и формално конвенционални. Ерно е глас. Така, иако ќе беше добро и сосема заслужено Салман Ружди да ја добие наградата оваа година, работата на Ерно, на која првпат почнав да се одзивам, во Париз во средината на деведесеттите, е најдобриот тест за заслуги, прогонувачки - кога еднаш ќе се прочита, не се заборава лесно, доловувајќи нешто важно за своето време не само во неговите отворени или имплицитни политички грижи, туку, уште поважно, во обликот на нејзините реченици и жуборот на нејзините инкантации. Беше токму минатиот месец, без никакви размислувања за Стокхолм во мојата глава, кога ја спомнав Ерно, во текст за Жорж Сименон , како дел од посебната француска традиција на минималистичка „надворешност“ - споделување со белгискиот криминалистички романсиер, иако по целосно различни основи, акцент на соголена инспекција на вообичаената површина на францускиот живот како средство за продирање во неговите тајни. Кога наидов на пишувањето на Ерно во Франција, таа изгледаше привлечна на овој начин, токму како урбана имагистка. Таа можеше да се концентрира на фрагментарни обични сцени - во метро, ​​во популарни стоковни куќи, во патнички возови - што имаа убедлива боја на вистинско искуство, надвор од апстракциите или афектите на поконвенционално амбициозната француска фантастика.потекнува од работничко семејство во Нормандија, сосема надвор од вообичаениот тек на француското книжевно воздигнување.) Во годините оттогаш, таа стана позната по поместувањето на границите на мемоарите, најзапаметено или контроверзно, во приказот за нејзиниот сопствен абортус, објавен на англиски како „Happening“. Сепак, иако нејзината работа е engagé(ангажирана), нејзиниот стил на многу начини е désengage(откачена)- таа пишува за себе, но на рамен, набљудувачки, известувачки начин кој немилосрдно ја попишува површината на нештата, дури и среде најлудите мотиви и најсуровите од судбините. Таа инвестира во слики на начин на кој малку други писатели го имаат. Таа им верува дека ќе понудат посигурна енциклопедија на значења отколку што би можел да понуди конвенционален регистар на чувства. Во „Хепенинг“, таа пишува: „Пред сè, ќе се трудам повторно да ја разгледам секоја слика сè додека не почувствувам дека физички сум се врзала со неа, додека не изникнат неколку зборови, од кои можам да кажам „да, тоа е тоа“. Ќе се обидам да ја доловам секоја од речениците врежани во моето сеќавање кои ми беа или толку неподносливи или толку утешни во тоа време што самата помисла на нив денес ме обзема во бран на ужас или сладост.“ Исто како и во Сименон, отворањето на мемоарите на Ерно постигнува чувство на плангентна емоција во самата негова немост: „Како што се симнував на метро станицата Барбе, како и минатиот пат, мажите безделничено чекаа, групирани во подножјето на надземното метро. Луѓето се шетаа по тротоарот со розови торби за пазарење од дисконтот Тати. Се свртев во булеварот магента и ја препознав продавницата за облека Били со нејзините јакни кои се закачени надвор. Една жена одеше кон мене - полни нозе обложени со црни чорапи со крупен дезен. Улицата Амброаз Паре беше речиси празна додека не стигнете во близина на болницата“ . Се разбира, во „околината на болницата“ започнува приказната за акушерската судбина на една жена. Оваа посветеност за регистрирање на површината на животот и подповршината, токму онаа на секоја пропуштена менструација и исфлекана долна облека, се протега на нејзиното извонредно проучување на генерациите на францускиот живот од Втората светска војна, насловено како ехо на Вирџинија Вулф , „Годините“ — мемоари во кои се нудат љубезни, внимателни, понекогаш и сардонски детали од рекламите и лажните надежи и чистата минливост на времето. Таа размислува, во еден момент, на сеќавањата и моделите на говор на една генерација постари луѓе кои поминале низ сиромаштијата и германската окупација и ги сочиниле своите лекции во збир на зборови и повторени баења: Гласовите дале наследство на сиромаштија и лишување кое датира долго време пред војната и ограничувањата. Нè втурнаа во безвременска ноќ, „минато време“ и ги римуваа нејзините задоволства и тешкотии, обичаите и практичната мудрост: - живеење во куќа со земјен под - носење галоши - играње со партал-кукла - перење алишта во пепел — шиење мало торбиче со лук во ноќните кошули на децата во близина на папокот за да се ослободат од црви... Направи попис на незнаења, вчерашните непознати и никогаш: — црвено месо, портокали — социјално осигурување, семеен додаток и пензионирање на шеесет и пет — годишен одмор. Кога некој првпат би ја забележал Ерно, таа изгледаше чудно усогласена со многу помладиот и повеќе извиканиот Мишел Уелбек . Иако помладиот новелист, пишуваше во хистеричен и фантастичен регистар, а таа во придушен и специфичен, желбата да се направи попис на некнижевните или антикнижевните делови од францускиот живот, деловите изоставени од „културата“ или „Цивилизацијата“ или Француската Академија, беше заедничка амбиција. (Иако луѓето го евоцираат Уелебек за неговата политика, ниту еден добар читател нема да го заборави воодушевениот монолог на Уелебек за Пиф Гаџет, француски детски магазин популарен во шеесетите и седумдесеттите.) Сепак, Ерно, исто така, работи надвор од јасно артикулирана политика, она што во Франција се нарекува „гаучистичка“ политика, што значи крајна левица, но крајна левица помалку допрена од марксистичката догма отколку од некаков постојан хуманистички протест - од типот што го започна францускиот литературен херој на А лфред Нобел, Виктор Иго - против чистото немилосрдно страдање на едноставните луѓе во модерно време. „ Семејниот наратив и социјалниот наратив се едно исто“, напиша Ерно, а политиката на нејзината работа на некој начин е во согласност со оние на францускиот социолог Пјер Бурдје, споделувајќи го неговото убедување дека полињата на општествениот живот немилосрдно диктираат поредок на моќ, дури и во – особено во – неговите „обични“ детали. Од преплетувањето на сликите, Ерно се надева дека ќе направи неупотребена мапа на француската реалност и на француската моќ, а нејзината работа е, навистина, во таа смисла, еден вид и самата социологија. Сепак, и покрај сета француска специфичност на нејзината политика, таа е во тон и како уметник - за да направи споредба што може да биде корисна за американските читатели - многу слична на нашата, покојна Џоан Дидион , која исто така успеа, иако во околина повеќе очигледно гламурозна, овој брак на жежок материјал и кул испорака од изразито феминистички вид. Семејна смрт, абортус и болка, сето тоа регистрирано не вкочането, туку пргаво, засечено на површината за да се отворат длабочините одоздола без посебно молење или самосожалување. Политиката на Дидион беше либерална, но од патрициска екипа, додека онаа на Ерно е на француската посткомунистичка левица. ( Жан-Лук Меланшон , водачот на крајната левица во Франција, беше особено гласен во пофалби за нејзиниот Нобел.) Но и двете веруваат во сведочењето преку детали и тежината постигната преку точноста - а некои ќе мислат дека е неправедно што Дидион никогаш не добила Нобеловата награда. И двете споделуваат силен феминизам, чиешто суштинско верување е, како што пишува Ерно, дека „славата на жената може да биде само блескаво оплакување за среќата“. Сепак, можеби најзначајниот аспект на ненадејното издигнување на Ерно е ова: се чини дека таа е - ако не се исклучат поетите, кои секако прават голем дел од сопствените животи, но го прават поезија со тоа што го обвиткуваат во некој префинет јазичен ред - првиот Нобелов лауреат кој е првенствено мемоарист во наша современа смисла, значи некој што пишува за животот директно, како што ние го доживуваме. Нејзиното воздигнување означува признание дека мемоарите, во сите негови многубројни лица и пози - директни, самокритични, тажни и комични, ангажирани и не- се можеби водечкиот жанр на нашето време, колку што беше романот во првата половина на дваесеттиот век. Чувствуваме потреба за проверлива, или барем веродостојна, лична историја во време кога многу други изгледаат конструирани и недоверливи - ни се допаѓа барем чувството на искуство од прва рака во сите наши други занимации, од Twitter до TikTok. Поради преокупираноста со фактичноста и ладно регистрираните детали што ги споделуваат Ерно и Дидион, и поради чудниот начин на кој тој факт се вградува себеси, тула по тула, во композитно поле на споделени фикции, мемоарите можеби се најпостојаната литература на нашето време, од двете страни на барата. ♦︎ Адам Гопник, придонесува за „Њујоркер“ од 1986 година. Тој е автор на, неодамнешната, „Илјада мали разуми: Моралната авантура на либерализмот“.

  • Еми награда за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот Доџер.“

    Еми наградата му го осигура ЕГОТ статусот. сите вести Еми награда за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот Доџер.“ Еми наградата му го осигура ЕГОТ статусот. 16 јан. 2024 г. Елтон Џон, икона на глобалната музичка сцена, мината вечер влезе во елитниот клуб на личности кои можат да се пофалат со ЕГОТ статус. Овој статус е резервиран само за оние кои успеале да ги освојат четирите најголеми награди во областа на забавата - Еми, Греми, Оскар и Тони. Џон го освои овој престижен статус со неговата последна награда, Еми во категоријата „ outstanding variety special“ (извонреден естраден специјал) за неговиот концерт во живо кој се одржа на Доџер стадионот, кој беше стримуван на Disney+. Во својата впечатлива кариера, Џон освоил пет Греми награди, Тони за најдобра оригинална музика за „Аида“, и два Оскари за песни од „The Lion King“ („Can You Feel the Love Tonight“) и „Rocketman“ („I’m Gonna Love Me Again“).Со оваа последна награда, Џон стана 19-та личност која ја носи ЕГОТ титулата. Во овој клуб се наоѓаат имиња како Одри Хепберн, Рита Морено, Мел Брукс, Вупи Голдберг, Џон Леџенд, Џенифер Хадсон и Виола Дејвис.Иако неговата отсутност на церемонијата за Еми не остана незабележана, поради операција на колено, Џон ја изрази својата благодарност преку изјава. „Патувањето до овој момент беше исполнето со страст, посветеност и неоспорна поддршка од моите фанови од целиот свет“, рече тој во изјавата. „Вечерва е доказ за моќта на уметноста и радоста што ни ја носи во сите наши животи. Ви благодарам на сите кои ме поддржуваа низ целата моја кариера, јас сум неизмерно благодарен.“ Овој концерт во живо, кој се одржа на стадионот во Лос Анџелес во 2022 година, беше како ехо од неговите два настапи на истиот стадион во 1975 година, кога, во своите касни 20-ти, Џон изведуваше хитови како „Saturday Night’s Alright for Fighting“, „Goodbye Yellow Brick Road“ и „Bennie and the Jets“ пред целосно распродаден стадион. Елтон Џон стана 19-тиот човек кој освои EGOT - игрив акроним за освојување Еми, Греми, Оскар и Тони - кога освои Еми во понеделникот вечерта за „Елтон Џон во живо: Збогување од стадионот Доџер“. Наградата беше доделена за категоријата „Извонреден естраден специјал во живо.“ Џон доби Тони за песната „Аида“ (2000) и Оскар за „Can You Feel the Love Tonight" во „Кралот лав“ (1995) и „(I’m Gonna) Love Me Again”“ во „Rocketman“ (2020). Има освоено пет Греми, вклучувајќи ја и за „That’s What Friends Are For“ (1986), со Гледис Најт, Дион Ворвик и Стиви Вондер. Осумнаесет други уметници освоија EGOT, вклучувајќи го и текстописецот на „Frozen“ Роберт Лопез, единствениот човек што го направил тоа двапати. Пред Џон, последното зачленување во ЕГОТ клубот беше актерката Виола Дејвис, која минатата година заработи Греми за аудио книгата од нејзините мемоари. Таа е една од шесте жени со ЕГОТ. Пред После

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page