top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Светски ден на џезот во ФДУ бифето со музика и поезија | diva.mk

    26.4.24 г., 18:00 концерт, поезија Руѓер Бошковиќ 22, Skopje, North Macedonia По повод Денот на Џезот, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности, во соработка со Europe House Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, организираа настан во кој музиката и пишаниот збор ќе бидат споени во единствена уметничка фузија. Настапот, ќе се одржи во просториите на Факултетот за драмски уметности (Бифе на ФДУ), и ќе посведочи што се случува кога стиховите на младите поети од Филолошки факултет „Блаже Конески“ соработуваат со мелодиите на џезот изведени од исклучително талентирани студенти на Факултетот за музичка уметност. Преку оваа соработка, организаторите целат да поттикнат пошироко разбирање за уметноста и да покажат дека музиката и пишаниот збор, иако различни по форма, совршено може да се испреплетуваат. „Целта на нашиот настан е да покажеме дека уметноста во сите нејзини форми може да биде моќен медиум за изразување на емоциите и пренесување на пораки. Денес, публиката беше сведок на нешто вистински специјално, каде музиката и зборовите создадоа еден поинаков, потемелен начин на комуникација“, изјави Др. Александар Петровски, професор на Факултетот за музичка уметност. претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/akto19-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D1%83-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%3A-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B5-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BC-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар 14.11.24 г., 18:00 Битола оваа сабота ќе биде домаќин на еден од најсвежите културни настани во Македонија. Сосема навидум сосема скопското мото „Градот ме тера да пеам“ ќе биде проширено во Битола „за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“ - како што известуваат од ФРУ. Саботната ноќ во Битола ќе оживее со еклектични звуци, па центарот на градот ќе биде претворен во жива сцена за настанот "Градот ме тера да пеам". Во организација на фестивалот АКТО 19 и во соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Дневната програма започнува во кафе барот Јагода со промоција на иновативниот винил "ПОП КУЛТУРА", кој содржи дела од најистакнатите млади македонски музички имиња. Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе добро познатиот Slatkaristika. Настапи на промоцијата ќе имаат: Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ. https://www.youtube.com/watch?v=oAxGpnXSIHY Вечерта, како што е ред журкате се префрла во клуб -Јагода од 22-5 наутро (како што е ред!!) , каде што ќе се одржи вечерно-утринската програма со богат музички репертоар. Младите надежи (да бидеме искрени - го надминаа тој статус) на македонската музичка сцена, вклучувајќи ги Локал Блу, Занаду и Поетроника, по после полноќ кога Пепелашка ќе избега дома Јос и Мартина Пенева го преземаат диџеј пултот https://www.youtube.com/watch?v=gEdp8LfgF-o Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева. Иницијаторот и идеен творец на настанот, Мирко Попов, кој беше и продолжува да биде истакнат промотор на македонската музика и култура, истакна дека компилацијата „Градот ме тера да пеам“ според кој е насловен настанот е омаж на "убавите деца на овој град", и покана за сите да станат дел од заедничкото културно испишување на иднината. „Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка. „Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година. „Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“. Ве каниме во Битола заедно да танцуваме и да ја славиме македонската музика и култура. Знаете што треба да правите... следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дводевна промоција во Лаб дизајн маркет | diva.mk

    10.5.24 г., 10:00 Лаб дизајн маркет, Евгенија Зафировска Laboratorium, Bulevar Kliment Ohridski, Skopje, North Macedonia Овој викенд, „Лаб дизајн маркет“, познат по својата иновативна платформа за промоција и продажба на македонски дизајн, ја отвора својата врата за дводневна промоција. Настанот ќе почне денес(петок) во 12 часот и ќе продолжи утре во исто време , во просториите на изложбениот салон на „Лаб дизајн маркет“. Главниот акцент на промоцијата е претставувањето на новите дизајнери кои ќе се приклучат на заедницата. За да ја означат оваа прилика, истакнатата македонска дизајнерка Евгенија Зафировска исто така ја отвора својата архива, нудејќи ја можноста на љубителите на модата да купат уникатни парчиња од нејзините претходни колекции по пристапни цени. Изложбениот салон „Лаб Дизајн Маркет“ е сместен во центарот „Лабораториум“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ број 68 во Скопје. Местото е познато по својата креативна атмосфера и како место каде што занаетчиите и дизајнерите се спојуваат во создавањето на уникатни и автентични производи. Организаторите на настанот изразија ентузијазам за настаните кои следат, бидејќи ќе имаат шанса да претстават нови таленти: „Со задоволство ги пречекуваме новите членови во нашата заедница и сме возбудени да ги покажеме нивните креации, кои се целосно изработени рачно, обединувајќи традиција со модерен дизајн.“ Надежта е дека овој настан ќе привлече посетители кои ја ценат македонската дизајнерска сцена и ја поддржуваат локалната креативна индустрија. Посетителите можат да го посетат „Лаб дизајн маркет“ и да се запознаат со новите дизајнери и нивните колекции овој петок и сабота. претходно следно

  • Threads на Meta е уште повеќе од истото социјално умрежување, Threads на Meta е уште повеќе од истото социјално умрежување, threads-на-meta-е-уште-повеќе-од-истото-социјално-умрежување

    Четвроткот сабајле, со чувство на страв надвиснато над мене се регистрирав на Тредс ( Threads ) клон на Твитер од Мета - сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Новата социјална мрежа беше лансирана во средата навечер, со став на дигитално стрелање од Марк Закерберг накај Илон Маск. Твитер, под сопствеништво на Маск, бавно тоне; политиката за ограничување на тоа колку твитови можат да видат корисниците кои не плаќаат, дневно, беше само нејзиниот последен погрешен чекор. Со лансирањето на Тредс, Закерберг се закануваше дека ќе го окупира теренот на својот конкурент присвојувајќи ја за себе нишата на социјалното вмрежување преку текст. Контрастот беше остар. Атмосферата на Твитер во последно време прејде од седенка која пропаѓа, во бар во кој шанкерот мора да ги избрка и последните пијани посетители - како што напиша Вили Стејли во Тајмс. Како контраст Тредс е сјаен и нов, како средно училиште на првиот час: Мета се чини дека ги охрабруваше инфлуенсерите и славните личности да го наполнат фидот со агресивно ентузијастички постови. Корисниците влегоа среде бучна забава. Во рок од неколку денови, Тредс доби повеќе од 70 милиони корисници според Мета, што ја направи една од најбрзо растечките апликации било кога. Секако, се прикачи на милијардите корисници кои веќе се на Мета. Единствен начин да се регистрираш на оваа социјална мрежа е со Инстаграм сметка и тоа генерира спремна листа на следачи и следени профили( единствениот начин да се избрише сметка на Тредс е да се избрише и поврзаниот профил на Инстаграм; ова дополнително ги заклучува корисниците.) Искуството на користење на Тредс е помалку како да си на Инстаграм доколку одеднаш почне да ги приоретизира исечоците од текст над сликите. Интерфејсот е инстантно препознатлив на Твитер корисниците иако почист и во линија на тековните трендови на визуелниот дизајн. (Твитер сега се заканува дека ќе ја тужи Мета за „неправилно присвојување на трговските тајни на Твитер“.) Напојувањето на нишките е алгоритамски, слично на на TikTok и Twitter „за тебе“, што значи дека автоматските препораки се појавуваат исто толку често колку и објавите од сметките што ги следите Во моментов е невозможно да се видат објавите само од следените сметки; Директорите на Мета ветуваат дека се работи на хронолошки фид, но, како и на Фејсбук и Инстаграм, таа функција веројатно нема да биде стандардна. Како резултат на тоа, голем дел од она што го гледам на Threads е вид на банална самопромоција на славни личности и брендови што се обидов да ги избегнувам на Твитер - објави од Крис Хемсворт и Елен Деџенерес, Спотифај кои ги прашуваат фановите за нивните омилени плејлисти, и предлози за следење на Кардашијан. Следот на фидови ретко се појавува по хронолошки редослед и често прикажува различни објави од истата сметка еден по друг. Она што еднаш го направи Твитер успешен е нивната посветеност на пласирање на информации во живо. Тоа беше фестивал на довикување на новинари, на оние кои ги прават вестите, и креатори, но и сите оние кои ќе се вклучат - на релативно еднаква основа и бесплатна за сите. Адам Мосери, челникот на Инстаграм, постираше на Тредс дека овој ап ,нема да охрабрува пласирање на вести, како што тоа некогаш го правеше Твитер: „Има повеќе од доволно прекрасни заедници - спорт, музика, мода, убавина, забава, итн. - за да се направи жива платформа без потреба да се навлегува во политика или тешки вести, “ напиша тој „Тредс е помалку гневно место за разговори.“ Секако дистанцирање од политика е политички чин сам по себе и не го ослободува раководството на Тредс од одговорност за политичкото влијание на содржината на платформата. ТикТок, кој го попречува ширењето на вестите и поттикнува забавна содржина, е под лупа за нејзините политики за умереност и неговата можна политичка поврзаност со кинеската влада. Сопствениците на популарните сметки на Инстаграм, кои моментално доминираат во просторот на Тредс, не мора нужно да се задоволат со привлечни писатели. Во неговиот влијателен билтен Garbage Day, Рајан Бродерик ја опиша содржината на Threads како „антикултурна ништожност што добро функционира на Фејсбук или Инстаграм“. Ако 2010-те го сведочеа ширењето на масовните социјални мрежи, вклучително и Фејсбук, кои ги централизираа сите форми на содржина, сега можеби влегуваме во фаза на пост-платформа, секоја апликација одделно служи на сопствената ниша. Threads е само еден вкус меѓу сè почестата листа на бесмислени имиња - Mastodon, Bluesky, Lemon8, Spill, Picnic - од кои ниту една сè уште не станала вистински центар на гравитација на социјалните медиуми. Ако Твитер е бар на затворање, никој не знае која е следната станица. Така, онлајн граѓаните се оставени бесцелно да талкаат, разменувајќи покани како спикизи лозинки, надевајќи се дека ќе се пробијат на следното место кое ќе успее пред да стане премногу гужва. Пикник е социјална мрежа популарна кај Ген З, каде што корисниците разменуваат френетични домашни видеа и анимации на теми како што се аниме и Roblox. (Како миленијалец, сметам дека е фасцинантно, но крајно неразбирливо.) Блуски, клон на Твитер поддржан од ко-основачот на Твитер Џек Дорси, кој е во приватна бета верзија, можеби има најкохерентен идентитет. Тоа е факсимил на Твитер од раните денови, кога сајтот наликуваше на мала заедница. Сепак, неговиот тон е изолиран, а реконструкцијата на каква било мрежа таму бара напорна работа. Изминативе неколку дена се движев помеѓу Twitter, Bluesky, Threads, Instagram и TikTok. Тешко е да се запамети каде точно објавив нешто. Исто така, забележувам дека сметките што ги следам објавуваат мали варијации на истата содржина на секоја платформа. Изгледа пред сè, како исцрпувачко губење време. Корисноста на Твитер за ударни вести се распадна под Маск, а платформите што се појавуваат сега се похиерархиски настроени; потешко е да бидете чуен, освен ако веќе имате значителни следбеници што треба да ги внесете во нов простор, а бројот на следбеници опаѓа со секое наредно скокање од една на друга платформа. Во исто време, платформите се повеќе личат една на друга; единствената разлика е со која публика се обидуваш да контактираш. Нивните корисници сите се коцкаат, инвестираат време во надеж дека наскоро ќе се најават на доминантната социјална мрежа на иднината. Она што сè уште ми недостига е доверливата едноставност на Твитер, дигиталниот брутализам од излив на вести од двесте и четириесет карактери во постојан проток. Ниту самиот Твитер, ниту неговите конкуренти во последно време не можеа да ја уловат таа енергија. ♦︎ Кајл Чајка, The New Yorker.

  • Германија добива нов канцелар: Што значат изборните резултати?, Германија добива нов канцелар: Што значат изборните резултати?, германија-добива-нов-канцелар-што-значат-изборните-резултати

    Германија добива нов канцелар, а актуелниот лидер заминува од функцијата. Сепак, неговата партија веројатно ќе остане дел од политичката сцена, иако со намалено влијание. Обидите на администрацијата на Трамп да влијае врз изборите, според сè, не донесоа значителни промени. Предвремените избори, кои се одржаа во неделата откако владејачката коалиција се распадна кон крајот на минатата година, донесоа неколку изненадувања и голема неизвесност. Во раните утрински часови во понеделник, резултатите покажаа дека Демохристијаните (Христијанско-демократската унија - CDU) најверојатно ќе формираат влада со само еден коалициски партнер. Ова значи враќање на традиционалниот двопартиски модел на владеење, кој беше доминантен во Германија во поголемиот дел од 21 век. Фридрих Мерц – новиот канцелар на Германија Најголемата излезност на германските избори во последните децении ѝ донесе најмногу гласови на Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзината сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (CSU). Ова значи дека новиот канцелар на Германија најверојатно ќе биде Фридрих Мерц, долгогодишен политички ривал на Ангела Меркел. Мерц, кој е бизнисмен и пилотира сопствен авион, долго време ја посакуваше функцијата канцелар. Во раните 2000-ти, тој загуби од Ангела Меркел во внатрепартиската борба за лидерството во CDU. Подоцна, како нејзино владеење се приближуваше кон крајот, неговите ставови добија сè поголема поддршка, особено кај гласачите незадоволни од нејзините политики. Меркеловото наследство, вклучувајќи ја и одлуката да ја направи Германија зависна од рускиот природен гас, како и политиката на отворени граници за бегалците во 2015 година, предизвика реакции меѓу гласачите. По изборниот пораз на CDU во 2021 година, Мерц ја презеде партијата и ја помести подесно, особено во однос на миграцијата и економијата. Тој водеше кампања фокусирајќи се на намалување на даноците и дерегулација, со цел да го заживее германскиот економски раст. Иако анкетите покажуваат дека само околу една третина од Германците веруваат дека ќе биде добар канцелар, Мерц сега има шанса да пополни политички вакуум во Европа, особено во време на нестабилни односи со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп и НАТО – важни прашања на изборите Американската политика, особено односот на администрацијата на Трамп кон Европа, стана клучна тема во германската изборна кампања. Минатонеделниот говор на потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, на Минхенската безбедносна конференција, во кој ги критикуваше традиционалните политички партии во Европа, предизвика бурни реакции. Овој говор, заедно со промените во американската политика кон Украина, предизвика загриженост кај германските гласачи. Според анкета објавена во неделата попладне, 65 проценти од Германците веруваат дека нивната земја е ранлива на притисокот од администрацијата на Трамп и од рускиот претседател Владимир Путин. Во постизборната дебата во неделата навечер, Фридрих Мерц веднаш го отвори прашањето за безбедносните предизвици со кои се соочуваат Германија и Европа поради новата американска администрација. Што следува? Германија сега влегува во фаза на формирање влада, што би можело да трае со недели или дури и месеци. Ако Мерц успее да формира стабилна коалиција, неговата влада ќе се соочи со сериозни предизвици – од економскиот раст до стабилизирање на односите со САД и НАТО. Политичкиот пејзаж во Германија можеби се менува, но едно е јасно: новиот канцелар ќе мора да се справи со турбулентна меѓународна сцена и растечка неизвесност во Европа.

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page