top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура РАЗГОВОРИ 1 2 razgovori pogovori conversations Milk of dreams

  • Гловер версус Гамбино, Гловер версус Гамбино, гловер-версус-гамбино

    Следното интервју доби доста негативно внимание поради коментарите за црните жени (Гловер е оженет со бела жена). Штета - затоа што си поставува прашања кои нѝ се битни во моментов. Сигурно многу добро знаел што прави со потегнување на тие прашања. Штета, штета,штета… *** Доналд Гловер е човек со многу личности, фази, епохи, реинкарнации. Тој е писателот на комедии, кој си ги остреше забите во скеч групата Дерик комедија (Derrick Comedy) и го усоврши својот занает во собата на писатели на 30 рок (30rock). Тој е и актерот кој стана ѕвезда како една половина од глупав броманс на култниот ситком Заедница (Community), и кој прштеше со харизма како Ландо Калисијан во Соло: Приказна од Војна на ѕвездите (Solo: A Star Wars Story). Тој е и музичарот, попознат како Childish Gambino, кој започна како рапер што сакавте да го мразите на албумите Camp и Why the Internet, а потоа ги замолкна своите критичари на фанки, жестокиот Awaken, My Love! Тој е авторот кој создава и глуми во Атланта, консензуално најдоброто шоу на телевизија откако дебитираше во 2016 година. А потоа, тука е архитектот, кој ги гледа сите аспекти на уметничкото изразување како дел од поголема област на влијание и кој е желен да заведува колку е можно повеќе. Од својата фарма, каде што ги става завршните допири на неговата претстојна серија на Амазон, Господин и г-ѓа Смит, 38-годишниот татко на три деца го расклопува својот ум на Вили Вонка на некој што точно знае кои нишки да ги повлече: самиот себе. АДАМ ВРЕЈ ——— ОНАЛД ГЛОВЕР: Добро, каде сме сега? ДОНАЛД ГЛОВЕР: На мојата фарма. Убаво е. Да. Сакам фарми. Ги сакам нејзините продукти. Ги имаме сите овие плодови, пчели. Нашата крава е трудна, па ќе имаме млеко уште малку. Ме прави среќен. Што е ова на масата? Танџело(цитрус). Ги сакам. Овие и црните дудинки можеби ми се омилени. Кои нема да бидат зрели некое време. Но, тие се навистина добри. Моите деца седат под дрвото и збрлавуваат. Со оваа позадина, изгледате како барон или нешто oд тој тип. Ова е едно парче од Боуд што го дава тој впечаток. Му дадов француски шмек со капата. Тие штотуку отворија продавница во Л.А. Слушнав. Дали вака се облекувате најчесто? Кога сум овде. Ми се допаѓа да бидам функционален. Мојата партнерка, таа многу слика, па да можеш да се допреш од некоја боја. И со децата мора да носите работи кои ќе изгледаат подобро како стануваат повалкани. Да, прво прашање, зошто сакаше да го направиш ова? Претпоставувам дека не сакам интервјуа и се запрашав: „Зошто не сакаш интервјуа?“ И мислам дека дел од тоа е што прашањата обично се исти. На овој начин можам да добијам прашања што обично не ми се поставуваат. Не мислите дека ова е измислено? Мислам дека не е посмислено од кое било друго интервју. Во ред. Запишав некои работи за кои размислував. Ќе се обидам да немам многу дополнителни прашања за да можеме брзо да одиме. Кул? Одлично. Одлично. Како се гледате себеси? Во која смисла? По кого ја моделирате вашата кариера? О. Вили Вонка. Тоа е светот што ми се допаѓа. Ја имате вашата фабрика, правите нешто, ја гасите, а потоа ја затворате продавницата за јавноста некое време. Дали затоа приватноста ви е толку важна? Не мислам дека животот е реален освен ако некои работи не се само за тебе. Работи кои не треба или не можат да се споделат. Мислам дека на помладата генерација ќе и биде тешко да разликува дали нешто е за нив или за другите, и мислам дека тоа би можело да се игра како намалено чувство за себе. Навистина треба да знаете што би правеле ако никој друг не гледа. Како приказната за Роберт Редфорд кога вратата од лифтот се затвора и некој го прашува: „Дали си ти вистинскиот Роберт Редфорд?“ И тој рече: „Само кога сум сам“. Точно. Мислам, како би знаел поинаку? Кое е последното поетско нешто што сте го виделе или слушнале? Го легнав син ми пред неколку ноќи и го прашав на што мисли. Тој рече: „Размислувам за последниот долг сон што некогаш ќе го имам“. Тоа е прогонувачки. Мислев дека е убаво. Дали сè уште правите музика? О да, цело време. Рапував многу. Продуцирање. Повторно е забавно. Правев соработки. Некој за кој можете да зборуваш? Направив една што мислам дека нема да излезе. Мислам дека уметникот, или менаџментот на уметникот, мисли дека стихот е премногу контроверзен. . Дали сте загрижени дека ќе бидете „ откажан“? Мислам дека тоа е играта. Многу луѓе овде се познати личности. Значи нивната вредност е во тоа што луѓето ги сакаат. Верувам дека мојата вредност е во мојата визија. Затоа морам да направам нешто доволно добро и само да бидам човек. Можеш да бидеш распнат за било што, било тоа да е вистина или не. Што мислите за „кансел„ културата? Бљак. А може не? Што? Јас само ... Угхх... Па, ти кажа нешто за тоа во твоите твитови. Доста твиташе во последно време. Тоа не беше за култура на откажување. Мислите дека многу твитав? Би рекол повеќе од вообичаено. Вие не сте љубител на интернет. Не. Претпоставувам дека не сум. Мислам дека уметниците треба да го толкуваат светот околу нив. И интернетот не е свет за мене. Дали намерно го смени твојот пристап кон социјалните медиуми? Бев некако целисходен. Роден сум во 80-тите, па имав добар контекст за тоа како се чувствувам без него. И без него се чувствував подобро, па престанав. Интернетот се движи како дрога. Убрзувач. Не знам. Што мислите, како се чувствуваат твоите врсници за нивниот однос со него? Сите што ги среќавам и кои се активни на интернет изгледаат уморни во реалниот живот. Луѓето велат дека сега си „разбуден“(woke). Јас не сум. Само што пораснав. Можеби, но се чинеше дека твојата работа има социополитички наклон во исто време кога таа почна да станува попопуларна. Мислам дека тоа не е вистина. Луѓето не размислуваат за животот како ние порано. Затоа што комуницираме онлајн и секој има личен бренд. Ако Малколм Икс беше жив во моментов и го живееше истиот живот, луѓето би рекле дека „се ребрендирал себеси“. Не, тој само беше Малколм Икс. Тој еволуираше преку своето искуство. Зборувајќи за Малколм Икс, слушна што рекол д-р Умар за тебе? [Се смее] Да. Што мислиш? Тоа е стара снимка. Мислам дека има некои интересни идеи, но за тоа не се согласувам со него. Мислам дека е интересно да се мисли на бракот како политички чин. Да, претпоставувам. Но, тогаш каде завршува? Како би знаел дали нешто е за мене ако сето тоа е политички чин? Дали се плашиш од црни жени? Зошто ме прашуваш тоа? Чувствувам дека твојата врска со нив одигра голема улога во твојот наратив. Како да ги користиш црните жени за да ја доведеш до знак прашање мојата Црност. Во ред. Дали ќе ги научите твоите деца како да бидат црни? [Се смее] Па, да? Дали некој друг треба да ги научи? Се чувствуваш како твоите мисли за расата Може ли да кажам нешто? Мразам да зборувам за расни теми повеќе од пет минути, освен ако тоа не е со други црнци и/или не се смееме. Може ли да прашам уште едно последно прашање? Тогаш ќе завршам. Дали мислиш дека „Црното“ ја изгуби својата вредност? На кој начин? На кој било начин. Дефинитивно мислам дека е разредено на пазарот. Затоа што секој може да го направи тоа и не мора да биде автентично. Тоа се случува на секои 10 до 15 години. Сепак, мислам дека сега сме на опашката на тој циклус. Дали имаш некој совет како за крајот од овој циклус? Мислам да се фокусирате само на вашата перспектива, а не на вашата „Црност“. Претпоставувам дека во вакуум е полесно да не се фокусираш на вашата црност. Но, светот ќе диктира колку ви е важно на некој начин, нели? Како, дали сакате вашите деца да не се фокусираат на нивната раса? На некој начин не. Но, исто така, не сакам тие да бидат децата со светла кожа кои велат: „Не гледам боја“. Што сакаш да бидат вашите деца? Претпоставувам дека само сакам тие да бидат добри мажи? Но, тие одлучуваат што се тие. Ќе ги сакам без разлика. Што е за тебе добар човек? Некој што се познава себеси. Кој се сака себеси. Татко ми беше навистина нежен со нас. Физички и психички. Во тоа време тоа беше радикално. Навистина ми недостига. Зошто беше радикално? Имав чувство како да е радикално. Веројатно затоа што тој беше единствениот човек што го познавав кој беше таков додека растев. Има физичка опасност во љубовта кај мажите. Ако некој не разбира што чувствува, тоа може да стане насилно. Мислам дека жените обично не мора да се справат со тоа, освен ако имаат работа со мажи. Но, за да бидам јасен, ова не велам дека мажите се лоши, туку световите се само различни. Зборувајќи за мажи и жени, во моментов работиш на г-дин и г-ѓа Смит. Затоа ли си ја избричил главата? Не. Не морав повеќе да заработувам. Што се случи со Фиби Волер-Мост? Таа требаше да биде voСмит, нели? Да. Но, класичните креативни разлики... Дали ти и Фиби сè уште се пријатели? Што значи да се биде пријател? Сè уште ми се допаѓа. Претпоставувам дека сè уште ѝ се допаѓам. Која е г-ѓа Смит сега? Маја Ерскин. Од Пен15? Ја сакам. Да. Таа е супер. тоа е возбудливо. Навистина го сакам шоуто. Сега го пишувам финалето. Кул. Што значи „култура“ за тебе? Зборот е прекумерно искористен. Но, мислам дека, во својата суштина, културата е само ние да си раскажуваме приказни едни на други, кои сите ги паметиме кога сме биле богови. Сакаш да кажеш како приказни кои сите сме ги заборавиле како богови? Збунет сум. Мислам дека културата е едноставно да си ја кажуваме вистината на себе. Да бидеме присутни но заедно. Го спомнувам Господ затоа што мислам дека не постои „ние“. И така ги правам работите сега. Мислам на моментот кога сакам да се дадам некому. Но, се уверувам дека тој некој сум јас, а не „ние“. Со ниш култура, зошто да се биде релевантен? Мразам ниш. Кога почнував да креирам во раните 2000-ти, ниш беше бранот. Затоа што беше безбедно и можевте да јадете од него. Тогаш можеше многу да јадеш од него. Но, мислам дека тоа не ги предизвика луѓето да сфатат дали се одлични или не. Ова за мене не е работа. Јас сум во играта на влијание. И мислам дека мојот свет е подобар од оној на повеќето луѓе. Затоа, се обидувам да направам повеќето луѓе да веруваат во мојот свет. Тоа е релевантност. Да, но кој е секогаш релевантен? Мислам дека тоа не е нешто одржливо. Можеби зависи од што ти е од важно. Је секогаш е релевантен. Но, по која цена? Дали некој останува релевантен? Кој имал кариера со најодржлива релевантност? Веќе ме прашавте ова. Мислам на вистинска личност. Не фиктивен. Тарантино, претпоставувам. Правите висококвалитетни срања за голема публика, ги својатате и одите по свое темпо. Но, повеќе би сакал да бидам влијателен отколку релевантен. Дали овој одговор го базирате на успех или автономија? Ти го дефинираш успехот. Исто како што ти го дефинирш неуспехот. Значи, навистина се работи за автономија. Многу луѓе што ги гледате на интернет МОРААТ да бидат на интернет. Коментар за Џо Роган, Шапел, Кина, АДОС? Исусе. Избери еден. Шапел тогаш. Па, чекај. Ќе одговорам за сите: Ти си тоа што си. Убаво избегнување. Мислам дека знаеш дека ќе кажам што мислам, само ме молзеш. Па, тоа ме доведува до моето следно прашање: Каква улога игра критиката во вашиот живот? Има добри, има лоши, но повеќето од нив се само недоверливи. Повеќе ми се допадна кога Камп штотуку излезе и се чувствував како сите да ме мразат. Затоа што ќе имаше вистински добар увид и беше полесно да се види кој се занимава со сопствените проблеми со идентитетот, кој навистина ме мрази и кој едноставно не ме сака затоа што не се сакам себеси. Но, сега не можете да верувате во добрите или лошите работи, бидејќи сето тоа е само економијата околу вас. Има пари и моќ во тоа да ве сакаме и мразиме. Треба да се пребара и да се обиде да види дали некој дебатира со добра волја. Интернетот не обезбедува доволно голема количина од тоа. Знаеш што? Сега ќе го дадам одговорот за Џо Роган и Шапел. Многу луѓе веруваат дека и двајцата го прават она што го прават со добра волја. Не е цинично. Тоа не е CNN или Fox. За повеќето луѓе не се чувствува како да се обидуваат да продадат нешто. Луѓето бараат други луѓе со кои ќе комуницираат со добра волја. Бидејќи многу од овој бес е вештачки. Луѓето имаат емоционален дијабетес и не ни го знаат тоа. Се чини дека критиката е голем мотор во вашата кариера. Да. Нешто од тоа влијае на тебе лично? Како, дали жалите што го направивте Кампот? Воопшто не. Ми се допаѓаат делови од тој албум и научив толку многу. Најчесто тој концепт не ја надминува содржината. Но, кога тие се во рамнотежа, тоа е исклучително моќно. Мислам дека не бев јасен на тој албум и песните не беа доволно привлечни за мене. Направи да се чувствува како новина. Затоа што сега не би пуштил ниту една од песните во кола. Можеби неколку премини. Но, ми овозможи да го направам Because the Internet, за кој мислам дека се покажа како класика. Мислите дека Because the Internet е класика? Тоа е рап ОК компјутер. Претпазлив е по тон и тема и е исклучително влијателен. И знам дека никој нема да ми го даде тоа додека сум жив. Но тоа е вистина. Во некои ваши неодамнешни твитови го референцирате Дејв. Да. Дали не ви се допаѓа таа серија? Не! Ми се допаѓа тоа шоу. Но, ми пречи кога Атланта ја споредуваат со неа. Зошто? Треба да мислите на него како храна. Сакаш да кажеш дека е различен вкус. Не. Иако чувствувам дека вкусот е вештачки во некоја смисла. Органското шоу треба да биде за бел рапер кој е поуспешен од неговите црни врсници од почеток. Затоа што е попристапен. Но, она што тој всушност сака е да биде дел од културата, но неговиот успех го спречува од тоа и многу негови црни врсници и пријатели му замеруваат поради тоа, но исто така чувствуваат дека мора да се заебаваат со него затоа што тоа е добро за нив. Тоа е внатрешната борба што ја гледам. Како и да е. Тоа е Доналд верзијата на Дејв. Да. Потажно е. Што да правиш? Значи, мислите дека Дејв треба да биде вашата верзија на шоуто? Не, треба да биде тоа што е. На пример, луѓето мислат дека сум претенциозен. Можам да бидам сноб. Но, мислам дека во шоу бизнисот или уметноста е важно да се знае разликата помеѓу нештата. На пример, Ентони Бурдејн не беше претенциозен, но тој дефинитивно ја знаеше разликата помеѓу суво старо вагју(јапонско телешко) и плескавица. Ниту едното не е подобро или полошо од другото. Тие се само различни искуства. И јас не би сакал да го јадам секој ден. Но, никогаш не би ги помешал двете. Истото го очекувам и од мојата публика. Се чини дека тоа е многу да се бара од голема публика, нели? Jас не мислам така. Треба да бидете искрени. Особено со другите црни уметници. Затоа што мислам дека сите мислиме дека треба да се поддржуваме еден со друг, што и го правиме, но понекогаш да се поддржуваме еден со друг значи да му кажеме на некого: „Ова не е добро за мене“. И треба да знаеш зошто, а не да бидеш хејтер, а тие критики мора да се сфатат со добра волја. Тогаш можеме да растеме заедно. Потоа можеме да си помогнеме во рецептите. Не им помагате ако мислат дека направиле „софистицирано“ говедско колаче и тоа е навистина домашен сендвич со туна. Повторно, и двете можат да бидат добри. Значи, ако сето тоа е храна, што е Дејв? Тоа е добар хамбургер кој треба да го јадете брзо бидејќи состојките се свежи. Од момче кое не учело во кулинарско училиште, но обрнувало големо внимание на други места за хамбургери и има добри состојки. Плескавиците никогаш не кажуваат умри. Точно. Тоа е одличен бургер. Каква храна е Еуфорија? Навистина добро пресечено пилешко во ресторанот прикачен на стар хотел кој повторно оживува. Има навистина добар вкус и се чувствувате виновни кога го јадете затоа што има foie gras. Но, откако ќе одите таму шест месеци, сфаќате дека секогаш заминувате малку гладни. Дали ви се допаѓа еуфорија? Да, за она што е. Но, мислам дека е време Зендаја да избере и да го остави Сем да дојде во Death Row. Кои се вашите омилени емисии во моментов? Како да со Џон Вилсон и Абот основно. Какви намирници се тие? Ајде да размислам додека го јадам ова [танџело]. Каква храна е Атланта? Сепак, дај ми секунда. Имам добро прашање. Дали Атланта се уште е за н++++ ? [Се смее] Го знаете мемето со Кодак Блек? ДОНАЛД и ДОНАЛД: [Смеејќи се] „Се надевам толку“. Навистина се надевам дека е така. Берберската епизода од втората сезона доби најниска оценка на The A.V. Клуб, но добивав пораки од сите од дома како „Ова е најдобрата“. Ме потсети дека сепак треба да ги направиме и двете. Дали гледате многу телевизија? Не, ми здосадува. Земјоделството - тоа е тоа! Тангелос? Мислам сѐ во врска со земјоделство талент, идеи, моменти. Дали некогаш сте слушнале за Баухаус? Да. Почнав да читам многу за нив и колеџот Black Mountain. Тоа ме натера повеќе да се заинтересирам за земјоделството од темел, особено културата. Ако интернетот е отворена дивина, изградив стаклена градина. Безбедно, органско место за одгледување таленти, идеи и производ за сместување во екосистемот. Погледнете дали ќе напредува самостојно. Многу зборувате за тоа како треба да бидат работите. Се надевам дека не на диктаторски начин. Не, но дали имате идеал за тоа како општеството треба да функционира? Не знам. Се сеќавате на филмот за Тоња Хардинг што излезе? Мислам дека бев јас, Тоња? Да. Има сцена каде што таа не добива доволно бодови затоа што не мислат дека таа го претставува она што е Америка. И таа прашува: „Па, не може ли да се работи само за лизгање овој пат? Јас се однесувам на тоа. Мислам дека јазикот, особено во САД, е уништен. Во Франција мора да поминете низ ебаниот судски систем за да промените збор. Не ми се допаѓа кога нешто е навистина за промо, но се рекламира како да е навистина за уметноста или културата околу уметноста. Мислам дека тоа е причината зошто наградите имаат проблеми. Тие не го одразуваат она што всушност се. Од што најмногу се плашите? Губење на мајка ми. Тоа е тешко. Затоа што тоа некогаш ќе се случи. Мислам дека не е ни тоа. Мислам дека уште повеќе сум заљубен во неа во моментов. Ми носи многу радост да и дадам радост. Нашата врска сега е нешто што никогаш не сум го знаел. Ќе бидам чувар. Таа ме учи како да бидам стар. Мислам дека првпат ја гледам како жена, а не како мајка. Дали има нешто за што жалиш? Не Дали си искрен со себе? Дали сме? Ќе се вратам на тоа. Која е последната личност со која си имал длабок разговор? Себеси. Сега си банален Сериозен сум. Понекогаш треба да медитираш за она што навистина го сакаш и што навистина се случува. Знаете како со децата, кога ќе доживеат трауматичен настан, треба да го разгледувате повторно и повторно кога ќе го изнесат за да им помогнете да го процесираат? Тоа треба да го направиме со себе. Животот е неверојатен и трауматичен. Така понекогаш седам сам и поминувам низ тоа: „Ти си роден. Живееше во база на воздухопловните сили. Твојот прв спомен беше мајка ти кога ти даде праска…“ Сето тоа си го објаснуваш себеси за да запомниш дека не си Доналд, туку си. Дали се плашите од смртта? Да. На добар начин Како тоа? На начин како да сте исплашени за првиот училишен ден. Тоа е нешто ново што сите треба да го направиме. Па што правиш сега? Се осигурувам дека Атланта е добра. Работам на проект со Доминик Фишбек, Дамсон Идрис. Клои Бејли исто така. Ти твитна дека само Атланта и Сопраните се допираат. Сè уште стоиш на тоа? Сто проценти. Третата сезона е навистина добра, но четвртата е уште подобра. Јас и Хиро зборуваме многу за тоа. Не велам дека ова е помпезно. Го велам тоа затоа што го заслужуваме тоа. Кои сме ние? Луѓето. Народот треба да знае дека ова е срање од висока класа. Велам дека Атланта е osso buco послужено со рижото, подготвено од готвач кој студирал во Њујорк, поминал пет години на пат, работел на место со ѕвезда на Мишелин три години и ги искористил парите за да купи мала фарма. Тој ве поканува да пробате некои рецепти на кои работел со своите пријатели користејќи ги производите што ги одгледувале заедно. Дури и ако не ви се допаѓа, не можете да кажете дека не е со висок квалитет. Квалитетот е непобитен. Добро. Па, ти благодарам f- О! Заборавив да кажам дека отварам вистинско место за храна само со покана ова лето. Вистинско е. Значење, а не метафорично. Го сакам тоа. Одлично. Дали сум поканет? Секогаш. Ти благодарам за твоето време. Мое задоволство. Извор Тhe interview magazine

  • Светски ден на џезот во ФДУ бифето со музика и поезија | diva.mk

    26.4.24 г., 18:00 концерт, поезија Руѓер Бошковиќ 22, Skopje, North Macedonia По повод Денот на Џезот, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности, во соработка со Europe House Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, организираа настан во кој музиката и пишаниот збор ќе бидат споени во единствена уметничка фузија. Настапот, ќе се одржи во просториите на Факултетот за драмски уметности (Бифе на ФДУ), и ќе посведочи што се случува кога стиховите на младите поети од Филолошки факултет „Блаже Конески“ соработуваат со мелодиите на џезот изведени од исклучително талентирани студенти на Факултетот за музичка уметност. Преку оваа соработка, организаторите целат да поттикнат пошироко разбирање за уметноста и да покажат дека музиката и пишаниот збор, иако различни по форма, совршено може да се испреплетуваат. „Целта на нашиот настан е да покажеме дека уметноста во сите нејзини форми може да биде моќен медиум за изразување на емоциите и пренесување на пораки. Денес, публиката беше сведок на нешто вистински специјално, каде музиката и зборовите создадоа еден поинаков, потемелен начин на комуникација“, изјави Др. Александар Петровски, професор на Факултетот за музичка уметност. претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/akto19-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D1%83-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%3A-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B5-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BC-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар 14.11.24 г., 18:00 Битола оваа сабота ќе биде домаќин на еден од најсвежите културни настани во Македонија. Сосема навидум сосема скопското мото „Градот ме тера да пеам“ ќе биде проширено во Битола „за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“ - како што известуваат од ФРУ. Саботната ноќ во Битола ќе оживее со еклектични звуци, па центарот на градот ќе биде претворен во жива сцена за настанот "Градот ме тера да пеам". Во организација на фестивалот АКТО 19 и во соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Дневната програма започнува во кафе барот Јагода со промоција на иновативниот винил "ПОП КУЛТУРА", кој содржи дела од најистакнатите млади македонски музички имиња. Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе добро познатиот Slatkaristika. Настапи на промоцијата ќе имаат: Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ. https://www.youtube.com/watch?v=oAxGpnXSIHY Вечерта, како што е ред журкате се префрла во клуб -Јагода од 22-5 наутро (како што е ред!!) , каде што ќе се одржи вечерно-утринската програма со богат музички репертоар. Младите надежи (да бидеме искрени - го надминаа тој статус) на македонската музичка сцена, вклучувајќи ги Локал Блу, Занаду и Поетроника, по после полноќ кога Пепелашка ќе избега дома Јос и Мартина Пенева го преземаат диџеј пултот https://www.youtube.com/watch?v=gEdp8LfgF-o Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева. Иницијаторот и идеен творец на настанот, Мирко Попов, кој беше и продолжува да биде истакнат промотор на македонската музика и култура, истакна дека компилацијата „Градот ме тера да пеам“ според кој е насловен настанот е омаж на "убавите деца на овој град", и покана за сите да станат дел од заедничкото културно испишување на иднината. „Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка. „Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година. „Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“. Ве каниме во Битола заедно да танцуваме и да ја славиме македонската музика и култура. Знаете што треба да правите... следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дводевна промоција во Лаб дизајн маркет | diva.mk

    10.5.24 г., 10:00 Лаб дизајн маркет, Евгенија Зафировска Laboratorium, Bulevar Kliment Ohridski, Skopje, North Macedonia Овој викенд, „Лаб дизајн маркет“, познат по својата иновативна платформа за промоција и продажба на македонски дизајн, ја отвора својата врата за дводневна промоција. Настанот ќе почне денес(петок) во 12 часот и ќе продолжи утре во исто време , во просториите на изложбениот салон на „Лаб дизајн маркет“. Главниот акцент на промоцијата е претставувањето на новите дизајнери кои ќе се приклучат на заедницата. За да ја означат оваа прилика, истакнатата македонска дизајнерка Евгенија Зафировска исто така ја отвора својата архива, нудејќи ја можноста на љубителите на модата да купат уникатни парчиња од нејзините претходни колекции по пристапни цени. Изложбениот салон „Лаб Дизајн Маркет“ е сместен во центарот „Лабораториум“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ број 68 во Скопје. Местото е познато по својата креативна атмосфера и како место каде што занаетчиите и дизајнерите се спојуваат во создавањето на уникатни и автентични производи. Организаторите на настанот изразија ентузијазам за настаните кои следат, бидејќи ќе имаат шанса да претстават нови таленти: „Со задоволство ги пречекуваме новите членови во нашата заедница и сме возбудени да ги покажеме нивните креации, кои се целосно изработени рачно, обединувајќи традиција со модерен дизајн.“ Надежта е дека овој настан ќе привлече посетители кои ја ценат македонската дизајнерска сцена и ја поддржуваат локалната креативна индустрија. Посетителите можат да го посетат „Лаб дизајн маркет“ и да се запознаат со новите дизајнери и нивните колекции овој петок и сабота. претходно следно

  • Threads на Meta е уште повеќе од истото социјално умрежување, Threads на Meta е уште повеќе од истото социјално умрежување, threads-на-meta-е-уште-повеќе-од-истото-социјално-умрежување

    Четвроткот сабајле, со чувство на страв надвиснато над мене се регистрирав на Тредс ( Threads ) клон на Твитер од Мета - сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Новата социјална мрежа беше лансирана во средата навечер, со став на дигитално стрелање од Марк Закерберг накај Илон Маск. Твитер, под сопствеништво на Маск, бавно тоне; политиката за ограничување на тоа колку твитови можат да видат корисниците кои не плаќаат, дневно, беше само нејзиниот последен погрешен чекор. Со лансирањето на Тредс, Закерберг се закануваше дека ќе го окупира теренот на својот конкурент присвојувајќи ја за себе нишата на социјалното вмрежување преку текст. Контрастот беше остар. Атмосферата на Твитер во последно време прејде од седенка која пропаѓа, во бар во кој шанкерот мора да ги избрка и последните пијани посетители - како што напиша Вили Стејли во Тајмс. Како контраст Тредс е сјаен и нов, како средно училиште на првиот час: Мета се чини дека ги охрабруваше инфлуенсерите и славните личности да го наполнат фидот со агресивно ентузијастички постови. Корисниците влегоа среде бучна забава. Во рок од неколку денови, Тредс доби повеќе од 70 милиони корисници според Мета, што ја направи една од најбрзо растечките апликации било кога. Секако, се прикачи на милијардите корисници кои веќе се на Мета. Единствен начин да се регистрираш на оваа социјална мрежа е со Инстаграм сметка и тоа генерира спремна листа на следачи и следени профили( единствениот начин да се избрише сметка на Тредс е да се избрише и поврзаниот профил на Инстаграм; ова дополнително ги заклучува корисниците.) Искуството на користење на Тредс е помалку како да си на Инстаграм доколку одеднаш почне да ги приоретизира исечоците од текст над сликите. Интерфејсот е инстантно препознатлив на Твитер корисниците иако почист и во линија на тековните трендови на визуелниот дизајн. (Твитер сега се заканува дека ќе ја тужи Мета за „неправилно присвојување на трговските тајни на Твитер“.) Напојувањето на нишките е алгоритамски, слично на на TikTok и Twitter „за тебе“, што значи дека автоматските препораки се појавуваат исто толку често колку и објавите од сметките што ги следите Во моментов е невозможно да се видат објавите само од следените сметки; Директорите на Мета ветуваат дека се работи на хронолошки фид, но, како и на Фејсбук и Инстаграм, таа функција веројатно нема да биде стандардна. Како резултат на тоа, голем дел од она што го гледам на Threads е вид на банална самопромоција на славни личности и брендови што се обидов да ги избегнувам на Твитер - објави од Крис Хемсворт и Елен Деџенерес, Спотифај кои ги прашуваат фановите за нивните омилени плејлисти, и предлози за следење на Кардашијан. Следот на фидови ретко се појавува по хронолошки редослед и често прикажува различни објави од истата сметка еден по друг. Она што еднаш го направи Твитер успешен е нивната посветеност на пласирање на информации во живо. Тоа беше фестивал на довикување на новинари, на оние кои ги прават вестите, и креатори, но и сите оние кои ќе се вклучат - на релативно еднаква основа и бесплатна за сите. Адам Мосери, челникот на Инстаграм, постираше на Тредс дека овој ап ,нема да охрабрува пласирање на вести, како што тоа некогаш го правеше Твитер: „Има повеќе од доволно прекрасни заедници - спорт, музика, мода, убавина, забава, итн. - за да се направи жива платформа без потреба да се навлегува во политика или тешки вести, “ напиша тој „Тредс е помалку гневно место за разговори.“ Секако дистанцирање од политика е политички чин сам по себе и не го ослободува раководството на Тредс од одговорност за политичкото влијание на содржината на платформата. ТикТок, кој го попречува ширењето на вестите и поттикнува забавна содржина, е под лупа за нејзините политики за умереност и неговата можна политичка поврзаност со кинеската влада. Сопствениците на популарните сметки на Инстаграм, кои моментално доминираат во просторот на Тредс, не мора нужно да се задоволат со привлечни писатели. Во неговиот влијателен билтен Garbage Day, Рајан Бродерик ја опиша содржината на Threads како „антикултурна ништожност што добро функционира на Фејсбук или Инстаграм“. Ако 2010-те го сведочеа ширењето на масовните социјални мрежи, вклучително и Фејсбук, кои ги централизираа сите форми на содржина, сега можеби влегуваме во фаза на пост-платформа, секоја апликација одделно служи на сопствената ниша. Threads е само еден вкус меѓу сè почестата листа на бесмислени имиња - Mastodon, Bluesky, Lemon8, Spill, Picnic - од кои ниту една сè уште не станала вистински центар на гравитација на социјалните медиуми. Ако Твитер е бар на затворање, никој не знае која е следната станица. Така, онлајн граѓаните се оставени бесцелно да талкаат, разменувајќи покани како спикизи лозинки, надевајќи се дека ќе се пробијат на следното место кое ќе успее пред да стане премногу гужва. Пикник е социјална мрежа популарна кај Ген З, каде што корисниците разменуваат френетични домашни видеа и анимации на теми како што се аниме и Roblox. (Како миленијалец, сметам дека е фасцинантно, но крајно неразбирливо.) Блуски, клон на Твитер поддржан од ко-основачот на Твитер Џек Дорси, кој е во приватна бета верзија, можеби има најкохерентен идентитет. Тоа е факсимил на Твитер од раните денови, кога сајтот наликуваше на мала заедница. Сепак, неговиот тон е изолиран, а реконструкцијата на каква било мрежа таму бара напорна работа. Изминативе неколку дена се движев помеѓу Twitter, Bluesky, Threads, Instagram и TikTok. Тешко е да се запамети каде точно објавив нешто. Исто така, забележувам дека сметките што ги следам објавуваат мали варијации на истата содржина на секоја платформа. Изгледа пред сè, како исцрпувачко губење време. Корисноста на Твитер за ударни вести се распадна под Маск, а платформите што се појавуваат сега се похиерархиски настроени; потешко е да бидете чуен, освен ако веќе имате значителни следбеници што треба да ги внесете во нов простор, а бројот на следбеници опаѓа со секое наредно скокање од една на друга платформа. Во исто време, платформите се повеќе личат една на друга; единствената разлика е со која публика се обидуваш да контактираш. Нивните корисници сите се коцкаат, инвестираат време во надеж дека наскоро ќе се најават на доминантната социјална мрежа на иднината. Она што сè уште ми недостига е доверливата едноставност на Твитер, дигиталниот брутализам од излив на вести од двесте и четириесет карактери во постојан проток. Ниту самиот Твитер, ниту неговите конкуренти во последно време не можеа да ја уловат таа енергија. ♦︎ Кајл Чајка, The New Yorker.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page