top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Џака Накот со нов сингл, Џака Накот со нов сингл, џака-накот-со-нов-сингл

    “Македонскиот го кинам / ко да сум го кодифицирал” - македонскиот на Џака па и на голем дел од македонската хип хоп сцена е и те како потребен на - македонскиот(англицизмите ги заменуваат и србизмите во говорниот па и академскиот јазик до таа мера што звучи на пиџин македонски кога го слушаме по медиуми), певливоста, ритамот бара или многу искуство или талент - или двете … фактот што добиваме музика од овој жанр со брзо темпо, и со несмален интензитет треба да го третираме како да нѝ е фрлен појас за спасување. Додајте си го на плејлистите на било која од платформите на која слушате музика!

  • Трансродовите лица во Скопје се подготвуваат за Марш за видливост | diva.mk

    29.3.24 г., 11:00 трансФорма, марш Влада на Република Македонија, Boulevard Ilinden, Skopje, North Macedonia Скопје, 29 март - Граѓанската иницијатива ТрансФормА и поддржувачи на транс заедницата го организираат петтиот по ред Марш за видливост на трансродовите лица во Скопје , со цел да се прослави Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица. Настанот, кој ќе се одржи на 29 март, стартува во 12 часот пред Владата на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред Собранието.Маршот, кој се одвива под слоганот "МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост" , има за цел да ја зголеми свеста и да се бори против насилството и дискриминацијата кон транс лицата. Организаторите истакнуваат дека видливоста е од критично значење за постигнување на социјалната и правната интеграција на трансродовите лица во општеството.ТрансФормА, која дејствува во заштита и унапредување на правата на трансродовите лица, со овој настан исто така потенцира потребата за постојана борба против стереотипите и предрасудите кои доминираат во македонското општество, кое често се опишува како конзервативно и затворено. Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, кој се одбележува на 31 март, првпат беше основан во 2009 година од американската транс активистка Рејчел Крндалд , со цел да се создаде ден кој ќе ги слави и ќе ја зголеми видливоста на трансродовите лица, во спротивност со Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, кој често е единствениот настан поврзан со транс заедницата. Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество. На 29-ти март гласно ја испраќаме пораката „МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост“ со што се обидуваме да ја зголемиме видливоста на трансродовите луѓе, која е од клучно значење за овие процеси со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Република Северна Македонија барем декларативно се залага. - ТрансФорма. Овогодинешниот марш во Скопје ги повикува сите членови на општеството, независно од нивниот полов и родов идентитет, да се придружат во поддршката и солидарноста со трансродовите лица, и да покажат дека секој има право да живее без страв и дискриминација.Се очекува значително присуство на активисти, поддржувачи, и граѓани кои ќе го изразат своето единство во борбата за рамноправност и признавање на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија. фотографии: Ванчо Џамбаски; марш за видливост 2023; претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page