Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Rib or all parts matter of fact: изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски | diva.mk
2.4.24 г., 10:00 изложба, Тома Димовски, култура на инклузивност, КСП Центар Јадро, Аница Бебиќ Алберт Ајнштајн 3, Skopje, North Macedonia Уметноста е моќна алатка за разбивање на бариерите и промовирање на инклузивноста. Во таа насока , Аница Бебиќ и Тома Димовски организираат изложба со наслов „Rib or all parts matter of fact“, која ќе има можност да допре до посетителите на две локации во Скопје. Првото отворање ќе биде во КСП Центар Јадро на 2 април, додека второто ќе следи во ОРО - Радио Галерија и Бар на 3 април, со можност за посета и во наредните два дена. Изложбата на Бебиќ и Димовски е посветена на целосното постоење на жената, истакнувајќи го значењето на секој дел од нејзиното тело и улогата што ја има во општестовото. Со модерен пристап, авторите сугерираат на посетителите да немаат претензии да ја разберат изложбата, туку едноставно да уживаат во уметноста која таа ја претставува. Бог видел дека Адам е осамен и имал потреба од придружник. Затоа тој зел ребро од Адам и од него ја создал жената и ја нарекол Ева. Таа настанала од машкото ребро, не од неговите стапала за да се гази по неа, не од неговата глава за да се владее со неа туку од реброто за да биде еднаква со него. Настанала од реброто под рацете да биде заштитена и покрај срцето да биде сакана. Љубов, поетот рекол е целосното постоење на жената. Во неа се наоѓа моќта да создава , да се прима и да се менува. Таа е составен дел од целиот процес во општеството. И поради тоа, секое нејзино делче е подеднакво важно и вредно. Историски гледано жената отсекогаш била ставена на маргините на општеството. На современата жена не ѝ е едноставно да ги спои заедно професијата, улогата на сопруга, мајка, граѓанин. Исто така не е едноставно да се покаже дека секој нејзин дел од телото за да биде подеднакво важен, и дека сите тие делови се битни за да има една целина. Затоа сѐ има свое значење и улога. ,, Rib or all parts matter of fact ‘’ е изложба направена со цел да се покаже дека секој дел од телото на жената е битен. Секоја точка, агол, кривина и со тоа е целина. Генерализирање на само еден дел од неа е многу чест, но со тоа жената треба да покаже мистерија, дека е силна и дека се кај неа е битно. Со задоволство б и сакале да ве информираме за предстојната изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски со наслов "Rib or all parts matter of fact", која ќе се одржи во КСП Центар Јадро, Скопје, на 2 Април. 2024та. Изложбата е посветена на целосното постоење на жената, во која се истакнува значењето на секој дел од нејзиното тело и неговата улога во општеството. Со оваа изложба, се надеваме да ги поттикнеме посетителите да размислуваат за разновидноста и красотата на женското тело, како и за значењето на секој аспект од нејзиното постоење. Преку уметнички изрази, сакаме да ги прикажеме жените како целосни, моќни и важни делови на општеството. Овој настан е релевантен за вашата публика бидејќи обедува теми како рамнотежата меѓу различните улоги на современата жена, историскиот контекст на нејзината улога во општеството, како и значењето на индивидуалната идентичност и самосвеста. Модерните слики се како жена, никогаш нема да уживате во нив ако се обидувате да ги разберете. ЗАТОА НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ЈА РАЗБЕРЕТЕ ИЗЛЖОБАТА . ЕДНОСТАВНО УЖИВАЈТЕ ВО НЕА! Учесници : Ана Денковска Филип Трајаноски Музика Оливер Јосифовски Звук, Нора Стојанович и Пеџа Радојевич Благодарност до Националниот сојуз на лица со телесна попреченост Мобилност Македонија За овој настан ќе придонесат и учесниците Ана Денковска, Филип Трајаноски со својот уметнички израз, додека музичката атмосфера ќе биде дело на Оливер Јосифовски. Покрај нивните улоги, организаторите ја изразуваат својата благодарност до Националниот сојуз на лица со телесна попреченост и Мобилност Македонија, што потенцира дека вклучувањето на лица со попреченост во уметноста не е само морално исправно, туку и есенцијално за демократско и отворено општество. Интеграцијата на лица со попреченост во уметноста е битна поради неколку причини. Прво и основно, уметноста треба да биде универзално достапна и да овозможи секој индивидуа непречено да го реализира и актуелизира својот уметнички израз, но и свои мисли и емоции. Покрај тоа, уметноста служи како платформа за дијалог и освестување на различните животни искуства. Вклучувањето на лица со попреченост во уметничкиот свет им овозможува на овие индивидуи да ја подигнат својата видливост во општеството и да ги предизвикаат стереотипите и предрасудите кои сè уште постојат. Кога уметноста станува инклузивна, таа ја подобрува социјалната кохезија и придонесува кон побогато културно ткиво. претходно следно
- Обвинителите бараат 13 години во “строга режимска колонија” за рускиот опозиционер, Обвинителите бараат 13 години во “строга режимска колонија” за рускиот опозиционер, навални-му-се-заканува-13-години-во-строга-режимска-колонија
Судењето на Навални е во својот 13ти ден, па тој остави порака на пркос на социјалните мрежи, резимирајќи ги случувањата: “Обвинителот побара 13 години во строга режимска колонија. Ако терминот е цената за моето човеково право да го кажам она што го сметам за неопходно, и граѓанското право да се борам за подобра иднина на Русија, тогаш тие можат да побараат и 113. Нема да се откажам од зборовите и од она што го направив. И другари, денеска објавив дека Антикорупциската фондација не само што нема да загине, затвори или, закочи, туку ќе влезе на ново глобално ниво на работа, станувајќи меѓународна организација. И задржување на овој фокус на истрагите против крадците од Кремљ. Не грижете се за мене. Сосема сум ок и се грижам само за тоа што другите се грижат за мене. дури ја замолив Јулија да не доаѓа на пресудата на 22 март, туку да го помине денот со Захар за да не ги дознае вестите од соучениците или наставниците. Во мојот последен говор зборував, се разбира, за војната. За тоа како стана директна последица на корупција и деградација. Крвава покритие за неуспехот на режимот на Путин. Сега сите не треба само да галамиме, да се колнеме меѓусебно, да се каеме и да жалиме. Секој мора да дејствува. На свој начин, како што може, земајќи ги предвид околностите, но да дејствува. Очигледно, како што остави во аманет Л.Н. Толстој, еден од нашите големи писатели, чиј цитат го завршив мојот говор: „Војната е производ на деспотизмот. Оние кои сакаат да се борат против војна, треба само да се борат против деспотизмот“. Обвинителот на судењето на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални сака отворениот критичар на Кремљ да биде осуден на 13-годишна затворска казна под обвинение за проневера и непочитување на судот. За време на завршните изјави на 15 март, обвинителката Надежда Тихонова, исто така, побара од московскиот окружен суд Лефортово да го казни Навални со 1,2 милиони рубли. (9.900 долари). Судењето, кое започна пред еден месец, се одржува во поправната колонија бр. 2 во градот Покров во Владимирската област на околу 200 километри источно од Москва. (Видеото има англиски титлови- од јутјуб каналот “navalny”) Навални ја помина минатата година во казнената колонија на друго обвинение откако се врати од странство, каде што се опоравуваше од речиси фаталниот напад со отров за кој го обвинува Кремљ.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Кратката коса создаде голема контроверзија околу изборот на Ев Жил за Мис Франција :
Ев Жил, Мис Нор-Па-де-Кале е избрана за Мис Франција 2024 сите вести Кратката коса создаде голема контроверзија околу изборот на Ев Жил за Мис Франција : Ев Жил, Мис Нор-Па-де-Кале е избрана за Мис Франција 2024 17 дек. 2023 г. Дваесетгодишната девојка од околината на Данкерк, ја освои титулата на Мис Франција во натпревар со околу триесет кандидатки, во саботата, 16 декември. Во нејзината родна општина, беше организиран банкет за да се следи натпреварот. Владееше одлична атмосфера. „Никој не треба да ви диктира кој сте", изјави Ев Жил, 20 години, за време на натпреварот, стоејќи непоколебливо на својот избор да ја задржи кратката пикси фризура, за разлика од другите натпреварувачки, кои традиционално имаат долга коса." Body Shaming-от (засрамување поради телото) го поднесуваме секојдневно, но тоа не е битно. Сите имаме несовршености. Секоја жена е различна, сите сме уникатни", објасни Ев Жил на прес-конференцијата. Како студентка на втора година на математика и компјутерски науки, таа ја наследува титулата од Индира Ампиот, Мис Гваделупе и Мис Франција 2023.Ева Жил објасни во живо дека "да бидам 'меѓу вас' е мојата најубава одмазда. Со моето учество сакам да покажам дека натпреварот еволуира, како и нашето општество. Претставата на жената е различна, за мене, убавината на жената не се ограничува само на фризурата или фигурата која ја имаме - или немаме. За мене, тоа е многу повеќе.""Никој не треба да ви каже кој сте или да ве стави во некоја категорија. Сакам да бидам храбра жена која се осмелува, која инспирира и крши норми. Различноста и промената понекогаш може да предизвика страв, но и обединува. И, ако имате некои сомневања, круната ми одговара многу добро, дури и со кратка коса", изјави Ева Жил, Мис Франција 24. Изборот на Мис на Франција со кратка коса и скромни облини предизвика негодување кај традиционалистите кои велат дека судиите ги прекршиле нормите за женска убавина на натпреварот. Жалбите ги преплавија социјалните мрежи откако судиите му дадоа предност на јавното гласање за крунисување на Ев Жил, во финалето на популарниот годишен натпревар, кој го гледаа седум милиони гледачи. Јавноста, чиј глас се броеше како 50 отсто од одлуката ја стави Мис Гвајана и Мис Гвадалупе пред Жил, но критичарите тврдат дека судиската комисија која е целосно женска била мотивирана од „воук“ побудите за диверзитет. Претходните победници обично беа високи со долга, лелава коса и сладострасни облини. Ниту една девојка со кратка коса досега не стигнала ни во финалето на натпреварот стар 103 години. Дел од гневните коментари на Твитер/Х гласеа „не личи на мис на Франција“ и „не ни е грижа за нејзината фризура, но андрогиното тело очигледно е таму за да служи воук агенда“. Предизвикана поради нејзината coupe garçonne фризура, таа рече: „Никој не треба да диктира кој сте. Навикнати сме да гледаме убави мисици со долга коса, но јас го избрав овој андроген, момчешки изглед со кратка коса. Сакав да зборувам за боди шејмингот што сме приморани да го поднесуваме секој ден. Сите ние имаме свои несовршености“. Таткото на Жил е од северна Франција, а нејзината мајка е од Реунион, остров во Индискиот Океан кој е прекуокеанска колонија и регион на Франција. Организаторите го поздравија изборот како победа на различноста кон која се стреми натпреварот соочени со феминистичките напади од средината на 1970-тите. Минатата година ги отфрли правилата според кои кандидатите не треба да бидат постари од 24 години, да не се во брак и никогаш да не родиле. Тие исто така го отворија натпреварот за трансродови жени. Меѓутоа, за да влезе во Мис Франција, натпреварувачката мора да биде висока најмалку 1.70m. Во текот на нивниот 12-месечен мандат, тие исто така мора да се обврзат дека нема да се здебелат, да не ја менуваат фризурата или да прикажуваат тетоважи или пирсинг. Натпреварот им пркоси на повеќегодишните кампањи со тоа што полека се реформираше и се претставуваше како феминистички и „оснажнувачки“. . Кандидатките се обично студенти или дипломки и се очекува да бидат вешти во јавно говорење. Сепак, тие сè уште парадираат во костими за капење и се оценуваат главно според нивниот изглед и традиционално женските карактеристики. Пред После
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Затворен 15. Филозофски филмски фестивал: „Шамбала“ го освои жирито, „Универзален јазик“ – публиката, Затворен 15. Филозофски филмски фестивал: „Шамбала“ го освои жирито, „Универзален јазик“ – публиката, затворен-15-филозофски-филмски-фестивал-шамбала-го-освои-жирито-универзален-јазик-публиката
Со интензивна, но топла атмосфера и проекција на делата кои го носат потписот на филозофската мисла, завчера свечено заврши 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал. Последната вечер во Кинотеката ја заокружи проекцијата на селекцијата на видеоесеи (во избор на м-р Ивана Мирчевска) и филмот „Витгенштајн“ на Дерек Џарман, во чиј контекст беше прикажано и видео излагање на неодамна починатиот Ернесто Ередеро дел Кампо – културен аташе на Шпанија во Скопје и посветен поддржувач на фестивалот. Вечерта кулминираше со доделување на фестивалските награди. Жирито, во состав Хасан Сердар Гергерлиоглу (Турција), Кумјана Новакова (Македонија) и д-р Мартин Ередеро Кампо (Шпанија), за најдобар долгометражен филм го избра непалскиот „Шамбала“ на режисерот Мин Бахадур Бхам. Тие го оценија како филм со редок визуелен интегритет и длабока емотивна резонанца, истакнувајќи дека „преку тишина, ритуал и пејзаж, 'Шамбала' нè повикува да се соочиме со непостојаноста, одговорноста и природата на искупувањето“. Публиката, пак, својот глас му го даде на канадскиот филм „Универзален јазик“ на Метју Ренкин, кој го доби признанието „Златен був“ за најдобар долгометражен според гледачите. Во категоријата за краткометражни, жирито ја издвои венецуелската „Горчлива трпеза“ на Хорхе Тиелен Арманд – филм кој, преку едноставен симбол како пакетче тестенини, отвора глобални теми за миграцијата и сиромаштијата. Наградата од публиката за краткометражен филм ја доби „Барајќи рече заборавив“ на Наоми Пасифик, која им се заблагодари на гледачите што ги препознале темите инспирирани од филозофската литература што ја оформила во младоста. Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ му беше доделено на „Возвишени врвови“ на Диего Салгадо, за начинот на кој филмот ја обработува младоста како идеја – и буквално и алегориски. Како дополнителен знак на признание, Салгадо доби и оригинална уметничка слика од Соња Чингарова-Фотева. Водител на вечерта беше координаторот на фестивалот, Андреј Медиќ Лазаревски, кој во завршното обраќање праша: „И после 15 години – Што? Што ќе следи? Не знаеме ниту ние...“, но посочи дека фестивалот, иако завршува една целина, останува отворен за идни трансформации. Под мотото „Провокативен. Полемичен. Поетичен“, фестивалот оваа година се одржа од 22 до 28 мај, во организација на Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Кинотеката и Филозофскиот факултет при УКИМ, и со поддршка на Агенцијата за филм. ФФФ останува редок културен простор каде што филмот и мислата не се исклучуваат – туку се предизвикуваат.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





