top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Кендрик Ламар со поткаст на Спотифај, Кендрик Ламар со поткаст на Спотифај, кендрик-ламар-со-подкаст-на-спотифај

    Последниот албум на Кунг-фу Кени го добивме во 2017та, тој ги доби сите цвеќиња(таа изрека доаѓа од: зошто да чекаме некој да почине за да им ги подариме цвеќињата кои ги заслужил, зошто тоа не го направиме додека луѓето се сè уште овде?) за кои можеше да се надева, и потоа го снема - сосема он бренд за него. Го слушнавме во пар соработки, најпроминентна беше онаа со неговиот братучед Baby Keem „I thought you'd known better I am the omega, pgLang, Rollie gang, SIE Don't you address me unless it's with four letters I been ducking the pandemic, I been ducking the social gimmicks I been ducking the overnight activists, yeah I'm not a trending topic, I'm a prophet I answer to Metatron and Gabriel pgLang: И тогаш минатиов август се јави со писмо: мисијата со Top Dawg Entertainment е завршена, и со меѓусебна почит и благослов после девет албуми (десетиот во подготовка) го напушта ТДЕ (тој од својата страна потврди дека ги надминале своите најлуди амбиции и дека во разделувањето нема лоша крв). “ Ги поминувам повеќето денови со минливи мисли. Пишувајќи. Слушајќи. И во колекција на стари Бич крузери. Утринските возења ме задржуваат на рид од тишина. Можам да пројдам со месеци без телефон. Љубов, губитоци, и тага - ја разбуричкаа мојата зона на удобност, но сноповите на Господ, зборуваат преку мојата музика и фамилија. Додека светот околу мене се врти, јас размислувам за она што значи најмногу. Животот во кој моите зборови ќе заземјат. Има убавина во довршувањето. И секогаш верба во непознатото. Ви благодарам што ме имате во вашите мисли. Вие сте во моите молитви. Ќе се видиме доволно скоро. „ Јасно е дека навистина пишува и дека е во состојба на мир, кој во неговите стихови дознаваме дека е добиен со внатрешна титанска борба, но покрај убавите зборови, дознавме дека тој започнува своја компанија - Пг ланг (п-то е на кирилица инаку:) ) - Каде велат - креативци од најразлични раси, генерации, етничности, ќе можат да си го најдат домот во издаваштвото, поткастите, музиката, филмовите - било кој медиум и да им треба... Да се скрши онаа генерациска клетва. За нејзе планираме да зборуваме многу во Дива. Но, немавме намера да зборуваме екстензивно за pgLang - само како контекст кој ја вдомува следната вест: Кендрик Ламар, на 16ти февруари, ќе биде гостин-домаќин на поткастот на новинарот Алекс Пападемас The Big Hit Show, поткаст кој делува во поглавја, за „ лудо успешно парче на поп култура, толку големо, што го менува светот„. Овој серијал ќе биде за албумот на Kendrick - To Pimp a Butterfly. Ќе вгости имиња како раперката Rapsody, и Џорџ Клинтон, а е во продукција на Higher Ground - продукциската куќа на Мишел и Барак Обама, која има договор со Спотифај. Има веќе тизер за серијалот, и најавено е освен гостите, дека ќе се дискутира за притисокот кој Кеј Дот го чувствувал после good kid, m.A.A.d city .... Но и како песната Alright стана химна на БЛМ движењето : Ако господ нè чува, ќе бидеме добро... На истиот ден ќе излезе првата епизода од трилогијата за Кање Вест Jeen-yuhs на Нетфликс, а со оглед на тоа како збеснува (пресметано) деновиве, манипулирајќи ги алгоритмите за да биде на врвот на трендинг категориите, подобро и да не правиме паралела, или натпревар од ситуацијата... Само е потсетник...

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • 2 Мирко Попов | diva.mk

    < Back 2 Мирко Попов ,, Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња. Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам! Киднавме од ланец, и каква среќа - го сретнавме Мирко Попов! Вториот дефинирачки гостин, слично на институцијата „втор албум“ е Мирко, кој е еден од оние ликови кои или го мразиш или го сакаш, и трето нема и во „Брза кучка“ верен на себе, и на формата дава одличен материјал и за обете групи луѓе. Мирко Попов не се извинува за своите ставови, ниту за она кој е. За оние што го сакаат: ќе чујат какво дете бил малиот Мирко, зошто сака, едноставно ОБОЖАВА да пишува, но зазира од идентитетот „македонски поет/писател“, ќе не́ потсети зошто и покрај лошата навика да кукаме, имаме зошто да бидеме среќни па и горди, за неговата хиперпродуктивност, за соработката со младата сцена со платоформата „Силата еу младите“ и што има научено од младата генерација креативци, за Јанг Дади, за поп културата, зошто мисли дека е мета на тролови, и - ПМГ народна (изданија на народна музика )- е реалност! За оние кои сакаат да го мразат - ќе бараат напорно причини за тоа и ќе најдат еден тон, затоа што не се штедеше кога распали, но и ги разговаравме неговите најконтроверзни моменти како повикот да се запалат сите цркви и „дијагноза-гејт“. Сето ова го зборувавме во утрото кога осамна веста дека неонскиот натпис „Ние сме од Скопје“ (инспириран од песна на ПМГ) одмазднички е симнат од МКЦ. Па не гледаме посовршен момент да го чуеме Мирко - па да го слушнеме ! 00:22 - Мирко пишува, зборови еден тон. 07:04 - Кочо Рацин е комплетна несреќа. 14:00 Хиперпродуктивен од клинец - мора да се работи за ПМГ да го прошири полето на делување. 20:06 - Визијата е побитна од егото. 20:18 - Работа со младите креативци. 23:10 - ПМГ работи со поп артисти - критиките се резултат на ограниченост. 26:05 - Јанг Дади - еден од највоспитаните, образовани, младиќи, му помага на Мирко во работата. 29:00 - Зошто Мирко е мета на тролови уште како дете? Ја бара причината и во себе. 34:02 - За скандалот „Сите цркви да се запалат“ : „Јас доаѓам од попска фамилија...“ 37:50 - На Македонците црквата им е неопходна. 43:22 - За скандалот „Дијагноза“: Скопје може да биде Лондон, Берлин. 46:25: „И онда бев поканет да зборувам на едно политичко rally" 56:00 - Распеани Валандовчани на КСП Центар - Јадро, а автор и водител е Ана Чушкова. Инстаграм Дива Фејсбук Брза Кучка. КСП Центар Јадро Дива Мисла Плимата ги подига сите бродови: доколку сакате да и́ помогнете на Брза кучка да продолжи да функционира и да стане платформата на која ќе може да се забележи и промовира македонската независна културна сцена: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support . Лени Галерија претходна Следна

  • Заврши меѓународниот стрип салон и петтата стрип колонија ,,Велес 2025”, Заврши меѓународниот стрип салон и петтата стрип колонија ,,Велес 2025”, заврши-22-меѓународниот-стрип-салон-и-петтата-стрип-колонија-велес-2025

    Живописното село Нежилово, близу Велес, ова лето беше домаќин на 5-та Меѓународна стрип колонија, традиционално организирана од страна на Стрип центарот на Македонија – Велес. Колонијата, која веќе прераснува во еден од препознатливите сегменти на културниот календар, повторно покажа дека стрипот е повеќе од хоби или поджанр – тоа е форма на визуелно раскажување што обединува генерации, култури и идеи. На годинешната колонија учествуваа автори од регионот и од земјава: Србија: Владимир Весовиќ, Ивица Сретеновиќ и Срѓан Тодоровиќ Бугарија: Боб Клисурски, Венцислав Крстев и Христо Тренев Македонија: Методија Стојановски (Куманово), Ангела Петрушевска и Елена Апостоловска (Скопје), како и Меланија Стојанова, Тамара Николова, Симона Митреска и Горан Мазнев (Велес). Учесниците работеа во атмосфера на размена и заедничко творење, инспирирани од природниот амбиент на Нежилово и под будното менторство на Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија – познат стрип-сценарист и долгогодишен пријател на македонската стрип сцена. Во текот на неколкудневната работа, авторите минуваа низ процес на колаборативно создавање, каде што индивидуалните сензибилитети се преточија во заеднички стрипови. Овој метод на работа не само што гради колективен дух, туку и создава платформа за младите автори да учат од поискусните, да ги тестираат своите стилови и да ја најдат својата наративна динамика. Колонијата уште еднаш се потврди како инкубатор за нови идеи, но и како мост што ги поврзува регионалните автори со домашната сцена. Со завршувањето на колонијата, свечено беше затворено и 22-то издание на Меѓународниот салон на стрип „Велес 2025“. Салонот, кој две децении наназад претставува најзначајната точка на македонската стрип култура, и оваа година донесе рекорден број учесници и дела. Традицијата да се затвора со колонијата уште еднаш ја покажа органската врска меѓу изложбата, креацијата и едукацијата – три столба на кои се темели целокупната мисија на Стрип центарот. Настаните беа финансиски поддржани од Министерството за култура на РС Македонија и Општина Велес, што овозможи да се зачува континуитетот и да се привлече нова публика. Со тоа, Велес не само што го задржува статусот на главен град на македонскиот стрип, туку и ја позиционира Македонија на мапата на балканските и европските стрип-средишта.

  • Работилница за Stand-up Комедија со Миранда Лончар | diva.mk

    16.12.23 г., 10:00 работилница, комедија, Миранда Лончар, КСП Центар - Јадро, Stand-up Комедија Културен центар „Јадро”, Skopje, North Macedonia 🎤 Датум: 16 декември 2023 (сабота) 🕚 Време: 11:00 - 17:00 часот Сите кои знаат барем малку за изведбените уметности знаат дека комедијата е најтешката вештина. Stand-up комедијата е дотолку посложена бидејќи се одвива во живо, пред публика која изискува од уметникот пред нејзе многу - па затоа покрај талентот потребен е многу подготвеност и искуство (дури и најголемите стендап комичари одат на мали турнеи каде го испробуваат и подготвуваат материјалот.) Но и покрај тоа - дали сакате да застанете пред микрофонот и да го разведрите своето опкружување? Дали имате нешто смешно да кажете, ама сè уште не сте смеле да го изведете? Без гајле - работилницата за Stand-up Комедија со Миранда Лончар е точно тоа што ви треба! 🔗 Пријавете се тука: Линк за пријавување 🤔 Зошто Stand-up? Stand-up комедијата не е само забавна, туку и вештина што може да се научи бидејќи се потпира на реториката. Од КСП Центар Јадро велат „ Stand-up комедијата е жанр кој првенствено се потпира на реторичките вештини на изведувачите. Општо прифатено е дека реториката може да се научи. Во античко време, реториката била еден од главните училишни предмети. Па, ако може да се научи реторика, тогаш е можно да се научи како да се биде stand-up комичар. Сега, учењето како да се користат алатките на реториката и вештините потребни за stand-up изведба не е ниту брзо ниту претерано едноставно, но луѓето кои сакаат да го прават тоа генерално имаат голема желба, а токму оваа страст е најголемиот гарант на успехот.“ Миранда Лончар, искусна stand-up комичарка од БиХ, ќе ве научи како да ги вооружите своите реторички вештини за смеа и забава. 🎭 Што ќе научите? Техники за напишување на смешни текстови Вештини за изведба пред публика Како да ги искористите реторичките алатки за јавно говорење 📚 Подгответе се предвремено: Имате можност пред работилницата да го подготвите вашиот текст и да го испратите на менторката. Така, кога ќе стапите на сцената, ќе бидете подготвени за смеа! 🗣️ За Миранда Лончар: Миранда, израсната во Мостар, ја разбира магијата на комедијата. Нејзиниот стил вклучува блесав, ама богат со пораки, хумор. Со нејзината помош, стапнете на сцената и го изведете своето најсмешно „Здраво свету!“ Миранда Лончар (р. 1976) доаѓа од Мостар, БиХ. Таа се занимава со stand-up комедија од 2008 година, а коментарите се дека ѝ оди добро во последните неколку години. Сака глупав хумор, но сепак да има некоја порака. Ја сака секоја публика, а омилена ѝ е онаа која гласно се смее: луѓе кои ширум ја отвораат устата, неоптоварени со својот изглед во моментот на напад на смеа. Комедијата во живо е игра на заведување за двајца, така што на крајот на вечерта и публиката и изведувачот се разголуваат низ смеа. Таа блискост ја возбудува г-ѓа Лончар, барем малку, затоа што веќе со години е во брак. 🎟️ Цена: Работилницата е бесплатна, но местата се ограничени, затоа брзо се пријавете! 🔴 Бидете дел од ова искуство, смеејте се, учете и создавајте заедно! #StandUpComedy #Работилница #Комедија #Смеа #МирандаЛончар претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page