top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Kim Kardashian West и Pete Davidson фатени на дело!, Kim Kardashian West и Pete Davidson фатени на дело!, kim-kardashian-west-и-pete-davidson-фатени-на-дело-1

    Пит Давидсон е забележан од Peoples магазинот како се држи за раце со Ким Кардашијан Вест, на двоен состанок со сестра ѝ Кoртни Крадашијан со нејзиниот свршеник Тревис Бејкер. Тие настапуваа во заеднички скеч на Saturday Night Live каде тој беше Аладин, а таа принцезата Јасмин (лик кој баш го сака судејќи по избор на костими за Халоувин, низ годините) и изгледа се соживеа соулогата: во скечот тој е нервозен како ќе се снајде со “толку многу жена” во кревет.. Кардашијани рекоа дека се само другарчиња, а да не му ја знаевме романтичната историја можеби и ќе им поверувавме. Прва селебрити и долгогодишна девојка му беше ќерката на Лери Дајвид (Curb your enthusiasm), а кратко потоа се вери со Аријана Гранде. Кога почина Мак Милер (бивш дечко на Гранде) оваа врска прекина, а тој заврши во креветот на холивудскиот ветеран Кејт Бекинсеил. Следната девојка му беше тинејџерката и манекенка Каиа Гарбер (ќерка на Синди Крафорд), и конечно е со ќерката на Енди Мекдавел која е актуелна периодов со серијата Maid - Margaret Qualley. Ние сме alghoritam thots и затоа ви ја раскажавме историјава (комплицирана како НОВ) во детали…

  • Враќање на магијата: Новата ера на танцот во срцето на Старата чаршија | diva.mk

    9.3.24 г., 22:59 ПМГ Танц Дигитал, журка, Андреја Салпе, Виолета Качакова, Мирко Попов, ПМГ, Стара чаршија Стара чаршија, Скопје, North Macedonia За љубителите на урбаната култура и ноќниот живот, ретко има причина за поголемо возбудување од отворањето на нов простор за изразување на танцовата страст:). PMG Tanz Digital најавува - ќе бидат домаќини во волшебниот простор во Старата Чаршија, нудејќи ни нешто што може да биде ренесанса на клупската сцена во нашиот град. Ноќта ќе ја отворат (и затворат) три врвни ТАНЦ ДИЏЕИ кои се веќе добро познати на фановите на квалитетниот електронски звук: Мирко Попов, Виолета Качакова и Андреја Салпе . https://www.youtube.com/watch?v=AEcOuN387XQ Секој од нив претставува свој уникатен музички израз кој е гаранција за вечерта. Мирко Попов, со своите еклектични сетови, е вистински маестро на пултот. Виолета Качакова, позната по својата способност да ги води слушателите на емотивно патување преку музиката, и Андреја Салпе, чиј стил несомнено додава нова димензија на клупската сцена, ќе бидат капетаните на Танц дигитал бродот. https://www.youtube.com/watch?v=CauARUgo2y4 Отворањето на новиот клуб, кој се наоѓа веднаш спроти поранешниот Дамар, ветува повеќе од вообичаенот искачање у град: ветува искуство кое резонира со златните денови на Капан Ан пред десетина години. За оние кои не беа дел од таа епоха, ова е шанса да ја почувствуваат истата енергија која ги оживе најдобрите ноќи во градот. https://www.youtube.com/watch?v=19xIqH2Xm0U Организаторите ветуваат "ЛОМ МУЗИКА" Оваа ветувачка фраза кажува се́ што треба да знаете, па земете ги танцовите црвени чевлички и трк на PMG Tanz Digital Party . претходно следно

  • Аудио адаптацијата на '1984' со Ендру Гарфилд, Синтија Ериво и Том Харди пристигнува на Audible, Аудио адаптацијата на '1984' со Ендру Гарфилд, Синтија Ериво и Том Харди пристигнува на Audible, аудио-адаптацијата-на-1984-со-ендру-гарфилд-синтија-ериво-и-том-харди-пристигнува-на-audible

    Класичното дистописко дело на Џорџ Орвел, „1984“, доби нова, (исклучиво) аудио преработка од Audible. Аудиодрамата која беше нетрпеливо очекувана (се кладиме дека е нешто што не сте го слушнале долго време, ако и воопшто), ја има големата филмска ѕвезда Ендру Гарфилд во улогата на Винстон, заедно со Синтија Ериво која ќе ја толкува улогата на Јулија. Нив им се придружуваат и Том Харди, кој ќе го позајми гласот на Големиот Брат, и Ендру Скот, кој е во улогата на загадочниот и опасниот О'Брајен. Audible е водечка платформа за производство и дистрибуција на аудиокниги, поткасти и аудио предавања, која нуди огромен избор на содржини за своите претплатници. Оваа адаптација на „1984“ претставува несекојдневна можност за љубителите на книгите и аудио драмите да уживаат во едно од најзначајните дела на 20 век, преработено и доживеано преку моќта на звукот и гласот и тоа од холивудски и бродвејски суперѕвезди. Актерската екипа е исклучителна, со Гарфилд, познат по филмовите „Tick, Tick...Boom!“, „The Amazing Spider-Man“, и Ериво, позната по своите улоги во „Wicked“ и „Harriet“. Тие се придружени од високо ценетиот Том Харди, како и Ендру Скот(„Fleabag“). Според изјавите на Audible и познавачите на Орвел, оваа адаптација го следи оригиналниот текст, истовремено истражувајќи ја длабочината на љубовната приказна меѓу Винстон и Јулија во еден свет каде љубовта и сексот се забранети. Режијата е под палката на наградуваната Дестини Екарага, додека сценариото е напишано од Џо Вајт. Музиката е поверена на Ешкери и Белами (Muse). Премиерата на аудио драмата "1984" на Audible беше на 4-ти април, 2024 година, точно 40 години откако Винстон започнал да го води својот дневник, што ја зголемува симболичноста на ова издание. Првиот месец на претплатата на Audible е бесплатен и доаѓа со една бесплатна книга.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page