Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Во Германија уметниците ја замислуваат иднината на Источна Европа, Во Германија уметниците ја замислуваат иднината на Источна Европа, во-германија-уметниците-ја-замислуваат-иднината-на-источна-европа
Четвртото издание на Похен Биеналето собра 22 уметници за да ги истражат редуктивните ознаки и конфликтот во Украина, со фокус на темата на оганот во Кемниц, Германија. Кемниц, одреден како Европска престолнина на културата за 2025 година, неодамна беше поврзан со екстремно десничарското движење во германската политика, посебно откако на локалните избори победи партијата Алтернатива за Германија. Во овој контекст, градот обезбеди пригодно место за да се обработи ликот на војната и современата украинска уметничка сцена преку призмата на четвртото Похен Биенале, одржано од 26 септември до 20 октомври. Темата на биеналето, Ex Oriente Ignis, или "Оганот доаѓа од истокот" на латински, се инспирираше од модернистичката поема од 1920 година на украинскиот писател Микола Хвилови, која ја рефразираше латинската изрека "Ex oriente lux" како "Ex oriente fumis" за да ја прослави индустриската револуција по Руската револуција од 1917 година. Во Кемниц, темата на оганот служеше како метафора за тековната состојба на Источна Европа, Украина но и надвор од нејзе. Поставен во град познат по својата скулптура висока 7 метри од бистата на Карл Маркс, остатоци од комунистичката ера, биеналето контрираше на "Источната состојба на умот" наратив поврзан со неговата номинација за Европска престолнина на културата. Настанот имаше за цел да го предизвика премногу поедноставното прикажување на Истокот и да го истакне неговата интелектуална длабочина, како што забележа Ким Брајан Дудек, менаџер на проектот на Похен Биеналето. Изложбата, одржана во историскиот Виркбау, ги прикажа делата на 22 уметници од Германија и Источна Европа, пренесувајќи теми за уништување, страв и војна, посебно фокусирајќи се на конфликтот во Украина. Името на биеналето, "Похен," ја одразува историјата на градот и германскиот јазик, обединувајќи значења на настојување, ритмичко тапкање и удари слично на работата во ближните рудници за уран. Различните уметнички дела прикажани на биеналето, од видеа до инсталации, се загледуваа во различни аспекти на конфликтот, политиката и егзистенцијалните прашања, нудејќи длабоко размислување за тековната состојба на регионот и надвор од него.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Naomi Campbell по прв пат со деветмесечната ќерка на насловницата на британскиот Vogue, Naomi Campbell по прв пат со деветмесечната ќерка на насловницата на британскиот Vogue, naomi-campbell-по-прв-пат-со-деветмесечната-ќерка-на-насловницата-на-британскиот-vouge
Наоми Кемпбел минатиот мај ги изненади сите, кога на Денот на мајката објави на Инстаграм дека има ќерка - нејзиното прво дете со слика каде ги држи нејзините стапала и со зборовите: „Прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка, толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови со кои може да се опише доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, ангелу мој - нема поголема љубов“. Медиумите шпекулираа дали Наоми била бремена и одеа помеѓу: - Не! Настапуваше на Париската модна недела, и немаше стомак на трудница, додека други дебатираа: - Таа е висока, а повисоките жени далеку помалку се познаваат кога се бремени... Но Наоми не се одзва и заврши тој муабет на тоа. Денеска, таа по прв пат нѝ ја покажа, во целата своја слава својата мала фамилија, но сепак не одеше во детали. Само искоментира: „не е посвоена, моја е...„ Со што некако сите тивко заклучија дека веројатно најмила сурогат, нешто што не е невообичаено дури и со поголеми шанси за носење на бременоста: Ким Кардашијан две од четирите деца ги доби така, како и Габриел Јунион - која беше отворена со бруталната борба да забремени - посведочи дека престанала да брои колку бремености изгубила, и конечно стана мајка на 46 години со сопругот и кошаркар Двејн Вејд, а детето што го добија, е - често единствената причина зошто сум на Инстаграм - прекрасно, смешно и паметно двегодишно девојче. Од друга страна овде е Џенет Џексон - таа стана мајка по прв пат на 50 години - ја носеше бременоста сама, па ништо не е исклучено... Немаше да ги преиспитуваме славните бремености, не на овој начин, да не налетавме на еден поразителен клип од емисијата бекстејџ, каде што еден возрасен доктор Вело Маркоски, од некоја причина со неговата многу помлада сопруга гостуваа, и тргна на тангента која беше чудна: од луѓето се полни предрасуди, и коментираат без да ја знаат приказната (до овде звучи разумно)... но - тој е загрижен за жените помеѓу 33-38 години (чудно специфично!) кои немаат мајчински инстинкт(!!) ... И тука се сетивме на контрастот на денешната приказна со Наоми.. Жените не се приплодни крави. Жените имаат функција надвор од раѓање деца. Жените имаат моќ и способност да ја изразат својата желба за семејство - или недостиг од тоа - без суперВело да дојде напомош! Секој човек - маж или жена, или сè помеѓу - има свои уникатни околности, но и амбиции за својот живот. Што бара Вело на Бекстејџ, и како еден доктор не ги знае овие принципи? Или - ова беше глупост која ти падна на памет, за да не изгледаш како перверзњак што гања студентки, како поприфатлива верзија на приказната? Е па не е!
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Осмомартовската седмица заклучена со „Нејзина песна“ - во авторство на пет македонски поетеси | diva.mk
9.3.24 г., 18:00 Нејзина песна, женско писмо, промоција, поезија, Темплум Бруталиск, Boulevard Ilinden, Skopje, North Macedonia Во сабота, 9ти март, со почеток во 19 часот, љубителите на поезијата и литературата ќе имаат прилика да ја посетат промоцијата на „Нејзина песна", која ќе содржи поезија на пет македонски поетеси . Настанот ќе се одржи во амбиентот на „Бруталиск“ во Скопје, каде ќе се лансира збирката на поезија, но и се́ што подразбира овој ансамбл во неделата на 8-ми март - женска поетска промисленост, и глас. Оваа поетска стихозбирка содржи избрана дела од Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димковска и Будимка Поповска. Изборот на песни е направен од страна на Пандалф Вулкански, и самиот поет, но и уредник и книгоиздавач. На порталот за култура „Окно“ може да се најде извадок од поезијата : Поезијата на Ацевска, „Подготовки за претстава“, со непосредност и проникливост го осветлува животот како сценски настан, додека Димковска во „Милениче“ говори за формирањето на идентитетот со елементи на грижа и одгледување, но и со силна критичка нота кон општествените очекувања и историски обременувања. Поезијата на Хорват нуди еден личен момент каде што секојдневието и значајното се спојуваат преку спомен на детството и разводот на нејзините родители, додека Андова Шопова со „Се затворам“ пишува за внатрешно собирање и потоа расклопување на светот во сопственото битие. Поповска, пак, во „Воспоставување ред со цвеќе“, ни нуди една убава слика за трансгенерациска комуникација и продолжување на животот преку метафората на наследените семиња без јасни упатства за садење. Будимка Поповска ВОСПОСТАВУВАЊЕ РЕД СО ЦВЕЌЕ Мајка ми ми оставила низ куќава милион семиња за цвеќе. Не остави тестамент или упатство кое семе за кое цвеќе е. По фиоки, меѓу крпи, маици, чорапи. Трчи трчи - врзулче со семе. Меѓу страници од книги. Дур читаш, наеднаш никнува цвеќе. Си го полевал со мислите што течеле од книгата кон тебе. Светлината од твојот поглед била замена за сонце. Облекуваш чорапа и дур да стигнеш до одредиштето, меѓу твојот палец и дното на чевелот никулците фатиле место и со чудење осеќаш како мека ластегарка ти се витка од глуждот угоре по ногата; си мислиш, среќа што е зима, од капутот нема да се забележи дека заедно со своето носиш и тело на растение. Порака од мајка ти. Најголемиот дел од семињата таа ги остави во земјата во дворот. Се сеќавам, една пролет седев во двор и читав. Сончевите зраци се мешаа со увидите - читањето ме беше зашеметило со силата на длабоко прочистувачки чувства. Слоеви очај и беспомошност како санти мраз се топеа закопани на дното на душата. Ги гледав мравките, слични на букви, беспрекорно организирани лазеа по патеката наваму–натаму, налево–круг и пак назад... Одеднаш, бам! Планета Земја! Веќе следниот миг можев да направам разлика меѓу земјата како почва, и земјата како космичка топка која заедно со мравките, лисјата, дрвјата, мачките и кучињата, се тркала низ бесконечноста на просторот. Во јануари започнуваше протоколот „порака во цвеќе“, што траеше до крајот на октомври. Прво никнуваа кокичињата. На крајот на февруари нарцисите. Зумбулите и лалињата. Се појавуваа како порака со боја, мирис и трепет. Да, цвеќињата трепереа во одреден ритам и зачестеност како Морзеова азбука, продолжувајќи го поредокот на љубовта, од чие поле, додека беше жива, со своето тело мајка ми вибрираше кон мене. Цвеќињата ѝ беа патокази и упатства со кои се обидуваше да фрли светлина врз една голема грмушка–трн што никнуваше зад мојот тил, и се вообличуваше во некаква екстерна надградба на поткожниот Атлас што тивко создаваше почва за таквиот перформанс. Таа ја нарекуваше Лавиринт-билка, и освен неа никој не го забележуваше цветот што можеше да се појави на излезот од лавиринтот, ако правилно се движиш и не го нарушиш поредокот на меѓупрешленската љубов, ’рбетниот столб и сличните незабележливи со голо око бавчи на грбот. Секоја од песните, иако длабоко индивидуална, се сече на заеднички точки на егзистенција, сеќавање и неизбежно навигирање низ општествените конструкти. Тие предизвикуваат и утешуваат, прашуваат и потврдуваат и, најважно, го слават силата и сложеноста на женското искуство. Со "Нејзина песна", што излегува како шестата книга од едицијата OK.NO . на издавачката куќа Темплум, се оддава почит кон женската креативност и се означува важната улога на жените во македонската литературна сцена. Промоцијата се случува недела по Меѓународниот ден на жената, и така продолжува да го одбележува значењето на женските достигнувања. Илустрации: Будимка Поповска; претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Kim Kardashian West и Pete Davidson фатени на дело!, Kim Kardashian West и Pete Davidson фатени на дело!, kim-kardashian-west-и-pete-davidson-фатени-на-дело-1
Пит Давидсон е забележан од Peoples магазинот како се држи за раце со Ким Кардашијан Вест, на двоен состанок со сестра ѝ Кoртни Крадашијан со нејзиниот свршеник Тревис Бејкер. Тие настапуваа во заеднички скеч на Saturday Night Live каде тој беше Аладин, а таа принцезата Јасмин (лик кој баш го сака судејќи по избор на костими за Халоувин, низ годините) и изгледа се соживеа соулогата: во скечот тој е нервозен како ќе се снајде со “толку многу жена” во кревет.. Кардашијани рекоа дека се само другарчиња, а да не му ја знаевме романтичната историја можеби и ќе им поверувавме. Прва селебрити и долгогодишна девојка му беше ќерката на Лери Дајвид (Curb your enthusiasm), а кратко потоа се вери со Аријана Гранде. Кога почина Мак Милер (бивш дечко на Гранде) оваа врска прекина, а тој заврши во креветот на холивудскиот ветеран Кејт Бекинсеил. Следната девојка му беше тинејџерката и манекенка Каиа Гарбер (ќерка на Синди Крафорд), и конечно е со ќерката на Енди Мекдавел која е актуелна периодов со серијата Maid - Margaret Qualley. Ние сме alghoritam thots и затоа ви ја раскажавме историјава (комплицирана како НОВ) во детали…
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





