Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Одржана обука за млади натпреварувачи и судии за едрење: Луиџи Бертини гостин во Охрид, Одржана обука за млади натпреварувачи и судии за едрење: Луиџи Бертини гостин во Охрид, одржана-обука-за-млади-натпреварувачи-и-судии-за-едрење-луиџи-бертини-гостин-во-охрид
Градот Охрид, со своето прекрасно езеро и долгогодишна традиција на водени спортови, повторно се најде на едриличарската мапа на Европа. Во периодот од 1-ви до 4-ти мај, светски реномираниот едриличарски експерт Луиџи Бертини од Италија одржа специјализирана обука за млади натпреварувачи и идни судии во едрењето, во организација на Едриличарската Федерација на С. Македонија. Бертини, кој е актуелен советник на Швајцарскиот олимписки едриличарски тим, а има богато искуство и како поранешен советник на Италијанскиот олимписки комитет, беше ангажиран како дел од поширока иницијатива за унапредување на едриличарскиот спорт во земјава. Неговата посета беше овозможена благодарение на стратешката определба на Федерацијата да ги подигне стандардите во спортот преку меѓународна експертиза. „Едрењето во Македонија полека го враќа својот сјај. Соработката со врвни професионалци како Луиџи Бертини претставува голем чекор напред. Неговата експертиза директно придонесе за зајакнување на судискиот кадар, а организиравме и регата во класите Оптимист и ИЛКА 4, каде што новостекнатите знаења беа применети во пракса,“ изјави Стефан Ставрев, претседател на Едриличарската Федерација на Северна Македонија. Обуката опфати две главни цели: создавање и едукација на нови судии, како и пренос на модерни едриличарски техники на младите спортисти. Обуките за судии беа фокусирани на правилникот на регатите, анализа на сценарија од натпревари, практични симулации и интерпретација на меѓународните правила за натпреварување. Истовремено, младите едриличари добија ретка можност да тренираат со експерт од светски калибар. Бертини спроведе серија сесии посветени на техники на управување со чамецот, читање на ветерот, стратегии за старт и финиш, како и психолошка подготовка и ментална издржливост. Обуката вклучуваше и практични демонстрации на Охридското Езеро, со посебен акцент на примена на наученото во реални услови. „Посветеноста и потенцијалот на младите едриличари од Македонија се навистина впечатливи. Охридското Езеро нуди извонредни услови за развој на едрењето и со задоволство ќе продолжам да соработувам со федерацијата на идни проекти,“ изјави Бертини на крајот од својата посета, додавајќи дека бил инспириран од енергијата и ентузијазмот на локалните учесници. Кулминација на посетата беше одржувањето на практична регата во класите Оптимист и ИЛКА 4, каде што младите учесници имаа можност да се натпреваруваат во контролирани услови, а судиите – да применат дел од стекнатото знаење под менторство на Бертини. Оваа регата послужи како лабораторија за вежбање, но и како мотивација за понатамошен напредок. Едриличарската Федерација на Северна Македонија ја изрази својата благодарност до Луиџи Бертини за неговиот ентузијазам, професионализам и исклучителен придонес кон унапредување на спортот. Федерацијата најави дека ќе продолжи да работи на отворање на нови можности за меѓународна соработка, со цел создавање стабилен и стручно подготвен кадар кој ќе ја претставува Македонија на меѓународните едриличарски сцени. Обуката е само прв чекор од поголем стратешки план кој предвидува редовни посети на експерти, вклучување на македонски судии и спортисти во меѓународни кампови и регати, како и зајакнување на клубовите во земјата преку техничка и едукативна поддршка. Со оваа иницијатива, едрењето во Северна Македонија добива нова перспектива – младите спортисти и идни судии се поставени на патот кон повисоки достигнувања, а езерото Охрид, со своите природни предности, се позиционира како центар за развој на едриличарскиот спорт во поширокиот регион.
- СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ: ARTAN LILI И ZANADU СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ | diva.mk
8.3.24 г., 20:00 силата ЕУ младите, артан лили, занаду, концерт, МКЦ МКЦ, Dimitar Vlahov Walk, Skopje, North Macedonia Во Младинскиот Културен Центар на 8 март 2024 година не́́ очекува одличен музички настан, дотолку подобар поради изборот на бендови кои ќе ја делат вечерта. Ни пристигнуваат два бендови со сосема посебен автентичен звук - Artan Lili од Белград и Zanadu од Скопје, кои ќе го одржат разгорениот пламен на духот на музичка сцена. Artan Lili, четворката од Белград која се формираше во 2013 година, е позната по својата специфична нојз-поп естетика. По неколку промени во составот, бендот се стабилизира со препознатливата постава: Бојан Слачала (бас-гитара и вокал), Романа Слачала (вокал и дајре), Марко Ајковиќ(тапани) и Драган Кнежевиќ (гитара). Тие се истакнуваат со нивниот иновативен пристап кон музиката и издавањето на албуми, објавувајќи ги песните една по една преку платформата Bandcamp, создавајќи со тоа еден свеж и современ модел на издаваштво. Визуелниот идентитет и аудиовизуелните содржини се уште еден сегмент кој го дефинира нивниот уметнички израз, засилувајќи го впечатокот со успешни музички спотови. https://www.youtube.com/watch?v=45b3DaXp2lY Од друга страна, Zanadu е млад бенд од Скопје кој ги прекршува музичките бариери, инсистирајќи на слободата на изразување и емоционалната искреност. Формирани во 2021 година и инспирирани од желбата за музичко истражување, го имаат својот деби со синглот "Навика" и деби албумот "Соништа". Иако се млади на сцената, Zanadu веднаш стекнаа внимание со својата храброст и разноликост во жанровите, што најдобро се воочува на нивните настапи, каде што се воспоставува исклучителна конекција со публиката. https://www.youtube.com/watch?v=57wLBXVctgI Концертот на 8 март во МКЦ без сомнение ќе биде место каде што љубителите на музичката уметност ќе можат да доживеат синтеза на музички светови. Публиката ќе има можност да ужива во иновативните звуци на Artan Lili и младешката енергија на Zanadu, кои заедно ќе ја создадат магијата на еден незаборавен настан. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа вечер за паметење - земете го вашиот билет на време и придружете ни се во славењето на културата и уметноста. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам | diva.mk
13.4.24 г., 10:00 АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар Јагода Мезе Бар, Shirok Sokak, Bitola, North Macedonia Битола оваа сабота ќе биде домаќин на еден од најсвежите културни настани во Македонија. Сосема навидум сосема скопското мото „Градот ме тера да пеам“ ќе биде проширено во Битола „за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“ - како што известуваат од ФРУ. Саботната ноќ во Битола ќе оживее со еклектични звуци, па центарот на градот ќе биде претворен во жива сцена за настанот "Градот ме тера да пеам". Во организација на фестивалот АКТО 19 и во соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Дневната програма започнува во кафе барот Јагода со промоција на иновативниот винил "ПОП КУЛТУРА", кој содржи дела од најистакнатите млади македонски музички имиња. Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе добро познатиот Slatkaristika. Настапи на промоцијата ќе имаат: Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ. https://www.youtube.com/watch?v=oAxGpnXSIHY Вечерта, како што е ред журкате се префрла во клуб -Јагода од 22-5 наутро (како што е ред!!) , каде што ќе се одржи вечерно-утринската програма со богат музички репертоар. Младите надежи (да бидеме искрени - го надминаа тој статус) на македонската музичка сцена, вклучувајќи ги Локал Блу, Занаду и Поетроника, по после полноќ кога Пепелашка ќе избега дома Јос и Мартина Пенева го преземаат диџеј пултот https://www.youtube.com/watch?v=gEdp8LfgF-o Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева. Иницијаторот и идеен творец на настанот, Мирко Попов, кој беше и продолжува да биде истакнат промотор на македонската музика и култура, истакна дека компилацијата „Градот ме тера да пеам“ според кој е насловен настанот е омаж на "убавите деца на овој град", и покана за сите да станат дел од заедничкото културно испишување на иднината. „Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка. „Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година. „Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“. Ве каниме во Битола заедно да танцуваме и да ја славиме македонската музика и култура. Знаете што треба да правите... претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



