top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Десетгодишната Норт Вест го најави својот прв албум „Elementary School Dropout“

    Норти по стапките на нејзиниот татко! сите вести Десетгодишната Норт Вест го најави својот прв албум „Elementary School Dropout“ Норти по стапките на нејзиниот татко! 12 мар. 2024 г. Феникс, Аризона – На настанот за слушање на албумот „Vultures 2“, десетгодишната ќерка на Кање Вест и Ким Кардашијан, Норт Вест, откри дека следи ги стапките на нејзиниот татко во музичката индустрија. На слушањето кое се одржа во Центарот „Футпринт“ во Феникс, Аризона, во неделата, 10 март, младата Норт го искористи моментот да ги изненади присутните со својата најава. Со краток настап, Норт изјави пред собраните: „Здраво, јас сум Норти и долго време работам на албум кој ќе се вика ‚Elementary School Dropout‘.“ Насловот на албумот е очигледна алузија на дебитантскиот албум на нејзиниот татко, „The College Dropout“. Во моментот не е јасно кога точно ќе излезе овој запис, особено бидејќи нејзиниот татко Кање е зафатен со работа на вториот и третиот дел од „Vultures“ со Ty Dolla Sign, но она што е сигурно е дека Норт веќе направи чекори кон успех во музичката индустрија со нејзиниот деби на Билборд Хот 100 листата со песната „Talking“ минатиот месец, достигнувајќи до 30-тото место и станувајќи еден од најмладите изведувачи на оваа листа. https://www.youtube.com/watch?v=Tqlw87XV4kU Кање Вест, пак, даде насоки за издавањето на „Vultures 2“, кој, како и неговиот претходник, неколку пати го пропушти првично најавениот датум за издавање. Тој откри дека албумот нема да биде достапен на традиционалните стриминг сервиси како Spotify и Apple Music, наместо тоа, ќе се продава преку Yeezy.com . Иако подробностите за албумот „Elementary School Dropout“ сè уште се нејасни, ентузијазмот на младата Норт Вест сигурно ќе ги воодушеви фановите кои со нетрпение го очекуваат нејзиниот прв музички проект. Пред После

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • MDC доаѓаат во Скопје: легендите на американскиот хардкор панк ќе настапат во Pub Dze, MDC доаѓаат во Скопје: легендите на американскиот хардкор панк ќе настапат во Pub Dze, mdc-skopje-hardcore-punk-koncert-pub-dze

    Американските hardcore punk легенди MDC на 9 мај ќе настапат во Pub Dze заедно со Barackca и Discops, носејќи една од најважните DIY punk свирки годинава во Скопје. Понекогаш некој концерт не функционира само како свирка, туку како мала историска пукнатина низ која влегува цела ера. Токму таков момент го чека скопската панк публика на 9 мај, кога култниот американски хардкор панк бенд MDC за првпат ќе настапи во Скопје. Формирани во 1979 година во Остин, Тексас, MDC (Millions of Dead Cops) се едно од клучните имиња во раниот американски хардкор панк бран, бенд што ја претвори музиката во политички мегафон. Во време кога панкот се делеше помеѓу нихилизам и директен активизам, MDC одбраа конфронтација: анти-фашистички, анти-капиталистички и анти-авторитетски текстови испорачани со брзина, бес и сарказам што и денес звучи опасно живо. Нивното влијание одамна ја надмина DIY сцената од осумдесеттите. Бендот често се спомнува рамо до рамо со имиња како Black Flag, Minor Threat и D.O.A., а низ децениите делеа сцени со низа клучни хардкор и панк состави. Нивниот звук комбинира суров хардкор ритам со политички театар, сатирични слогани и чувство дека секоја песна е фрлена како молотов коктел кон системот. Во речиси петдецениската историја, MDC имаат објавено 11 студиски албуми, од нивниот деби материјал до најновото издание „The Last War“, објавено минатата година. Иако многу бендови од нивната генерација денес функционираат како музејски експонати од една мината сцена, MDC сè уште звучат како бенд што верува дека музиката треба да предизвикува реакција, а не носталгија. Скопскиот концерт е дел од нивната европска хуманитарна турнеја „Millions of Dehumanized Civilians“, што дополнително ја продолжува политичката и активистичка линија која отсекогаш била дел од идентитетот на бендот. За локалната сцена, ова е редок момент: бенд од оваа тежина и историско значење ретко се појавува на македонски терен, особено во простор што ветува блиска, sweaty, DIY атмосфера наместо стерилен фестивалски дистанц. Како поддршка на турнејата ќе настапат и Barackca, ветерански хардкор панк состав од Будимпешта со повеќе од три децении искуство и речиси илјада концерти зад себе. Нивниот звук е директен, брз и без украсување, токму во духот на класичната европска DIY панк традиција. Локалната поддршка ќе ја обезбедат Discops, бенд што последниве години гради препознатливо име на домашната андерграунд сцена со валкан, енергичен и бескомпромисен панк звук. Концертот ќе се одржи во Pub Dze на 9 мај со почеток од 20 часот. Билетите ќе бидат достапни во ограничен број, со цена од 800 денари за првите 50 билети, 900 денари во редовна продажба и 1000 денари на врата. *** Alternative Club: Viber група за сите што ја живеат алтернативната култура во Македонија, вклучите се со само еден клик.

  • Почнува петнаесетта сезона на Креативен викенд со конференцијата Стратегии во уметноста | diva.mk

    15.5.24 г., 17:00 Креативен викенд, конференција Стратегии во уметноста, концерти, дебати Котур кафе и филм, Nikola Vapcarov, Скопје, North Macedonia „Креативен викенд“ веќе 15 години делува како платформа што овозможува премислување и делување градејќи мостови во уметничкиот сообраќај и културниот дијалог во регионот и пошироко. Ова издание секако ветува дека традицијата ќе продолжи со нови форми и иновации, потенцирајќи ја улогата на уметноста во современото општество. https://www.youtube.com/watch?v=mUjgOx3MjHg Програмата на оваа година ќе биде отворена со конференцијата „Стратегии во уметноста”. Конференцијата има за цел да проговори за тоа како може да се подобри уметничката сцена во Македонија и како може да се обезбеди подобар амбиент за уметниците. Со оваа конференција, организаторите се надеваат да охрабрат разговор и дискусија за усовршување на уметноста во Македонија и тука, но и надвор од неа. Учесниците на конференцијата вклучуваат култури работници од сите сфери, од уметници до студенти до професори, издавачи, музичари и претставници на различни културни институции и здруженија, и културните редакции од медиумите како и на новите медиуми. Темите што ќе се дискутираат вклучуваат различни проблеми и предизвици со кои се соочуваат уметниците, како и можни стратегии за подобрување на условите за творење и уметност. „На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”. Целите на оваа конференција се да се види кој со што допринесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа. Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други. https://www.youtube.com/watch?v=AEcOuN387XQ За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата... Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста. Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”. - Креативен викенд https://www.youtube.com/watch?v=5b4lBblM-Tg „Креативен викенд” е платформа за уметниците да се соочат со своите идеи и уметност во фазата на подготвувањата. Потоа, тие ја претстават својата уметност пред широката публика. Оваа уметничка резиденција претставува добра прилика за уметниците да се изразат и да успеат да го претворат својот творечки дух во конкретна уметничка форма, да се сретнат, да заедничарат, воспоставуваат креативни, професионални и пријателски врски, со што се зајакнува силата и потентноста на културната сцена. Повеќе: Во „Котур”, на 15 мај, стартува петнаесеттата сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста” Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”: 15 мај, 2024, 19 часот во „Котур” • Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд” (Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова) Промо парти со Александар Ордев и Балтик 16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика” • Книжевност и театар Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика),Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”) Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски Концерти: Пијан Славеј Јоана Ристеска https://www.youtube.com/watch?v=heVyWS51C40 17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња” • Сито штампа, стрип и графити Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk) Концерт на The Local Blue 18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања” • Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла) Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров) Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и КристијанНовковски) 19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија • Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа) Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид) Концерт на Алембик 20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква” • Филм и фотографија Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ Аксиотомик + lXgram + Добрила https://www.youtube.com/watch?v=kw2gUE4Wij4 21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск” • Институции, здруженија и простори Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура) Концерт на Филип Букуршлиев 22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија) • Медиуми и настани Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК - фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци) https://www.youtube.com/watch?v=PYTskb2zyUE претходно следно

  • Во Салон 19:19 — магијата оживува со „Оки Железо и магичното сечило“ на Елена Бошбож, Во Салон 19:19 — магијата оживува со „Оки Железо и магичното сечило“ на Елена Бошбож, во-салон-19-19-магијата-оживува-со-оки-железо-и-магичното-сечило-на-елена-бошбож

    Во среда, на 22 октомври од 19:19 часот, во Салонот 19:19 при Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи промоцијата на детската книга „Оки Железо и магичното сечило“ од младата авторка Елена Бошбож, во издание на „Антолог“. За книгата ќе зборува Ивица Дукоски, а модераторка на настанот ќе биде самата авторка. Во фантастичниот свет на Бошбож, сончевите моќи се враќаат на земјата преку ликот на човек што ги носи во себе, а кралството Крунски се распаѓа меѓу магии, предавства и борби за престолот. Две кралски ќерки, секоја заробена во свој свет, мораат да изберат меѓу преживување и владеење, додека Токиј Токмак тргнува на потрага што ја преиспитува лојалноста и пријателството. Приказната отвора прашање што ја надминува жанровската рамка: Кој кому ја плете судбината — боговите на луѓето, или луѓето на боговите? Елена Бошбож (1996) е писателка и магистриран професор по англиски јазик и книжевност. Нејзиниот дебитантски роман е првиот дел од епската фантазија Сонцето под земја, кралството над него. Има објавено раскази во The Dark Corner Zine (2020) и Collective Chaos (2024), и е членка на Македонското научно друштво – Битола.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page