Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Агата Кристи „воскресна“: Легендарната писателка предава курс по пишување со помош на вештачка интелигенција, Агата Кристи „воскресна“: Легендарната писателка предава курс по пишување со помош на вештачка интелигенција, агата-кристи-воскресна-легендарната-писателка-предава-курс-по-пишување-со-помош-на-вештачка-интел
Аватар на одамна починатата британска писателка „предава“ онлајн курс по пишување. Но, дали сакаме да учиме од дигитална протеза создадена од вештачка интелигенција? Агата Кристи е мртва. Но, Агата Кристи, исто така, штотуку почна да предава курс по пишување. „Морам да признаам“, вели таа, со префинет англиски акцент, „дека сето ова е прилично ново за мене.“ Литературната легенда, која почина во 1976 година, е ангажирана да предава курс на „Би-Би-Си Маестро“ (BBC Maestro), онлајн серија предавања слична на „МастерКлас“ (MasterClass). Кристи, заедно со десетици други експерти, е достапна за секој аспирантен писател подготвен да плати 79 фунти (околу 5770 денари). Таа е „реанимирана“ со помош на тим академски истражувачи – кои напишале сценарио користејќи ги нејзините дела и архивски интервјуа – и „дигитална протетика“ создадена со вештачка интелигенција, која потоа е применета врз изведбата на вистински актер. „Во никој случај не се обидуваме да се преправаме дека ова е Агата некако вратена во живот“, изјави Мајкл Левин, извршен директор на „Би-Би-Си Маестро“, во телефонско интервју. „Ова е само претставување на Агата за да го предава сопствениот занает.“ Објавувањето на курсот се совпаѓа со жестока дебата за етиката на вештачката интелигенција. Во Британија, потенцијалната промена на законот за авторски права ги исплаши уметниците кои стравуваат дека тоа ќе овозможи нивните дела да се користат за обука на ВИ модели без нивна согласност. Меѓутоа, во овој случај, нема проблем со авторските права: семејството на Кристи, кое управува со нејзиниот имот, целосно го поддржува проектот. „Нашата црвена линија беше дека тоа мора да бидат нејзини зборови“, рече Џејмс Причард, нејзиниот правнук и извршен директор на „Агата Кристи Лтд.“ (Agatha Christie Ltd.). „И сликата и гласот мораа да бидат како нејзините.“ Кристи не е единствената личност која е „воскресната“ со ВИ: користењето на технологијата за „разговор“ со мртвите стана своевидна мала, специјализирана индустрија за богатите носталгичари. Таа, исто така, не е првиот починат уметник претворен во аватар. Во 2021 година, ВИ беше искористена за генерирање на гласот на Ентони Бурдејн како ги чита сопствените зборови. Актерот Питер Кушинг беше „воскреснат“ за да глуми во филмови. Минатата година, полска радио станица користеше ВИ за да „интервјуира“ почината позната личност, што предизвика загриженост кај многумина дека ѝ биле ставени зборови во уста. Во случајот на Кристи, ВИ била искористена само за создавање на нејзиниот лик, а не за креирање на курсот или пишување на сценариото. Тоа е дел од причината зошто г-дин Левин ја отфрла идејата дека ова е „дипфејк“ (deepfake) на Агата Кристи. „Импликацијата на зборот ‘фејк’ (лажен) сугерира дека има нешто во ова што е вид на измама“, рече тој. „А јас не мислам дека е така.“ Г-дин Причард изјави дека неговото семејство никогаш не би се согласило на проект кој би измислувал ставови на Кристи. И тие се горди на курсот. „Ние не зборуваме во нејзино име“, рече тој. „Ние го собираме она што таа го кажала и го пласираме во сварлив и споделив формат.“ Тим академици комбинирале или парафразирале изјави од архивата на Кристи за да ги дестилираат нејзините совети за процесот на пишување. Тие внимавале да го зачуваат она што верувале дека е нејзиното намеравано значење, со цел да им помогнат на повеќе нејзини обожаватели да стапат во интеракција со нејзиното дело, и со пишувањето фикција воопшто. Вистинската Агата во 1946 година „Не измисливме ништо во однос на нејзините сугестии и она што таа го правела“, рече Марк Олдриџ, кој го предводеше академскиот тим. Сепак, за Кариса Велиз, професорка по филозофија на Институтот за етика во ВИ на Универзитетот Оксфорд, ова е сè уште „екстремно проблематично“. Дури и ако семејството на авторката дало согласност, Кристи не дала, ниту може да даде согласност за курсот. Тоа е сложено со каков било вид историска реконструкција или анимација, но д-р Велиз истакна дека писателите поминуваат часови барајќи го вистинскиот збор или вистинскиот ритам. „Агата Кристи никогаш не ги кажала тие зборови“, рече д-р Велиз во телефонско интервју. „Таа не седи таму. И затоа, да, тоа е дипфејк.“ „Кога ќе видите некој што личи на Агата Кристи и зборува како Агата Кристи, мислам дека е лесно границите да се заматат“, рече таа, додавајќи: „Што добиваме? Освен што е еден вид трик?“ Но, Феликс М. Сајмон, истражувач во областа на ВИ и дигитални вести на Институтот Ројтерс на Универзитетот Оксфорд, истакна дека оваа Кристи е наменета да забавува и исто така да едуцира – нешто што авторката го правела и додека била жива. А претставувањето се темели на нешто „блиско до нејзините вистински дела и нејзините вистински зборови – а со тоа, до одреден степен, и до нејзиното размислување“, рече д-р Сајмон. „Исто така, постои многу мал ризик ова постхумно да ѝ наштети на нејзиното достоинство или репутација“, тврди тој. „Мислам дека тоа ги прави овие случаи толку комплицирани, бидејќи не можете да примените строго правило за секој од нив и да кажете: ‘Ова е генерално добро или генерално лошо’.“ Можеби овој вид мешавина на факти, фикција и футуризам е едноставно правецот во кој се движат работите во доба кога ВИ може да се користи за довршување реченици, замена на работни места и, можеби, дури и за обид да се воскреснат мртвите. Во секој случај, креаторите мислат дека на Кристи – храбра и креативна авантуристка – би ѝ се допаднало ова. „Дали можеме дефинитивно да знаеме дека ова е нешто што таа би го одобрила?“, рече г-дин Левин од „Би-Би-Си Маестро“. „Се надеваме. Но, не знаеме дефинитивно, бидејќи таа не е тука.“ Извор: Њујорк тајмс;
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Tricky и создавањето на Maxinquaye (1/3), Tricky и создавањето на Maxinquaye (1/3), tricky-maxinquaye-saunders
од Марк Саундерс; Tricky средба Го притиснав копчето на интерфонот за станот на вториот кат во Кенсал рајз - не баш особено шармантна област во Лондон. северно(sic) од Нотинг Хил и чекав. Ова беше мојот трет обид да се сретнам со Трики (Tricky) и веќе почнав да разбирам дека можеби има нешто во неговото име што имплицира неволја. Првите два неуспешни состаноци беа во Island Records, па затоа А&Р(*Артисти и репертоар) човекот на Трики, Дејв Гилмор (Dave Gilmour) (не...не тој!), ми предложи следниот пат да отидам во станот на Трики. Па, еве ме кај него на врата. Претходно ги ислушав двете постоечки песни на Tricky што ми ги даде Island - Aftermath и Ponderosa и бев фасциниран да дознаам зошто овој човек, Tricky, сака да работи со мене. Ова не беше вид на музика на која некогаш сум работел во минатото или доброволно нешто посебно би сакал да ја слушам - но фактот дека Трики беше дел од екипата на Massive Attack беше доволно за да ме натера да посакам барем да го запознаам… ..доколку некогаш успее да се случи. Доволно брзо потоа, вратата се отвори и таму беше Трики. Беше без маица и изгледаше жилаво, повеќе како лут уличен тепач отколку нов артист со договор со музичка издавачка куќа. Она што го комплетираше неговиот изглед, беше неговата избричена глава која беше покриена со густа бела крема. Тој изгледаше напнато. Се претставив и тој веднаш се отвори со голема насмевка, ми ја подаде раката и ми рече, со неговиот нагласен и уникатен бристолски акцент, дека е голем обожавател на Cure - а потоа, покажувајќи ми ја главата, рече „оф немај гајле за ова, иам ебана егзема.“ Горе во станот ми понуди шолја чај. Наскоро посакав да не прифатев затоа што Трики сега ја плакнеше чашата во која пред неколку моменти се чуваа мувлосаните остатоци од старо отстојано пиво измешано со еден куп стари отпушоци. Бев многу изненаден од неговата енергија - сепак. Откако ги слушнав Aftermath и Ponderosa, очекував човек кој е многу олабавен. Но, откако работев со Трики некое време, дознав дека кога тој беше во зоната, сплифот едвај да го омекнуваше. Тој ќе беше во полна брзина околу три саати па и нешто повеќе, а потоа ќе станеше толку исцрпен што ќе мораше да си оди дома да спие. Нашата средба тој ден очигледно помина доволно добро, бидејќи една недела или така нешто, подоцна, се вратив во станот на Трики за да започнам со работа на нови песни за Maxinquaye. Прв ден Во тесната трпезарија на малиот стан беше многу ниско буџетното „студио“. Имаше Atari ST компјутер со Cubase, семплер на Akai S1000, дек за снимање, некој вид тастатура, дигитална 8 трака машина Адат, Mackie деск со 16 канали, нискобуџетен AKG 3000 микрофон, евтин компресор Behringer и пар звучници Јамаха NS10. Прилично основни работи што Island му ги обезбеди. Подот беше натрупан со винили - ама навистина натрупан, беше тешко да не се нагази на винил кога се одеше во станот на Трики. Во нешто што изгледаше како прилично случаен избор, тој посегна по неколку плочи и соопшти: - „Сакам да семплувам една трака од оваа и една трака од оваа“. „Добро“, реков, а потоа следеше пауза во која што очекував да скокне во акција и да ми покаже каков волшебник е со целата оваа опрема. Сепак, Трики го прочита мојот израз и, гестикулирајќи кон опремата, низ смеа рече: „О... Не знам како функционира ништо од ова - издавачката куќа мисли дека знам! Ха ха ха, кикот кикот кикот“. Реков „О...ок...“, сфаќајќи токму тогаш дека ова нема да биде чисто инженерски ангажман. Го ставив секој од албумите на декот и пуштив по малку од секоја песна што Трики ја избра за семплови и реков: „Не сум сигурен дека ова ќе функционира - овие песни се во различни клучеви и со различно темпо... нема да се вклопат заедно'. Имајте на ум дека сега технологијата е многу подобро опремена да се справи со ситуации како овие, но тогаш она што го бараше Трики не беше толку лесно изводливо. Трики рече: „ама ја сакам да чујам“. Па, неволно ги земав семпловите од двата дела од песните што ги избра Трики, ги вчитав на две копчиња од тастатурата и притиснав Play на двете копчиња и потоа ги ставив во луп во Cubase. Резултатот беше како кога сте на фестивал и кога одите помеѓу сцените и слушате два бенда како свират во исто време - што Јенките би го нарекле „train wreck“. Реков „Гледаш, ти реков…“, но ме прекина подигнатата, траварска рака на Трики. Трики кимаше со главата на ритам што не постоеше во ниту еден од семпловите, тој очигледно беше на друг авион. Во меѓувреме, чекорев горе-долу зад него мислејќи... „Боже мој, овој човек е тотално луд“. Кога повеќе не можев да ја поднесам какафонијата, го прекинав секвенсерот. Трики ме погледна и рече: „Тоа е лудило ти викам ја!“. Реков „Искрено не го делам мислењето со тебе Трики…“. Потоа очајнички почнав да ги чепкам семпловите во, како што мислев, прилично залуден обид да направам овие две делчиња да функционираат заедно. Се обидов да го детјунирам едниот семпл наспроти другиот, се обидов да го растегнам другиот за да одговара на темпото на првиот примерок итн. И да си ибе векот, после 15-на минути на чепкање, двата семплови одеднаш се вклопија - на сосема неочекуван начин. Бев прилично шокиран од ова. Трики рече сосема озбилен „ој ти реков дека е лудило, нели!“. „Исусе боже“ си помислив: „Мислам дека тој всушност не може да увиди разликата“. Ова дефинитивно не беше мојата нормална територија. Бев навикнат да работам со бендови како The Cure кои можеа да свират на вистински инструменти и да пишуваат нормални песни - или бендови како Erasure во кој Винс беше генијален програмер и можеше да смисли неверојатни призвуци од над 50-те и повеќе синтисајзери во неговото студио и исто така пишуваше одлични песни. Трики и јас тој ден се впуштивме во создавање на првата песна од нашите заеднички сесии, „Strugglin“. Беше навистина мрачна, морничава песна со оние чудни длабоки расштимани семплови - но функционираше и звучеше одлично. Текстовите на Трики - кои мислам дека тој ги смисли на лице место беа брилијантни…. ‘In hell I'll be lost in the layers of weakness All around the surface brainwashed with the cheapest Strugglin', strugglin', strugglin' Brainwashed with the Hallucinagenics in my system Like, I'm trippin' Many switch in Switch on, switch off’ „Во пеколот ќе се изгубам во слоевите на немоќ Насекаде на површината со испран мозок со најевтините Се борам, борејќи, се борам, Испран ми е мозокот со… Халуциногеници во мојот систем Као, трипам Многумина се вклучуваат Вклучи, исклучи“ За да биде уште повеќе морничава, додадов семплови од крцкањето на подните даски, звук на навивање на пиштоли и семплови на капење на вода. Поради некоја причина, можеби секундарно вдишување, си замислив дека сето тоа се одвива на стар дрвен брод што чкрипи. Мартина и Трики беа пар во тоа време и живееја заедно во станот во Кенсал. Мартина тогаш имаше 19 години - Трики 26. Мартина беше многу тивка и се моташе низ станот додека работевме на траката. Таа не зуцна скоро ништо. Изгледаше дека има многу малку енергија. Долго време за време на снимањето на албумот мислев дека можеби нешто не е во ред со неа, но еден ден Трики ме праша дали можам да ја однесам со кола некаде и јас се согласив. Штом влезе во колата, таа беше сосема друга личност. Таа оживеа и се размуабети со мене за фактот дека ако не го правеше овој албум, ќе студираше океанографија во Калифорнија. Тогаш сфатив дека очигледно не е лесно да се живее со некој толку интензивен како Трики. Кога ја завршивме траката, Трики напиша неколку зборови за Мартина да пее, ја повика и рече: „Е’e Мартина, оди и испеј го ова“. Очекував таа да се премислува за стиховите, дека ќе сака да ја слушне песната неколку пати додека таа смислува некои мелодии за зборовите итн. Но, не, таа се префрли во кујната каде што беа поставени микрофонот и слушалките. Притиснав play и record на Adat и она што се случи потоа беше наежување-и-кревање-на-влакненцата-на-вратот - момент. И покрај евтиниот микрофон и компресор, гласот на Мартина звучеше чудесно- таа имаше таква топлина и карактер во гласот, толку убедлива ранливост. Прогонувачките мелодии што излегоа од неа беа прекрасни...тие совршено одговараа на расположението на траката. Немаше загревање за неа, беше полн погодок во еден обид. Чисто инстинктивна ствар. Направивме уште една снимка чисто онака, и на крај ја искористив како сенишен вокал во позадина. Таа беше веројатно најтивката пејачка што некогаш сум ја снимил - не многу погласна од шепот. Еден ден Мартина се накашла додека беше на микрофонот и за малку ќе ми ја разнесеше главата! Беше очигледно дека оваа девојка имаше во себе нешто неверојатно посебно. Рапот на Трики исто така звучеше неверојатно. Квалитетот на неговиот глас беше толку чуден и мрачен. Некој еднаш ми рече неколку години подоцна „Еј, штотуку го гледав филмот „5th Element“ [во кој имаше улога и Трики] и го искористиле истиот ефект на неговиот глас што го користевте и вие на Maxinquaye!. Морав да му кажам… „Не бе човек… верувал или не, така звучи и во реалниот живот“. Еднаш додека ја слушавме траката гласно, некој тропна на вратата. Тоа беше момчето што живееше долу. Тој рече: „Не сакам да се жалам, но се обидувам да вечерам, а басот ја движи мојата чинија околу масата, морам да ја држам додека јадам“. Беше неверојатно кул поради оваа незначајна непријатност и се обидовме, не секогаш успешно, да бидеме потивки оттогаш. Вечерта кога ја завршивме Strugglin, Дејв Гилмур, А&Р човекот на Island , пројде за да види како помина нашиот прв ден. Трики му срола голем џоинт и му рече да оди во „студиото“ и да слуша со исклучени светла. Трики, Мартина и јас чекавме надвор. Кога се појави косата му стоеше право нагоре и беше видно изваден од памет од искуството - но мислеше дека е брилијантна! Во тој момент немавме DAT плеер за да снимиме груб микс за потомството - имавме само касетофон. Кога се работеше за мастер на песната, на албумот беше касетната верзија. Се обидовме да го измиксаме „правилно“ на DAT, но јас и Трики решивме дека вајбот на касетата од првиот ден е „таа правата“. Отидов дома таа вечер и му заѕвонив на мојот менаџер и му реков... „Еј, правам многу повеќе од само инженерство на оваа плоча, Трики не е програмер/продуцент кој Island мисли дека е“. „Остави ми го тоа на мене“, рече таа. Таа се јави следниот ден пред да се вратам во станот на Трики и ми рече „Без гајле, разговарав со Дејв Гилмур и тој се согласи да те потпише како ко-продуцент и да ти даде поени (авторски права)“. Супер си помислив. Меѓутоа, во вистински стил на издавачка куќа, кога албумот беше направен и изгланцан околу три месеци подоцна - и покрај тоа што момците од куќата, Дејв Гилмур и Џулијан Палмер ми честитаа за одлично сработеното- деловниот оддел на Island го повика мојот менаџер и и́ кажаа дека нема да го испочитуваат договорот што таа го договори со Дејв затоа што „Дејв не беше на доволно висока позиција во компанијата за да одобри таков договор“. Толку шармантно што почекаа најмалку три месеци за да ни го кажат тоа. На крајот го добив тоа што го заслужив бидејќи мојот менаџер исто така раководеше со најпочитуваниот миксер во Велика Британија во тоа време наречен Марк Спајк Стент кој работеше со врвни уметници како Madonna, Depeche Mode, U2,и Oasis. Тој ѝ рекол да му каже на Island дека ако не постапатфер со мене, тогаш тој никогаш повеќе нема да работи за Island . Бинго! Фала Спајк!
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Добрите духови* на „ШАМПИОНИ ЗА ПИЕЊЕ“, Добрите духови* на „ШАМПИОНИ ЗА ПИЕЊЕ“, добрите-духови-на-шампиони-за-пиење
*Spirits - на англиски означува и духови, и жестоки пијалаци. Во текот на типична епизода од „Drink Champs“, која може да трае два или три часа, ќе се случат неколку работи. Нори (N.O.R.E.) ќелавиот рапер од Квинс кој стана поткастер, полека ќе се опива. Тој ќе им каже на своите гости, повеќето рапери и продуценти, колку многу ги цени - дека е обожавател и колега - додека ги потпрашува за ситниците од нивните кариери. А неговите гости, кои често се познати по нивните челични, непропустливи фасади, ќе избувнат во благодарна, речиси блесава смеа. Ќе изгледаат среќни и слободни. „Drink Champs“ е еден од најпопуларните музички поткасти, и покрај преголемата должина на епизодите. Неговиот успех делумно произлегува од гостите од А-листата, кои се извлечени од историјата на хип-хопот: Grandmaster Caz, Lil Wayne, Snoop Dogg. Нори добива интервјуа што повеќето луѓе не можат да ги добијат. Во ноември,Кање Вест (Kanye West), среде засилените гласини за неговото ментално здравје, се појави во шоуто повеќе од три часа, зборувајќи за креативноста, папараците, неговото семејство и реформите во кривичното правосудство. Нори го притисна за политиката - неговата врска со Доналд Трамп - но, исто така, му даде простор да солира за диносаурусите, убавината на луѓето („Ние сме Божјиот врвен ајфон“, рече Вест), и во која од неговите дваесет и четири Греми статуетки тој моча. . Нори објавува плочи од деведесеттите, а неговите гости имаат тенденција да ја отфрлат својата персона во негово присуство. По смртта на ДиЕмЕкс(DMX), во 2021 година, обожавателите се свртеа кон неговиот полетен „Шампиони за пиење“(„Drink Champs“) изглед , каде тој прави шеги и се потсетува на своето куче*(нагалено за другар) од детството. Шоуто започна во 2016 година, неколку години откако Нори и неговиот ко-водител, ДиЏеј ИЕфЕн( DJ EFN), направија програма на Сириус ИксЕм(Sirius XM). ИЕфЕн, кој е долгогодишен промотер, продуцент и диџеј на микстејпи во Мајами, ја балансира непријатната ревност на Нори со смирувачка енергија и основни прашања што го поставуваат контекстот. Во најдобар случај, серијата потсетува на деведесеттите и раните две-илјадници на радиото, кога хип-хоп ѕвездите се упатуваа до најблиската станица за да си ги искажуваат поплаките или да ги расчистат непријатните ситуации и трачеви, во неколку минути колку би имале на располагање. Денес, во ерата на Instagram Live и YouTube, тенденцијата е да се расправа на долго и широко, да се споделуваат тајни и да се спушта гардот - работи што уметниците како Нори ретко имале шанса да ги направат. Нори е добро прилагоден на вијугавите ритми на подкастите. Тој природно зборува со ненамерно мрчење, но станува поанимиран како што напредува епизодата. Тој чувствува непријатност и ја смирува; тонот на серијата е некаде помеѓу „Свеж воздух“ и „Смек“, ДВД серии од две илјадите, кои прикажуваа нецензурирани интервјуа со изведувачи. И тој знае како да исцрта приказна, уживајќи додека гостинот се врцка и фаќа кривини низ анегдотите... Во една епизода, раперот Гоустфејс Кила( Ghostface Killah) се потпира на неговите зборови додека споделува приказна за транспортирање на Delfonics, соул групата од седумдесеттите, на студиска сесија - и влегување во престрелка на пат до таму. Во друга, пејачот Ти-Пејн(T-Pain) ја опишува ситуацијата кога го истурил Хенеси врз Бијонсе(Beyoncé). Нори во неверица, му ги повторува фрагментите назад на Ти- Пејн, нагласувајќи колку див мора да бил моментот. „Толку сум ебено неспретен, брат“, вели Ти-Пејн, смеејќи се. Многу од најуспешните подкасти постојат во состојба на постојана носталгија. За минатото е забавно да се зборува; секогаш има филм или албум кој слави јубилеј. Но, хип-хопот долго време има непријатна врска со историјата. Тој издржа како глобално витална форма токму поради тоа што е толку прогресивен, што секоја генерација ќе биде прогласена како ирелевантна од следната. Како и Verzuz, веб-преносот за битки со песни, во кој уметниците се натпреваруваат за да видат кој има најдобар каталог „Drink Champs“ е реткиот успешен обид да се прослави минатото на жанрот без да се романтизира. Кога Нори почна да рапува под неговото првобитно уметничко име, Нореага, индустријата смислуваше како да ги претвори хипер-локалните приказни за способноста на лукаво снаоѓање и дилање дрога во материјал за глобална слава. Имаше цврчење кое се перчеше во неговиот глас, а неговата назабена испорака сведочеше за фактот дека тој беше сиров, неполиран, валкан. „The War Report“, дебито во 1997 година што го објави како половина од Capone-N-Noreaga, е еден од најдобрите албуми на деценијата. Но, му требаа години да сфати дека другите уметници ги украсуваат нивните приказни, а не раскажуваат само од искуството. „Не знаев како да преувеличувам“, му вели тој на импозантниот рапер од Филаделфија Бини Сигел( Beanie Sigel) во една епизода. Често, највлијателниот материјал во „Drink Champs“ ги вклучува Нори и неговите гости кои потсетуваат на одамна заборавените ривалства, и средби со опасноста. Тие се ветерани на конфликт, благодарни што преживеаја. Епизодата со Сигел е особено потресна. Гласот на Сигел е лут и затегнат, резултат на престрелка во 2014 година што доведе до оштетување на белите дробови. Имаше бурна кариера - повеќекратни затворски казни, лоша врска со Џеј Зи, кој еднаш гарантираше за неговиот карактер на суд - и Нори му поставува тешки прашања со нежна, разиграна љубопитност. „Јас сум променет човек“, вели Сигел со насмевка, додека Нори се обидува да му тури шот со јапонско виски. Сигел го ангажира својот братучед да пие во негово име и зрачи спокојство што го избегнало за време на неговите години како насилник, рапер кој е лојален на улицата. „Јас сум совршен пример за тоа кога држиш да бидеш реален ќе тргне наопаку“, вели тој. Епизодата е приказна за памет, но никогаш моралистичка. Во своите најсекојдневни, дигресивни моменти, „Drink Champs“ станува речиси новинарска - усна историја за тоа како работела индустријата порано и за тоа како младите Црни уметници се обидувале да ги сфатат работите, додека напредувале. Во 2017 година, Нори беше домаќин на интервју со продуцентот од Атланта Џермејн Дупри( Jermaine Dupri), кој соработуваше со Ашер, Мараја Кери и Destiny's Child. Најпрво, Дупри делува на начинот на кој што изгледа во повеќето интервјуа: кул и пасивен, дури и незаинтересиран. Но, по неколку часа - и премногу шотови од кинески пијалок наречен вино од тигарска коска - тој се грчи од смеа, раскажувајќи мрсни приказни за патувањето во Доминиканската Република што го направил со една од неговите штитеници, раперот Бау Вау(Bow Wow)„Сум видел толку многу, од својата дванаесетта година, работи што никој никогаш ги видел“, вели Дупри. „Лудо е што треба да ги чувате сите овие срања во вашето тело. Мора да ги предадеш“. Нори, сега екстремно пијан, го среќава овој момент на искреност со сопствената исповед: „Се стискам да не се помочам, повеќе од еден саат“. Како што кариерата на Нори еволуираше, и тој доживеа успех со продуцентското дуо Neptunes, тој усвои поблесав, позабавен пристап, помалку посветен на светлечкиот афект од минатото. Еден од моите омилени моменти во неговата кариера дојде на „Invincible“, од албумот „The Reunion“ од 2000 година, кога рапуваше за тоа дека направил недопечен албум претходната година. Се чинеше како чудно признание. Но, тоа беше и момент кој имаше врска со амбивалентност и разочарување, наместо со гордост или болка. Тоа е вид на емоција со сива зона, изразена со лежерна искреност, која органски се појавува на „Drink Champs“, каде што пријателите и непријателите толку долго разговараат што неизбежно се сопнуваат на вистината. Во јуни, емисијата беше домаќин на епизода за дваесет и петгодишнината од “The War Report.” Капоне, Нори и други уметници кои се појавија на албумот се таму; така се и членовите на Penalty Recordings, издавачката куќа која ја објави плочата. Капоне и Нори се сеќаваат дека се сретнале за прв пат, кога биле во затвор. Tragedy Khadafi, рапер ветеран од Квинс, кој прв му предложи на дуото да прават музика заедно, зборува во долги, понекогаш горчливи монолози. Повремено, Нил Левин, постар белец кој раководеше со Пеналти, ѕвони за да разјасни мал детал. Сите тие разменуваат внатрешни шеги и се потсетуваат на Sbarro долу од студиото, обидувајќи се да ги доведат слушателите во малиот, прецизен, магичен универзум што го изградија. Тие ги израмнуваат старите сметки, се помируваат и жалат што индустријата сега ја водат „аналитиките“ наместо љубопитни, страсни скаути на таленти. Во еден момент, Траџеди, кој го надгледуваше албумот како извршен продуцент, му се обраќа на Левин. „Морам да кажам благодарам, јо, што ми даде шанса, чоек“, вели тој. Аплауз Епизодата трае нешто помалку од пет часа. ♦︎ Извор: Хуа Хсу е писател од персоналот во The New Yorker и автор на претстојните мемоари „Stay True“.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Земјотрес по дванаесетти пат: Музика ќе го тресе градот | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81-%D0%BF%D0%BE-%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%3A-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0--%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Земјотрес12, фестивал, МКЦ 14.11.24 г., 18:00 Земјотрес #12 е фестивал на свежа, домашна и независна музика, кој нуди разновиден и квалитетен избор на изведувачи од различни жанрови и стилови. На фестивалот ќе настапат 21 бенд или изведувач, од кои некои се веќе познати и признаени на македонската сцена, а некои се нови и иновативни таленти. „Се Тресеме Елегантно, Ма Прекрасно!“ „Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца. Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме.12 години наше срце и души, се тресеме елегантно и прекрасно. Ова не е само музички фестивал, туку искуство, водено од страстта за музика и обединувањето на луѓето.“ Изведувачи Кои Ќе Го Затресат Градот! Adi Imeri Trio, Andreja Salpe, ATA, DamageControl, Dobrila & Dorian Duo, Donplaya, Gargara, ISKRA, Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter, Luke Levin, MC Kain, Meggy, Mirko Popov, Noviot Pochetok, OVC Kolektiv, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary. Детали за Настанот: Датум и Време: Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00 Локација: Младински Културен Центар Влезници: Во претпродажба на bileti.mkc.mk , првите 100 за 300 денари, потоа 400 денари, а на денот на настанот 500 денари. Следете Земјотрес на Социјалните Мрежи: Instagram: instagram.com/zemjotres Facebook: fb.com/zemjotresfest Twitter: twitter.com/zemjotresfest Растресете го Стресот со Земјотрес 12! Со вакви настани, се создава историја. Придружете ни се на Земјотрес #12 и бидете дел од музичката експлозија што ќе го тресе нашиот и ваш град! следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home





