top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Добрите духови* на „ШАМПИОНИ ЗА ПИЕЊЕ“, Добрите духови* на „ШАМПИОНИ ЗА ПИЕЊЕ“, добрите-духови-на-шампиони-за-пиење

    *Spirits - на англиски означува и духови, и жестоки пијалаци. Во текот на типична епизода од „Drink Champs“, која може да трае два или три часа, ќе се случат неколку работи. Нори (N.O.R.E.) ќелавиот рапер од Квинс кој стана поткастер, полека ќе се опива. Тој ќе им каже на своите гости, повеќето рапери и продуценти, колку многу ги цени - дека е обожавател и колега - додека ги потпрашува за ситниците од нивните кариери. А неговите гости, кои често се познати по нивните челични, непропустливи фасади, ќе избувнат во благодарна, речиси блесава смеа. Ќе изгледаат среќни и слободни. „Drink Champs“ е еден од најпопуларните музички поткасти, и покрај преголемата должина на епизодите. Неговиот успех делумно произлегува од гостите од А-листата, кои се извлечени од историјата на хип-хопот: Grandmaster Caz, Lil Wayne, Snoop Dogg. Нори добива интервјуа што повеќето луѓе не можат да ги добијат. Во ноември,Кање Вест (Kanye West), среде засилените гласини за неговото ментално здравје, се појави во шоуто повеќе од три часа, зборувајќи за креативноста, папараците, неговото семејство и реформите во кривичното правосудство. Нори го притисна за политиката - неговата врска со Доналд Трамп - но, исто така, му даде простор да солира за диносаурусите, убавината на луѓето („Ние сме Божјиот врвен ајфон“, рече Вест), и во која од неговите дваесет и четири Греми статуетки тој моча. . Нори објавува плочи од деведесеттите, а неговите гости имаат тенденција да ја отфрлат својата персона во негово присуство. По смртта на ДиЕмЕкс(DMX), во 2021 година, обожавателите се свртеа кон неговиот полетен „Шампиони за пиење“(„Drink Champs“) изглед , каде тој прави шеги и се потсетува на своето куче*(нагалено за другар) од детството. Шоуто започна во 2016 година, неколку години откако Нори и неговиот ко-водител, ДиЏеј ИЕфЕн( DJ EFN), направија програма на Сириус ИксЕм(Sirius XM). ИЕфЕн, кој е долгогодишен промотер, продуцент и диџеј на микстејпи во Мајами, ја балансира непријатната ревност на Нори со смирувачка енергија и основни прашања што го поставуваат контекстот. Во најдобар случај, серијата потсетува на деведесеттите и раните две-илјадници на радиото, кога хип-хоп ѕвездите се упатуваа до најблиската станица за да си ги искажуваат поплаките или да ги расчистат непријатните ситуации и трачеви, во неколку минути колку би имале на располагање. Денес, во ерата на Instagram Live и YouTube, тенденцијата е да се расправа на долго и широко, да се споделуваат тајни и да се спушта гардот - работи што уметниците како Нори ретко имале шанса да ги направат. Нори е добро прилагоден на вијугавите ритми на подкастите. Тој природно зборува со ненамерно мрчење, но станува поанимиран како што напредува епизодата. Тој чувствува непријатност и ја смирува; тонот на серијата е некаде помеѓу „Свеж воздух“ и „Смек“, ДВД серии од две илјадите, кои прикажуваа нецензурирани интервјуа со изведувачи. И тој знае како да исцрта приказна, уживајќи додека гостинот се врцка и фаќа кривини низ анегдотите... Во една епизода, раперот Гоустфејс Кила( Ghostface Killah) се потпира на неговите зборови додека споделува приказна за транспортирање на Delfonics, соул групата од седумдесеттите, на студиска сесија - и влегување во престрелка на пат до таму. Во друга, пејачот Ти-Пејн(T-Pain) ја опишува ситуацијата кога го истурил Хенеси врз Бијонсе(Beyoncé). Нори во неверица, му ги повторува фрагментите назад на Ти- Пејн, нагласувајќи колку див мора да бил моментот. „Толку сум ебено неспретен, брат“, вели Ти-Пејн, смеејќи се. Многу од најуспешните подкасти постојат во состојба на постојана носталгија. За минатото е забавно да се зборува; секогаш има филм или албум кој слави јубилеј. Но, хип-хопот долго време има непријатна врска со историјата. Тој издржа како глобално витална форма токму поради тоа што е толку прогресивен, што секоја генерација ќе биде прогласена како ирелевантна од следната. Како и Verzuz, веб-преносот за битки со песни, во кој уметниците се натпреваруваат за да видат кој има најдобар каталог „Drink Champs“ е реткиот успешен обид да се прослави минатото на жанрот без да се романтизира. Кога Нори почна да рапува под неговото првобитно уметничко име, Нореага, индустријата смислуваше како да ги претвори хипер-локалните приказни за способноста на лукаво снаоѓање и дилање дрога во материјал за глобална слава. Имаше цврчење кое се перчеше во неговиот глас, а неговата назабена испорака сведочеше за фактот дека тој беше сиров, неполиран, валкан. „The War Report“, дебито во 1997 година што го објави како половина од Capone-N-Noreaga, е еден од најдобрите албуми на деценијата. Но, му требаа години да сфати дека другите уметници ги украсуваат нивните приказни, а не раскажуваат само од искуството. „Не знаев како да преувеличувам“, му вели тој на импозантниот рапер од Филаделфија Бини Сигел( Beanie Sigel) во една епизода. Често, највлијателниот материјал во „Drink Champs“ ги вклучува Нори и неговите гости кои потсетуваат на одамна заборавените ривалства, и средби со опасноста. Тие се ветерани на конфликт, благодарни што преживеаја. Епизодата со Сигел е особено потресна. Гласот на Сигел е лут и затегнат, резултат на престрелка во 2014 година што доведе до оштетување на белите дробови. Имаше бурна кариера - повеќекратни затворски казни, лоша врска со Џеј Зи, кој еднаш гарантираше за неговиот карактер на суд - и Нори му поставува тешки прашања со нежна, разиграна љубопитност. „Јас сум променет човек“, вели Сигел со насмевка, додека Нори се обидува да му тури шот со јапонско виски. Сигел го ангажира својот братучед да пие во негово име и зрачи спокојство што го избегнало за време на неговите години како насилник, рапер кој е лојален на улицата. „Јас сум совршен пример за тоа кога држиш да бидеш реален ќе тргне наопаку“, вели тој. Епизодата е приказна за памет, но никогаш моралистичка. Во своите најсекојдневни, дигресивни моменти, „Drink Champs“ станува речиси новинарска - усна историја за тоа како работела индустријата порано и за тоа како младите Црни уметници се обидувале да ги сфатат работите, додека напредувале. Во 2017 година, Нори беше домаќин на интервју со продуцентот од Атланта Џермејн Дупри( Jermaine Dupri), кој соработуваше со Ашер, Мараја Кери и Destiny's Child. Најпрво, Дупри делува на начинот на кој што изгледа во повеќето интервјуа: кул и пасивен, дури и незаинтересиран. Но, по неколку часа - и премногу шотови од кинески пијалок наречен вино од тигарска коска - тој се грчи од смеа, раскажувајќи мрсни приказни за патувањето во Доминиканската Република што го направил со една од неговите штитеници, раперот Бау Вау(Bow Wow)„Сум видел толку многу, од својата дванаесетта година, работи што никој никогаш ги видел“, вели Дупри. „Лудо е што треба да ги чувате сите овие срања во вашето тело. Мора да ги предадеш“. Нори, сега екстремно пијан, го среќава овој момент на искреност со сопствената исповед: „Се стискам да не се помочам, повеќе од еден саат“. Како што кариерата на Нори еволуираше, и тој доживеа успех со продуцентското дуо Neptunes, тој усвои поблесав, позабавен пристап, помалку посветен на светлечкиот афект од минатото. Еден од моите омилени моменти во неговата кариера дојде на „Invincible“, од албумот „The Reunion“ од 2000 година, кога рапуваше за тоа дека направил недопечен албум претходната година. Се чинеше како чудно признание. Но, тоа беше и момент кој имаше врска со амбивалентност и разочарување, наместо со гордост или болка. Тоа е вид на емоција со сива зона, изразена со лежерна искреност, која органски се појавува на „Drink Champs“, каде што пријателите и непријателите толку долго разговараат што неизбежно се сопнуваат на вистината. Во јуни, емисијата беше домаќин на епизода за дваесет и петгодишнината од “The War Report.” Капоне, Нори и други уметници кои се појавија на албумот се таму; така се и членовите на Penalty Recordings, издавачката куќа која ја објави плочата. Капоне и Нори се сеќаваат дека се сретнале за прв пат, кога биле во затвор. Tragedy Khadafi, рапер ветеран од Квинс, кој прв му предложи на дуото да прават музика заедно, зборува во долги, понекогаш горчливи монолози. Повремено, Нил Левин, постар белец кој раководеше со Пеналти, ѕвони за да разјасни мал детал. Сите тие разменуваат внатрешни шеги и се потсетуваат на Sbarro долу од студиото, обидувајќи се да ги доведат слушателите во малиот, прецизен, магичен универзум што го изградија. Тие ги израмнуваат старите сметки, се помируваат и жалат што индустријата сега ја водат „аналитиките“ наместо љубопитни, страсни скаути на таленти. Во еден момент, Траџеди, кој го надгледуваше албумот како извршен продуцент, му се обраќа на Левин. „Морам да кажам благодарам, јо, што ми даде шанса, чоек“, вели тој. Аплауз Епизодата трае нешто помалку од пет часа. ♦︎ Извор: Хуа Хсу е писател од персоналот во The New Yorker и автор на претстојните мемоари „Stay True“.

  • Земјотрес по дванаесетти пат: Музика ќе го тресе градот | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81-%D0%BF%D0%BE-%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%82%3A-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0--%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Земјотрес12, фестивал, МКЦ 14.11.24 г., 18:00 Земјотрес #12 е фестивал на свежа, домашна и независна музика, кој нуди разновиден и квалитетен избор на изведувачи од различни жанрови и стилови. На фестивалот ќе настапат 21 бенд или изведувач, од кои некои се веќе познати и признаени на македонската сцена, а некои се нови и иновативни таленти. „Се Тресеме Елегантно, Ма Прекрасно!“ „Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца. Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме.12 години наше срце и души, се тресеме елегантно и прекрасно. Ова не е само музички фестивал, туку искуство, водено од страстта за музика и обединувањето на луѓето.“ Изведувачи Кои Ќе Го Затресат Градот! Adi Imeri Trio, Andreja Salpe, ATA, DamageControl, Dobrila & Dorian Duo, Donplaya, Gargara, ISKRA, Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter, Luke Levin, MC Kain, Meggy, Mirko Popov, Noviot Pochetok, OVC Kolektiv, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary. Детали за Настанот: Датум и Време: Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00 Локација: Младински Културен Центар Влезници: Во претпродажба на bileti.mkc.mk , првите 100 за 300 денари, потоа 400 денари, а на денот на настанот 500 денари. Следете Земјотрес на Социјалните Мрежи: Instagram: instagram.com/zemjotres Facebook: fb.com/zemjotresfest Twitter: twitter.com/zemjotresfest Растресете го Стресот со Земјотрес 12! Со вакви настани, се создава историја. Придружете ни се на Земјотрес #12 и бидете дел од музичката експлозија што ќе го тресе нашиот и ваш град! следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Избран добитникот на XIX награда ДЕНЕС 2025: нов бран во македонската млада визуелна сцена, Избран добитникот на XIX награда ДЕНЕС 2025: нов бран во македонската млада визуелна сцена, избран-добитникот-на-xix-награда-денес-2025-нов-бран-во-македонската-млада-визуелна-сцена

    Избран добитникот на XIX награда ДЕНЕС 2025: нови практики, нови гласови Во неделата, во просторот на Националната галерија – Чифте амам, беше соопштен добитникот на деветнаесеттото издание на наградата ДЕНЕС – единствената национална награда посветена на млади визуелни уметници до 35 години во Северна Македонија. Отворањето на изложбата на финалистите, проследено со објавувањето на лауреатите, уште еднаш покажа дека оваа награда е важен показател за развојот на локалната сцена и за новите генерации уметници кои ја туркаат практиката нанапред. Овогодишниот процес го организираше Факултет за работи што не се учат – ФРУ, во соработка со меѓународната мрежа YVAA, резиденциската програма Residency Unlimited (RU) во Њујорк и фондацијата Trust for Mutual Understanding. Со дваесет и две години континуитет, ДЕНЕС одамна е повеќе од награда – тоа е структура што ги поврзува младите автори со меѓународни институции, резиденции и образовни програми кои отвораат нови перспективи во нивната уметничка работа. Жири-комисијата годинава беше составена од: Хитоми Ивасаки, поранешна кураторка и директорка во Queens Museum, а денес во Фондацијата Исаму Ногучи, Њујорк; Рона Копецки, кураторка и историчарка на уметност и уметничка директорка на галеријата acb во Будимпешта, ко-основачка на платформата Easttopics; и Ѓорѓи Десподов, мултидисциплинарен уметник кој живее во Хаг и добитник на наградата ДЕНЕС 2023. По увидот во делата и презентациите на финалистите, жирито се одлучи за тројца автори чијашто практика јасно се издвојува во различни насоки. Главната награда ДЕНЕС 2025 му беше доделена на Крсто Глигорјадис, кој во 2026 година ќе оствари двомесечна резиденција во Residency Unlimited во Њујорк. Мила Добревска е добитничка на едномесечен резиденцијален престој во Галеријата „Простор“ на „Културен хаб Хрватска“ во Сплит, придружен со самостојна изложба во истиот простор. Наташа Неделкова, пак, ќе ја реализира својата самостојна изложба во Северна Македонија во 2026 година, како дел од програмата на наградата. Од своето основање во 2002 година, а официјално прво доделување во 2003, наградата ја има задачата да им отвори простор на младите автори да ја продлабочат својата уметничка практика, да се поврзат со меѓународната сцена и да изградат професионална самостојност. Покрај резиденциите, програмата вклучува и учество во специјалниот едукативен процес „Совршениот уметник“, средби со интернационалното жири и продукција на ново дело за финалната изложба. Преку годините, ДЕНЕС ја обликуваше локалната уметничка мапа; меѓу нејзините добитници се имиња како ОПА, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Елена Чемерска, Славица Јанешлиева и други автори кои денес се дел од пошироката регионална и европска сцена. Како жирито ги прочита годинешните практики? За делото на Крсто Глигорјадис, жирито го истакна неговото истражување на машкоста, траумата и ритуалот – области во кои телото се појавува како место и на распаѓање и на обновување. Според жирито, неговата „кореографија на дезинтеграција“ нуди можност да се размислува за ослободување од веќе познатите идентитетски рамки, третирајќи го телото како екосистем што може да компостира штетни наративи. Работата на Мила Добревска, посебно нејзината посветеност на мозаикот како редок, но богат медиум во современата продукција, беше оценета како практика што заслужува историски и материјален контекст каков што нуди Далмација. Сплит, со своето римско наследство, претставува природна средина каде нејзината чувствителност кон материјалот може да се развие понатаму. Во практиката на Наташа Неделкова, жирито ја препозна теоретската длабочина и концептуалната комплексност, особено во нејзините истражувања за алгоритамската слика, маските, менталните состојби и отпорот кон капиталистичките режими на исцрпеност. На авторката ѝ беше препорачано дополнително да ги зајакне презентациските вештини со цел богатството на проектите да биде уште повидливо и комуникабилно. Биографиите зад наградените практики Крсто Глигорјадис (1996, Скопје) е мултидисциплинарен автор чија практика се движи меѓу ритуалот, телото и бунтот. Делата како „Де(конструкција) на машкоста“, „Панталоните“ и „Здолништето на татко ми“ отвораат простори за кревкост, отпор и колективно исцелување. Добитник е на наградата QUEER MAKEDONIUM 2025, а неговите настапи се препознатливи по емоционалниот интензитет и телесната симболика. Мила Добревска (1999) работи на пресекот на сликарството, мозаикот, текстилот и скулптурата. Во нејзината практика, фигурата се појавува како симбол на емотивни и идентитетски слоеви. Изложувала на биеналето на современ мозаик во Равена, Paratissima во Торино, во Националната галерија во Скопје и бројни регионот. Добитничка е на наградата Paolina Brugnatelli (2022). Наташа Неделкова (1993, Скопје) делува помеѓу филмските студии, новите медиуми и современата уметност. Студирала во Скопје, Лион и Париз, каде моментално е докторска кандидатка на Универзитетот Париз 8. Нејзините истражувања се фокусирани на перформативноста на алгоритамските слики и на кризите на саморепрезентацијата во документарниот филм. Учествувала на Manifesta 14, Биеналето на млади во МСУ Скопје, GMK Загреб и Zeta Gallery во Тирана. Паралелна изложба: „Сè што незабележливо ползи“ на Ивана Самандова Вечерта беше збогатена со отворањето на самостојната изложба на Ивана Самандова, добитничка на наградата за самостојна изложба во рамки на ДЕНЕС 2024. „Сè што незабележливо ползи“ ја продолжува нејзината линија на внимателно набљудување на маргиналните, кревки процеси на секојдневието – работа што детално го слуша тивкото и неприметливото. Двете изложби се отворени за публиката до 13 декември во Чифте амам. Фотографија: Наташа Гелева;

  • Дарко Рундек: ,,Некои песни копнееја по џез биг бенд”, Дарко Рундек: ,,Некои песни копнееја по џез биг бенд”, darko-rundek-2023-skopje-jazz

    Во деведесетите се́ уште заплиснуваа на бреговите на нашата свест брановите на југословенската култура и оние кои во кој било капацитет (од деца до возрасни луѓе) успеале да се потопат во нејзе - тешко дека ќе им треба некое посебно претставување на Дарко Рундек и Хаустор. Во доцните деведесети Дарко Рундек успеа да се помести, како уметник во нова фаза внимателно чекорејќи по линијата, која доколку ја занемареше ќе станеше или трибјут уметник на Хаустор, или во обид да го избегне тоа - карикатура на себе која полека се стишува до немост. Дарко Рундек на 14 септември (четврток), во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг бенд- Здружение на џез музичари ќе одржат концерт, еден од низата на на ЗЏМ со музичари кои традиционално не настапуваат со џез оркестри - но последниот албум на Дарко Рундек е со биг бенд оркестарот на ХРТ „ Uhode” - неговиот репертоар во џез аранжман: Раде Шербеџија ве карактеризираше како врвен рокер. Дали се согласувате со таа категоризација и од каде ова ненадејно и целосно отклонување кон џезот (последниот албум со биг бендот ХРТ и настапот во Скопје)? -Можеби така изгледам од перспективата на Раде Шербеџија, кој многу го ценам како уметник и пријател, но не верувам дека Горан Баре или Мик Џегер би се согласиле со тоа. Се гледам себеси целосно надвор од жанровите. Повеќе од 30 години се занимавам со експериментална музика во групата Cul-de-Sac, пишував музика за филм и театар, а како кантавтор користев елементи на џез, традиционална музика, рок итн. Така, соработката со џез оркестар не е толку отклонување (otklon) колку што е подарок (poklon), судбината беше што некои песни копнееја по џез биг бенд, а јас не знаев да напишам аранжман, ниту бендот со кој свирев ќе знаеше да го свири тоа, па постоеше можност тие да бидат аранжирани од вистински аранжери и да ги бидат изведени од одлични музичари од тој жанр. Неутрална маска: Слично на вашиот став за смртта и ослободување на нагоните како што годините напредуваат, велите дека се ослободувачки? Што од вашиот идентитет сметате дека е товар, обврска од која се ослободувате кога ќе ја изгубите обврската на вашиот карактер? -Тоа е премногу интимно прашање. Без да навлегувам во детали, неутралната маска, како што јас ја перципирам, е слободата од идентитетот како таков и можноста за трансформација во било што. Вие последниве години живеете во голем дел од времето на Брач, а се занимавате и со земјоделство. Оваа година беше најжешката во историјата - и беше протолкувана како предупредување од нашата осамена сина планета. Што научивте за Земјата работејќи директно со рацете на неа? Како е морето различно од она пред неколку години? -Дел од времето на Брач ​​се занимавам со маслинки и по малку со градинарство, со што жена ми повеќе се занимава, но имам и мало студио, па се занимавам и со музика. Работењето на земја не ми е непознато, бидејќи голем дел од моето детство и младост поминав со баба ми и дедо ми на село, работејќи ја целата работа заедно со нив. Морето опасно се опустоши во последниве дваесет години, на многу места каде што имаше алги и треви , морски ежови, морски краставици, морски саси, сега дното е сиво како површината на месечината, има многу помалку птици и инсекти. .. во тек е шестото масовно истребување. Иако работите како соло артист веќе 3 децении, каталогот на Хаустор не само што не го губи контактот со публиката и не се исцрпува енергијата што ја гледаме на концертите во живо. Што мислите, која е причината зошто едноставно никогаш не станавте legacy музичар? Дали станува збор за носталгија која ги одржува овие песни во состојба на вечна младост или пак за нови интерпретации одново и одново? -И првата и втората, но и третата, што е содржината или, ако сакате, поезијата на тие песни е доволно реална што и денес публиката може да ја препознае. Вашето флертување со world жанрот веќе се насети со Хаустор, но потоа многу непосредно влеговте во етапа каде свирите светска музика но и во различни музички традиции кои се надвор од тој жанр? -Тоа најмногу го одговарав на почетокот. Се разбира, човек бара нешто ново и интересно. Повторувањето е досадно. Илустрации/фото манипулации: Milk of Dreams; Разговорот го водеше: Ана Чушкова;

  • Концерт на „Никола Бочваров квартет“ во Салон 19:19, Концерт на „Никола Бочваров квартет“ во Салон 19:19, koncert-nikola-bochvarov-kvartet-salon-1919-skopje-2025

    Целвечерен концерт на „Никола Бочваров квартет“ ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ). Настанот претставува дел од есенската концертна програма на институцијата. Никола Бочваров квартет; Фото: организатор / промо Квартетот е составен од Никола Бочваров (бас), Иван Петровски (гитара), Филип Димишковски (клавијатури) и Александар Ванчовски (тапани) — четворица искусни музичари кои создаваат оригинална музика инспирирана од различни стилови и култури. Групата е активна од 2020 година и се вбројува меѓу најиновативните џез состави на регионалната сцена. Во изминатите години, квартетот настапил на повеќе значајни фестивали: „Нишвил џез фестивал“, „It’s All About Jazz“, „Прилеп џез викенд“, како и на свеченоста по повод доделувањето на Орден за заслуги за Македонија. Групата има одржано и бројни самостојни концерти низ земјата и регионот. На концертот во КИЦ – Скопје ќе бидат изведени композиции од досегашниот репертоар, како и нови дела што ќе се најдат на вториот албум на квартетот, кој е во завршна подготовка и сè уште не е официјално издаден. Настапот ќе понуди комбинација од модерни џез изрази и импровизациски сегменти карактеристични за групата. Повеќе информации, фотографии и видеа од претходните настапи се достапни на официјалната веб-страница: www.nbquartet.com.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page