top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Кање Вест под притисок: Еврејски организации со осуда за антисемитизам во Vultures

    Раперот е во линија на оган: неговиот комфорен простор сите вести Кање Вест под притисок: Еврејски организации со осуда за антисемитизам во Vultures Раперот е во линија на оган: неговиот комфорен простор 30 ное. 2023 г. Неодамнешниот обид на Је да ги побие тврдењата дека е антисемит не поминува посебно добро кај еврејските организации во САД. Контроверзијата околу песната на Кање Вест, "Vultures," засегна еврејски организации кои го осудија раперот и дизајнер поради некои експлицитни делови во текстот. Тие изразија загриженост но и ги разбесни групите како Американскиот еврејски комитет, кој го смета текстот за „патетичен и тажен“. Портпаролот на AЕК, Ричард Хиршхаут, истакна дека неговите стихови се „непростливи“.„Да се разгори пламенот на антисемитизмот и да се промовира таква жолчност кај неговите милиони следбеници, особено во ова тензично и опасно време за еврејската заедница, е непростливо“, рече Хиршхаут. поради можни толкувања на стиховите кои би можеле да бидат навредливи кон еврејската заедница. Односно, Кање Вест стана објект на јавна дебата и критика, што може да влијае на неговиот углед и односите со некои малцински заедници. За контроверзниот текст имаше што да каже и Анти-дефамациската лига,. Не се изненадени од стиховите , но и не беа среќни што ги слушаат. Портпаролот на лоби групата го нарече Је „непокајнички антисемит и очигледно мизогинист“. „Во време на растечки антисемитизам ширум светот, одвратно е да се види како Кање уште еднаш ја користи својата платформа за да плука омраза кон Евреите“, рече портпаролот. Делови од текстот на песната се теми на различни толкувања, но еврејските организации издвојуваат одредени пасуси кои сметаат дека можат да создадат негативни конотации. Целосната ситуација привлече внимание кон слободата на изразување и ограничувањата што може да се наложат во изразувањето на уметничката креација. Уште еднаш се сретнуваме (во морето вести) за значењето на внимателното изразување во уметноста и јавниот просторот. Тоа ја отвора дебата за цензурата во музиката и границите на слободата на уметничкиот израз во современото општество. DJ Pharris дебитираше со новата песна „Vultures“ за време на неговото шоу во петокот вечерта на радио станицата во Чикаго Power 92. Покрај Кање, на песната се и Ty Dolla $ign, Bump J и Lil Durk. Комплекс магазинот прв ја објави веста на социјалните мрежи. Вест директно се осврна на своите контроверзни коментари со вжештувачки стихови, како: „Како тоа сум антисемитист? Само што изебав една еврејска кучка“. Кариерата на Вест целосно излезе од колосек по бизарното појавување во ток-шоуто на Алекс Џонс „Infowars“ во декември, во кое тој го пофали Хитлер и правеше антисемитски шеги на сметка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тоа го заокружи повеќемесечен медиумски блиц исполнет со антисемитски коментари кои резултираа со комплетно деплатоформирање како отстранување на Твитер, Адидас ги прекина деловните односи со него, CAA да го отфрли како клиент и стопирање на снимање документарен филм за него. Вест минатиот октомври изјави дека изгубил 2 милијарди долари за еден ден поради неговиот говор на омраза. Ty Dolla Sign неодамна проговори за неговата соработка со Вест, откривајќи дека тие работат на колаборативен албум. „Само што слетав од Саудиска Арабија. Бев таму за да снимам дел од мојот албум со братот Је, и набрзо ќе излезе.“ Пред После

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Кога Balenciaga ја сретна Ким, Кога Balenciaga ја сретна Ким, кога-balenciaga-ја-сретна-ким

    Naomi Fry писателка за The New Yorker во нејзиниот „културен коментар„ во текстот кој се вика Kim & Kanye & Pete & Julia забележа: „Улогата која ја игра Balenciaga со чиј дизајнер Demna Gvasalia Вест и Кардашијан изградија исклучително блиска врска во последниве неколку години, беше интригантно. Набљудувачите веќе забележаа дека е чудно, што парот кој се раздели се вградени во брендот, до таа мерка што изгледа како да си ја координираат облеката еден со друг. „Ми изгледа дека е без преседан тоа што Ким и Кање носат ексклузивно Balenciaga„- твитна писателот Патрик Сендберг оваа недела. „Да спонзорираш и облекуваш селебрити развод, изгледа како циничен а сепак брилијантен нов вид на покровителство„ Овој текст е напишан на почетокот на Јануари а оттогаш разводот доби нова димензија, и тоа прилично грда. Последното што го слушнавме од Кање е - тој одел наоколу и кажувал на луѓе дека Пит Дејвидсон има СИДА. Со тоа не само што го стигматизираше него, туку и ја обележа Ким. Околу обележувањето на Ким во интервју со блогот Hollywood unlocked, инсистираше дека се сретнал со Реј Џеј, за да земе лаптоп на кој имало уште секс снимки од нејзе - така делува дека онаа снимка која ја лансираше во универзумот на славни личности не е инцидентна и ја „деградира„ во порно глумица. Сите вести што доаѓаа од страната на Кање, наговестуваат лош и грд развод, во кој единствен кој изгледа грдо - е тој. Во исчекување на неговиот нов албум Донда2 - во кој со сигурност ќе има уште пикантерии - Balenciaga децидно зазема страна: на својот Инстаграм профил ги симна сите постови и цел еден ден ,единствениот пост беше фотографија од Ким К. Со тоа ја избраа својата страна... И покрај тоа што тој со месеци ги носи Баленцијага/Крокс чизмите, и наполни цел хотелски апартман со Balenciaga облека, за да си игра со новата љубовница - Julia Fox како со барбика, и покрај тоа што мерч-от од концертот со Drake беше потпишан од токму Balenciagа... и покрај тоа што Кање објави партнерство помеѓу него, Gap и Balenciagа- се чини дека недвосмислено се Ким во овој развод.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page