top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Moon river по Beyonce, Moon river по Beyonce, moon-river-по-beyonce-1

    Бијонсе и Џеј зи носат промотивна кампања на Tiffany's, која се вика „ “ABOUT LOVE.” Јавноста е увреѓена и лута! Зошто? Додека го барав одговорот на ова прашање, се почувствував како да спремам испит. Веќе е извесно дека не е можно да се пушти чекор без сеопшта хистерија. На фотографиите кои се пуштени во етер, можеме да ги видиме Бијонсе и Џеј зи како позираат пред слика на Баскијат кој се вика „Е еднакво на пи„ која е во сина боја (или „тифани сина„ или „ јајце на свиларка - сина„) - префинување е дневна задача! Додека Џеј Зи потсетува со косата на Баскијат веќе неколку години (I'm the new Jean-Michel!"), Бијонсе изгледа како црна Голајлтли - во црнa Hermes хаљина, дијамантот од 128 карати блеска на нејзините гради. Само четири жени го имале тоа задоволство. Мисијата на Картерови на „преведување„ на белата и европоцентрична цивилизација и висока култура, во црна, продолжува, прилично успешно, без да карикира, или да биде навредливо или вулгарно. Но, како што веќе спомнавме галама и прашина сепак се крена. Зошто? „Џеј Зи нашол за сходно Баскијатот да ни́ го претстави додека промовира едновековна бела компанија?!„ - меѓутоа овој Баскијат бил откупен од Тифанис од приватна колекција, токму за оваа кампања. Забуната веројатно доаѓа од неговите стихови: "Yellow Basquiat in my kitchen corner Go ahead lean on that shit Blue You own it" Вториот приговор беа: крвави дијаманти! Тифанис излегоа со енергичен демант, но и со информација дека донирале два милиони долари на историски црни универзитети и колеџи. Со тоа се затвори контроверзата, остана да ги разгледаме фотографиите уште еднаш, можеби да ја изгледаме "Појадок кај Тифани" или да ја прочитаме, и да почекаме до 15 септември кога ќе излезат и со краток филм, во кој Бијонсе ќе ја пее Moon River, која е и во филмот "Појадок кај Тифани", испеана од Одри Хепбeрн).

  • ФЕСТИВАЛ во 19:19 - Фестивал на класична и нова музика | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-19%3A19---%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Фестивал во 19:19, КИЦ, Салон 19:19, концерт 14.11.24 г., 18:00 Фестивал 19:19 - почеток на нова традиција во срцето на културниот живот на Скопје. Скопје, Македонија - Во традицијата на Културно информативниот центар Скопје, се раѓа нов проект кој ги има сите елементи потребни да го обогатат музичкиот живот во центарот на градот. „Фестивал во 19:19“, како што и самото име вели, настанува во салата со ист број - Салон 19:19, започнувајќи точно во 19:19 часот. Оваа музичка авантура не претставува само моментално настаниште, туку процес на обликување на нова традиција. Се знае дека најдобрите нешта се случуваат случајно, и „Фестивал во 19:19“ е идеален пример за тоа. Започнувајќи со првата година, овој фестивал го обележуваат три програмски денови, секој со своја уникатен принцип и звук. Програма за 12.12.2023: ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“ ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“ AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC Програма за 13.12.2023: ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ КАЛАТА IMPROOF Овие музички актови се само дел од широката палитра која Фестивал во 19:19 нуди на својата публика. Од класична до нова музика, од елегантни песни до експериментални звуци, овој фестивал е исцрпна музичка авантура што го вклучува секој музички вкус. Влезот е слободен, што го прави овој настан уште посветен кон идејата за демократско пристапување кон уметноста. Со поддршка на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, овој фестивал станува уште еден магичен дел од културната понуда на градот. Затоа, придружете ни се во овој музички вовед во нешто што сигурно ќе расте и развива во годините што следуваат. следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура РАЗГОВОРИ 1 2 razgovori pogovori conversations Milk of dreams

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page