top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Расел Бренд се покрсти во Темза

    Комичарот, кој ги отфрли тврдењ ата за силување, сексуално насилство и емоционално малтретирање, им рече на своите следбеници дека се чувствува „неверојатно благословен“ и „нахранет“ сите вести Расел Бренд се покрсти во Темза Комичарот, кој ги отфрли тврдењ ата за силување, сексуално насилство и емоционално малтретирање, им рече на своите следбеници дека се чувствува „неверојатно благословен“ и „нахранет“ 1 мај 2024 г. Расел Бренд беше крстен во реката Темза во неделата, како знак дека го прифаќа христијанството, откако низа обвинувања за силување излегоа на површина како и за сексуално насилство и емоционално малтретирање. Во видео снимка објавена на Инстаграм во понеделник, Бренд рече дека го нашол својот „пат“ и дека се чувствува „неверојатно благословен“ и „нахранет“ следејќи го крштението. Бренд, на 48 години, е обвинет за силување, сексуално насилство и емоционално малтретирање од страна на четири жени во заедничка истрага направена од The Times, The Sunday Times и Channel 4’s Dispatches. Бренд ги отфрлил обвинувањата. Иако Бренд директно не се осврна на обвинувањата во видеото, тој ги спомна „предизвиците“ со кои се соочува. Крштевката, додаде тој, му дало чувство дека „некаков нов ресурс“ бил „вклучен“. Тој рече дека претходно посетил различни цркви и размислувал за крштението, приклучувајќи се кон растечката група на културни и политички коментатори кои се конвертираат или враќаат кон христијанството. Бренд изјави: „Вчера бев крстен и тоа беше неверојатно и длабоко искуство и многумина од вас имале свои искуства со крштението и затоа ќе знаете за што зборувам. „Нешто се случи во процесот на крштевањето што беше неверојатно, надмоќно, буквално надмоќно бидејќи очигледно бев под вода и беше во реката Темза.“ Бренд, кој претходно беше будист, изјави дека го видел покрстуваето како можност „да умре и да се роди повторно“. Тој неодамна му рече на Такер Карлсон, поранешниот водител на Fox News, дека обвинувањата за сексуално насилство „многу, многу го повредиле“. Неговото приближување кон Христијанството изгледа дека започнало неколку месеци откако обвинувањата за сексуално насилство се појавиле минатата година. Од декември, Бренд сѐ почесто објавува слики и видеа на социјалните мрежи дискутирајќи за неговата врска со христијанството. Објавувајќи ја својата намера за крштение минатата недела, тој рече: „Како што стои во Галатите: дека можеш да живееш како просветлен и разбуден човек.“ Минатата недела Бренд објави видео снимка на Twitter/X во која рече дека редовно се моли со розарија, која се однесува на збирка молитви кои се користат примарно во Католичката Црква и со бројаница се кажуваат составните молитви. Во последните години, Бренд достигна милиони гледачи дневно со теми од сферата на теориите на заговор за Covid, слободата на говор и војната во Украина. Метрополитенската полиција двапати го интервјуирала Бренд под предупредување во врска со „неодамнешни“ сексуални престапи за кои се мислеше дека не се поврзани со првично пријавените злосторства. BBC, кој го вработи Бренд како радио-водител, исто така истражува пет пријави поврзани со неговото однесување. Минатиот месец истрага на Channel 4 најде „нема докази“ дека менаџерите биле свесни за обвинувањата против Бренд. Пред После

  • Промо журка на ЛП на Веселинов CyberBoy со Мирко Попов и Виолета Качакова | diva.mk

    13.1.24 г., во 22:59 Зоран Веселинов, Мирко Попов, Виолета Качакова, ПМГ, all the feels, LP promo, CyberBoy, минус еден Булевар 8-ми Септември 18, Скопје, Северна Македонија Дали сте спремни за едно неверојатно патување низ светот на електронската dance музика? PMG Recordings, лидерот во македонската електронска dance сцена, ве поканува на една експлозивна ноќ полна со вибрации кои ќе ги растреперат вашите сетила. :) Со повеќе од 30 години искуство во креирањето на незаборавни моменти, PMG Recordings не го забавува темпотп. Следната сабота во клубот Minus, тие ќе ви го претстават најновото поглавје во својата богата историја. Мирко Попов и Виолета Качакова ќе ја отворат вечерта, две од најпознатите имиња во македонската електронска музика со нивната енергија и креативност. Но, вечерта не би била целосна без ѕвездата на вечерта: Зоран Веселинов. Тој е еден од најактивните домашни продуценти на електронска dance музика, со години искуство во издавањето на музика за реномирани домашни и странски музички издавачки куќи. Воедно, вечерта ќе биде и промоција на неговиот деби албум "CyberBoy", кој е и 210то издание на PMG Recordings кој е секогаш отворен за креативна соработка со квалитетни домашни артисти, и ова е само уште една потврда за тоа. Подгответе се за една долга топла ноќ полна со електронска музика . претходно следно

  • Резолуција #1: Ќе држам диета, Резолуција #1: Ќе држам диета

    На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. < Назад Резолуција #1: Ќе држам диета На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Престани да пушиш - Вежбај повеќе - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! - Вежбај повеќе: Имам орбитрек, речиси неупотребен за шиткање. Претходна Следна

  • Втора изведба на Мачката Елеонора | diva.mk

    28.11.23 г., во 19:00 Мачката Елеонора, перформанс, Tiiiiit! Inc. МКЦ Клуб & Ресторан, Skopje, North Macedonia Во случај да се обидувате да си го објасните насловот "Мачката Елеонора", еве еден детал за најава: не е само обичен перформанс, туку трансформација која ги отвора можностите на феминситичките иднини. Детали за настанот: Позади "Мачката Елеонора" стои монодрамата на германската авторка Карен Јес , а во изведбата се преплетуваат текстови од колективот и авторски текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки и изведувачки на овој уметнички подвиг се Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска. Што може да очекувате од "Мачката Елеонора"? Перформансот ќе ве води низ трансформацијата на жената мачка Елеонора Гарацо ќе ги истражува амбивалентните аспекти на сопствената самоопределба. Процесот на трансформација од човек во мачка ќе биде воден од принципот на сплотени контрадикции, што го прави уникатен и интересен. За колективот и платформата: Колективот зад "Мачката Елеонора" го составуваат креативни и интердисциплинарни уметници кои претставуваат комбинација од изведувачки и визуелни уметници. Со фокус на комуникацијата меѓу различни дисциплини, тие истражуваат можностите за трансфер на идеи и методи меѓу нив. Колективот не се ограничува само на уметноста, туку истражува актуелни феминистички и родови прашања и политики, претставувајќи го просторот за вонинституционално креативно изразување. Поддршка и забелешки: Овој проект е дел од програмата на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0, курирана од Кристина Леловац. Програмата е организирана во соработка со програмата Култренинг на ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи за уметност и култура и Меѓунардниот театарски фестивал МОТ. Доколку сте заинтересирани за феминистичка уметност и сакате да го искусите перформансот "Мачката Елеонора", не заборавајте да ја направите претходната резервација на tiiiit.inc@gmail.com . Активности на Платформата во 2023 година: Сакаме исто така да ги истакнеме поддршките на The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на Република Северна Македонија, без кои овој проект немаше да биде можен. 🐈✨ претходно следно

  • Карди Би и Офсет не се повеќе заедно...повторно

    Гето бајката заврши. сите вести Карди Би и Офсет не се повеќе заедно...повторно Гето бајката заврши. 12 дек. 2023 г. Според Карди Б , таа е сингл. Рано наутро во понеделникот (11 декември), Карди отиде на Инстаграм во живо за да им каже на фановите дека таа и Офсет повеќе не се заедно откако на социјалните мрежи се појавија гласини за нивното раскинување минатата недела. „Веќе сум сингл цела минута, ама ми беше страв да - не страв - едноставно не знаев како да му кажам на светот“, рече таа во клипот. „Но, чувствувам дека денешниот ден е знак. Последен пат кога бев на лајв, сакав да ви кажам но не знаев како да ви кажам, па се предомислив. Но, вака е веќе цела минута. Јас само го сфатив тоа како знак“. „Сакам да ја започнам 2024 година, свежо, отворено“, додаде таа. „Не знам. Љубопитна сум за нов живот, за нов почеток. И да, возбудена сум“. Знакот на кој Карди мислеше беше тврдењето на Блуфејс во сега избришаниот твит дека неговата поранешна девојка и мајка на неговиот син, Кришон, била интимна со Офсет. Подоцна навлезе во детали, тврдејќи дека Кришон се поврзала со раперот од Мигос во домот на Офсет и Карди во Л.А. во ноември. Кришон се чини дека ги негираше обвинувањата на Х, делумно одговарајќи дека Блуфејс „измислува срања“. Кришон Рок има цела низа драми со раперот Блуфејс Офсет, исто така, ги отфрли овие тврдењана Х со свој твит. „Никогаш не сум зборувал или допрел таа госпоѓа“, рече тој во својот демант. „Стварно човек, ти треба помош! Минатата недела, Карди Б и Офсет се отследија еден со друг на Инстаграм, што ги подгреа шпекулациите за можно раскинување. Таа, исто така, сподели криптични објав „Знаеш кога ќе надраснеш некоја врска“, гласеше првото, а потоа, „Уморна сум за да ги штитам чувствата на луѓето… МОРАМ СЕБЕ ДА СЕ СТАВАМ НА ПРВО МЕСТО! Во 2020 година, Карди поднесе барање за развод, но неколку месеци подоцна, таа го откажа. Две години пред тоа, Офсет беше во центарот на скандал со изневерување, што го натера да достави јавно извинување до Карди. Во интервју за Call Me Daddy поткастот во октомври, Офсет зборуваше за тоа како двајцата работеле пријателски за повторно да ја воспостават довербата во нивната врска. „И двајцата сме јавни личности, двајцата сме во жижата на јавноста. Престани да бидеш себичен“, рече тој. „Ти си во брак со оваа жена, биди посветен на оваа жена. И исто така, исто како да се биде покомуникативен за срања. Као, само разговараме повеќе.. Разговараме и комуникацијата е клучна. Кога не се комуницира ги заебува срањата.” Пред После

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page