top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми

    Не беше се́ во зависноста. сите вести Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми Не беше се́ во зависноста. 16 апр. 2024 г. Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, Блејк Филдер-Сивил, ги сподели своите размислувања за новиот биографски филм Back to Black (Назад на црно) , објаснувајќи дека го сметал како „терапевтски“. Филмот - во режија на Сем Тејлор-Џонсон - пристигнува во кината на 12-ти април и го следи животот на покојната пејачка. Во него глуми Мариса Абела како Вајнхаус и ги следи енергичните години на иконата и пејачка што живееше во Лондон. Во филмот, поранешниот сопруг на Вајнхаус, Блејк Филдер-Цивил, е портретиран од Џек О’Конел (Кожи,Безбожен,Љубовникот на Лејди Чатерли). Тој глуми покрај Еди Марсан, на кого му беше доделена улогата на таткото на Ејми, Мич. Појавувајќи се во денешната епизода на Добро утро Британија , Филдер-Сивил ги сподели своите размислувања за биографскиот филм и призна дека филмот го смета за „речиси терапевтски“ поради тоа како бил прикажан. Во интервјуто со водителката Кејт Гаравеј, тој рече дека некои делови од филмот го натерале да се чувствува виден „во попрецизно претставување“ на она на што е навикнат. „Не во смисла да бидам пуштен без вина, или разводнет, како што [се] алудираше... само во смисла дека не беше сè до зависноста“, рече тој. „Иако тоа беа непристојните наслови и целта на папараците, имаше зависност, но тоа беше само еден аспект. Врската започна како и секоја врска“ Пред После

  • Почнува петнаесетта сезона на Креативен викенд со конференцијата Стратегии во уметноста | diva.mk

    15.5.24 г., во 17:00 Креативен викенд, конференција Стратегии во уметноста, концерти, дебати Котур кафе и филм, Nikola Vapcarov, Скопје, North Macedonia „Креативен викенд“ веќе 15 години делува како платформа што овозможува премислување и делување градејќи мостови во уметничкиот сообраќај и културниот дијалог во регионот и пошироко. Ова издание секако ветува дека традицијата ќе продолжи со нови форми и иновации, потенцирајќи ја улогата на уметноста во современото општество. Програмата на оваа година ќе биде отворена со конференцијата „Стратегии во уметноста”. Конференцијата има за цел да проговори за тоа како може да се подобри уметничката сцена во Македонија и како може да се обезбеди подобар амбиент за уметниците. Со оваа конференција, организаторите се надеваат да охрабрат разговор и дискусија за усовршување на уметноста во Македонија и тука, но и надвор од неа. Учесниците на конференцијата вклучуваат култури работници од сите сфери, од уметници до студенти до професори, издавачи, музичари и претставници на различни културни институции и здруженија, и културните редакции од медиумите како и на новите медиуми. Темите што ќе се дискутираат вклучуваат различни проблеми и предизвици со кои се соочуваат уметниците, како и можни стратегии за подобрување на условите за творење и уметност. „На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”. Целите на оваа конференција се да се види кој со што допринесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа. Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други. За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата... Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста. Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”. - Креативен викенд „Креативен викенд” е платформа за уметниците да се соочат со своите идеи и уметност во фазата на подготвувањата. Потоа, тие ја претстават својата уметност пред широката публика. Оваа уметничка резиденција претставува добра прилика за уметниците да се изразат и да успеат да го претворат својот творечки дух во конкретна уметничка форма, да се сретнат, да заедничарат, воспоставуваат креативни, професионални и пријателски врски, со што се зајакнува силата и потентноста на културната сцена. Повеќе: Во „Котур”, на 15 мај, стартува петнаесеттата сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста” Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”: 15 мај, 2024, 19 часот во „Котур” • Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд” (Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова) Промо парти со Александар Ордев и Балтик 16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика” • Книжевност и театар Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика),Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”) Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски Концерти: Пијан Славеј Јоана Ристеска 17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња” • Сито штампа, стрип и графити Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk) Концерт на The Local Blue 18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања” • Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла) Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров) Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и КристијанНовковски) 19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија • Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа) Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид) Концерт на Алембик 20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква” • Филм и фотографија Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ Аксиотомик + lXgram + Добрила 21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск” • Институции, здруженија и простори Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура) Концерт на Филип Букуршлиев 22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија) • Медиуми и настани Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК - фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци) претходно следно

  • Кратката коса создаде голема контроверзија околу изборот на Ев Жил за Мис Франција :

    Ев Жил, Мис Нор-Па-де-Кале е избрана за Мис Франција 2024 сите вести Кратката коса создаде голема контроверзија околу изборот на Ев Жил за Мис Франција : Ев Жил, Мис Нор-Па-де-Кале е избрана за Мис Франција 2024 17 дек. 2023 г. Дваесетгодишната девојка од околината на Данкерк, ја освои титулата на Мис Франција во натпревар со околу триесет кандидатки, во саботата, 16 декември. Во нејзината родна општина, беше организиран банкет за да се следи натпреварот. Владееше одлична атмосфера. „Никој не треба да ви диктира кој сте", изјави Ев Жил, 20 години, за време на натпреварот, стоејќи непоколебливо на својот избор да ја задржи кратката пикси фризура, за разлика од другите натпреварувачки, кои традиционално имаат долга коса." Body Shaming-от (засрамување поради телото) го поднесуваме секојдневно, но тоа не е битно. Сите имаме несовршености. Секоја жена е различна, сите сме уникатни", објасни Ев Жил на прес-конференцијата. Како студентка на втора година на математика и компјутерски науки, таа ја наследува титулата од Индира Ампиот, Мис Гваделупе и Мис Франција 2023.Ева Жил објасни во живо дека "да бидам 'меѓу вас' е мојата најубава одмазда. Со моето учество сакам да покажам дека натпреварот еволуира, како и нашето општество. Претставата на жената е различна, за мене, убавината на жената не се ограничува само на фризурата или фигурата која ја имаме - или немаме. За мене, тоа е многу повеќе.""Никој не треба да ви каже кој сте или да ве стави во некоја категорија. Сакам да бидам храбра жена која се осмелува, која инспирира и крши норми. Различноста и промената понекогаш може да предизвика страв, но и обединува. И, ако имате некои сомневања, круната ми одговара многу добро, дури и со кратка коса", изјави Ева Жил, Мис Франција 24. Изборот на Мис на Франција со кратка коса и скромни облини предизвика негодување кај традиционалистите кои велат дека судиите ги прекршиле нормите за женска убавина на натпреварот. Жалбите ги преплавија социјалните мрежи откако судиите му дадоа предност на јавното гласање за крунисување на Ев Жил, во финалето на популарниот годишен натпревар, кој го гледаа седум милиони гледачи. Јавноста, чиј глас се броеше како 50 отсто од одлуката ја стави Мис Гвајана и Мис Гвадалупе пред Жил, но критичарите тврдат дека судиската комисија која е целосно женска била мотивирана од „воук“ побудите за диверзитет. Претходните победници обично беа високи со долга, лелава коса и сладострасни облини. Ниту една девојка со кратка коса досега не стигнала ни во финалето на натпреварот стар 103 години. Дел од гневните коментари на Твитер/Х гласеа „не личи на мис на Франција“ и „не ни е грижа за нејзината фризура, но андрогиното тело очигледно е таму за да служи воук агенда“. Предизвикана поради нејзината coupe garçonne фризура, таа рече: „Никој не треба да диктира кој сте. Навикнати сме да гледаме убави мисици со долга коса, но јас го избрав овој андроген, момчешки изглед со кратка коса. Сакав да зборувам за боди шејмингот што сме приморани да го поднесуваме секој ден. Сите ние имаме свои несовршености“. Таткото на Жил е од северна Франција, а нејзината мајка е од Реунион, остров во Индискиот Океан кој е прекуокеанска колонија и регион на Франција. Организаторите го поздравија изборот како победа на различноста кон која се стреми натпреварот соочени со феминистичките напади од средината на 1970-тите. Минатата година ги отфрли правилата според кои кандидатите не треба да бидат постари од 24 години, да не се во брак и никогаш да не родиле. Тие исто така го отворија натпреварот за трансродови жени. Меѓутоа, за да влезе во Мис Франција, натпреварувачката мора да биде висока најмалку 1.70m. Во текот на нивниот 12-месечен мандат, тие исто така мора да се обврзат дека нема да се здебелат, да не ја менуваат фризурата или да прикажуваат тетоважи или пирсинг. Натпреварот им пркоси на повеќегодишните кампањи со тоа што полека се реформираше и се претставуваше како феминистички и „оснажнувачки“. . Кандидатките се обично студенти или дипломки и се очекува да бидат вешти во јавно говорење. Сепак, тие сè уште парадираат во костими за капење и се оценуваат главно според нивниот изглед и традиционално женските карактеристики. Пред После

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page