top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Албумот на Канје Вест и Ty Dolla Sign Vultures 1 повлечен од Apple Music

    Долга е раката на кансел културата сите вести Албумот на Канје Вест и Ty Dolla Sign Vultures 1 повлечен од Apple Music Долга е раката на кансел културата 19 фев. 2024 г. Одисејата на новиот албум „Vultures 1“ на Је и Тy Dolla Sign, продолжува со нови препреки во однос на дистрибуцијата низ стриминг платформите. Албумот, кој беше кратко повлечен од Apple Music и iTunes во четвртокот попладне, сега се врати благодарение на Label Engine, кој сега, како што известуваат, ja презема улогата на дистрибутер.Според информациите објавени на YouTube, за албумот првично беше задолжен FUGA, кој вели дека отфрлил да го дистрибуира албумот, но првично бил доставен преку автоматизираните процеси на компанијата. По ова откритие, FUGA објави дека активно соработува со стриминг платформите за да го отстрани албумот од нивните бази на податоци. Албумот беше отстранет од iTunes и Apple Music, за една песна која интерполира парче од Дона Самер од 1977 година, „I Feel Love“, очигледно без дозвола, претходно беше избришана од Spotify. „ Кон крајот на минатата година, ни беше презентирана можноста да објавиме 'Vultures 1'. Вршејќи ја нашата обврска во редовниот тек на работата, одлучивме да не го сториме тоа“, изјави FUGA за Variety. И понатаму, компанијата објасни дека „в о петокот, 9 февруари 2024 година, еден долгогодишен клиент на FUGA достави албумот 'Vultures 1' преку автоматизираните процеси на платформата, прекршувајќи ги условите за користење на нашата услуга.“ Од Apple Music засега нема никаков коментар по повод настаните.Дистрибуцијата на „Vultures 1“ преминала во рацете на Label Engine, кој претходно бил наведен како дистрибутер за две од предизлежаните песни од албумот. Канје Вест, кој минатата година се обидуваше да најде дистрибутери по завршувањето на неговиот договор со Universal Music Group, се соочи со одбивања од повеќе компании, веројатно поради неговите антисемитски изјави. Сѐ уште не е јасно дали ова одложување на албумот се должи на неговите контроверзии или на неговата склоност констатно да го доработува својот материјал, често и откако ќе биде објавен.Проблемите со дозволите за користење на музика не стопираа само кај „I Feel Love“. Ози Озборн, исто така, во петокот изјави дека Вест користел семпл од песната на Black Sabbath без негова дозвола. „Канје Вест побара дозвола за користење на семпл од живата изведба на песната 'War Pig' од 1983 година на фестивалот во САД, без вокали, и му беше одбиено поради неговите антисемитски ставови и болката која ја предизвика на многумина“, напиша тој. „Тој сепак го користеше семплот на својата преслушувачка забава синоќа. Не сакам да имам никаква врска со овој човек!“ Случајот останува во фокусот на медиумите, со фановите и уметниците внимателно го следат развојот на ситуацијата, и со право се прашуваат – што следно за Канје Вест и неговиот проблематичен албум „Vultures 1“? Канје Вест, познат по својата способност да создава контроверзии колку што е и по својата музика, повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не заради продажба на албуми или награди. Сето ова доаѓа откако Вест јавно ја изрази своја склоност кон Хитлер, што предизвика голема негативна реакција во јавноста и одраз на неговата кариера. Оваа изјава го отвори прашањето до каде кансел културата, односно култура на откажување, може и треба да оди кога станува збор за уметниците и нивните дела. Кансел културата е социјален феномен кој се однесува на масовното повлекување поддршка за јавни личности и компании откако направиле или рекле нешто што се смета за неприфатливо. Во случајот со Канје Вест, неговите коментари беа метастазирана форма на говор на омраза што предизвика бран на критики и повлекување на поддршката од страна на фановите, колегите и деловните партнери. Иако едни сметаат дека кансел културата е неопходна за да се одржуваат јавните личности одговорни за нивните зборови и дела, други аргументираат дека оваа практика може да делува понекогаш и како лов на вештерки. Каде е границата помеѓу исправување на грешките и социјалниот еквивалент на „ смртна казна на јавните личности"? Пред После

  • Коктели и пролет: Сакура фестивал во Кантина | diva.mk

    28.4.24 г., во 15:00 japan.net.mk, сакура фестивал, кантина, саем Кантина, Radnjanska, Skopje, North Macedonia Скопје, Македонија - На 28 април, во атмосфера на пролетно расцветување и јапонскатa традиција, Кантина ќе биде домаќин на единствен настан . Промотивниот настан за претстојниот Сакура фестивал во јуни, нуди уникатен увид во изложби, кулинарство и уметност инспирирани од Ханами, традиционалното гледање на цветови. Организиран од Japan.net.mk и Кантина, настанот ветува автентично искуство каде учесниците ќе се запознаат со дел од културното наследство на Јапонија, проследено со дегустација на вкусови кои го овековечуваат овој уникатен момент во годината. Пролетта во Јапонија е синоним за расцветани црешови цветови, што го прави овој настан перфектна прослава на нови почетоци и славење на природата. Посетителите ќе имаат прилика да уживаат во специјално приготвени коктели инспирирани од Сакура, меѓу кои се истакнуваат Сакура Sour, креиран со употреба на јапонскиот UKIYO CHERRY BLOSSOM џин и Aphea Коктел, кој содржи вистински цветови. Заљубениците во азиската кујна ќе имаат прилика да уживаат во промотивни азиски специјалитети, а за слаткото задоволство предвиден е ексклузивен чизкјек со прелив од јагода. Дополнително, настанот ја збогатува и мини Ханами базар понудата каде изложувачи како Animeshop, Factory girl, Chaotic dolls и Siena ќе претстават дел од својата понуда. Љубителите на бонсаи дрвца ќе најдат интерес во изложбата организирана од Bonsai trees Macedonia, Mansa bonsai и Tomas bonsai кои ќе ја разубават атмосферата со дел од своите уметнички колекции. Настанот е отворен за посетителите со почеток во 17 часот, на 28 април 2024 година, во просториите на Кантина. Влезот е слободен за секој кој сака да ја живее магијата на јапонската култура и да почувствува енергијата на пролетта. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно културно искуство, каде духот на Јапонија ќе оживее во срцето на Скопје. претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page