top of page

Резултати од пребарување

5233 results found with an empty search

  • Кање Вест под притисок: Еврејски организации со осуда за антисемитизам во Vultures

    Раперот е во линија на оган: неговиот комфорен простор сите вести Кање Вест под притисок: Еврејски организации со осуда за антисемитизам во Vultures Раперот е во линија на оган: неговиот комфорен простор 30 ное. 2023 г. Неодамнешниот обид на Је да ги побие тврдењата дека е антисемит не поминува посебно добро кај еврејските организации во САД. Контроверзијата околу песната на Кање Вест, "Vultures," засегна еврејски организации кои го осудија раперот и дизајнер поради некои експлицитни делови во текстот. Тие изразија загриженост но и ги разбесни групите како Американскиот еврејски комитет, кој го смета текстот за „патетичен и тажен“. Портпаролот на AЕК, Ричард Хиршхаут, истакна дека неговите стихови се „непростливи“.„Да се разгори пламенот на антисемитизмот и да се промовира таква жолчност кај неговите милиони следбеници, особено во ова тензично и опасно време за еврејската заедница, е непростливо“, рече Хиршхаут. поради можни толкувања на стиховите кои би можеле да бидат навредливи кон еврејската заедница. Односно, Кање Вест стана објект на јавна дебата и критика, што може да влијае на неговиот углед и односите со некои малцински заедници. За контроверзниот текст имаше што да каже и Анти-дефамациската лига,. Не се изненадени од стиховите , но и не беа среќни што ги слушаат. Портпаролот на лоби групата го нарече Је „непокајнички антисемит и очигледно мизогинист“. „Во време на растечки антисемитизам ширум светот, одвратно е да се види како Кање уште еднаш ја користи својата платформа за да плука омраза кон Евреите“, рече портпаролот. Делови од текстот на песната се теми на различни толкувања, но еврејските организации издвојуваат одредени пасуси кои сметаат дека можат да создадат негативни конотации. Целосната ситуација привлече внимание кон слободата на изразување и ограничувањата што може да се наложат во изразувањето на уметничката креација. Уште еднаш се сретнуваме (во морето вести) за значењето на внимателното изразување во уметноста и јавниот просторот. Тоа ја отвора дебата за цензурата во музиката и границите на слободата на уметничкиот израз во современото општество. DJ Pharris дебитираше со новата песна „Vultures“ за време на неговото шоу во петокот вечерта на радио станицата во Чикаго Power 92. Покрај Кање, на песната се и Ty Dolla $ign, Bump J и Lil Durk. Комплекс магазинот прв ја објави веста на социјалните мрежи. Вест директно се осврна на своите контроверзни коментари со вжештувачки стихови, како: „Како тоа сум антисемитист? Само што изебав една еврејска кучка“. Кариерата на Вест целосно излезе од колосек по бизарното појавување во ток-шоуто на Алекс Џонс „Infowars“ во декември, во кое тој го пофали Хитлер и правеше антисемитски шеги на сметка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тоа го заокружи повеќемесечен медиумски блиц исполнет со антисемитски коментари кои резултираа со комплетно деплатоформирање како отстранување на Твитер, Адидас ги прекина деловните односи со него, CAA да го отфрли како клиент и стопирање на снимање документарен филм за него. Вест минатиот октомври изјави дека изгубил 2 милијарди долари за еден ден поради неговиот говор на омраза. Ty Dolla Sign неодамна проговори за неговата соработка со Вест, откривајќи дека тие работат на колаборативен албум. „Само што слетав од Саудиска Арабија. Бев таму за да снимам дел од мојот албум со братот Је, и набрзо ќе излезе.“ Пред После

  • 2 Мирко Попов | diva.mk

    < Back 2 Мирко Попов ,, Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња. Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам! Киднавме од ланец, и каква среќа - го сретнавме Мирко Попов! Вториот дефинирачки гостин, слично на институцијата „втор албум“ е Мирко, кој е еден од оние ликови кои или го мразиш или го сакаш, и трето нема и во „Брза кучка“ верен на себе, и на формата дава одличен материјал и за обете групи луѓе. Мирко Попов не се извинува за своите ставови, ниту за она кој е. За оние што го сакаат: ќе чујат какво дете бил малиот Мирко, зошто сака, едноставно ОБОЖАВА да пишува, но зазира од идентитетот „македонски поет/писател“, ќе не́ потсети зошто и покрај лошата навика да кукаме, имаме зошто да бидеме среќни па и горди, за неговата хиперпродуктивност, за соработката со младата сцена со платоформата „Силата еу младите“ и што има научено од младата генерација креативци, за Јанг Дади, за поп културата, зошто мисли дека е мета на тролови, и - ПМГ народна (изданија на народна музика )- е реалност! За оние кои сакаат да го мразат - ќе бараат напорно причини за тоа и ќе најдат еден тон, затоа што не се штедеше кога распали, но и ги разговаравме неговите најконтроверзни моменти како повикот да се запалат сите цркви и „дијагноза-гејт“. Сето ова го зборувавме во утрото кога осамна веста дека неонскиот натпис „Ние сме од Скопје“ (инспириран од песна на ПМГ) одмазднички е симнат од МКЦ. Па не гледаме посовршен момент да го чуеме Мирко - па да го слушнеме ! 00:22 - Мирко пишува, зборови еден тон. 07:04 - Кочо Рацин е комплетна несреќа. 14:00 Хиперпродуктивен од клинец - мора да се работи за ПМГ да го прошири полето на делување. 20:06 - Визијата е побитна од егото. 20:18 - Работа со младите креативци. 23:10 - ПМГ работи со поп артисти - критиките се резултат на ограниченост. 26:05 - Јанг Дади - еден од највоспитаните, образовани, младиќи, му помага на Мирко во работата. 29:00 - Зошто Мирко е мета на тролови уште како дете? Ја бара причината и во себе. 34:02 - За скандалот „Сите цркви да се запалат“ : „Јас доаѓам од попска фамилија...“ 37:50 - На Македонците црквата им е неопходна. 43:22 - За скандалот „Дијагноза“: Скопје може да биде Лондон, Берлин. 46:25: „И онда бев поканет да зборувам на едно политичко rally" 56:00 - Распеани Валандовчани на КСП Центар - Јадро, а автор и водител е Ана Чушкова. Инстаграм Дива Фејсбук Брза Кучка. КСП Центар Јадро Дива Мисла Плимата ги подига сите бродови: доколку сакате да и́ помогнете на Брза кучка да продолжи да функционира и да стане платформата на која ќе може да се забележи и промовира македонската независна културна сцена: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support . Лени Галерија претходна Следна

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page