Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Иван Аџиевски изложува „Форми на системот“ во КСП Центар-ЈАДРО | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%E2%80%9E%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82%E2%80%9C-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%81%D0%BF-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Иван Аџиевски, изложба, КСП Центар-Јадро, артивизам 14.11.24 г., 18:00 Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност. На 9-ти декември 2023 година, сабота, со почеток во 19:00 часот , Културно-социјалниот простор Центар-ЈАДРО во Скопје ќе го претстави самостојниот творечки напор на Иван Аџиевски, изложбата „Форми на системот“. Мултимедијалната концептуална изложба претставува обид да се критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем преку ликовната уметност, инсталации, скулптура и видеопроекции. Авторот праќа порака за надминување на корупцијата, која се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава. Во изложбата, корупцијата се гледа не само како морално штетна, туку и како причина за нефункционирање на институциите и сериозен економски и политички проблем. Аџиевски го користи своето уметничко изразување за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата. Изложбата овозможува на уметниците, активистите и новинарите креативно да се вклучат во антикорупциските прашања, создавајќи меѓусекторски релации и го подобрувајќи разбирањето за улогата на креативната акција во влијание на перцепцијата на јавноста за корупцијата. Целта на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста на правниот систем, стимулирајќи свест за овој проблем како пречка за евроинтеграција. Изложбата вклучува уметнички слики изработени во различни формати, алуминиумски и бакарни плочи со принтани цитати од актуелното позитивно право, како и скулптура која симболизира неправичниот корумпиран судски систем. Инсталации со пораки на активисти против корупцијата и видеопроекции заокружуваат авторската изложба. Иван Аџиевски: Од правник до уметник на креативниот Фронт Скопскиот уметник и бивш правник, Иван Аџиевски, ќе го претстави својот последен творечки напор во вид на самостојна изложба наречена „Форми на системот“. Роден во 1985 година, Аџиевски заврши правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2009 година, но неодоливата потреба за самоизраз во уметноста го наведе на сликарската сцена во 2018 година. Со својата последна изложба, „Форми на системот“, Аџиевски создава мултимедијално уметничко искуство кое преку сликарство, инсталации, скулптури и видеопроекции обидува се да ја илustrира и критикува реалната состојба на коруптивниот неправичен систем. Неговата уметност не само што ја прикажува корупцијата како општествено зло, туку и поттикнува граѓанска акција и дијалог за надминување на овој сериозен економски и политички проблем. Од своите први изложби, како „Beauty Spot“ и „Beauty Spot II“, до најновата концептуална изложба, Аџиевски ги претставува различните аспекти на својата уметничка личност. „Форми на системот“ не само што го илустрира креативниот потенцијал на уметноста, туку и го вклучува граѓанскиот ангажман и свеста за проблемите во друштвото. . Отворањето на изложбата „Форми на системот“ е закажано на 9 декември, Светскиот ден за борба против корупцијата, во КСП Центар-ЈАДРО. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- TikTok активисти преплавија про-живот сајт со лажни дојави, TikTok активисти преплавија про-живот сајт со лажни дојави, tiktok-активисти-преплавија-про-живот-сајт-со-лажни-дојави
Тексас го стави во ефект „Тексашки акт на срцебиење„ после шест недели. Доколку личност се одлучи на абортус (во овој период многу жени не се свесни дека се бремени) ќе биде забрането. Звучи поетично, емотивно но е груба манипулација. Американскиот колеџ на обстретичари и гинеколози кажаа дека терминот „Срцебиење е лага, во овој стадиум она што е детектирано е порција на ткиво кое допрва би било срцето, како се развива ембрионот„. Тексашкиот нов закон има необичен, но убаво смислен пристап. Им дава моќ и финансии на граѓани, физички лица во македонската терминологија, да гонат било кого што извршува, но и кој „помага и овозможува илегални абортуси„. На пример, другарката или член од семејство кој би ја возел жената на процедурата. Зошто е вака формулиран? Бидејќи лоби групите кои влечат корени во култови, екстремистички религиозни групи се исклучително мотивирани да се занимаваат со овој тип теми, и со тоа да си ги промовираат догмите. Еден пример е сајт кој се нарекува себе „Свиркачи„. Прикачил формулари за да охрабрува луѓе да цинкарат жени кои се одлучиле на овој чекор, со цел потоа да ги малтретираат. Тука настапува Sean Black, тиктокер кој првично преку видео на апликацијата охрабрувал да го спамираат сајтот со лажни дојави. Но, не застанал овде, и ја развил идејата. Направил бот кој поднесува лажни дојави секои 10 секунди. Кога му ја банирале IP адресата, имал поднесено 300 приговори. По сето ова направил IOS кратенка која сите можат да ја користат и автоматски да поднесуваат лажни пријави, кои дури користат локални поштенски кодови за дополнителна наводна автентичност, што би направило невозможно да ги разликуваат автентичните од бот пријавите. Практично им го срушиле механизмот на цинкарење. 5000 луѓе од средата до сега пристапиле на шорткатот. Други активисти го поплавиле сајтот со мемиња. Кимберли Шварц гласноговрничката на „Право за живот„ рече дека тие „ги очекувале овие реакции и биле подготвени за сите тролови кои би дошле на сајтот„ ... Мхм, сигурно... Засега сајтот ставил капча за заштита, а Black кажува дека работи да ја надмине сопката. Други знаменити тикток активисти се к-поп фановите (корејски поп), најчесто на возраст помеѓу 12 и 16 години, кои се прилично наапани на политички теми. Добија глобален аплауз откако откупија пола сала за митинг на Trump, која остана полу-празна... Знаеме дека тоа го болеше...
- Grimes го откажа настапот на World Pride поради семејни проблеми, Grimes го откажа настапот на World Pride поради семејни проблеми, grimes-го-откажа-настапот-на-world-pride-поради-семејни-проблеми
Музичарката Грајмс ( Grimes) ја откажа својата планирана изведба на престојниот фестивал World Pride во Вашингтон, закажан за 7 јуни, со образложение дека мора да се справи со „семејни проблеми“. Веста ја соопшти преку социјалната мрежа X (поранешен Twitter), изразувајќи жалење кон фановите и ветување дека наскоро ќе им се оддолжи. „Многу ми е жал и искрено жалам што морам да го откажам настапот на Pride поради семејни околности. Свесна сум дека ова е разочарување за фановите и правам сѐ што можам да осигурам дека ова нема да се повтори,“ напиша Грајмс. „Сепак, мислам дека шоуто ќе биде одлично — настапува фантастична постава. Се надевам дека оваа најава е доволно навремена за оние што сакаат да ги променат своите планови.“ На фестивалот, кој е наменет за ЛГБТКИА+ заедницата, како хедлајнери настапуваат Џенифер Лопез и Трој Сиван. Но уште од најавата на Грајмс во февруари, нејзиното присуство на листата беше предмет на јавна дебата — главно поради нејзината поранешна врска со контроверзниот техно-магнат Илон Маск и шпекулациите за нејзина поврзаност со десничарски кругови. Коментарите на Instagram објавата од фестивалот не беа воопшто благонаклонети: „Ама зошто баш Грајмс? Од кога белите супремасисти се поканети на прајд?“, пишува еден корисник. „Дали ќе го донесе и Илон Маск со неа?“, прашува друг. Критиките кулминираа кога активистката Хоуп Гизел, транс жена и застапничка за права од Вашингтон, јавно се огласи преку Instagram Live: „Грајмс буквално има деца со Илон fucking Маск — човекот кој прави сѐ за да нѐ натера да се чувствуваме мали. И вие решивте да ѝ дадете сцена веднаш под хедлајнерите? Тоа нема смисла,“ изјави таа. Контроверзијата ескалираше и откако Washington Blade објави дека Грајмс наводно била видена на забава организирана од десничарски кругови во барот Butterworth’s — локација која Washington Post ја опиша како MAGA прибежиште, особено популарна меѓу симпатизерите на поранешниот претседател Доналд Трамп. Иако Грајмс и Маск официјално се разделија во 2021 година по тригодишна врска, таа сѐ почесто јавно го критикува неговото родителство и политички изјави. Тензиите дополнително се зголемија кога Маск го однесе нивниот син Лил Икс во Белата куќа на состанок со Трамп, што Грајмс го осуди, велејќи дека го „молела“ Маск да ги држи децата подалеку од јавноста. Минатата година таа дури и го тужеше Маск за старателство врз нивниот син Тау, и изјави дека „не го видела едно од своите деца цели пет месеци“. Во ноември 2023, нејзината мајка јавно апелираше до Маск да дозволи нејзината 93-годишна мајка да ги види правнуците „барем уште еднаш пред да почине“. Иронично, и покрај тоа што Маск ја поддржува политиката на Трамп која директно ги напаѓа правата на ЛГБТКИА+ граѓаните — вклучително и укинување на употребата на правилни заменки и прекин на финансирање на DEI иницијативите — Грајмс јавно ја поддржа неговата трансродова ќерка Вивијан, која целосно се откажа од татко ѝ. „Ја сакам и бесконечно сум горда на Вивијан,“ напиша Грајмс на X. Откажувањето на настапот доаѓа како олеснување за многумина во заедницата, кои сметаа дека нејзиното присуство е неусогласено со вредностите што ги застапува Pride. Од друга страна, има и такви кои изразуваат жалење што не ја гледаат Грајмс на сцена, со оглед на нејзината музичка оригиналност и влијание врз алтернативната поп сцена. Фестивалот World Pride сепак продолжува според планот, со Џеј Ло и Трој Сиван како централни имиња, додека организаторите допрва треба да соопштат дали и со кого ќе биде пополнето испразнетото место на Грајмс. Извор: Washington Blade, Instagram, X/Twitter
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



