Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Резолуција #1: Ќе држам диета, Резолуција #1: Ќе држам диета
На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. < Назад Резолуција #1: Ќе држам диета На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Престани да пушиш - Вежбај повеќе - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! - Вежбај повеќе: Имам орбитрек, речиси неупотребен за шиткање. Претходна Следна
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Ново издание од ПМГЏез во Лаб Кафе со концерт на Светлост | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%BC%D0%B3%D1%9F%D0%B5%D0%B7-%D0%B2%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B1-%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Промоција, ПМГЏез, Крај Вардарот сесии во Аудиокултура, Концерт, Светлост 14.11.24 г., 18:00 Ќе биде промовиран "Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура. “ Оваа сабота, Лаб Кафе ќе биде домаќин на промоцијата на 45-то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез, албумот Албумот е снимен целосно во живо во Аудиокултура, интимен концертен простор во Скопје, и е резултат на седум концерти организирани од ПМГЏЕз во соработка со извонредните домаќини. Ова е вториот македонски албум во живо после четири децении - откако го слушнавме "Акустична Траума" на Леб и Сол од 1982 година. Во саботната вечер, посетителите ќе имаат можност да уживаат во живата изведба на извонредниот џез бенд Светлост, вистинска перјаница на ПМГЏез. Светлост ќе настапат со нов материјал и во својот базичен трио формат, што ќе допринесе за уште поголем впечаток на настанот. https://www.youtube.com/watch?v=EzMqNEOUCwk Освен прекрасната музика, посетителите ќе имаат можност да купат плочи по промотивни цени. Мирко Попов објаснува: Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура е 45то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез. Се работи за албум снимен целосно во живо, во најдобриот скопски интимен концертен простор, Аудиокултура. Седум концерти, курирани од ПМГЏЕз, организирани во соработка со извонредните домаќини, кои дадоа неверојатно квалитетен материјал, од кој произлезе овој единствен жив македонски жив албум, по “Акустична Траума“ на Леб и Сол од 1982. За реализација на ова извонредно парче винил, од големо значење беше продлабоченото разбирање на софистицираната култура на господата од Божиновски (часовници и накит), кои беа третиот партнер во реализацијата на овој проект. Современа квалитетна македонска музика има многу, но мал дел од неа се наоѓа на винил. Вљубениците во квалитетниот звук добро разбираат што ова значи. Напорите на ПМГЏез се секогаш во правец на подигање на квалитетот на понудата, а ова парче винил ги има сите атрибути на актуелниот македонски соничен, но и модерен културен идентитет. Неочекувана музичка комбинација, спој на навидум неспоиви практики и артисти, вистинска награда за пребирливите слушатели. Плоча која едноставно мора да ја имате. Проблемот е што има многу малку копии. Затоа побрзајте да ја набавите на оваа промоција, со оглед на тоа дека не можеме да гарантираме дека ќе биде достапна понатаму. Оваа саботна вечер во Лаб Кафе, освен прекрасна музика и плочи по промотивна цена, ќе можете да уживате и во настапот во живо на извонредниот џез бенд СВЕТЛОСТ, вистинска перјаница на дискографската куќа ПМГЏез. Светлост ќе се претстават со нов материјал, а ќе настапат во нивниот базичен трио формат. Звучи одлично, ќе се сложите. Повелете во Лаб Кафе - во живо звучи уште боље... следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Провокативна проекција - „Молкот на разумот“ отвара дискусија за жртвите на војната | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0---%E2%80%9E%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82%E2%80%9C-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B6%D1%80%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Молкот на разумот, Филм, Дискусија, Кино Фросина, КумјанаНовакова 14.11.24 г., 18:00 „Молкот на разумот“ - Филмска Одисеја за сведоштвото на ужасите на војната и дискусија На 12 декември, 20 часот, Кино „Фросина“, Младински Културен Центар , скопската публика - онаа посветената на културниот живот на градот, се подготвува за филмско искуство кое е најавено дека ќе ја потресе и размрда историската свест. Silence of Reason / Молкот на разумот е филм на режиската Кумјана Новакова, која ќе го претстави своето искуство на специјална проекција на 12 декември, со почеток во 20 часот, во Кино „Фросина“ во Младински Културен Центар. Ова не е обична проекција - Молкот на разумот е форензички видеоесеј што се издигнува како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување и воено сексуално ропство како форми на тортура и злосторство против човештвото. 🔗 Билети по цена од 200 денари: [Купете тука]( https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1348 ) 🔵 По проекцијата, ве покануваме на дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. 👁🗨 „Молкот на разумот“ го користи форензичниот пристап во видео формат, истражувајќи искуствата на жените изложени на насилство во логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина. Тие искуства стануваат колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот. 🏆 Филмот веќе освои признание на меѓународниот фестивал „Envision“ на ИДФА во Амстердам, Филмскиот фестивал во Сараево, и Филмскиот авторски фестивал во Белград. Режија: Кумјана Новакова Сценарио: Кумјана Новакова Монтажа: Јелена Максимовиќ Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев Продукција: Кумјана Новакова Продукција: „Медеа“ Копродукција: „Pravo Ljudski“ VFX: Нувит Бингол 🔵 Биографија на режисерката: Кумјана Новакова, со потекло од Југославија, работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е ко-основач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево и го води филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје. Како авторка, истражува врз идентитети, сеќавања и колективно јас преку филм и видеоуметност. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ беше во потесниот избор за наградите на Академијата. Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова важно искуство и да ја допринесете во дискусијата за важните теми што филмот ги третира. Се гледаме во кино „Фросина“ на 12 декември во 20 часот! следно



