Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Ново издание од ПМГЏез во Лаб Кафе со концерт на Светлост | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%BC%D0%B3%D1%9F%D0%B5%D0%B7-%D0%B2%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B1-%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Промоција, ПМГЏез, Крај Вардарот сесии во Аудиокултура, Концерт, Светлост 14.11.24 г., 18:00 Ќе биде промовиран "Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура. “ Оваа сабота, Лаб Кафе ќе биде домаќин на промоцијата на 45-то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез, албумот Албумот е снимен целосно во живо во Аудиокултура, интимен концертен простор во Скопје, и е резултат на седум концерти организирани од ПМГЏЕз во соработка со извонредните домаќини. Ова е вториот македонски албум во живо после четири децении - откако го слушнавме "Акустична Траума" на Леб и Сол од 1982 година. Во саботната вечер, посетителите ќе имаат можност да уживаат во живата изведба на извонредниот џез бенд Светлост, вистинска перјаница на ПМГЏез. Светлост ќе настапат со нов материјал и во својот базичен трио формат, што ќе допринесе за уште поголем впечаток на настанот. https://www.youtube.com/watch?v=EzMqNEOUCwk Освен прекрасната музика, посетителите ќе имаат можност да купат плочи по промотивни цени. Мирко Попов објаснува: Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура е 45то по ред издание на дискографската куќа ПМГЏез. Се работи за албум снимен целосно во живо, во најдобриот скопски интимен концертен простор, Аудиокултура. Седум концерти, курирани од ПМГЏЕз, организирани во соработка со извонредните домаќини, кои дадоа неверојатно квалитетен материјал, од кој произлезе овој единствен жив македонски жив албум, по “Акустична Траума“ на Леб и Сол од 1982. За реализација на ова извонредно парче винил, од големо значење беше продлабоченото разбирање на софистицираната култура на господата од Божиновски (часовници и накит), кои беа третиот партнер во реализацијата на овој проект. Современа квалитетна македонска музика има многу, но мал дел од неа се наоѓа на винил. Вљубениците во квалитетниот звук добро разбираат што ова значи. Напорите на ПМГЏез се секогаш во правец на подигање на квалитетот на понудата, а ова парче винил ги има сите атрибути на актуелниот македонски соничен, но и модерен културен идентитет. Неочекувана музичка комбинација, спој на навидум неспоиви практики и артисти, вистинска награда за пребирливите слушатели. Плоча која едноставно мора да ја имате. Проблемот е што има многу малку копии. Затоа побрзајте да ја набавите на оваа промоција, со оглед на тоа дека не можеме да гарантираме дека ќе биде достапна понатаму. Оваа саботна вечер во Лаб Кафе, освен прекрасна музика и плочи по промотивна цена, ќе можете да уживате и во настапот во живо на извонредниот џез бенд СВЕТЛОСТ, вистинска перјаница на дискографската куќа ПМГЏез. Светлост ќе се претстават со нов материјал, а ќе настапат во нивниот базичен трио формат. Звучи одлично, ќе се сложите. Повелете во Лаб Кафе - во живо звучи уште боље... следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Провокативна проекција - „Молкот на разумот“ отвара дискусија за жртвите на војната | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0---%E2%80%9E%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82%E2%80%9C-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B6%D1%80%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Молкот на разумот, Филм, Дискусија, Кино Фросина, КумјанаНовакова 14.11.24 г., 18:00 „Молкот на разумот“ - Филмска Одисеја за сведоштвото на ужасите на војната и дискусија На 12 декември, 20 часот, Кино „Фросина“, Младински Културен Центар , скопската публика - онаа посветената на културниот живот на градот, се подготвува за филмско искуство кое е најавено дека ќе ја потресе и размрда историската свест. Silence of Reason / Молкот на разумот е филм на режиската Кумјана Новакова, која ќе го претстави своето искуство на специјална проекција на 12 декември, со почеток во 20 часот, во Кино „Фросина“ во Младински Културен Центар. Ова не е обична проекција - Молкот на разумот е форензички видеоесеј што се издигнува како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување и воено сексуално ропство како форми на тортура и злосторство против човештвото. 🔗 Билети по цена од 200 денари: [Купете тука]( https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1348 ) 🔵 По проекцијата, ве покануваме на дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. 👁🗨 „Молкот на разумот“ го користи форензичниот пристап во видео формат, истражувајќи искуствата на жените изложени на насилство во логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина. Тие искуства стануваат колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот. 🏆 Филмот веќе освои признание на меѓународниот фестивал „Envision“ на ИДФА во Амстердам, Филмскиот фестивал во Сараево, и Филмскиот авторски фестивал во Белград. Режија: Кумјана Новакова Сценарио: Кумјана Новакова Монтажа: Јелена Максимовиќ Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев Продукција: Кумјана Новакова Продукција: „Медеа“ Копродукција: „Pravo Ljudski“ VFX: Нувит Бингол 🔵 Биографија на режисерката: Кумјана Новакова, со потекло од Југославија, работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е ко-основач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево и го води филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје. Како авторка, истражува врз идентитети, сеќавања и колективно јас преку филм и видеоуметност. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ беше во потесниот избор за наградите на Академијата. Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова важно искуство и да ја допринесете во дискусијата за важните теми што филмот ги третира. Се гледаме во кино „Фросина“ на 12 декември во 20 часот! следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Бритпоп легендите Oasis најавуваат повторно обединување по 15 годишна војна помеѓу браќата, Бритпоп легендите Oasis најавуваат повторно обединување по 15 годишна војна помеѓу браќата, бритпоп-легендите-oasis-најавуваат-повторно-обединување-по-15-годишна-војна-помеѓу-браќата
По петнаесет години раздори и јавни препукувања, еден од најславните британски бендови на деведесеттите - Oasis, кој го предводат браќата Liam и Noel Gallagher, официјално објави турнеја која ќе се одржи во 2025 година. Оваа изненадувачка вест следува по низа загатки и шпекулации ширени низ социјалните мрежи и медиуми, и конечно е потврдена на веб-страницата на бендот. Во својата златна ера, Oasis беа синоним за Britpop феноменот, оставајќи зад себе безвременски хитови како „Wonderwall“, „Live Forever“ и „Champagne Supernova“. Нивниот деби албум „Definitely Maybe“ излезен во 1994 година, веднаш завладеа со врвовите на британските музички листи, означувајќи го како најава за новата ера на англискиот рок. Оваа обновена соработка помеѓу браќата Gallagher најавува спектакуларно враќање на музичката сцена, со планирани концерти во цела Британија и Ирска, вклучувајќи и најмалку четири вечери во легендарниот стадион во Вембли, Лондон. Според изјавата на бендот, подготовките за турнејата се во тек и ќе се прошират и на други континенти надвор од Европа во текот на следната година. Иако деталите за точните датуми и места сè уште не се објавени, верните обожаватели веќе започнаа да ги чувствуваат вибрациите на возбуда. Потегот дојде како пријатно изненадување откако во текот на викендот, групата ги остави првите знаци за важната најава преку нивните социјални мрежи, што ги стави медиумите и фановите на нозе. После многу години прекин поради непрестаните бурни размирици помеѓу браќата, Oasis ќе се обидат да го пресоздадат магичниот музички момент кој го имаа во 1990-тите. Двајцата браќа продолжија со своите музички кариери после распаѓањето на бендот, создавајќи своја музика независно еден од друг, и секој со различно ниво на успех. Дополнително, заедно со најавата за турнејата, групата исто така најави издавање на 30-годишно јубилејно издание на нивниот деби албум „Definitely Maybe“, кое ќе вклучува траки што долго се сметаа за изгубени.
- Филмска проекција на „The Hip – Brainstorm во Дуња | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%E2%80%9Ethe-hip-%E2%80%93-brainstorm-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D1%83%D1%9A%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан 14.11.24 г., 18:00 Носталгично патување низ епохата на алтернативната музика во Македонија Вечерва( 22-ри декември), Социјален центар Дуња ќе биде домаќин на филмската проекција на „The Hip – Brainstorm“, режиран од Јане Алтипармаков. Овој филм е поглед кон минатото, кон една разгорена алтернативна музичка сцена во Македонија, од која произлегуваат бендови кои оставиле траен печат врз нашата музичка историја. "The Hip" и останатите музички групи кои се спомнуваат во филмот, направиле значајна прогресивна промена во младинската култура. Филмот ни дава увид во нивното „раѓање“, патешествието и ефектите на нивната музика кои сè уште перзистираат денес. Во филмот учествуваат бројни познати имиња од македонската алтернативна сцена кои дискутираат и анализираат нивните музички дела и текстови. Исто така, филмот го анализира и општествено-политичкиот контекст во кој овие музичари твореле, овозможувајќи ни да добиеме подлабок увид во оваа важна ера на македонската музика. Оваа проекција е идеална можност за сите оние кои сакаат да се потсетат на оваа влијателна ера во македонската музичка историја, како и за сите оние кои сакаат да се едуцираат и да дознаат повеќе за неа. Со својата анализа на музичките дела и текстови, филмот овозможува едукација, но исто така е и носталгичен. Не го пропуштајте ова носталгично патување низ епохата на алтернативната музика во Македонија. Дојдете во Социјален центар Дуња на 22-ри декември во 19:00 часот. Филмот ќе се прикажува со превод на англиски јазик, а по дискусијата ќе слушаме алтернативна рок музика. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



