Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Howard Stern не го штедеше Новак Џоковиќ!, Howard Stern не го штедеше Новак Џоковиќ!, howard-stern-не-го-штедеше-новак-џоковиќ
Но дали помина линија со исмејувањето на акцентот и коментарот за Дракула?
- Промоција на публикацијата „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ | diva.mk
16.2.24 г., 19:00 Музеј на современа уметност, Горчлив шеќер, промоција, Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Гелевски, Протерани од Рајот Музеј на современа уметност, Samoilova, Skopje, North Macedonia Во сабота, на 16 фебруари, од 20 часот, бидете дел на промоција на публикацијата „Горчлив шеќер“ на еден од нашите најреномирани уметници Ѓорѓе Јовановиќ. Настапот ќе биде дополнет со промоција и дискусија во која ќе учествуваат Никола Гелевски и кураторот на изложбата, Владимир Јанчевски. Но, овој настан не се застанува само на разговор и изложба. По завршување на промоцијата и дискусијата, ќе имаме привилегија да уживаме во музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“, изведен од Џијан Емин и Георги Шарески. И сè ова ќе се случи во самите изложбени простории каде што публиката ќе може да ужива во уметност во сите нејзини форми на самата локација. Ве очекуваме во Музејот на Современа Уметност во 20 часот. претходно следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Архитектура на суетата: од „Arc de Trump“ до „Скопје 2014“, Архитектура на суетата: од „Arc de Trump“ до „Скопје 2014“, архитектура-на-суетата-од-arc-de-trump-до-скопје-2014
Во политиката, архитектурата ретко е недолжна. Секој лак, секој купола, секоја камена фигура е дел од една интимна држава на имагинацијата. Зад секој триумфален лак стои човек кој сака да го надмине својот век. Замислете ја сцената: во Овалната соба на Белата куќа, Доналд Трамп со задоволство го крева моделот на бела арка, објаснувајќи ѝ на групата донатори дека „најдобро изгледа кога е големо“. Сите се смеат, а еден новинар прашува: „За кого е оваа капија?“ „За мене,“ одговара Трамп, без трошка иронија. Сцената изгледа скоро како перформанс: американскиот претседател, опкружен со минијатури на сопствената суета, зборува за архитектура со реченици на бизнисмен кој продава квадратни метри од бесмртност. „Arc de Trump“ триумфална арка за жив лидер, за време на неговиот мандат, звучи како пародија на империјален сон. Но и како повторување на нешто веќе видено: бел лак со релјефи од митска историја, подигнат во центарот на град, во обид да се претвори нацијата во наратив со автор. Во тој момент, некаде далеку, на другиот крај од светот, стои речиси идентична капија: Порта „Македонија“. Изградена во 2012 година, висока 21 метар, декорирана со бронзени коњи, војници и гравури на митски претци. Обете, и Трамповата арка и нашата, се проекции на ист архетип: неоимперијален кич стил што ја симулира моќта на минатото за да ја легитимира слабоста на сегашноста. Триумфалната арка е наједноставната архитектонска лага. Во антички Рим, лаковите биле поставувани на патиштата по воени победи, врата кон градот и кон вечноста. Тит, Константин, Наполеон, сите тие знаеле дека за да владееш со луѓето, мораш да владееш со нивното чувство за простор. Но во демократскиот век, арките стануваат анахронизми. Денес, тие повеќе не означуваат триумф, туку копнеж по него. Во Скопје, арката ја слави независноста, но без победа, без борба. Во Вашингтон, арката се гради за слобода која одамна е симболичка и одвоена од секојдневната реалност. Овие зданија не се меморијали на триумфот, туку архитектонски авто-портрети на власта. Кога Трамп ја подига својата арка, тој не ја слави Америка, туку себе како идеја на Америка. Кога Груевски го подига својот проект „Скопје 2014“, тој не ја слави историјата, туку сопствената улога во неа. Архитектурата тука не е функција таа е перформанс. Секој лидер што гради споменик за себе ја претвора државата во огледало. Парадоксот е дека и Трамп и Груевски инсистираат дека тоа е „волјата на народот“. Дека арката е за сите, не само за нив. Но луѓето под лакот не минуваат како триумфатори туку како статисти во туѓа драма. Проектот „Скопје 2014“ беше масовен архитектонски експеримент во колективна психа. Десетици неокласични фасади, бронзени фигури, нимфи, лавови, цел еден театар во кој државата глуми да е стара империја, закопувајќи го минатото и историјата која е вредна за почит и сакање. Новите градежници сосема слепи и глуви за нејзе. Трамп ја повторува истата психодрама: арката како терапија за нација што се плаши дека нејзиниот зенит е зад неа. Тоа што и едниот и другиот ја бараат својата инспирација во античкиот Рим, не е случајно. Рим е митот на вечноста. Но секој што се идентификува со Рим заборава дека тој град паднал, не од непријател, туку од тежината на сопствената митологија. Кога власта зборува за „величественост“, архитектите се повлекуваат. Во Скопје, струката беше исмевана како елитистичка; во Вашингтон, Американскиот институт на архитекти предупреди дека уредбата на Трамп го ограничува креативниот израз. Но токму тука лежи суштинскиот конфликт: вкусот на народот наспроти вкусот на историјата. Популизмот секогаш ја сака архитектурата што може да се фотографира. Мермерот мора да свети, куполата да личи на небо, бронзата да тежи колку авторитетот што недостига. Во Скопје тоа беше спектакл на визуелна врева; во Вашингтон, тоа е спектакл на форма без функција. И двете места се сведоци на истата транзиција: од архитектура како уметност, кон архитектура како огласна табла на моќта. Можеби токму затоа триумфалните капии се толку фасцинантни. Тие не се само објекти: тие се портрети на човечката суета во камен. Суетата, за разлика од арката, нема основа; таа не држи ништо, но бара да биде гледана. Трамп ја сака својата арка како потврда дека постои исто како што Груевски ја сакаше својата „Порта Македонија“. И двајцата претставуваат еден вид архитектонски нарцизам: вербата дека со доволно бетон и мит може да се задржи времето. Но времето секогаш поминува низ тие лакови и никогаш не се враќа назад. Психоаналитички гледано, триумфалната арка е симбол на премин: од смртност кон бесмртност, од поединец кон мит. Не е случајно што Трамп ја поставува својата арка на прагот на Вашингтон како врата кон главниот град, исто како што Груевски ја постави својата во срцето на Скопје. И двајцата го користат просторот како психолошки инструмент, за да кажат: „Јас сум овде, јас сум оној што ќе остане.“ Но архетипот секогаш бара цена. Она што почнува како архитектура завршува како автопортрет на пропадната идеологија. Секоја арка на крај се претвора во рамка низ која народот гледа колку малку од својата слава останало. Историјата има своја иронија: помина една декада, и спомениците од „Скопје 2014“ веќе се лупат, металот потемнува, фонтаните не работат. Трамп можеби ќе ја изгради својата арка — можеби не но на крај, и таа ќе стане позадина на некој нов селфи момент. Каменот е најтешката материја за заборав, но и најсигурното место за исчезнување. Она што е подигнато за вечност, често трае пократко од идејата што го родила. На крај, сите арки се само врати кон празнината врати низ кои човек минува надевајќи се дека ќе биде запомнет, додека времето, рамнодушно, минува во обратен правец. И можеби токму затоа, иронично, триумфалната арка е најискрениот споменик на нашата ера: не затоа што слави победа, туку затоа што открива страв. Страв од заборав, страв од историја без лик, страв дека по нас нема да остане ништо. Во Скопје и во Вашингтон, под лакот од бел камен се кријат исти сенки. Арката не е врата кон вечноста, таа е огледало. И во него, кога ќе поминеш, секогаш го гледаш истиот лик: човекот кој не може да се помири дека сѐ што гради, е минливо. А.Ч.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Стефан Миленковиќ и Профундис најавуваат заеднички концерт во Скопје | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5---?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Македонска филхармонија, Стефан Миленковиќ, Профундис 14.11.24 г., 18:00 Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ во Филхармонија На 20 септември, во големата сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот, Стефан Миленковиќ, заедно со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. Концертот започнува во 20:00 часот и ќе обедини музички дела од легендарните композитори како Чајковски, Паганини и Сен-Санс. Стефан Миленковиќ, еден од најпочитуваните виолинисти на својата генерација, ќе настапи за првпат по повеќе од пет години во Скопје. Познат по својата длабочина на интерпретација и неверојатна техничка подготвеност, Миленковиќ има долга кариера која го има одведено на сцените на најпрестижните концертни сали низ светот. „Поминаа повеќе од пет години од мојот последен концерт, па затоа со нетрпение чекам да се видиме во Скопје, град кој има прекрасна публика и каде имам многу пријатели!“, изјави Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“, ќе го придружува Миленковиќ на сцената. „Чест е да го имаме Стефан Миленковиќ како дел од нашата програма оваа сезона. Неговата виртуозност и страст кон музиката совршено се вклопуваат со уметничките стандарди на нашиот оркестар“, истакна Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на „Профундис“. На програмата ќе бидат изведени дела од музичките великани како П. И. Чајковски, Н. Паганини, К. Сен-Санс, Ж. Масне, А. Бацини и П. Сарасате. https://www.youtube.com/watch?v=szD-rDGkGIc Влезниците за овој концертен спектакл се достапни преку интернет платформата и продажната мрежа на МК ТИКЕТС. следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура




