Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- ЛИЛИТ: Премиера на театарско истражување на бунт и слобода | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BB%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%82%3A-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%BD%D1%82-%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан ЛИЛИТ, театарски перформанс, КСП Центар - Јадро, Јасмина Билаловиќ, Алесандро Ола, Јелена Вуксановиќ 14.11.24 г., 18:00 „Лилит“ е првата фаза од театарското истражување насловено „Notebook of Silence“, соработка помеѓу актерката Јасмина Билаловиќ, композиторот Алесандро Ола (Италија/Шпанија), и драматургот Јелена Вуксановиќ (Србија). Скопје, 3 декември 2023 - Утре, на 4 декември 2023 година, во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, ќе се одржи премиерната изведба на театарскиот перформанс "Лилит". Во петок, со почеток во 20:00 часот, публиката ќе биде воведена во светот на "Лилит", првата фаза од проектот "Notebook of Silence". Ова е проект за истражување што го потпишуваат актерката Јасмина Билаловиќ, композиторот Алесандро Ола (Италија/Шпанија), и драматургот Јелена Вуксановиќ (Србија). Проектот е замислен во неколку фази, во различни контексти и со соработка на различни уметнички снаги. "Лилит" го има својот зачеток во текстот на Ришард Ниечим и неговото богато искуство на соработка со Гротовски. Првата фаза, што ќе ја видиме утре, е базирана на текстот на Ришард Ниечим и техниката на "звучење" (Sounding) како истражување на длабочините на сликите во јазикот и човечкото тело. Изведбата ќе биде минималистички искористена, каде Лилит, женската фигура, се бунтува и се соочува со традиционалните вредности. Креацијата на Лилит како архетип на женска фигура која се одбива од општеството и ги преиспитува традиционалните вредности, гарантира едно впечатливо театарско искуство. Креативниот Тим: Драматургија и режија: Јелена Вуксановиќ Игра: Јасмина Билаловиќ Композитори: Алесандро Ола, Маја Стајнберг Сценографија: Мартин Манев Костими: Павел Маслов Проектот е инициран и поддржан од Здружението на уметници Културен центар МЕДИА АРТЕС, а финансиски го поддржуваат Министерството за култура на Република Северна Македонија и Амбасадата на Швајцарија. Настанот на Фејсбук ќе го најдете ОВДЕ. следно
- Почнува петнаесетта сезона на Креативен викенд со конференцијата Стратегии во уметноста | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0--%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%B4-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Креативен викенд, конференција Стратегии во уметноста, концерти, дебати 14.11.24 г., 18:00 Во „Котур”, на 15 мај, стартува петнаесеттата сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста” „Креативен викенд“ веќе 15 години делува како платформа што овозможува премислување и делување градејќи мостови во уметничкиот сообраќај и културниот дијалог во регионот и пошироко. Ова издание секако ветува дека традицијата ќе продолжи со нови форми и иновации, потенцирајќи ја улогата на уметноста во современото општество. https://www.youtube.com/watch?v=mUjgOx3MjHg Програмата на оваа година ќе биде отворена со конференцијата „Стратегии во уметноста”. Конференцијата има за цел да проговори за тоа како може да се подобри уметничката сцена во Македонија и како може да се обезбеди подобар амбиент за уметниците. Со оваа конференција, организаторите се надеваат да охрабрат разговор и дискусија за усовршување на уметноста во Македонија и тука, но и надвор од неа. Учесниците на конференцијата вклучуваат култури работници од сите сфери, од уметници до студенти до професори, издавачи, музичари и претставници на различни културни институции и здруженија, и културните редакции од медиумите како и на новите медиуми. Темите што ќе се дискутираат вклучуваат различни проблеми и предизвици со кои се соочуваат уметниците, како и можни стратегии за подобрување на условите за творење и уметност. „На 15 мај во 19 часот, во „Котур”, ќе биде најавена петнаесеттата сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд” во Лазарополе. Исто така, ќе бидат најавени и учесниците и програмата на првиот настан во оваа сезона, конференцијата насловена „Стратегии во уметноста”. Целите на оваа конференција се да се види кој со што допринесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа. Учесниците на оваа конференција творат комбинација на искуство и младост. Своите аргументи и идеи ќе ги споделат професорите и предавачите од Филолошки факултет, ФДУ, и ФЛУ, како и нивните студенти; издавачи со реноме како „Темплум”, но и нови како „Илика”, музичари со многу отсвирени концерти, како Филип Букуршлиев и Добрила и Дориан, но и талентираните „Алембик”, „Local Blue” и „Намуз” (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски). Друга битна карактеристика на содржината на програмата е присуството на независни и самоодржливи колективи, како што се „Партизанска штампа”, КСП Центар „Јадро” и „Кула”, од една, и претставници на институции и здруженија како ДЛУМ, Национална галерија, МСУ, Кинотека, Фото сојуз на Македонија, од друга страна. Покрај тоа, ќе стане збор и за новите простори како „Лабораториум”, „Аудиокултура” и други. https://www.youtube.com/watch?v=AEcOuN387XQ За своите искуства ќе нѐ информираат претставниците и учесниците на фестивалите „Стрип-трип”, „Графити фест”, Флип бук” и „Македокс”, фестивалот за фотографија „Зрно”, фестивалот Синестетика”, театарот „Сенки и облаци”, и колективите „Гола планина”, „Отров” и „Аксиома”. И покрај толку сеопфатна програма, сепак недостигаат танцот, дизајнот, модата... Следната година и овие области ќе бидат вклучени во дискусијата за создавање на подобри стратегии во уметноста. Програмата ќе се одржува од 15 до 22 мај во „Котур”, „Илика”, СЦ „Дуња”, „Ла Кања”, „Монтажна галерија”, „Буква”, „Бруталиск” и „P INN” (Стара скопска чаршија). Првата и последната вечер ќе бидат зачинети со диџеј сесии на Балтик и Александар Ордев во „Котур” и Теа Шалдева и Андреа Салпе во „P INN”. - Креативен викенд https://www.youtube.com/watch?v=5b4lBblM-Tg „Креативен викенд” е платформа за уметниците да се соочат со своите идеи и уметност во фазата на подготвувањата. Потоа, тие ја претстават својата уметност пред широката публика. Оваа уметничка резиденција претставува добра прилика за уметниците да се изразат и да успеат да го претворат својот творечки дух во конкретна уметничка форма, да се сретнат, да заедничарат, воспоставуваат креативни, професионални и пријателски врски, со што се зајакнува силата и потентноста на културната сцена. Повеќе: Во „Котур”, на 15 мај, стартува петнаесеттата сезона на „Креативен викенд” со конференцијата „Стратегии во уметноста” Програма за конференцијата „Стратегии во уметноста”: 15 мај, 2024, 19 часот во „Котур” • Најава на 15-та сезона на „Креативен викенд” (Владимир Мартиновски, Тони Димитров, Јован Ламбески, Живко Грозданоски, Сали Ертунц, Елена Пренџова) Промо парти со Александар Ордев и Балтик 16 мај, 2024, 17 часот, кафе-книжарница „Илика” • Книжевност и театар Книжевност: Никола Гелевски (Темплум) , Лидија Капушевска-Дракулевска(Катедра за ОКК), Наташа Атанасова (Блен), Катерина Шекутковска (Илика),Александра Јуруковска (библиотека „Браќа Миладиновци”) Театар: Зоја Бузалковска (ФДУ), Катерина Стефановска (Театар Сенки и облаци), Милош Андоновски, Бојан Трифуновски, Виктор Велевски Концерти: Пијан Славеј Јоана Ристеска https://www.youtube.com/watch?v=heVyWS51C40 17 мај, 2024, 19 часот, СЦ „Дуња” • Сито штампа, стрип и графити Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска, Јан Станков (јapan@mk) Концерт на The Local Blue 18 мај, 2024, 20 часот, „Ла Кања” • Музика и илустрации (на музички изданија од Аксиома и Шарла) Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров) Концерт на Намуз (Андреј Татарчевски и КристијанНовковски) 19 мај, 2024, 17 часот, Монтажна галерија • Инсталации, скулптури и архитектонски елементи (во амбиент на природа) Анита Ивковиќ, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Тома Димовски, Стеф Јакимовски, Доротеј Нешовски, Теа Дамјановска, Озбек Ајваз, Иво Лазароски (Архрид) Концерт на Алембик 20 мај, 2024, 18 часот, кафе-книжарница „Буква” • Филм и фотографија Филм: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски (Кинотека), Игор Иванов Изи, Дарко Набаков (Македокс), Жарко Иванов (Флип бук), Ана Василевска Фотографија: Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева, Јелена Белиќ Аксиотомик + lXgram + Добрила https://www.youtube.com/watch?v=kw2gUE4Wij4 21 мај, 2024, 17 часот, „Бруталиск” • Институции, здруженија и простори Институции и здруженија: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски Простори: Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур), Веселин Теохаров (Аудиокултура) Концерт на Филип Букуршлиев 22 мај, 2024, 20 часот, „P INN” (Стара скопска чаршија) • Медиуми и настани Сотир Трајков (Телма), Љупчо Јолевски (екс Радио Слободна Евопа), Тома Димовки (Канал 103), Биљана Стојановска (Нова Македонија), Бојан Шашевски (Радио МОФ), Елена Митреска (Окно), Весна Илиевска (умно.мк), Ана Чушкова (Дива лига), Артан Садиу (КРИК - фестивал за критичка култура, Контрапункт, Андреј Медиќ (Култура Бета, Филозофски филмски фестивал, Скопски поетски фестивал, Поетска епизода, Клинци) https://www.youtube.com/watch?v=PYTskb2zyUE следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Резолуција #1: Ќе држам диета, Резолуција #1: Ќе држам диета
На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. < Назад Резолуција #1: Ќе држам диета На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Престани да пушиш - Вежбај повеќе - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! - Вежбај повеќе: Имам орбитрек, речиси неупотребен за шиткање. Претходна Следна
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура



