top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Ѕвезди на балканскиот дрег се собираат на Драгославија 2024 во Скопје! | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B3-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0-2024-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5!?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан драг, драгославија 14.11.24 г., 18:00 Шеснаесет единствени, талентирани и харизматични кралеви, кралици и небинарни перформери од балканските земји ќе настапат на најпознатиот балкански дрег спектакл! На 18 мај 2024 година, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот балкански дрег спектакл наречен "Драгославија", кој ќе се одржи во "Лабораториум" каде публиката ќе има уникатна можност да сведочи на настапи од шеснаесет извонредни дрег изведувачи кои доаѓаат од целиот Балкански полуостров. Инаугуралното издание на "Драгославија" ветува да биде вистински вихор од талент, шарм и креативност. Најавени се настапи од ветерани на дрег сцената како Ерик Дагер, Бодлиерка и Рубела Феминин, како и од нови ѕвезди како Кварцна Ружа и Менталика. Тие ќе бидат придружени од регионални фаворити вклучувајќи Vesna MDMAzel и неверојатната Divon Jane. „Драгославија не е само шоу, туку платформа каде култури и традиции се спојуваат преку уметноста на дрег," изјави организаторот, кој додаде дека овој настан ја има целта да создаде простор за изразување и да ги поттикне разговорите за инклузивност во регионот. Покрај впечатливите изведби, настанот ќе вклучува и DJ сет на познатиот Дејан Сламков, кој ќе го обогати музичкиот дел на вечерта. Организаторите на "Драгославија" ветуваат дека ова ќе биде ноќ полна со енергија, разноликост и исклучително забавна атмосфера. Картите за настанот се веќе во продажба, и се достапни во "Лабораториум" и Studio Social Club, а заинтересираните се охрабруваат да ги обезбедат своите места навреме за да не го пропуштат ова незаборавно шоу. Без разлика дали сте страствен обожавател на дрег културата или сакате просто да доживеете нешто потполно ново и уникатно, "Драгославија 2024" е настанот што не смеете да го пропуштите! следно

  • Денска новогодишна журка со Шурбе во Буква | diva.mk

    31.12.23 г., 11:00 Кафе-книжарницата "Буква", Шурбе, Такси конзилиум, журка Luj Paster 3a-1, Skopje, Republic of Macedonia Скопје, 31 декември -На последниот ден од 2023 година, Буква / Bookva ги отвора своите врати за сите кои сакаат да го прослават Новата година со Шурбеира и Такси Конзилиум. Забавата започнува во пладне, во 12:00, и се очекува да продолжи до...почетокот на вечерната прослава - која може да биде дремење пред ТВ , и со тоа ќе го имате најдоброто од двата светови. 31 декември. 23-та. Последен ден. Ден. Денска. Во Буква. Такси Конзилиум. Шурбе. 12:00. Пладне. Врати отворени. За сите. Здраво За повеќе информации и резервации, посетителите можат да се обратат директно до Буква / Bookva. претходно следно

  • Промо журка на ЛП на Веселинов CyberBoy со Мирко Попов и Виолета Качакова | diva.mk

    13.1.24 г., 22:59 Зоран Веселинов, Мирко Попов, Виолета Качакова, ПМГ, all the feels, LP promo, CyberBoy, минус еден Булевар 8-ми Септември 18, Скопје, Северна Македонија Дали сте спремни за едно неверојатно патување низ светот на електронската dance музика? PMG Recordings, лидерот во македонската електронска dance сцена, ве поканува на една експлозивна ноќ полна со вибрации кои ќе ги растреперат вашите сетила. :) Со повеќе од 30 години искуство во креирањето на незаборавни моменти, PMG Recordings не го забавува темпотп. Следната сабота во клубот Minus, тие ќе ви го претстават најновото поглавје во својата богата историја. Мирко Попов и Виолета Качакова ќе ја отворат вечерта, две од најпознатите имиња во македонската електронска музика со нивната енергија и креативност. Но, вечерта не би била целосна без ѕвездата на вечерта: Зоран Веселинов. Тој е еден од најактивните домашни продуценти на електронска dance музика, со години искуство во издавањето на музика за реномирани домашни и странски музички издавачки куќи. Воедно, вечерта ќе биде и промоција на неговиот деби албум "CyberBoy", кој е и 210то издание на PMG Recordings кој е секогаш отворен за креативна соработка со квалитетни домашни артисти, и ова е само уште една потврда за тоа. Подгответе се за една долга топла ноќ полна со електронска музика . претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page