Резултати од пребарување
Search this site
5625 results found with an empty search
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%E2%80%9E%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BE%E2%80%9C-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Борче Панов, промоција, Анатомија на небото 14.11.24 г., 18:00 Поетска рефлексија за човекот и божествената креација на 25. октомври во Скопје* На 25 октомври 2024 година, со почеток во 19:19 часот, во Салон Империјал 2, ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Анатомија на небото“ од Борче Панов. Промотор на настанот ќе биде Даниела Андоновска Трајковска. „Анатомија на небото“ е седумнаесетта по ред поетска книга на Борче Панов и претставува длабока и рефлексивна поезија која истражува човековото постоење и неговата врска со божественото. Книгата, во која се спојуваат индивидуалното и колективното Јас, нуди уникатен поглед на хуманистичко-деистичките концепти и ни помага да разбереме како нашите искуства влијаат на нашата свест. Борче Панов, роден во Радовиш и дипломиран филолог, е познат по својата поезија која е преведувана на повеќе јазици и застапена во бројни антологии низ светот. Како член на Друштвото на писатели на Македонија и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“, Панов е значајно име во современата македонска литература. следно
- Сите за МКЦ: Граѓански активизам во одбрана на културата | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%BA%D1%86%3A-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан сите за МКЦ, протест, МКЦ 14.11.24 г., 18:00 „Се гледаме во недела. За Мирко! Неговите напори за развивање на култирата сега мора да се наши колективни напори!“ Во срцето на Скопје, една институција која со децении служеше како колевка на културата и уметноста сега се бори за своето преживување. Групата „Сите за МКЦ“ повикува на протест во недела, со цел да укажат на проблемите со кои се соочува Младинскиот културен центар (МКЦ) под новото раководство на директорот Бени Шаќири. Собирот е повик за поддршка на културниот простор кој, според многумина, е на работ на згаснување. Време е, според организаторите, да се преземе акција и да се заштити духот на институцијата која беше пример за несебично фокусирање на културата и уметноста. Тие ги повикуваат граѓаните, уметниците и сите оние кои се грижат за културното наследство да донесат акустични инструменти, бои, четки, спрееви, маркери, платна, хартија и други материјали... Целта е да се создаде креативна и инклузивна атмосфера која ќе го демонстрира значењето на МКЦ за локалната заедница.Протестот доаѓа како одговор на одлуката за прекин на ангажманот на хонорарците во МКЦ до крајот на изборите, што според новиот директор е неопходна мерка. Но, вработените и Синдикатот за култура истакнаа дека хонорарците можат да продолжат да работат ако се платени од сопствените приходи на МКЦ, а не од буџетот на Град Скопје. Оваа одлука резултираше со затворање на бифето, продавницата „Ап(о)тека“ и прекин на многу програмски активности, што сериозно го нарушува културното и социјалното функционирање на центарот. Не само што вработените и хонорарците останаа без примања, туку и граѓаните без својот омилен културен простор. „Сите за МКЦ“ истакнува дека нивните активности не се политички мотивирани, туку се плод на чиста загриженост и љубов кон културата и уметноста. Исто така, групата преку своите акции сака да ја потсети јавноста на важноста на МКЦ за културниот живот на градот и да повика на колективна акција за негово спасување. Протестот „Сите за МКЦ“ е само еден чекор кон борбата за опстанокот на оваа легендарна институција. Во срцето на настаните стои пораката дека културата и уметноста треба да бидат достапни и негувани од сите, за сите. Со колективни напори и непреклонува посветеност, можеби и МКЦ ќе продолжи да биде оаза на креативноста што ја познававме и ја сакавме. Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за интегритетот и самиот опстанок на скопскиот Младински Културен Центар. Движењето се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22.01.2023 на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот, настанот кој беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата. „Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија.“ велат од „Сите за МКЦ.“ следно
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Почнува 43. Скопски џез фестивал со исклучителна програма | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-43.-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%9F%D0%B5%D0%B7-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Скопски џез фестивал 14.11.24 г., 18:00 Годинава, Скопскиот џез фестивал ќе понуди четири вечери исполнети со ексклузивни настапи на светски познати џез музичари, нудејќи богатство од креативност и музичка иновација. Вовед во светот на современиот џез и креативната музика Скопје, 17 октомври 2024 – Денес започнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, едно од најзначајните културни настани во регионот, којшто од 17 до 20 октомври ќе ја претвори македонската престолнина во епицентар на современиот џез и креативната музика. Со внимателно селектирана програма, фестивалот продолжува да ја гради својата репутација како еден од најреномираните европски џез фестивали, претставувајќи го најдоброто од светската сцена. Во текот на четирите фестивалски вечери, девет меѓународно признати состави од САД, Европа и Македонија ќе настапат на сцените на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар (МКЦ). Програмата, распоредена на четири инспиративни вечери, изобилува со ексклузивни настапи и звучи ветувачки, со оглед на фактот дека ова издание ќе донесе некои од најголемите имиња во светот на џезот и импровизираната музика денес. Сесил Меклорин Салвант и Next to Silence ја отвораат првата вечер Фестивалот ќе биде свечено отворен вечерва со специјален концерт на една од најголемите џез пејачки на денешницата – Сесил Меклорин Салвант. Со три освоени Греми награди и уште шест номинации зад себе, Салвант е позната по својот талент да оживува стари, речиси заборавени песни, внесувајќи во нив нов живот и емоционална длабочина. Нејзиниот уникатен вокален стил и неверојатната способност за раскажување ја прават овој концерт задолжителен за љубителите на џезот. Вечерта ќе продолжи со настап на домашниот состав Next to Silence во МКЦ, кои ќе го претстават својот нов албум „Ruh“. Овој албум, кој веќе беше промовиран на 12 октомври, ќе биде изведен во живо, што претставува ексклузивна концертна премиера на новиот материјал. Композициите на Next to Silence ја носат публиката на необично музичко патување, преполно со древни вештини и природни феномени, вешто преобразени во модерна џез форма. Втора вечер: Од европска импровизација до експериментална енергија Петочната програма ќе ја одбележат настапите на квартетот на португалскиот саксофонист Родриго Амадо, The Bridge, којшто ги обединува врвните европски и американски импровизатори како Александар фон Шлипенбах, Ингебрит Хакер Флатен и Џери Хемингвеј. Нивниот концерт ветува извонредно импровизаторско искуство и мајсторска техника. Исто така, на истата вечер ќе настапи The End, предводен од Матс Густафсон и Кјетил Мостер. Нивниот експериментален звук, кој комбинира жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со фолклорни влијанија од Мавританија до Скандинавија, ќе го претстави уникатниот спој на различни музички светови. Викенд програма: Давид Вирејес, Роб Мазурек и Алабастер ДеПлум Третата фестивалска вечер (сабота) ќе донесе три светски реномирани џез уметници. Давид Вирејес, њујоршки пијанист со кубански корени, ќе ја покаже својата уникатна синтеза на традиционалните и современите музички влијанија, а Роб Мазурек со неговиот Exploding Star Orchestra ќе донесе аудиовизуелно патување во светот на авангардниот џез. Овој проект, кој ги обединува музичарите од пост-рок и слободната импров сцена, се истакнува со својот најнов албум „Live at the Adler Planetarium“, чија концертна премиера ќе ја доживее на овој фестивал. Британскиот музичар и поет Алабастер ДеПлум ќе ја затвори вечерта со својата магична комбинација на џез и перформативна поезија, внесувајќи интроспективна длабочина и топлина во своите настапи. Неговата музика повикува на заедништво и колективна креативност, што го прави уникатен на денешната сцена. Финале со Fire! Orchestra Последната вечер на фестивалот ќе ја затвори шведскиот Fire! Orchestra. Со свои 43 музичари и троен албум „Echoes“, тие ќе ги поместат границите на модерната музика. Овој оркестар, предводен од Матс Густафсон, Јохан Бертлинг и Андреас Верлин, со својата комбинација на фри џез, психоделичен рок и ноиз ќе донесе импресивен и енергичен настап, кој ветува спектакуларно затворање на фестивалот. Џез за солидарност и културна програма Како дел од дополнителната програма, Скопскиот џез фестивал продолжува со проектот „Џез за солидарност со бегалците“, во соработка со UNHCR, повикувајќи на поддршка за сите што страдаат од војни и конфликти. Минатата сабота беше промовиран и новиот албум на Next to Silence, додека во текот на фестивалот ќе се одржат и изложби и филмски проекции, меѓу кои документарниот филм за Мајлс Дејвис, „Birth of the Cool“. ПРОГРАМА 17 октомври Национална опера и балет, 20:00 • CECILE MCLORIN SALVANT (САД) МКЦ - Дансинг сала, 23:00 • NEXT TO SILENCE (С. Македонија) 18 октомври Национална опера и балет, 20:00 • RODRIGO AMADO THE BRIDGE (Португалија/Германија/Норвешка/САД) • THE END (Шведска/Норвешка) 19 октомври Национална опера и балет, 20:00 • DAVID VIRELLES (САД) • ROB MAZUREK EXPLODING STAR ORCHESTRA (САД/Норвешка/Италија) МКЦ - Дансинг Сала, 24:00 • ALABASTER DEPLUME (В. Британија) 20 октомври Национална опера и балет, 20:00 • NICOLE MITCHELL & MARK SANDERS (САД/В. Британија) • FIRE! ORCHESTRA (Шведска/Норвешка/Франција) следно
- Еми награда за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот Доџер.“
Еми наградата му го осигура ЕГОТ статусот. сите вести Еми награда за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот Доџер.“ Еми наградата му го осигура ЕГОТ статусот. 16 јан. 2024 г. Елтон Џон, икона на глобалната музичка сцена, мината вечер влезе во елитниот клуб на личности кои можат да се пофалат со ЕГОТ статус. Овој статус е резервиран само за оние кои успеале да ги освојат четирите најголеми награди во областа на забавата - Еми, Греми, Оскар и Тони. Џон го освои овој престижен статус со неговата последна награда, Еми во категоријата „ outstanding variety special“ (извонреден естраден специјал) за неговиот концерт во живо кој се одржа на Доџер стадионот, кој беше стримуван на Disney+. Во својата впечатлива кариера, Џон освоил пет Греми награди, Тони за најдобра оригинална музика за „Аида“, и два Оскари за песни од „The Lion King“ („Can You Feel the Love Tonight“) и „Rocketman“ („I’m Gonna Love Me Again“).Со оваа последна награда, https://www.youtube.com/watch?v=DtVBCG6ThDk Џон стана 19-та личност која ја носи ЕГОТ титулата. Во овој клуб се наоѓаат имиња како Одри Хепберн, Рита Морено, Мел Брукс, Вупи Голдберг, Џон Леџенд, Џенифер Хадсон и Виола Дејвис.Иако неговата отсутност на церемонијата за Еми не остана незабележана, поради операција на колено, Џон ја изрази својата благодарност преку изјава. „Патувањето до овој момент беше исполнето со страст, посветеност и неоспорна поддршка од моите фанови од целиот свет“, рече тој во изјавата. „Вечерва е доказ за моќта на уметноста и радоста што ни ја носи во сите наши животи. Ви благодарам на сите кои ме поддржуваа низ целата моја кариера, јас сум неизмерно благодарен.“ Овој концерт во живо, кој се одржа на стадионот во Лос Анџелес во 2022 година, беше како ехо од неговите два настапи на истиот стадион во 1975 година, кога, во своите касни 20-ти, Џон изведуваше хитови како „Saturday Night’s Alright for Fighting“, „Goodbye Yellow Brick Road“ и „Bennie and the Jets“ пред целосно распродаден стадион. https://www.youtube.com/watch?v=XWFjoZ41Mm8 Елтон Џон стана 19-тиот човек кој освои EGOT - игрив акроним за освојување Еми, Греми, Оскар и Тони - кога освои Еми во понеделникот вечерта за „Елтон Џон во живо: Збогување од стадионот Доџер“. Наградата беше доделена за категоријата „Извонреден естраден специјал во живо.“ Џон доби Тони за песната „Аида“ (2000) и Оскар за „Can You Feel the Love Tonight" во „Кралот лав“ (1995) и „(I’m Gonna) Love Me Again”“ во „Rocketman“ (2020). Има освоено пет Греми, вклучувајќи ја и за „That’s What Friends Are For“ (1986), со Гледис Најт, Дион Ворвик и Стиви Вондер. Осумнаесет други уметници освоија EGOT, вклучувајќи го и текстописецот на „Frozen“ Роберт Лопез, единствениот човек што го направил тоа двапати. Пред Џон, последното зачленување во ЕГОТ клубот беше актерката Виола Дејвис, која минатата година заработи Греми за аудио книгата од нејзините мемоари. Таа е една од шесте жени со ЕГОТ. Пред После
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Море, набрзинка, Море, набрзинка
Неколку дена претходно - точно три - ми беше соопштено дека одиме на море. < Назад Море, набрзинка Неколку дена претходно - точно три - ми беше соопштено дека одиме на море. Додека бев под немилосрдниот стисок на топлотниот бран запајташен со четвртиот ковид бран копнеев да отидам: избрав Палмолив гел за туширање кој мириса на плажа, и додека слабиот млаз од тушот се цедеше врз мене замислував дека сум во море… само овој гест на очај ме дисквалификуваше и да размислувам да останам во Скопје. Но, за три дена мораше да организирам мал милион ситници… а, тоа резултираше со: мислите ми беа во слободен пад, и во оган, и се вртеа во круг како мачка што си го брка опашот, сето тоа одеднаш - првите два дена. Не можев да сфатам дека сум во заспано градче, ако воопшто беше и тоа, веднаш на плажата. Се будев во 5 сабајле и одев со забрзан чекор на терасата. Третиот ден таа состојба испари. Нема да опишувам како изгледа тој мир, но сега не можам да излезам од него…ниту ќе навлегувам во про и кон списоци само ќе кажам: тешко нѝ e (интересна омашка!) да се вратам на галамата, да ја соџвакам и да ја плукам на малите Фејсбук гладни пилиња … #greece #macedonia #home Претходна Следна
- Литерарна вечер во Гевгелија: Среќање со писателите од 'Битолски книжевен круг' | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A-%D1%81%D1%80%D0%B5%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-'%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%80%D1%83%D0%B3'-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false
Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Народен театар Гевгелија, Битолски книжевен круг, дискусија 14.11.24 г., 18:00 Битолски книжевен круг во Гевгелија На 15 декември во 19:00 часот, Народниот театар во Гевгелија ќе биде домаќин на еден извонреден културен настан. Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија, гостуваат писателите од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ - Битола. Зборување за литературната сцена во Битола Очекувајте интересни разговори за историјата и делата на оваа писателска асоцијација. Писателите ќе споделат искуства, размислувања и приказни за творештвото во Битола и нивната врска со широката јавност. Гостин: Претседателот Зоран Пејковски Претседателот на Друштвото, господин Зоран Пејковски, ќе биде специјален гостин и ќе го води разговорот за литературните подвизи на Друштвото. Тој, заедно со другите членови, ќе ги претстави и манифестациите како што се списанието "Раст" и манифестацијата "Битолски книжевни паметења". Друштвото на писатели: Заедништво за литературна изврсност Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ функционира како здружение каде писателите се среќаваат, дебатираат и ги заштитуваат своите авторски права. Основната цел е унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола. Не пропуштајте го овој впечатлив настан во Гевгелија, каде што ќе имате можност да ги запознаете писателите, да разговарате со нив и да ја поминете вечерта во дружба со литературни мајстори. Влезот е отворен за сите љубители на литературата. 📚✨ #Литература #Гевгелија #ДруштвоНаПисатели следно




