top of page

Резултати од пребарување

1180 results found with an empty search

  • Стјуарт Селдовиц, бившиот службеник во Стејт департмент уапсен поради криминал од омраза

    „Поранешниот вработен во Стејт департментот и службеник за национална безбедност, кој беше снимен како малтретира продавач на халал храна на Менхетен и го нарекува „терорист“, беше уапсен и обвинет за злосторство од омраза во средата. Поранешниот функционер, Стјуарт Селдовиц (64) се соочува со обвиненија кои вклучуваат тешко вознемирување и неколку обвиненија за демнење, според полицијата. Пријавата беше поднесена откако продавачот, кого полицијата не го именуваше, но го идентификуваше како 24-годишен маж, на полицијата и́ соопштилка едно лице му пришло неколку пати додека работел со исламофобични коментари, поради што се чувствувал „исплашен и изнервиран“. На неколку видеа објавени на социјалните мрежи, Селдовиц беше прикажан како го фотографира продавачот, се заканува дека ќе ја испрати неговата слика до „другарчињата во имиграционо“ и дава исламофобични забелешки. Во една снимка, Селдовиц го нарекува продавачот „неук“ затоа што не зборува англиски, и продолжува со подбивни коментари за основачот на исламот, пророкот Мухамед. Во друга, по кратката интеракција за децата кои се убиени, Селдовиц вели: „Ако убивме 4.000 палестински деца, знаете што? тоа не е доволно.” Според полицијата, Селдовиц живее на неколку блока од вообичаената локација на халал количката но обидите да се дојде до него во средата вечерта беа неуспешни. Во телефонското интервју во вторникот, Селдовиц рече дека не е исламофоб и дека го нападнал продавачот дури откако му изразил поддршка на Хамас. Видеата не прикажуваат никакви коментари на продавачот освен тој што го замоли Селдовиц да си замине и дека ќе повика полиција. „Во тој момент, прилично се вознемирив и му кажав работи, за кои во ретроспектива, веројатно се каам, всушност- за кои се каам“, рече Селдовиц во вторникот. „Наместо да се фокусирам на него и на она што тој го кажа, јас се впуштив во навреда на неговата религија и така натаму“. Селдовиц рече дека имал неколку позиции и во демократската и во републиканската администрација, вклучително и извршител на должноста директор за Директоратот за Јужна Азија на Советот за национална безбедност и функција во Канцеларијата за Израел и палестински прашања на Стејт департментот на САД. Тој повеќе не извршува никакви владини функции, рече тој. Инцидентот се случи откако ескалираа тензиите меѓу про-палестинските и про-израелските групи во неделите по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Анти-Исламските и антисемитските злосторства од омраза и некои гневни средби станаа вирални. Во објавите на социјалните мрежи во вторникот, и градоначалникот Ерик Адамс и гувернерката Кети Хочул го осудија однесувањето на Селдовиц, нарекувајќи ги неговите забелешки „гнасни“. Адамс напиша: „Исламофобијата е омраза. Кратко и јасно. За оваа гнасна, непочитувачка реторика нема место во нашиот град“. Џули Менин, градски советник што ја застапува Апер Ист Сајд, во интервјуто во средата рече дека инцидентот е „целосно и комплетно неприфатлив“ и ја вознемирил локалната заедница и дека ѝ е мило што слушнала дека Селдовиц е во притвор. „Овој поединец го таргетираше овој уличен продавач од ден на ден, му се закануваше на продавачот, јасно изврши говор на омраза кој беше насилен по природа и содржеше закани“, рече таа.

  • Japan.net.mk објаснува: Денот на благодарноста го слават и во Јапонија

    Japan@mk, е веќе доста популарна неформална организација, која влегува во своето 15-годишно постоење како посветена платформа за љубителите на јапонската култура во Македонија. Овие ентузијасти го носат впечатокот и своите интерпретации за источната култура низ повеќе од 50 настани кои успешно ја претставуваат разновидноста на јапонските обичаи. Тие се изградија заедница со отворен и флуиден пристап, што и овозможува да расте и шири својот влијание и вмрежувањето на луѓе од различни генерации и културни позадини преку споделување на заедничкиот интерес во јапонската култура.

  • Императорот Елгабал е императорка - конечно!

    Британски музеј излезе со известување дека ќе почитува резултатите на истражувањата кои откриваат дека древниот римски император Елагабал бил трансродовo лице и последователно ќе биде ословувана како „таа“ . Според Телеграф, Музејот на Северен Хертфордшир ќе ги користи новите заменки кои ќе се однесуваат на Елагабал врз основа на класични текстови каде што Елгабал барала да се нарекува „дама“. Одлуката следи по долгогодишниот академски интерес за родовиот идентитет на Елагабал. Кит Хоскинс, извршен член на Претпријатија и уметност во советот на Норт Хертс, вели во изјавата од август: „Музејот Норт Хертс, има една монета Elagabalus, која периодично ја изложуваме бидејќи е еден од неколкуте ЛГБТК+ предмети што ги имаме во нашата колекција“. Монетата на сребрен денар била искована за време на владеењето на Елагабал (218-222 н.е.). „Се обидуваме да бидеме чувствителни со идентификувањето на заменките на луѓето од минатото, како што сме со луѓето во сегашноста, тоа е едноставно учтиво и работа на почит. Знаеме дека Елагабал се идентификуваше како жена и беше експлицитна за тоа кои заменки сакала да се користат, што покажува дека темата на заменките не е нова работа“, вели Хоскинс. Тој додава: „Во минатото, неточните преводи го нарекуваа Елагабал како „тие“; но сега знаеме дека ова е резултат на класичниот грчки јазик затоа што не прави разлика на полот кога се однесува на луѓе во трето лице, правејќи многу преводи неточни. Сега е познато преку доказите - како што е текстот на Дио [Касиус Дио бил современик на Елагабал ] - дека Елагабал дефинитивно ја претпочитала заменката „таа“ и затоа тоа е нешто што го рефлектираме кога разговараме за неа во современото време, како што веруваме дека е стандардна практика за други теми“. Во изјавата која датира од ноември 2021 година објавена на веб-страницата на музејот се вели: „Ако погледнеме назад во историјата, постојат луѓе чии идентитети сега би можеле да ги опишеме како трансродови. Римската императорка Елагабал (204-222 година од н.е.) е родена како маж, но во тинејџерските години, е идентификувана како жена и неуспешно се обиде да најде доктор кој може да изврши операција за промена на полот“. Елагабал се смета за една од најконтроверзните римски императори. „Исто така, познато е дека Елагабал била во брак со маж, кочијашот и поранешен роб Хиерокле, и таа сакала да ја нарекуваат сопруга или љубовница на Хиерокле. Исто така, се наведува дека императорката често носела перики и шминка, претпочитала да се нарекуваат „домина“. „ (дама) над „доминус“ (господин), па дури и понудил огромни суми пари на секој лекар кој би можел да и́ даде вагина“, се објаснува во интервју објавено во 2021 година на веб-страницата на Универзитетот во Бирмингем. Минатиот месец беше објавено ново упатство за транс-инклузивна практика во музеите, галериите, архивите и локалитетите на Велика Британија, од Истражувачкиот центар за музеи и галерии на Универзитетот во Лестер (RCMG); упатството беше поздравено од поборниците за правата на транс луѓето, но критикувано од некои коментатори во медиумите во Велика Британија, што ја рефлекира ситуацијата на продолжено интензивирање на дебатата за правата на транс луѓето.

  • Сем Алтман заврши во Мicrosoft

    Стив Џобс (Steve Jobs), воден од неговата генијалност и неговата храброст, го измисли iPhone-от и го претвори Apple во највредната компанија во светот. Беше бескомпромисен, поголем од животот и незаменлив. Неговиот живот ја создаваше иднината, која ќе беше исполнета со уреди контролирани од нивните корисници. Сем Алтман (Sam Altman) ја помина последната година преземајќи ја одговорноста на г-дин Џобс како претприемачот на Силиконската долина кој е задолжен за иднината. Тоа е најголемата работна позиција во Силиконската долина, а сега и најтешката. Бидејќи се́ повеќе луѓе се загрижени дека ќе бидат контролирани наместо да имаат контрола, иднината е набабрена од опасност. До петокот, г-дин Алтман беше главен извршен директор на OpenAI, доминантната компанија за вештачка интелигенција. Тој ветил дека В.И. ќе го воведе првото златно доба на човештвото, иако доаѓа од истиот вид на пронаоѓачи кои мислеа дека постои пазар за тостери поврзани на интернет. Нејасните, но огромни амбиции на г-дин Алтман го доведоа во неволја со одборот на OpenAI, кој рече дека тој „не бил конзистетно отворен“ во неговите комуникации и го отпушти. Ова ја шокираше Силиконската долина, која направи сè освен да маршира до седиштето на компанијата во Сан Франциско со вили и факели, за да побара враќање на г-дин Алтман. Иднината е апстрактна, но беа загрозени сериозни суми на пари. Обидот за враќање на позицијата очигледно не успеа - ова е тековна сага - но последните неколку дена ги продлабочи паралелите со г-дин Џобс, кој беше маргинализиран од бордот на Apple во 1985 година. Apple се колебаше, а г. Џобс не беше баш примерен работник. Тој ја напушти компанијата на која беше основач и индустријата за персонални компјутери за која се залагаше. Единаесет години подоцна, кога Apple беше во уште полоша состојба, Џобс се врати. Тоа беше најголемиот втор чин во американската бизнис историја. Apple сега вреди 3 трилиони долари. Кариерата на г-дин Џобс, кој почина во 2011 година, на основачите на технологијата им е примамлива, но можеби невозможна споредба. Има многу клишеа за Силиконската долина за кои Силиконската долина сака да верува дека се вистинити, вклучително и „Не се работи за парите“ како и „Движи се брзо и крши работи“ и „Тројца луѓе работат на нешто во гаража, што ќе биде следниот Google“. Едно од најупорните клишеа е она на визионерскиот основач - извршниот директор кој може да допре до иднината, да откине дел и да го направи нешто што масите го обожаваат. Направете го ова правилно и вашата компанија ќе вреди трилион долари. Направете го тоа погрешно и имате прескап тостер. Легендата за визионерскиот основач не започна со г-дин Џобс, но тој ја турна на ново ниво. „Изгледаше дека можеше да види малку подалеку од хоризонтот кога другите луѓе не можеа да видат подалеку од крајот на нивниот нос“, Мајкл Мориц, историчар на Apple кој подоцна стана прептриемач на ризичен капитал, изјави за Њујорк Тајмс во 1985 година. Тоа беше опис што самиот г-дин Џобс го прифати. „Некои луѓе велат: „Дајте им го на клиентите она што го сакаат“, рече тој во една од најцитираните изјави. „Но, тоа не е мојот пристап. Наша работа е да откриеме што тие ќе го сакаат пред да знаат што е тоа“. Г-дин Џобс направи тоа да изгледа лесно.Мал уред што содржи илјада песни? Продадено. Но, дури и со нешто толку едноставно за разбирање како самоуправувачките автомобили, не е сосема јасно што луѓето ќе засакаат. Додека г-дин Алтман неуспешно преговараше во неделата да си ја врати работата, беше објавена оставката на Кајл Фогт како главен извршен директор на Cruise, одделот за самоуправувачки автомобили на General Motors. Неговото заминување беше поттикнато од кошмарниот редослед на настани минатиот месец, кога една жена во Сан Франциско, која штотуку беше жртва на удар од кола, кога возачот избега, потоа беше прегазена од Cruise робо-такси. Лиценцата на Cruise за работа во Калифорнија беше суспендирана по несреќата. Г-дин Фогт беше ко-основач на Cruise, кој General Motors го купи во 2016 година и беше главен архитект на неговиот успех во некогаш популарното поле на автономни старт-апи. Неговите напори сега се пречка, што го направи неговото напуштање неизбежно. Застапниците за само-возење можат да тврдат дека многу повеќе луѓе се повредени од човечки возачи отколку од автономни возила, но има нешто длабоко вознемирувачко во автомобил кој се чини дека се одметнал. Г-дин Фогт беше заменет со двајца инсајдери на Г.М. , еден од нив генерален советник на компанијата. Тоа прати остра порака: ова не е момент за визионерски лидери. И покрај сета немилосрдна егзалтација на г-дин Алтман во текот на викендот, екстравагантните тврдења што ги изнесоа тој и неговите поранешни колеги од OpenAI на крајот ќе имаат свој момент за пресметка. В.И. „Ќе биде најголемата сила која ќе доведе до економско зајакнување и до збогатување на многу луѓе што некогаш сме ја виделе“,рече тој во февруари. Луѓето ќе прашаат: Кој поточно ќе се збогатува? Дали го сакаме ова? Пред една верзија на ChatGPT да биде објавена во јавноста пред една година, г-дин Алтман беше во голема мера непознат надвор од Силиконската долина. Тој беше полу-успешен претприемач кој раководеше со Y Combinator, инкубаторот за стартапи. Таму научил дека превирањата секогаш се кријат под перспективна нова компанија. „Стартапите одвнатре се секогаш во голема мера искршени," рече тој. Алтман имаше углед на далаверџија. Тој напиша на неговиот блог во 2017 година дека се чувствува поудобно да разговара за контроверзните идеи во комунистички Пекинг отколку во либералниот Сан Франциско. Можеби мислеше на времето во 2015 година кога на конференција рече дека „В.И. најверојатно ќе го доведе крајот на светот, но во меѓувреме, ќе има одлични компании“. Дали на луѓето во светот ќе им ги скенираат очите во замена за понекоја лажна валута и нејасни ветувања дека нивните мрежници ќе бидат искористени, некако, некогаш, од некого, за да помогнат во докажувањето дека тие навистина постојат? Тоа беше еден од страничните облози на г-дин Алтман, воведени летово. Дури и кога беше исмејувано, тој изјави дека „ние особено ги сакаме нашите порекнувачи, ни дава енергија, ве молиме продолжете со омразата!“ Стотици вработени во OpenAI во понеделникот потпишаа писмо со барање за враќање на г-дин Алтман. Во петокот таа беше една од најважните компании во Силиконската долина; во понеделник наутро, повеќето нејзини вработени се заканувале дека ќе дадат отказ. Г-дин Алтман е визионерскиот основач кој може да ги спаси, и OpenAI, а можеби и целото човештво. Овој наратив за суперхеројот е тајниот мотор на речиси секоја книга што ја сакаат претприемачите од Силиконската долина. Тревис Каланик, основач на Uber, беше приврзаник на Ајн Ранд, чии херои се во војна со општеството. Џеф Безос, основачот на Амазон, беше љубител на „Ѕвездени патеки“ од детството, каде што капетанот Кирк ја носеше секоја одлука и ја презеде одговорноста за секоја екскурзија. Питер Тиел, капиталист кој го поддржа Доналд Џ. Трамп во 2016 година, го сака „Господарот на прстените“, епска приказна каде што неколку херои го спасуваат светот. Корпоративните имиња на г-дин Тил (Палантир, Митрил, Валар) се преземени од таа приказна. Г-дин Алтман, по негова заслуга, застана позади широк список на книги, кој оди подалеку од книгите напишани од неговите пријатели во Силиконската долина, како г-дин Тил. Тој препорача уште еден фаворит за Долината, научно-фантастичната серија „Фондацијата“ на Исак Асимов, која зборува за тоа како еден харизматичен и дарежлив свештеник и неговите главно машки соработници можат да спасат баш секого, во овој случај 25 милиони планети. Но, патот да се стане вистински Гандалф или капетан Пикард е преполн со опасност. Елизабет Холмс од Теранос се моделирала по г-дин Џобс. Кога не можеше да успее со својата технологија за тестирање на крвта, да профункционира, таа едноставно се преправаше дека е функционална. Адам Нојман вети дека повторно ќе го измисли канцелариското искуство со WeWork. Таа прогласи банкрот пред две недели, иако г-дин Нојман успеа да се збогати. Сем Банкмен-Фрид, светлата надеж на криптовалута, ќе биде осуден во март за измама. Илон Маск не му помогна на својот углед или на својата банкарската сметка со купувањето на Twitter, сега наречен X. За г-дин Алтман, изминатиов викенд можеби беше личен врв. После сите муабети дека В.И. ќе презема работни места, тој одеднаш стана единствената суштинска личност во целата технологија. Во објава на X од Ерик Шмит, поранешниот главен извршен директор на Google, долови дел од расположението без разлика што Google е во жестока конкуренција со OpenAI: „Сем Алтман е мој херој. Тој изгради компанија од ништо до 90 милијарди долари во вредност и го промени нашиот колективен свет засекогаш. Едвај чекам да видам што ќе прави следно. Јас, и милијарди луѓе, ќе имаме корист од неговата идна работна позиција - тоа ќе биде едноставно неверојатно“. Ова е пофалба на ниво на Џобс. Можеби мудро, г-дин Алтман ги отфрли сите понуди што ги доби за да го финансира својот следен старт-ап. Microsoft, најголемиот инвеститор во OpenAI, објави доцна во неделата дека Алтман ќе дојде таму. Сега ќе работи за други. Дејвид Стрејтфилд пишува за технологијата и нејзините ефекти веќе 20 години. Во 2013 година тој беше дел од тимот што ја доби Пулицеровата награда за објаснувачко новинарство. Повеќе за Дејвид Стрејтфилд.

  • Милица Стојанова се збогува со Мето Јовановски

    ПОСВЕТА ЗА МОЈОТ КОЛЕГА И ПРИЈАТЕЛ МЕТО ЈОВАНОВСКИ Во мојот професионален живот сум сретнала само неколкумина кои создавале вистински, длабок, интелектуален но и емоционален конфликт на сцената – онаков конфликт што има конесквентност, оправданост, аргументација и кој води до огнометна катарза. Нашиот Мето е токму тоа – актерски, интелектуален и емоционален огномет. Дефиниција за креативен конфликт кој секогаш, без исклучок, брилијантно произведуваше нова, современа перспектива и на сцената и на филмското платно. Не сум сигурна дека сме имале втор толку комплетен и едновремено комплексен актер. Многубројни се неговите дарови. Пред сѐ како актер, но и како драмски писател, режисер. Но, Мето имаше и еден невообичаен дар – дарот на непредвидливото, изненадното, неочекуваното – бескрајно темелен во читањето не само на сопствениот лик туку и во читањето на сите релации кои контекстот на драмскиот текст или сценариото ги воспоставуваат. Мето правеше секогаш исчекори. Секогаш чекор понапред. Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот. Неговите доблесна критичност и острина, не типични за нашиот аморфен контекст, го оформија во една од најспецифичните и најголемите личности за нашата современа култура. Неговото телемелно познавање и умеење на актерското мајсторство го направија единствен во професијата. Нашиот Мето успеа да го крене достоинството на професијата на највисоко ниво, и никогаш не го урниса, не го изневери па дури и во миговите кога целиот контекст беше на работ да биде урнисан. Тоа не беше лесно. И можеби затоа неретко се чувствуваше осамен и далечен. Му благодарам за сѐ што ми подари и како на колешка и како на пријателка. Му благодарам за сѐ што ѝ подари на нашата култура. Бев постара, тој помлад, но учев од него. Тажна сум... Ретко се раѓа некој во една култура како Мето. Мето Јовановски требаше да го чуваме како капка роса на дланка во пустина. До скоро видување колега, до скоро видување пријателе. Им ги упатувам сите мои чувства на утеха на неговото семејство, на ќерките, на пријателите и на колегите. Милица Стојанова

  • Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит

    Гигантот на социјалните мрежи Twitter/X (Твитер/Икс) западна во криза овој викенд бидејќи голем број големи американски компании ги повлекоа рекламите поради стравувањата дека страницата изобилува со антисемитска содржина. Apple, Disney, Paramount, Warner Brothers и Sky и сопственикот на NBCUniversal, Comcast, ги паузираше финансирањата за реклами на платформата бидејќи нејзиниот сопственик Илон Маск се противеше на обвинувањата дека дозволува рекламите да се прикажуваат напоредно со екстремно десничарските објави. Бојкотот дојде неколку дена откако Маск лично одобри антисемитска објава на платформата. Компјутерскиот гигант IBM беше првата компанија што го запре рекламирањето во четвртокот, после извештајот на непрофитната американска организација Media Matters кој тврди дека X сервира реклами за IBM, Apple, Oracle, NBC Universal и Comcast’s Xfinity напоредно со пронацистичка содржина. Apple и другите големи брендови го следеа примерот, додека Европската комисија рече дека ќе ги паузира рекламите поради „широко распространета загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ во неделите по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Во сабота Маск се закани со „термонуклеарна тужба“ против Media Matters и ја обвини дека манипулира со нивните вести за да генерира „редок пример“ на реклами кои се сервираат покрај екстремно десничарските објави. „Оваа недела, Media Matters for America објави приказна која целосно погрешно го претстави вистинското искуство на X, во уште еден обид да ја поткопа слободата на говорот и да ги доведе во заблуда огласувачите“, се вели во соопштението на X. Сепак, претседателот на Media Matters, Анџело Карусоне, рече: „Далеку е од поборникот за слобода на говор кој тврди дека е, Маск е насилник кој се заканува со неосновани тужби во обид да ги замолчи извештаите за кои тој дури и потврди дека се точни. Маск призна дека спорните реклами се појавија заедно со пронацистичката содржина што ја идентификувавме. Ако не́ тужи, ќе победиме“. Потенцијалната правна борба со Media Matters следи по одделен инцидент во средата кога Маск му одговори на корисник на X кој промовираше антисемитска теорија на заговор дека Евреите им помагаат на „ордите на малцинствата“ во САД да ги заменат белите луѓе. „Ја кажавте правата вистина“, одговори Маск на Твитер. Таканаречената теорија за замена беше верување застапено од Роберт Бауерс пред да убие 11 верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, во 2018 година. Бурните реакции по твитот на Маск стигна до Белата куќа, каде што портпаролот рече: „Ја осудуваме оваа одвратна промоција на антисемитска и расистичка омраза“. Во обид да ги задржи последиците, извршната директорка на X, Линда Јакарино, во петокот рече: „X беше исклучително јасен во нашите напори за борба против антисемитизмот и дискриминацијата. Апсолутно нема место за тоа никаде во светот“. Последниот бран на бојкот на компаниите предизвика нови прашања за одржливоста на X, кој Маск го купи пред една година за 44 милијарди долари. Договорот беше делумно финансиран со долг од 13 милијарди долари од банките на Волстрит. За време на неговото кратко, но бурно владеење, Маск ја преименуваше компанијата, нарушувајќи ја функционалноста на страницата, воведе функции што се платени и отпушти илјадници вработени, вклучително и модератори на содржини, во обид да ги спречи огромните загуби. Сепак, страницата останува силно зависна од огласувачите. Податоците од аналитичката фирма Guideline минатиот месец сугерираат дека овој приход паѓал во просек за 55 отсто секој месец од преземањето. Јакарино, поранешен шеф за рекламирање во NBCUniversal, беше донесен во мај во обид да ја стабилизира ситуацијата и да ги врати огласувачите во јатото. Директорот на една голема лондонска агенција за дигитално рекламирање рече: „Клиентите мора да се повлечат, барем на краток рок. Дали ќе се вратат? Едноставно не знам. Ова е многу полошо од било што [Маск] направил или рекол во минатото. Ќе биде тешко да се прости“. „Ниту еден огласувач не сака нивниот бренд да биде поврзан со токсична содржина“, рече Алис Ендерс, шеф на истражување во Ендерс Анализис, но додаде дека многу организации ќе држат дел од вниманието на рекламирањето за претседателските избори во 2024 година во САД. „Има многу политичко рекламирање и медиуми на X. Циклусот на политички реклами навистина ќе го фаворизира Илон Маск во 2024 година“. Последната контроверзија на Маск околу X дојде додека компанијата на милијардерот SpaceX се подготвуваше за второто лансирање на својата најголема ракета досега, Starship, која се лансираше од Тексас во саботата.

  • Puff Daddy е во неволја: шокатни наводи за насилство, силување, во тужбата на Кеси

    извор: Њујорк Тајмс; Шон Комбс (Sean Combs), продуцентот и музичкиот магнат, кој со децении e едно од најпознатите имиња во хип-хопот, беше предмет на тужба во Федералниот суд во четвртокот од страна на Кеси (Cassie), ар-ен-би пејачка, некогаш дел од неговата издавачка куќа, која го обвини Комбс за силување и постојано физичко малтретирање кое се одвивало во текот на приближно една деценија. Во тужбата, поднесена во Федералниот окружен суд во Менхетен, Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура - и која долго време беше романтична партнерка на г-дин Комбс - вели дека не многу долго откако го запознала во 2005-та година, кога имала 19 години, тој започнал со циклус на однесување на контрола и злоупотреба што вклучувало нејзино дрогирање, тепање и принудување на секс со низа машки проститутки додека тој ги снимал средбите. Во 2018-та година, се вели во тужбата, пред крајот на нивната врска, г-дин Комбс насилно влегол во нејзиниот дом и ја силувал. „После години во тишина и темнина“, рече г-ѓа Вентура во изјавата „конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во своето име и во корист на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во нивните врски .“ Како одговор, адвокатот на г. Комбс, Бен Брафман, рече: „Г. Комбс жестоко ги негира овие навредливи и срамотни наводи. Во изминатите шест месеци, г. Комбс беше подложен на упорно барање на г-ѓа Вентура од износ на 30 милиони долари, под закана дека ќе напише оцрнувачка книга за нивната врска, која недвосмислено беше отфрлена како бесрамна уцена. И покрај тоа што ја повлече својата првична закана, г-ѓа Вентура сега прибегна кон поднесување тужба преполна со неосновани и срамотни лаги, со цел да ја наруши репутацијата на г-дин Комбс и да бара надомест. Даглас Вигдор, адвокат на г-ѓа Вентура, рече дека странките разговарале пред да биде поднесена тужбата. „Г. Комбс и́ понуди на г-ѓа Вентура износ од осум цифри за да ја замолчи и да го спречи поднесувањето на оваа тужба“, рече тој. „Таа ги отфрли неговите предлози“. Случајот на г-ѓа Вентура е последниот во серијата граѓански тужби за сексуален напад поднесени неодамна против истакнати мажи во музичката индустрија, вклучувајќи ги Стивен Тајлер од Аеросмит, извршниот директор Ел Еј Рид и Нил Портноу, поранешниот шеф на организацијата зад Греми наградите. (Г-дин Портноу го негираше обвинението; г-дин Тајлер и г-дин Рид не одговорија.) Комбс (54) го основа Bad Boy во 1993 година и стана една од главните фигури во комерцијализацијата на хип-хопот, работејќи со ѕвезди како Notorious B.I.G. и Мери Џеј Блајџ. Неговото богатство се проценува на 1 милијарда долари, а минатата година Форбс ја пресмета годишната заработка на г.Комбс и изнесува 90 милиони долари, припишувајќи го тој износ во голема мера на неговото поранешно партнерство во брендот за алкохол, Ciroc, кој е во сопственост на гигантот за алкохолни пијалоци Diageo. кој во својата кариера беше познат какоPuff Daddy, Diddy и Love, можеби е најпознатиот музички директор на неговата генерација. Но, тужбата го прикажува г. Комбс како насилна личност која, освен константното насилство кон Вентура, ја замолил да го носи неговиот пиштол во нејзината чанта, а тужбата сугерира дека тој е одговорен за уништување со експлозив на автомобилот на додворувач кој бил негов ривал. Во еден инцидент, од тужбата се вели дека г. Комбс држел пријател на г-ѓа Вентура, да виси на хотелскиот балкон на 17-ти кат. При именување на дополнителни обвинети, судските документи тврдат дека другите кои работеле со Комбс го криеле неговото однесување. Тужбата, во која како обвинети се именувани Комбс и голем број негови поврзани компании, бара неодредена отштета. „После години во тишина и темнина“, рече Каси, чие вистинско име е Касандра Вентура, во изјавата: „Конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна“. Според тужбата на г-ѓа Вентура, таа била занесена од џет-сетерскиот животен стил на Комбс не многу долго откако го запознала и потпишала договор со Bad Boy, кој го издаде нејзиниот деби албум во 2006 година. Но, како што се вели во тужбата, тој набрзо почнал да утврдува извонредно ниво на контрола над нејзиниот живот. Освен што ја контролирал нејзината кариера, тој ги плаќал ратите за автомобилот, становите и облеката, па дури и имал пристап до нејзините лични медицински досиеја. Според тужбата, резултатите од скенирањето на главата што го направила - за губење на меморијата, веројатно предизвикано од употреба на дрога или од удари што таа рече дека ги здобила од г-дин Комбс - биле пратени директно кај г. Комбс. Комбс, исто така, и давал на Вентура „обилни количини на дроги“, вклучувајќи екстази и кетамин, и барал од нејзе да ги земе, се вели во тужбата, и често станувал насилен, тепајќи ја „се́ повеќе секоја година“. Во тужбата се вели дека Вентура никогаш не отишла во полиција бидејќи се плашела дека „само ќе му даде на Комбс уште еден изговор да ја повреди“. Во еден инцидент во Лос Анџелес во 2009 година, се наведува во тужбата, тој се разбеснил кога ја видел Вентура како разговара со друг агент за таленти, а потоа ја втурнал во автомобил и ја клоцал повеќе пати по лицето, поради што крварела. Според тужбата, г. Комбс потоа побарал од неговиот персонал да ја однесе во хотелска соба за да закрепне една недела. Таа побарала да оди дома кај нејзините родители, но г. Комбс одбил, се вели во тужбата.. Тужбата наведува дека откако ги уочила насилното однесување на Комбс и степенот до кој тој би ја изолирал од нејзината мрежа за поддршка, „Г-ѓа. Вентура сметаше дека ако каже „не“ на г-дин Комбс тоа ќе ја чини нешто - нејзиното семејство, нејзините пријатели, нејзината кариера, па дури и нејзиниот живот. И иако таа се обидела да го напушти Комбс, во тужбата се вели дека тој ги испратил своите вработени да ја намами назад. Во еден инцидент опишан во судските документи, Вентура вели дека на почетокот на 2012 година Комбс толку бил гневен поради нејзината врска со раперот Kid Cudi што тој рекол дека ќе го разнесе автомобилот на раперот. „Во тој период“, се наведува во тужбата, „автомобилот на Kid Cudi експлодираше на патеката пред неговата куќа“. Преку гласноговорник, Kid Cudi ги потврди наводите на Вентура дека имал автомобил што експлодирал. „Сето тоа што го кажува е вистина“, рече тој. Неколку години по почетокот на врската на Вентура со Комбс, се вели во тужбата, тој почнал да ја присилува „да се впушта за задоволување на неговиот фетиш наречен „воајеризам“, во кој Каси била упатена да има секс со низа машки проститутки, додека Комбс гледал, мастурбирал, фотографирал и снимал видео. Според тужбата Комбс овие средби ги нарекувал „freak offs“, кои вклучувале костими, како маски за маскенбал и долна облека. Тие продолжиле да се одвиваат со години, се одржувале во хотели од висока класа низ САД и во домовите на г. Комбс. Во тужбата се вели дека тој и наложувал на Вентура да пребарува веб-страниците на ескорт службите за да си набави машки сексуални работници. На овие настани имало многу дрога, за која во тужбата се вели дека ја земала затоа што „и́ овозможувале да се дисасоцира за време на овие ужасни средби“. Вентура би ги бришела видеата од овие инциденти што биле снимени на нејзиниот телефон, но Комбс и рекол дека сè уште има пристап до тие видеа, а еднаш ја натерал да гледа видео за кое мислела дека го избришала додека патувале со авион. Во тужбата се вели дека како резултат на овие сексуални средби во различни градови, г. Вентура е жртва на сексуална трговија. Тужбата го обвинува Комбс и за сексуално насилство, сексуален напад и прекршување на законот за родово мотивирано насилство во Њујорк. Тужбата на Вентура вклучува неколку извештаи за нејзините неуспешни обиди да избега од контролата на Комбс. Во еден пример, наведува дека за време на „откачувањето“ во хотел во Лос Анџелес во 2016 година, пијаниот Комбс ја удирал Вентура во лицето по што се здобила со модрици. Тој заспал и таа се обидела да ја напушти собата, но Комбс се разбудил и ја следел во ходникот, каде што фрлал стаклени вазни кон неа, предизвикувајќи стакло да се искрши низ ходникот, се вели во судската пријава. Безбедносните камери на хотелот го снимија тој инцидент, но во тужбата се вели дека Комбс ја откупил снимката од хотелот за 50.000 долари. Во судската пријава се вели дека во 2018 година, откако Комбс и Вентура се сретнале на вечера, тој насилно влегол во нејзиниот стан и ја силувал додека таа „постојано кажувала „не“ и се обидувала да го оттурне“. После тоа, вели тужбата, таа го оставила засекогаш. Вентура се омажи за Алекс Фајн, личен тренер, следната година и сега има две мали деца. Според жалбата, нејзиното дружење со Bad Boy завршило во 2019 година. Случајот на Вентура, како и другите неодамнешни тужби за сексуален напад, се води според Законот за возрасни преживеани, њујоршки закон кој им дозволува на луѓето кои велат дека биле жртви на сексуална злоупотреба да поднесат граѓански тужби по истекот на статутот на застареност. Едногодишниот рок за поведување предмети според овој закон завршува следната недела. Тој закон е цитиран во жалбата на г-ѓа Вентура и во изјавата таа се осврна на неговата важност. „Со приближувањето на истекувањето на Законот за возрасни преживеани во Њујорк“, рече таа, „стана јасно дека ова е можност да се зборува за траумата што ја доживеав и дека ќе се опоравувам до крајот на мојот живот“.

  • Татјана Миљовска за изложбата „Вечно женско (Шакти)“

    од Татјана Миљовска Насловот Вечно женско го позајмив од филозофијата на Владимир Соловјев. Малевич до својот креативен принцип духовна возбуда стигна наследувајќи го мистичниот амбиент на вечното женско - симболот на убавината и мудроста Софија - што зрачел од филозофијата на Соловјeв. Сликарите, поетите и филозофите симболисти, во своите азурно-сини контемплации, проникнаа до повисоките нивоа на интуицијата, а возбудата се ослободи како резултат на кршење на табуата на патријархатот (кубофутористите потоа раскинаа со традицијата на симболистите, но тоа е друга тема)! Патријархалната култура и религија ја потиснуваат женската енергија којашто е незаменлива во реализирањето на полнотата на чувството и креативната емоција. А пак рационалниот ум (често роб на ниските страсти) е на суверено место во патријархалното општество. Тој е во сојуз со волјата за доминација и наметнувањето на моќ од позиција на физичка сила. Тие се востановени како „природни“ и „нормални“ нагони во општеството. Бидејќи социјалниот дарвинизам е „неминовен“ и „нужен“, следува натпреварувачкиот дух како смисла на животот, па насилноста води кон (авто)деструкција, војна, смрт. Нели сè уште ги препознаваме овие сили како доминираат во нашиот свет!? Од друга страна, во тој систем, сочувството, емпатијата, емотивноста, сензибилноста, симпатијата, довербата најчесто се сфаќаат како слабости, пожртвуваноста и љубовта, великодушноста, солидарноста и добротворноста – неисплатливи, мирното решавање на проблемите и конструктивноста – привремени. За повторно да се откријат и да се ревалоризираат овие занемарени доблести, неопходно е да се истражува вечното женско! Нежен однос кон природата, воодушевување од нејзините убавини, грижа за другите, за светот, за планетата, за следните генерации, се обновувааат и актуелизираат преку радикалните екологии: екофеминизмот, длабоката екологија и социјалната екологија. Промените во културата изнурнуваат од длабоката внатрешна нужност (патем, тоа е креативниот принцип на Кандински) и се резултат на еволутивен развој. Според мене, излезот од кризата ќе го најдеме прво однатре, во преобразбата. Како човештво се доведовме до ситуација кога немаме друг избор. Оттаму, големиот импулс за промени избива како женска енергија. Во јогата енергијата е шакти. Шакти е женска енергија. Таа се манифестира како на субатомско ниво така и како космичка енергија. Оваа енергија во микрокосмосот, во нас луѓето, низ духовната пракса (медитацијата, јогата) станува сè посуптилна. Постепено се развиваат пофини аспекти од таа внатрешност, симболизирани низ разни бои, елементи/густини и нивоа на постоењето, и се балансираат енергиите во хармонија на повисоко рамниште. Во еден момент се достигнува полнота, полнота на Себството, на Душата, на Внатрешното Сонце - извор на огромна позитивна енергија. Серијата на слики во оваа поставка: Океан Море, Сонце и Расцут, Крилја, Пламен, се разни изблици на таа енергија, или како силна прочистена емоција, или како чувство на слобода и леснотија (добиваме Крилја), или како неизмерен простор и длабочина, или како пламено енергично извишување, или како мир, но динамички, или како топла радост и расцут. Мојот стремеж е вечното женско, коешто се манифестира како мудрост, духовна сила, хармонија и перфекција, да заблеска, за да овозможи пробив во неизмерните пространства на Интуицијата. Интуицијата е нашата повисока и подлабока свест… * Сите серии на слики од оваа поставка се изработени во периодот од 2014 до 2015 година. Повеќе за настанот на Фејсбук и на Дива: Деновиве низ град. Татјана Миљовска, родена на 3 ноември 1966 година во Битола, е уметница чиј живот и дело се преплетуваат со богатиот тек на македонската уметност и култура. Нејзиното уметничко патешествие е обележано со академски постигнувања, креативни истражувања и длабоко посветување на духовната суштина на апстрактното сликарство. Во 1992 година, Миљовска стекнала диплома по сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзината предаденост кон уметноста ја одвеле кон студии на магистерски степен, кој го завршила во 2011 година со теза насловена "Возвишена убавина". Врвот на нејзината академска кариера беше во ноември 2020 година, кога успешно го одбранила докторскиот труд со наслов „Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство“ во Културолошките студии при Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Татјана Миљовска ја исцртува својата уметничка визија преку серија на самостојни изложби, од кои најважни се: "Кула на Мостот" во Националната галерија "Даут – пашин амам" во Скопје (1996). "Внатрешно Сонце" во Музејот на современа уметност во Скопје (2003). "Езеро Мое" во "Магаза" во Битола. "Сарај" – Ресен и "Куќата на Робевци" - Охрид (2009). "Возвишена Убавина" во Музејот на град Скопје (2011). "Духовното во апстрактното сликарство" – изложба и промоција на нејзината книга во Галеријата Метаноја во Скопје (2023). Со членство во уметничката група "Зеро" во периодот од 1986 до 1992 година, Татјана учествувала во многу перформанси, изложби и проекти со групата. Ретроспективната изложба со "Зеро" во Националната галерија на Македонија („Мала Станица“) презентираше значајен дел од нејзината уметничка историја. Во текот на годините, Татјана Миљовска се издвои не само како сликарка туку и како дизајнерка. Нејзините колекции на производи за домот ги изложувала на меѓународни саеми во Франкфурт на Мајна и Њујорк. Со повеќе од 150 објавени текстови, нејзините размислувања и критики ја објавувала на теми поврзани со уметноста, екологијата, естетиката, духовноста и политиката. Нејзината активност на меѓународни научни конференции и последните научни трудови ја поставуваат како релевантен глас во областа на енвиронменталната естетика и етиката на грижа за планетата и општеството. "Забелешка: Сите серии на слики од оваа поставка се изработени во периодот од 2014 до 2015 година." Татјана Миљовска продолжува да ја обогаќува македонската уметничка сцена со нејзината енергична креативност и силна врска со духовните длабочини на сликарството. Нејзината сакрална преданост кон "Вечното женско (Шакти)" се одразува во секој чекор на нејзиното уметничко патешествие, а нејзината искра за ревитализација на духовното во апстрактното сликарство ја прави неизбежна личност во македонската културна баштина.

  • Доколку мирот беше награда

    Светот на бајките не́ учи дека дури и нашите најскапоцени вредности се условни, или добиени по голема цена. од Салман Ружди; За почеток, дозволете ми да ви раскажам една приказна. Живееја еднаш два чакали: Каратака, чие име значеше „претпазлив“, и Даманака, чие име значеше „смел.“ Тие беа во вториот ранг на свитата на кралот лав Пингалака, но тие беа амбициозни и лукави. Еден ден, кралот лав беше исплашен од рикањето кое доаѓало од шумата. Чакалите знаеја дека тоа е гласот на бик, не е нешто од што треба да се плашиш, и го убедија бикот да дојде пред лавот и да го објави неговото пријателство. Лавот и бикот станаа пријатели, а чакалите беа унапредени во прв ранг од благодарниот монарх. За жал, лавот и бикот почнаа да трошат толку многу време во разговори, што лавот престана да оди да лови и животните во царството почнаа да гладуваат. Затоа чакалите го убедија лавот дека бикот кова завера против него, и го убедија бикот дека лавот планира да го убие, и така лавот и бикот се бореа и бикот загина, и имаше многу месо за сите, па така чакалите пораснаа во очите на лавот уште повеќе, затоа што го предупредија за заговорот и тие пораснаа во очите на сите во шумата исто така, освен, секако за кутриот бик - но тоа не беше важно затоа што тој беше мртов, и им обезбеди на сите одличен ручек. Многу прилично, ова е рамката за приказните на првата и најдолга од петте делови на книгата на животински басни познати како „Панчатантра“ наречена „ За предизвикувањето раздор помеѓу пријатели.“ Третиот дел „Војна и мир“ - наслов кој е искористен од друга добро позната книга, го опишува конфликтот помеѓу гавраните и бувовите, во кој издајничката измама на гавранот води до поразот и уништувањето на бувовите. Користев верзија на оваа приказна во мојот роман „Град на победата.“ Она што секогаш ми беше фасцинатно во „Панчатантра“ приказните е тоа дека многу од нив не морализираат. Тие не проповедаат добрина или доблест или чесност или воздржување. Лукавоста и стратегијата и аморалноста често ги надвладуваат сите препреки. Добрите момци не победуваат секогаш. (Дури не е ниту јасно кои се добрите момци.) Поради оваа причина тие делуваат необично современо, затоа ние, модерните читатели, живееме во свет на аморалност и бесрамност и лукавост, во кој лошите момци насекаде често победуваат. „Од каде потекнуваат сиве овие приказни?“ момчето Харун го прашува неговиот татко раскажувач во мојот роман „Харун и морето од приказни.“ Најважниот дел на одговорот е дека тие доаѓаат од други приказни, од океан на приказни на кој сите ние едриме. Тоа не е единствената точка на постанок: тука се исто така искуствата и ставовите за животот на самиот раскажувач, и тука се исто така и времињата во кои што живее. Но во најголема мера, приказните се вкоренети во други приказни, кои се комбинираат, се спојуваат и менуваат, и така стануваат нови приказни. Ова е процесот што го нарекуваме имагинација. Јас секогаш бев инспириран од митологии, народни приказни и бајки, не затоа што содржат чуда - зборувачки животни, или магични риби - туку затоа што ја инкапсулираат вистината. На пример, приказната за Орфеј и Евридика, која беше важна инспирација за мојот роман „Земјата под нејзините стапала“, која може да биде раскажана и во помалку од стотина зборови, и сепак, содржи моќни прашања за односот помеѓу уметноста, љубовта и смртта. Прашува: Дали љубовта, со помош на уметноста, може да ја победи смртта? И можеби одговара: Зар смртта, и покрај уметноста, не ја победува љубовта? Или ни кажува дека уметноста ги зема темите на љубовта и смртта и ги трансцедентира обете со тоа што ги претвора во бесмртни приказни. Складиштето на митот е навистина богато. Тука се и грчките митови, се разбира, но и нордиската проза и Поетската Еда. Езоп, Хомер, Прстенот на Нибелунг, келтските легенди и трите големи прашања на Европа: прашањето на Франција, телото на приказните околу Карло Велики; Прашањето на Рим, во врска со класичниот свет; Прашањето на Британија, легендите околу ликот на кралот Артур. Во Германија ги имате народните приказни собрани од Јакоб и Вилхелм Грим. Но, во Индија, пред да ги слушнам тие приказни, пораснав со „Панчатантра“ и кога се наоѓам меѓу проекти, се враќам на овие лукави чакали и гаврани и слично, за да ги прашам следно каква приказна треба да се раскаже . Досега не ме изневериле. Сè што треба да знам за добрината и нејзината спротивност, и за слободата и заробеништвото и за конфликтот, може да се најде во овие приказни. За љубовта, морам да кажам, потребно е да се погледне на друго место. И така, како што стојам пред вас примајќи ја наградата за мир, се прашувам себеси „Што ни кажува светот на басните за мирот?“ Вестите не изгледаат многу добро. Хомер ни кажува дека мирот доаѓа после декада на војна, кога сите кои ни се драги се веќе мртви и Троја е уништена. Нордиските митови ни кажуваат дека мирот доаѓа после Ragnarök - самракот на боговите, кога боговите ги уништуваат нивните традиционални непријатели, но исто така се уништени од нив. А „Панчатантра“ ни кажува дека мирот - смртта на бувовите и победата на гавраните- се постигнува само со чин на предавство. За да ги напуштиме легендите од минатото за момент и да ги погледнеме басните близначки од ова лето, филмот „Опенхајмер“ нè потсетува дека мирот дојде дури откако две атомски бомби, Малото момче и Дебелиот човек, беа фрлени врз луѓето од Хирошима и Нагасаки; додека чудовиштето од благајните наречено „Барби“ јасно кажува дека непрекинат мир и неразредена среќа, во свет каде секој ден е совршен, постојат само во розова пластика. И тука сме собрани да зборуваме за мир, кога не многу далеку oд овде војната беснее - војна родена од тиранијата на еден човек и алчноста за моќ и освојување - и кога друг горчлив конфликт експлодира во Израел и Појасот Газа. Мирот, токму сега, изгледа како фантазија родена од наркотик пушен од луле. Дури и значењето на зборот е нешто за кое борците не можат да се договорат. Мирот, за Украина, значи повеќе од прекин на непријателските чинови. Тоа значи, како што и мора да значи, враќање на одземената територија и гаранција за нејзиниот суверенитет. Мирот, за непријателот на Украина, значи украинското предавање. Истиот збор, со две некомпатибилни дефиниции. Мирот за Израел и за Палестинците изгледа уште подалечен. Мирот е тешко да се постигне. А сепак ние копнееме по него, не само за големиот мир што доаѓа на крајот на војната, туку и за малиот мир во нашите приватни животи. За Волт Витман мирот беше сонце што сјае врз нас секој ден: O sun of real peace! O hastening light! O free and extatic! O what I here, preparing, warble for! O the sun of the world will ascend, dazzling, and take his height—and you too, O my Ideal, will surely ascend! „Идеалот“ на Витман беше мирот. Значи, да се согласиме со него дека, иако е тешко да се пронајде, оваа работа вреди жестоко да се да се прогонува. Моите родители го имаа тоа на ум кога ме именуваа Салман, име чиј корен е именката salamat што значи „мир“. „Салман“ е „мирен“. И, всушност, бев исклучително тивко, добро воспитано, студиозно момче, мирно по природа. Неволјата започна подоцна. Ако моите дела се под влијание на басните, постои и нешто дефинитивно баснословно во наградата за мир. Ми се допаѓа идејата дека самиот мир може да биде наградата - дека ова жири составено од мудри добродетели е толку бескрајно моќно што можат да му доделат на еден поединец - не повеќе, едногодишна награда на мир. Вистински, благословен мир, а не тривијално задоволство, paix ordinaire, но убав стар Pax Frankfurtiana, залихи за цела година, доставен до вашата врата, елегантно флаширан. Тоа е награда за која би бил многу среќен доколку ја добијам. Дури размислувам да напишам приказна за тоа, „Човекот кој доби награда на мир “. Замислувам дека се случува во гратче во мала држава - можеби на селскиот саем. Има вообичаени натпревари, за најдобри пити и колачи, најдобри лубеници; за погодување на тежината на свињата на фармерот. Еден продавач во необлечен мантил пристигнува во вагон со коњи и вели дека ако му биде дозволено да суди на натпреварите, тој ќе ги додели најдобрите награди што некој некогаш ги видел. „Најдобри награди! тој вика. „Дојдете! Дојдете!!“ И така тие се доаѓаат, едноставната селска раја, а продавачот им дели мали шишиња на различните добитници на награди, шишиња со ознака Вистина, Убавина, Слобода, Добрина и Мир. Селаните се разочарани. Тие би сакале пари. И во годината која следи после саемот се случуваат чудни појави. Откако ќе ја испие течноста во своето шише, добитникот на наградата Вистина почнува да ги нервира и отуѓува своите соселани кажувајќи им што точно мисли за нив. Убавицата, откако ќе ја испие својата награда, станува поубава, барем во сопствените очи, но и неиздржливо суетна. Непристојното однесување на Слобода шокира многу нејзини соселани, кои заклучуваат дека во нејзиното шише сигурно имало некое моќно опојно средство. Добрината се декларира како светец и секако на сите им е неподнослив. А Мирот само седи под дрво и се насмевнува. Бидејќи селото е полно со неволји, и оваа насмевка е крајно иритирачка. Една година подоцна, кога повторно се одржува саемот, продавачот се враќа, но е протеран од градот. „Оди си“, викаат селаните. „Не сакаме такви награди. Розета, сирење, парче шунка или црвена лента на која виси сјаен медал. Тоа се нормални награди. Ги сакаме нив наместо ова“. Може да ја напишам или не таа приказна. Во најмала рака, може да послужи со леснотија за да се илустрира сериозната поента, а тоа е дека концептите за кои мислиме дека сите можеме да се согласиме дека се доблести, може да се видат како пороци, во зависност од вашата гледна точка и од нивните ефекти во реалниот свет. Во книгата на Итало Калвино „“Il Visconte Dimezzato“ („Преполовениот виконт“), херојот е преполовен од топовско ѓуле кое го удира право во градите. Двете половини преживуваат, раните им ги лекува стручен лекар, а потоа излегува дека виконтот е поделен морално и физички; една од неговите половини сега е неверојатно добра, додека другата стана неверојатно зла. Сепак, излегува дека и двете половини прават еднаква штета во светот и се подеднакво страшни за справување, сè додека не се сошијат повторно заедно од истиот лекар експерт и не станат, уште еднаш, физички еднина, но морално множина, со други зборови - човек. Мојата судбина, во мноштвото изминати години, беше пиење од шишето означено со Слобода и затоа бев без никакво ограничување да ги напишам оние книги што ми паднаа на памет да ги напишам, а сега, кога сум на прагот да го објавам мојот дваесет и втор том, морам да кажам дека во дваесет и еден од тие дваесет и два наврати еликсирот вредеше да се испие. Во преостанатата прилика, имено, при објавувањето на мојот четврти роман, научив - многумина од нас научија - дека слободата може да создаде еднаква и спротивна реакција од силите на не-слободата, а јас научив и како да се соочам со последиците од таа реакција и да продолжам, најдобро што можам, да бидам уметник без ограничувања како што отсекогаш посакував да бидам. Научив, исто така, дека многу други писатели и уметници, практикувајќи ја својата слобода, исто така се соочија со силите на не-слободата и дека, накратко, слободата може да биде опасно вино за пиење. Но, тоа го направи понеопходно, посуштинско да се брани. Признавам дека имало моменти кога повеќе би сакал да го испијам еликсирот на мирот и да го поминам животот седејќи под дрво облечен во блажена, убава насмевка, но тоа не беше шишето што продавачот ми го подаде. Живееме во време за кое не мислев дека ќе го видам во мојот живот, време кога слободата - а особено слободата на изразување, без која светот на книгите не би можел да постои - е насекаде под напад од страна на реакционерни, авторитарни, популистички демагози, нарцисоидни, невнимателни гласови; кога местата на образование и библиотеките се предмет на непријателство и цензура; и кога екстремистичката религија и фанатичките идеологии почнаа да навлегуваат во области од животот во кои тие не припаѓаат. И, исто така, се креваат прогресивни гласови во полза на нов вид на bien-pensant цензура која изгледа доблесна, и која многу луѓе почнаа да ја гледаат како доблест. Значи слободата е под притисок и од левицата и од десницата, и од младите и од старите. Ова е нешто ново, и искомплицирано од нашата нова алатка за комуникација, Интернетот, на кој добро дизајнираните страници со злобни лаги седат рамо до рамо со вистината, и на многу луѓе им е тешко да препознаат која е која; и нашите социјални медиуми, каде што идејата за слобода секојдневно се злоупотребува за да се дозволи, многу често, еден вид владеење на онлајн мафијата, што милијардерите сопственици на овие платформи изгледаат сè поподготвени да ја охрабрат - и да профитираат од тоа. Што правиме со слободата на говор кога е нашироко злоупотребувана? Сè уште треба, со обновена енергија, да го правиме она што отсекогаш сме требале да го правиме: да одговориме на лошиот говор со подобар говор, да се спротивставиме на лажните наративи со подобри наративи, да одговориме на омраза со љубов и да веруваме дека вистината сепак може да успее дури и во доба на лаги. Мораме жестоко да го браниме и да го дефинираме што пошироко, така што, да, секако треба да го браниме говорот што нè навредува; инаку ние воопшто не го браниме слободното изразување. Нека зборуваат илјада и еден глас на илјада и еден различни начини. Да го цитирам Кавафи, „варварите доаѓаат денес“, а она што го знам е дека одговорот на филистизмот е уметност, одговорот на варварството е цивилизацијата, а во секоја војна може да се случи уметници од сите видови - филмаџии, актери, пејачите и, да, оние кои ја практикуваат древната уметност на книгата - сепак, заедно можат да ги одвратат варварите од портите. ♦︎ Ова е извадок од говорот за прифаќање на Наградата за мир што го одржа Ружди на 22 октомври, како дел од Саемот на книгата во Франкфурт.

  • Верица Мукоска со истражување на психофилозофемите: ликови и приказни во македонската литература

    Психофилозофема е концепт кој се користи за означување на вредности, идеи или филозофски елементи што се вградени во ликовите и приказните во литературата. Овој термин се користи за да се обележи присуството на психолошки и филозофски компоненти во комплексно изградените ликови и повеќеслојните приказни. Идејата зад психофилозофемата е да се истражи како психолошките и филозофските аспекти влијаат еден врз друг во структурата и развојот на ликовите и приказните. Верица Мукоска истражува како психофилозофемите се присутни во романите "Папокот на светот" од Венко Андоновски и "Еретички писма" од Стефан Марковски. Таа ги анализира вредностите и идеите што ги носат ликовите преку филозофски и психолошки димензии и како тие се вплетени во повеќеслојните структури на приказните. Тие се тема на анализа во студијата на Верица Мукоска, која се обидува да го истражи и образложи значењето на овој термин во контекстот на современата македонска литература. Во самото истражување, Мукоска го обосновува концептот психофилозофеми како средство за истражување на врската помеѓу психолошките и филозофските компоненти во комплексно изградените ликови и повеќеслојните приказни. И како што речиси истражувањето, ова е остварено преку внесувањето на сложени заплети, умешни детализации и развивањето на сугестивни хронотопи. За истражувањето, авторката го избрала двата романи - "Папокот на светот" од Венко Андоновски и "Еретички писма" од Стефан Марковски. Изборот не е случаен, туку представува погоден начин за истражување на новиот концепт, основан на присуството на филозофски елементи и развиените психолошки конституции на ликовите. Професорката Кристина Николовска, која направи рецензијата на студијата, изрази впечаток дека истражувањето претставува сериозен научен фокус на филозофемата како вредност. Според неа, Верица Мукоска има успешно идентификувано, дефинирало, анализирало и толкувало филозофемите како вредности во рамките на романите. Преку совршена анализа и детално истражување, Мукоска ги раскрива психофилозофемите како еден од стожерните елементи на делото. Во крајна линија, таа ги поврзува со потрагата на ликовите за смисла во убавината, смисла во животот и смисла во самата потрага. Овој блог пост не е само резиме на истражувањето, туку и поглед во значењето на новиот концепт, психофилозофеми. Во нашиот свет на читање, таа не само што ги анализира ликовите и приказните, туку ги води читателите кон длабока размисла за себе и за значењето на смислата во сопствениот живот. Студијата на Верица Мукоска, како книжевен аналитичар и дополнително како автор на романи и поезија, остава силно впечаток на научната област, нудејќи нов поглед врз анализата на литературата и нејзината психо-филозофска димензија.

  • Баленсијага: Пешкирот од 925 долари и уметноста на тролањето

    Balenciaga, познати по својот авангарден пристап кон модата, се враќа со разигран пресврт на луксузот - претставувајќи го пешкирот кој чини 925 долари ( 52,437.82 денари). Иако можеби изгледа како висока цена за едноставна ткаенина, на Balenciaga не им е непознато да ги претвори секојдневните предмети во модни изјави на висока мода. Најновата креација на брендот ги предизвикува традиционалните граници на стилот и покренува прашања за самата суштина на луксузот преку нешто што наликува на сатира. Или сакаме да веруваме дека е сатира - изгледа дека наседнавме на Баленсијага, ја посакуваме, неопходна ни е, или би ни била доколку може да ни биде достапна. Сатира е НЕЛИ?! Пешкир: повеќе од само ткаенина Ова не е твој обичен пешкир. За разлика од неговите утилитарни колеги, креацијата на Баленсијага не е само парче ткаенина; тоа е изјава. Со цена од 925 долари, ги надминува конвенционалните очекувања за тоа каков треба да биде пешкирот. Изработен со посветување на многу внимание на деталите, има две копчиња одвнатре со што ги обезбедува да останат на своето место, пркосејќи на тенденцијата на обичните крпи да се отплеткуваат. Дали е премногу фенси за крпа? Можеби. Но, Баленсијага не́ предизвикува да го преиспитаме обичното и да најдеме вредност во неочекуваното. Наследството на сатиричниот луксуз на Баленсијага: Овој потег не е прв пат Баленсијага да се впушти во сатиричниот луксуз. Минатата година, брендот успешно продаваше изветвени патики за 1.850 долари, докажувајќи дека постои пазар на неконвенционална мода што ги предизвикува нормите. Во средината на една година на рехабилитација по контроверзниот рекламен скандал, креативниот директор на Баленсијага, Демна, суптилно повторно влезе во очите на јавноста. Од стајлинг на познати личности до прикажување на колекција со модели вклучувајќи ја неговата мајка, учителка и модната критичарка Кети Хорин, брендот се врати во центарот на вниманието на модата. Ќе биде ли премногу matchy-matchy доколку се носи со нивните ...чевли...? Обнова на трендот на Y2K: Пешкирот на Balenciaga од 925 долари, исто така, го сигнализира враќањето на трендот Y2K, каде што носењето предмети преку панталони станува модна изјава. Сепак, може безбедно да се каже дека не секој може да ја прифати идејата да потроши речиси илјада долари на она што во суштина е крпа. Додека трендот Y2K се враќа, екстравагантното однесување на Balenciaga ги предизвикува границите на светот на модата, нè турка да ја доведеме во прашање самата суштина на луксузот и каде треба да се повлече линијата.

  • Изложба "кЛИК, сЛИК - сподели кирилица" го обедини креативното пишување и вештачката интелигенција

    На 22 септември, во рамки на Маалски фестивал во Културно-социјалниот простор Центар Јадро во Скопје, се одржа изложба и книжевен бал насловени како "кЛИК, сЛИК - сподели кирилица." Настанот понуди амалгам на литература и иноваторски технолошки пристапи. Гостите на овој културен настан беа несекојдневни книжевни ликови, како Самовили, Барбика од антика, Месечина што плаче, Румена и Дездемона, претставени преку визуелни изведби креирани со помош на природна и вештачка интелигенција. Посетителите имаа можност да ги проследат овие уникатни визуелизации направени со кирилични формули и непредвидливи кЛИКови. Од особена вредност беа и оригиналните фанзини кои беа изложени. Се работеше за неформални изданија, собрани од поетски и прозни дела напишани од млади таленти. Овој дел од изложбата покажа дека креативноста и визуелната уметност можат да се преплетат на начин што предизвикува восхитување. Розевата, светкава и панкерска атмосфера го заела просторот, со дела напишани на работилницата за креативно пишување за млади, исто така насловена „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“. Под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, учесниците имаа можност да го оживеат својот замислен книжевен лик преку кирилица и вештачка интелигенција, а потоа да напишат кратка фикција или поезија за изработените ликови. Смилевска и Бошковкса како Дума ин Сума“, на 14 и 15 септември ја одржаа работилницата за креативно пишување - „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, како продолжување на претходната работилница за креативно пишување за млади - „Пиши - бриши... Само не оставај на seen“, која се одржа на 5 и 6 јуни. Организаторите "Дума ин Сума" со соработка на младите уметници Дарко Алексовски и Јован Јосифовски, го овозможија на учесниците да креираат оригинални мали книгички, познати како фанзини. Сечење, лепење, цртање и колажирање беа дел од процесот што резултираше во уникатни изданија. Фанзините, како неофицијални изданија, се создадени ентузијастички и панкерски, преку "направи сам" техники. Тие обработуваат одреден културен феномен, претставувајќи алтернативен начин за споделување на идеи и креативност. Во интервју за медиумите, претставниците на "Дума ин Сума" истакнаа значењето на вештачката интелигенција како дигитална алатка за оживување на фантазијата. Преку оваа технологија, замислените книжевни ликови станаа живи и нивните приказни може да се прочитаат во мали книгички, познати како фанзини. "Направи сам" пристапот им дозволи на авторите да избегнат комерцијални рамки и да се изразат во неформална средина. На книжевниот бал, диџеите Горан Костовски (Индог) и Мартина Пенева создадоа магична атмосфера со своите музички избори. Дводневната работилница за креативно пишување за млади, организирана под името „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, беше поддржана од Министерството за култура преку конкурсот „Цртај на кирилица“. Маалски фестивал, на кој се организираа овие настани, е гордо покровителство на Асоцијација Јадро, Општина Центар и Министерство за култура се потврди како мост на културната сцена.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page