top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Еј Крис Рок јас сум ќелава црна жена и тоа не е шега!

    Досега, веројатно сте ги виделе сите разговори на Твитер за тоа што се случи на сцената на Оскарите помеѓу Вил Смит и Крис Рок. Да го повториме на кратко моментот за кој најмногу се зборуваше: Рок го доделуваше Оскарот за најдобар документарен филм и направи бесчувствителна шега (како што прават комичарите) за недостатокот на коса на Џејда Пинкет Смит: „Џада, те сакам. „G.I. Jane 2“, едвај чекам да го видам“. Пинкет Смит неодамна ја избричи главата бидејќи има алопеција, здравствена состојба која нема лек и предизвикува опаѓање на косата, за што таа беше многу транспарентна. Првично, Смит се смееше на шегата, но откако ја виде реакцијата на неговата сопруга - секој што гледаше можеше да види дека Пинкет Смит беше понижена и налутена од шегата - тој се качи на сцената и го удри Рок по лицето пред да се врати на своето место. Откако седна, Смит му викна на Рок, да не го спомнува името на неговата сопруга. Можеби така постапи поради тоа што невнимателниот коментар на Рок би можел да го неутрализира целиот напредок што неговата сопруга го направила во прифаќањето на нејзината ќелава природна коса - и тоа коментар кажан на еден од најгламурозните, фотографирани настани во светот. Неколку работи за инцидентот можат да бидат вистинити во исто време. Насилството не е во ред. Комичарите прават шеги. Она што го кажа Рок беше навредливо. Како и да се чувствувате за реакцијата на Смит - и има многу кои се чини дека се поделени околу тоа - овој инцидент укажува на загрижувачко и поголемо прашање со кое црните жени продолжуваат да се соочуваат околу нивната природна коса која не е доволно добра и се засрамени да ја носат гордо. Додека ги гледав Оскарите, ја имав истата реакција како Пинкет Смит. Како црна жена која доброволно си ја избричи главата пред 11 години, апсолутно можам да сочувствувам. Јас немам алопеција, но се соочив со истото понижување што го доживуваат Пинкет Смит и многу други црни жени, со носење на нашата коса во нејзината природна состојба. Не е ни приближно на таква јавна сцена, но основниот контекст останува ист: црната коса не е убава или општествено прифатлива. Кога првпат ја избричив главата, многу луѓе, вклучително и црнки жени, не разбраа зошто би направила такво нешто и автоматски ме предупредија дека на мажите нема да им биде привлечен храбриот потег. Кога ме навредуваа, првото нешто по што луѓето напаѓаа беше фактот дека немав коса. Ме натераа да се чувствувам помалку затоа што бев ќелава. Ме нарекуваа „ќело“, „без рабови“ и „Кајо“ (во врска со ќелавиот главен лик на популарната детска телевизиска емисија). Како и Пинкет Смит, многу жени од боја доживуваат алопеција. Според истражувањето во 2016 година на 5.594 црни жени, 47,6 отсто од испитаниците рекле дека доживеале губење на косата. Откако ја откри својата дијагноза во 2018 година, Пинкет Смит не се оддалечи од оваа состојба и јавно зборуваше за тоа. Во една епизода од нејзиното ток шоу, таа се присети на „застрашувачкиот“ момент кога првпат забележала дека изгубила цел „прамен коса“ под туш. „Тоа беше еден од оние моменти во мојот живот кога буквално се тресев од страв“, рече таа. „Затоа ја истрижав косата и продолжив да ја шишам." Секоја жена може да ви каже дека бричењето на косата е возбудливо и моќно. Лично, тоа ми ја даде долгоочекуваната слобода: повеќе не се вклопувам во кутијата - изградена од кревки мажи и расистички мислења што произлегуваат од европските стандарди за убавина - за тоа како треба да ја носам мојата коса. Расизмот и патријархатот ги научија црните жени и на крајот ги натераа да веруваат дека нивната природна убавина е грда, непожелна и дека треба да се смени за да се вклопи културно. Косата одамна е врзана за вредноста на една жена, но црнките пораснале трошејќи цело богатство на производи за нега на коса за да избегнат „кратка кадрава коса“. Зборовите на Рок се хранат со оваа штетна реторика околу косата на црните жени. Тие му вдахнуваат нов живот на непочитуваниот начин на кој нашата коса е политизирана и исмејувана со векови. Пинкет Смит се појавува ќелава секој ден, повеќе не се крие зад перики и ткаенини, им дава до знаење на другите дека е во ред да излезете во вашето автентично ќелаво јас. Ова е нешто што треба да се слави, а не да се исмева. Таа ни покажува дека сè уште можете да бидете самоуверени, прекрасни и убави и да го живеете вашиот најдобар живот додека сте ќелави.

  • Зеленски на Оскарите?

    Шон Пен во своето второ гостување на CNN откако се врати од Украина беше дециден: - Доколку Зеленски не се појави - ќе си ги уништам наградите во протест!! Иако Холивуд во својата привилегија, натопен со дијаманти и декадендентен луксуз кога повикува на социјална правда не е само невкусно во немањето слух туку дури и комично и - самите се свесни за тоа. Комичарите (како Рики Џервејз) до сега многу пати ги критикувале и тоа токму од подиумот на иститот тој тип на награди. Но и покрај се́ - се ́ поизвесно е дека на Зеленски ќе му дадат простор во телевизиските минути кои глобално имаат најмногу внимание дури и покрај тоа што во последните години рејтингот е опаднат. Се чини прва која дошла до оваа идеја била годинешнава ко-водителка и комичарка Ејми Шумер. На Дру Беримор шоуто кажа дека таа ја презентирала идејата на продуцентите: „Сакав да најдам начин да го внесам преку сателит или да направам снимка само затоа што има толку многу очи на Оскарите..но не сум јас таа што ги продуцира Оскарите“. Шумер и Баримор разговараа за важноста на користење на најпрестижниот настан во Холивуд како платформа за истакнување на геополитичките прашања, вклучително и тековната руска инвазија на Украина. „Мислам дека дефинитивно постои притисок на еден начин да се биде како, „ова е одмор, нека се опуштат луѓето, ние само сакаме да ја имаме оваа ноќ“, рече Шумер, „ добро, но, имаме толку многу очи и ушите на ова шоу“. Останува да гледаме и да видиме.

  • Најнезаборавен моден момент на Оскарите: македонскиот лебед

    Во многуте содржини кои „фрчат„ на сите страни како што се приближуваме до неделните постпандемиски, пост - немаме водител затоа што го откажавме-Оскари, еден наслов ми го улови вниманието. Разбирливо: Teen Vouge, ја имаше истакнато Bjork во „лебедовиот фустан„ на Марјан Пејоски како најмногу запаметен, најмногу незаборавен моден момент во историјата на оскаровскиот црвен тепих. Тоа не е мала работа. Воопшто. И не претеруваат, ретко кога се зборува за оскаровската мода без да спомне - стана иконичен поп арт момент. Секако и Бјорк има своја заслуга. Подоцна го има носено на насловницата на албумот Vespertine, како и за турнејата на тој албум... „ Бев многу свесна кога отидов на Оскарите дека тоа веројатно ќе ми биде прв и последен пат. Затоа мислев дека мојот придонес навистина треба да биде за плодноста и мислев дека ќе донесам јајца... Не гледам многу холивудски филмови, а затоа што сум од Исланд, сосема инцидентно е она што налетува таму од Холивуд. Повеќето холивудски филмови што ги гледам се мјузикли од Базби Беркли и ... како се вика тој филм со целото пливање? Естер Вилијамс, такво нешто, па мислев дека би било многу соодветно да носам лебед. Претпоставувам дека веќе не ги прават тие работи, нели? Но, тоа беше почит за Базби Беркли и тој вид на елеганција“ Овој настап/фустан беше и прекурсор на Лејди Гага и нејзините перформанси на црвениот тепих (во еден од нив и самата беше во јајцето) . Но ова не беше инцидент кој не се повтори за Марјан. Тој заедно со Сашко Безовски базирани во Лондон го водат KTZ, бренд кој со години беше изборот на А листата на славни личности, како Rihanna, Katy Perry, Jay Z, Kanye.... посебно Ријана(од 2015 има мноштво пап фотки во кои таа е облечена во КТЗ).. а доколку ги изгуглате нема ниту еден релевантнен медиум, посебно моден медиум како Vouge, GQ, New York Times, да не ги споменуваат и покриваат, и нема ниту една од централните модни недели на кои не биле присутни . И тогаш - после 2018 медиа покривањето згаснува. Што се случило? Имале несреќа да го закачат почетокот на кансел културата: кога забележале свастика во еден од дезените GQ го отпишаа тоа како ироничен коментар, во тој период Кање Вест беше горд од својата бомбер јакна со знаменце на конфедерацијата(синонимно со расизам) .. Но за жал не поминало со тоа: беа прилично страсно обвинети за културна апропријација на домородните племиња во Америка. Mноштво гневни текстови илустрирани со фотографии од нивните ревии и со црвени букви испишано „РАСИСТИ„ .. Единствениот одговор кој „Кокон и Заи„ го дале бил: „ Ова е наш трибјут за таа култура„ - секако тоа не било доволно. Не можеле да знаат колку потентна ќе стане кансел културата. Но -Daily Mail се чини им го дала бакнежот на смртта со сензационалистичкиот наслов: „Топ дизајнер кој го направи лебедевиот фустан на Бјорк, продавал препарирани загрозени животни вклучувајќи и крокодил и Индонезиски прасиња од неговиот бутик во Западен Лондон„ . До овде навивав за нив, секако, но - јасно ми е и да би сакала, тешко може да се рехабилитира еден бренд после ваков момент. Но без гајле Кокон и Заи се добро! Новинарката(во францускиот Ел и Воуг на пример) и воопшто позната фигура за сите работи мода Diane Pernet ни го даде среќниот крај кој сакавме да го чуеме во предвечерието на Оскарите на апокалипската на нејзиниот сајт во 2018та... „Почитувани засенчени гледачи, Само што се вратив од магични неколку дена славејќи ја љубовта и пријателството. Марјан Пејоски и Сашко Безовски или КТЗ… се заедно 29 години и решија да се венчаат и повторно да ги посетат своите корени. Двајцата се запознале кога биле во војска во Македонија, се кладам дека не сте ја знаеле таа ситница ... Како и да е, беше многу забавно што двајцата направија сами за да го направат магично патување за нивните пријатели кои дојдоа од цела планета.. Европа , Јапонија, Кина, Бали, САД……….. Еве мал документ од првиот ден. Останав на тој брод во центарот на градот. Подоцна, Дајен„ Нивниот Инстаграм исто така ни́ кажува дека секако се́ уште и те како работат!

  • creative.mk : Нов македонски агрегат за вести од културата на Бранко Прља

    Пред неколку недели (дали беше повеќе или помалку - малку нѝ е искривена перцепцијата за времето периодов) одѕвони громко по разни профили - има нов агрегат, специјализиран за технологија и наука! Нашиот интерен хроничар го дигна погледот, во радосно изенадување, а ние тркнавме до го зачувавме во букмаркс, и продолживме да ја следиме можната апокалипса по екраните. Вчера слична вест: има нов агрегат! Овој пат за културата. Постот кој се рашири по социјалните мрежи беше следниот: „Почитувани пријатели културњаци и останати... со Vladimir Carrer започнавме еден нов проект, специјализиран агрегатор за вести од културата и уметноста наречен creative.mk Ова е втор наш ваков проект, по http://science.mk/ кој епрв македонски агрегатор за вести од науката итехнологијата. Медиумите се пренатрупани со кич ишунд, ова е наш обид да се збогати медиумскиот (интернетски) простор со поквалитетни содржини и да се промовирааат истите. Нашата листа на медиуми е непотполна, сакавме да додадеме уште некои сајтови како: Репер, Cooltura, Самоглас, Кантарот, Умно, Reborn, Обични луѓе, Кантарот итн. но тие или немаат или имаат непотполн RSS. Ако знаете сајтови на ваши колеги, пријатели или такви кои ги почитувате и редовно ги посетувате, пишете ни да ги додадеме во агрегаторот. Некоја покомплетна листа на линкови кои веќе сме ги пробале има на дното од агрегаторот. За уметноста – против турбо-фолкот!„ Реакциите беа сосема позитивни дури ги читавме како помалку емотивни, како изгладнет пес кој се сопнал на мрсна коска која не ја барал. Позади агрегатот стои Бранко Прља, човек кој е (не само издаван, туку и наградуван) писател, графички дизајнер, копирајтер,човекот позади Арно и очигледно активист, кој не ги заборава сопствените принципи. За Теа Модерна пред години забележал: „Состојбата во Македонија е лоша. Мојата желба и мисија е што повеќе луѓе да се заинтересираат за интелектуални, културни и со еден збор: креативни, сфери од живеењето, да ги перцепираат како возбудливи, интересни и полни со предизвици. На тој начин ќе се оттргнат од телевизорите, сапунските серии, политичките партии, турбофолк - кичот, и сличните шунд појави кои не́ следат на секој чекор.„ Владимир Карер се опишува себе како: веб дизајнер, девелопер, учител, говорник, и воопшто зависник од интернет...

  • Тапанарот на Foo Fighters, Taylor Hawkins пронајден мртов

    Долгогодишниот тапанар на Фу Фајтерс, Тејлор Хокинс, почина на 50-годишна возраст. Хокинс беше пронајден мртов во хотелска соба во северниот дел на Богота, Колумбија каде бендот требаше да свири на фестивал во петокот вечерта. Причината за смртта се́ уште не е објавена. Групата требаше да свири на Фестивалот Естерео Пикник во колумбискиот главен град, но тие вчера објавија дека бендот нема да свири поради „сериозна здравствена состојба“. Хокинс, кој беше оженет со неговата сопруга Алисон и татко на две тинејџерски деца, Оливер и Анабел, штотуку заврши низа турнеи во Јужна Америка, а бендот последен пат свиреше во Сан Исидро, Аргентина, минатата недела. Хокинс му се придружи на бендот во 1997 година, откако групата го заврши својот втор албум, The Color and the Shape. Пред да биде Фу Фајтерс, Хокинс свиреше на тапани за Аланис Морисет од која беше регрутиран од фронтменот Дејв Грол - сопствениот легендарен тапанар на Нирвана. Грол го формираше својот втор бенд Foo Fighters во 1994, само само неколку месеци откако Курт Кобејн, фронтменот на Нирвана, си го одзеде животот. Во документарецот за Нетфликс, Напред - назад, тој зборуваше(едвај и за прв пат) за траумата што ја донело ова самубиство, и како зависноста на Хокинг, го потсетува и плаши од таа причина што веќе таа ситуација му е позната. По самоубиството на Кобејн во април, Грол се повлече и не беше сигурен дали сака да остане во музичката индустрија, но го создаде Foo Fighters во октомври истата година, откако напиша демо од 15 песни и потпиша со Capitol records. Кога Хокинс му се придружи на бендот во 1997 година, Фу Фајтерс се пресели од алтернативната рок сцена за да постигне мејнстрим успех, редовно полнејќи ги арените и стадионите.

  • Таткото на „гифчињата“ почина од ковид на 74 години

    Почина Стивен Вилхајт, еден од водечките пронаоѓачи на GIFовите - потврди за The Verge неговата сопруга Кеталин. Тој бил опкружен со семејството кога починал. Неговиот некролог забележува дека „и покрај сите негови достигнувања, тој остана многу скромен, љубезен и добар човек“ Стивен Вилхајт работел на GIF (Graphics Interchange Format) графички формат за размена, кој сега се користи за реакции, пораки и шеги, додека бил вработен во CompuServe во 1980-тите. Тој се пензионирал во раните 2000-ти и го поминувал своето време патувајќи, кампувајќи и градејќи модели на возови во својот подрум. „Тој сам го измисли GIF-от дома и го однесе на работа откако го усоврши“, рече неговата сопруга Кеталин, во неодамна објавениот некролог. Додека примарна функција денес е да создава анимирани мемиња и објави за реакции, првичната цел на GIF беше да дистрибуира „графика со висок квалитет, со висока резолуција“ на интернет. CompuServe потоа го воведе форматот во доцните 1980-ти, каде што остана во стагнација до 1998 година кога компанијата беше купена од AOL. Патентите за GIF истекоа, што ѝ овозможи на јавноста да почне да се занимава со него. Руската уметница Олиа Лиалина беше една од првите што го искористи во 1997 година, по што следеше покојниот аниматор Чак Појнтер кој почина во 2001 година, но зад себе остави еден куп анимации кои се сметаат за рани значајни GIF-ови. „Тогаш не бев баш вљубена во овој формат. Сакав да биде видео, но анимираниот GIF беше единствениот начин да се добие подвижна слика во браусерот“. Кога Tumblr доби GIF датотеки во 2007 година, сè се промени. Форматот подоцна беше подигнат од повеќе социјални платформи, вклучувајќи ги Myspace, Facebook, Instagram и многу други. И денес, во 2022 година, цели стории и вести се градат преку овој формат. Среќна околност е тоа што Вилхајт успеал да го види подемот на неговиот изум во реално време. Со сета негова пролиферација, се чини дека сè уште нема консензус за тоа како да се изговара често користениот GIF. Во 2013 година, Вилхајт зборуваше за Њујорк Тајмс за неговиот официјален изговор. „Оксфордскиот англиски речник ги прифаќа двата изговори“, рече тој. „Тие грешат. Тоа е меко „Г“, изговорено „џиф“. Крај на приказната“. Значи - џифче на македонски Не можеме да се расправаме со самиот пронаоѓач. Почивај во мир Стивен Вилхајт. Придонесе за поп културата повеќе отколку што можеше да замислиш.

  • Доаѓаат Оскарите: Номинираната музика

    Бијонсе ќе настапи на 94-тото издание на Оскарите. Според соопштението за печатот, Беј ќе ја има својата изведба на сцената на овогодинешната церемонија и ќе ја изведе нејзината песна „Be Alive“ , која е номинирана за „Најдобра оригинална песна“ благодарение на сорабоката во филмот за сестрите Вилијамс, Кралот Ричард. Првично имаше гласини дека ќе настапува од населбата Комптон, на тенискиот терен каде што Винус и Серена Вилијамс ги остреле забите во спортот во кој подоцна брилјираа. Сепак, ѕвездата нема да биде единственото големо име што ќе се појави на доделувањето на наградите, и ќе настапува заедно со колегите номинирани во категоријата, Били Ајлиш и Финеас, кои ја напишаа “No Time To Die” за последниот истоимен Џејмс Бонд филм. Дополнително, Реба Мекентајр и Себастијан Јатра се најавени да ги испеат нивните песни „Somehow You Do“ од Four Good Days и „Dos Oruguitas“ од Encanto. Еве ги номинираните песни: Be Alive. за King Richard; Музика и текст: DIXSON и Beyoncé Knowles-Carter. Dos Oruguitas. за Encanto; Музика и текст : Lin-Manuel Miranda. No Time To Die за No Time to Die; Музика и текст: Billie Eilish и Finneas O'Connell. Somehow You Do за “Four Good Days” Музика и текст: Diane Warren Down To Joy за Belfast; Музика и текст: Van Morrison.

  • Мета модна недела

    Модниот месец можеби штотуку заврши во Европа (само во 2022 веќе имало 3000 модни недели глобално) - но ќе се одржи сосема нов дел од ревии и настани - виртуелен во Метаверзумот. Слично на традиционалните глобални модни недели во Милано и Париз, на модната недела Метаверзум, ќе има повеќе од 50 луксузни и дигитални брендови кои виртуелно прикажуваат нови колекции и ќе бидат домаќини на презентации, дискусии, концерти, забави и видео инсталации. Луксузната шопинг област наречена „Бозонскиот портал - моден округ“ е дизајнирана слично на париската Avenue Montaigne, каде што брендовите можат виртуелно да продаваат и физички и дигитални предмети преку NFT. Модната недела на Метаверс ќе започне со дигитално активирање од лондонскиот продавач Selfridges, што исто така ќе го одбележи лансирањето на својата прва врвна продавница во метаверзумот. Меѓу брендовите кои учествуваат се Elie Saab, Etro, Tommy Hilfiger, Dundas, Garrett Leight, Roberto Cavalli, Paco Rabanne, Hugo, Faith Connexion и Dolce & Gabbana. Дигиталната модна куќа Ауроборос ќе биде домаќин на извонредно искуство и настап на канадската суперѕвезда Грајмс. Томи Хилфигер виртуелно ќе ги прикаже своите колекции за пролет 2022 година, плус ќе биде домаќин на дигитална платформа каде што потрошувачите ќе можат да купуваат NFT за нивните аватари или да купуваат физички предмети од Metaverse. „Кога го основав мојот бренд имењак во 1985 година, никогаш не замислував дека ќе дочекам време кога модните недели ќе се одржуваат во 3Д, во целосно виртуелен свет“, рече Хилфигер. „Додека дополнително го истражуваме метаверзумот и сè што има да понуди, јас сум инспириран од моќта на дигиталната технологија и можностите што таа ги нуди да се вклучам во заедниците на фасцинантни, релевантни начини“. Првата модна недела на Метаверс ќе се одржи од 24 до 27 март на Dec entraland, 3Д виртуелен свет и платформа базирана на браузери со софтвер што работи на блокчејнот Ethereum. Корисниците на Децентраленд можат да купуваат и продаваат дигитален недвижен имот, додека истражуваат, комуницираат и играат игри во овој виртуелен свет. Бесплатно е. Не се потребни билети, но за да купите нешто потребен ви е Ethereum паричник .

  • Доаѓаат Оскарите: Долгото збогување на Риз Ахмед (видео)

    Риз Ахмед го запознавме во ( ако не се култни тогаш сигурно добро познати ) филмови како Патот до Гвантанамо, Тришна, Џејсон Борн, но и комедијата Четирите Лавови и во серијата Девојки. Исто толку успех - не само како актер - има и во рапот (Riz MC ) чии стихови може да стојат независно како поезија… Оваа разноврсност кулминира во краткиот филм “Долгото збогување“ (истоимен со неговиот албум) а сцената со која се затвора филмот е “филувана” со моќните стихови на “Од каде си?” која може да се најде на албумот. Сега е веќе два пати номиниран за Оскар (сега и во 2021 за Звукот на металот). (ги оставивме линковите до Genius за контекст): They ever ask you, "Where you from?" Like, "Where you really from?" The question seems simple, but the answer's kinda long I could tell 'em Wembley, but I don't think that's what they want But I don't wanna tell 'em more, 'cause anything I say is wrong Britain's where I'm born, and I love a cup of tea and that But tea ain't from Britain it's from where my DNA is at And where my genes are from, that's where they make my jeans and that Then send them over to NYC, that's where they stack the P's and that Skinheads meant I never really liked the British flag And I just got the shits when I went back to Pak And my ancestors Indian, but India was not for us My people built the West, we even gave the skinheads swastikas Now everybody everywhere wantin' their country back If you want me back to where I'm from, then bruv, I need a map Or if everyone just gets their shit back, then that's bless for us You only built a piece of this place, bruv, the rest was us Maybe I'm from everywhere but nowhere No man's land, between the trenches, nothing grows there But it's fertilized by the brown bodies fought for you in the wars So when I spit, a poppy grows there Yeah, I make my own space in this business of Britishness Your question's just limiting, it's based on appearances Stop trying make a box for us I'll make my own and break your poxy concept of us Very few fit these labels, so I'm repping for the rest of us Who know that there's no place like home and that stretches us Who code switch, so don't piss me off with cricket tests for us Or question us about our loyalty, our blood and sweat's enough Born under a sun that you made too hot for us Kidnapped by empire and diaspora fostered us Raised by bhangra, garage and halal Southern fried chicken shops A junglist, a jungli, I'm Mowgli from The Jungle Book I'm John Barnes in the box, I blaze hard after mosque I bend words like Brown and West until they just spell "What" My tribe is a quest to a land that was lost to us And it's name is dignity, so where I'm from is not your problem, bruv Долгото збогување:

  • Марина Абрамовиќ ќе ја изведе "Уметникот е присутен" за поддршка на Украина

    Марина Абрамовиќ ги објави своите планови за рестартирање на нејзиното значајно дело „Уметникот е присутен“ (The Artist Is Present) во корист на украинските жртви од разорните руски напади. Заедно со њујоршката галерија Шон Кели и Артси, сега е отворено наддавањето за можноста да учествувате во оваа претстојна итерација на едно од најпознатите дела на Абрамовиќ. Абрамовиќ првпат ја постави „Уметникот е присутен“ на МоМА во 2010 година, поминувајќи 736,5 часа во период од три месеци, седејќи тивко на маса, додека парадата посетители наизменично седеа спроти неа, споделувајќи молчалив контакт со погледот. Изложбата привлече околу половина милион посетители, додека приближно 1.500 луѓе - вклучувајќи ги Лу Рид и Бјорк, меѓу многу други значајни лица - добија шанса тивко да комуницираат со Абрамовиќ. Но, емоционалната кулминација на изведбата славно се случи кога поранешниот соработник и љубовник на уметникот, Улеј, неочекувано пристигна да ѝ се придружи. Обединувањето без зборови на двајцата отуѓени уметници останува една од најтрогателните средби снимени на филм, бидејќи и двете лица тивко ги регистрираат децениските интензивно комплицирани чувства. Претстојната постановка на „Уметникот е присутен“ во 2022 година ќе им овозможи на еден поединец и еден пар победници на аукцијата да учествуваат во легендарната изведба, а настанот ќе биде снимен од Марко Анели, фотографот кој ја документирал оригиналната изведба во МоМА во 2010 година. приходите ќе бидат донирани на Direct Relief, добротворна организација која работи со Министерството за здравство на Украина за да обезбеди итна медицинска помош на многуте Украинци уништени и загрозени од војната. „Роденa сум во Југославија, земја која напредуваше под културите од запад и Русија од исток“, објасни Абрамовиќ во изјавата за солидарност додека Русија ја нападна Украина. „Во текот на изминатите неколку години, работев во Украина и ги запознав луѓето таму. Тие се горди, силни и достоинствени. Јас сум во целосна солидарност со нив на овој невозможен ден. Нападот врз Украина е напад врз сите нас. Тоа е напад врз човештвото и мора да се запре“.

  • Промоција на книга “Во дијалог: Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар - Јадро”

    На 25ти март ќе се реализира промоција на ”Во дијалог: Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар - Јадро” - компилација на разговори со современите македонски визуелни уметници во повеќе дисциплини: “Со цел да се поттикне понепосредна и пофокусирана комуникација трите серии разговори беа водени во живо, во просторот на КСП Центар-Јадро, како и во дворот на кафе-книжарницата „Буква“, на тремот на Музејот на современата уметност – Скопје и кафе-барот, „Шортбас“ а четири разговори се одржаа во живо на онлајн платформата ZOOM и беа пренесувани во живо на фејсбук страната на КСП Центар-Јадро”- пишува во објавата на социјалните мрежи. Во обид (успешно егзекутиран) да се земе наративот во свои раце и да се испише (или изговори) овој момент во домашната уметност знаејќи колку е вредна таа свест, свеста дека стојат на рамената на своите претходници, ја предаваат оваа оставштина на генерациите кои доаѓаат. “Поттикнати од фактот дека на нашата сцена сме постојано соочени со недостаток на континуитет на структурираната анализа и историографија на работата на нашите визуелни уметници и дизајнери, во 2020 година ја започнавме серијата на разговори и презентации Македонски визуелни уметници, Македонски дизајнери и Видео уметници од Македонија и регионот. Она што ни беше особено битно е да ги поттикнеме авторите да проговорат за своите дела, креативниот и технички процес како и за состојбите во кој тие создаваат. Многу наши визуелни уметници имаат многу богата продукција и под тешки услови успеваат да ги изложат своите дела на релевантни изложби дома, во Европа и светот. За жал, поради честото системското занемарување на институциите и медиумите, нивните дела и успеси не се доволно презентирани пред пошироката јавност. Македонските видео уметници беа активни во овој медиум уште од почетокот на деведесеттите. Со создавање на врската со видео уметниците од регионот сакаме да придонесеме за промоција на нашите уметници на меѓународната сцена. Исто така, сакаме да го поставиме прашањето за позицијата на видео уметноста денес, како и нејзините бројни трансформации, експерименти и испреплетувањето со други уметнички форми. Македонскиот дизајн во изминатите години постигна сериозни успеси. Нашите дизајнери успеваат да ја потврдат својата работа дома и во странство. Нивните дизајни се наградени на многу фестивали и конкурси и се претставени во релевантни светски списанија и веб-платформи. Типографија, дизајн на книги, логоа, постери, кампањи, дизајн и развој на видео игри се областите во кои тие успеваат да ги преточат своите креативни идеи.” Дијалогот продолжува - утре (25 март) во Буква во 20 часот.

  • Украинската култура на готовс - и ние со нив!

    И денес се предадов на дневната рутина која не е многу здрава: како го спремам утринското кафе, ја активирам Алекса со „добро утро„ и таа на тоа одговара со истурање на светските вести на подот на кујната. Денес слушам некој маж кој спикерката го најави како поранешен директор на MI6. Вели дека целава оваа драма со Русија е само тоа - руска драматика и дека нема ништо од тоа, дека тој е навикнат на нивните методи, и дека го очекувал тоа... Тоа беше како камилица на моето кафе. Но вестите во мејловите уште пред да ги отворам не звучат ветувачки... На едно патување, жената што седеше до мене како што полетувавме ми ја зграби раката и почна емотивно да ме убедува: ова е тоа, готово е, авионот паѓа, стално патува за Шведска, и знае дека ова е моментот кога сите ќе умреме... Нејзиниот говор траеше доволно долго и убедливо додека ме турна од карпата на спокојот, авионот полета, таа заспа а јас уплашена не можев да разликувам небо од земја и гледав во ликовите на стјуардесите - исплашени се или не? Што се случува?! Слично : се обидувам во тонот на Украинците кои се обраќаат по социјалните медиуми и странскиот печат: паѓа ли авионот на европскиот па и светскиот мир? И не ветува. Не можат да ни́ го кажат истото што го кажа екс-директорот на МИ6: дека е само политички театар надвор од досегот и жанрот на дипломатијата. Еве видете и сами: Александра Ковалчук заменик-директор на Музејот за уметности на Одеса - каде воглавно се зборува руски - напиша: „ Надворешната закана го украинизира музејот во Одеса. Кој знаеше дека 150 000 војници на границите на нашата земја ќе функционира подобро од законот за јазик?„ Таа кажа дека музејот ги провери сите безбедности системи и затвори дупки и пропусти, што ги приметиле, и се заблагодари на полицијата за нивното внимание кон музејот и нивната одговорност кон безбедноста на музејот и неговата колекција. Украинското знаме било додадено на сите музејски публикации, неговото лого е сега во националните бои, и поставено е на влезот. „Можеби некој мисли дека музеите треба да бидат надвор од политика.„но ја нагласи улогата која уметноста ја има во смирувањето на луѓето- затоа влезот во Недела ќе биде бесплатен за да се бори против стрес. Сергеј Лебедински - челникот на Музејот на Каркив школата за фотографија му кажа на The Art Newspaper " Се́ уште не ни се верува дека нешто вакво се случува во Европа. Многу е тажно и многу загрижувачки. Каркив - вториот најголем град во Украина и на 40км од руската граница. Во случај на инвазија нема да имаме никаква шанса брзо да се евакуираме, како град. Но бидејќи архивите на музејот не се завршени, голем дел од постојаната поставка во моментов е складирана во Германија што е добро во овој момент. Она што е во Украина може да биде евакуирано во неколку комбиња. Вчера завршивме со инсталацијата на осветлувањето. Чудно е да се работи за идни планови кога се знае дека може да се сруши секој момент.„ Олесија Островска - Љута генерален директор на Мистетскиот Арсенал на национална култура, уметности и музејскиот комплекс во Киев кажува „Има повеќе закани, и не знаеме која ќе биде реализирана: почнувајќи од снемување струја, или исклучување на интернетот, до ескалација и целосна инвазија. Па се обидуваме да се подготвиме до колку што можеме сценарија. Има една тажна шега на украинската културна сцена: дека нема ништо повеќе терапевтско овие денови како што е пишување предлог за грант.„ После случувањата во 2014та во Украина, следеше своевидна културна окупација со напади на културните институции и егзодус на уметниците и културните работници. Олена Пек, музејски истражувач во 2018 била заробена и обвинета за шпиунажа. Се верува дека е во критична состојба откако била изложена на тортура во сепаратистички затвор. Путин ја гледа Украина како една нација со Русија и дека украинизиацијата им била наметната на оние што не се гледале како Украинци. Во Средата Олександр ТКаченко - министерот за култура во Украина напиша: „Се́ ќе биде култура. Се́ ќе биде Украина„ на денот на заедништвото.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page