Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Meta наместо Facebook!
Дива е огорчена што Zuckerberg го зема “Mета” терминот за својот бренд и сигурни сме - ќе го окупира.
- Џоли-Питови дотерани и пораснати
Ангелина Џоли со децата се појавија на премиера на Елементал и ние сме шокирани! Вчера се појави Госпожа Анѓа со децата и…. Тие веќе не се деца!!! 😭 во нашата глава се се уште како сликите подоле… првата реакција на Daily Mail беше: брејкинг њуз!! Shiloh е видена во фустан по прв пат!!! Нѐ потсетија дека Shiloh се идентификува како John и има “црногорски стил” (сака девојчето тренерки). Публицистите си ја завршија работата па веста ја преиначија: Zahara, најстарата ќерка на Jolie, носи Elie Saab халјина што мајка ѝ ја носела на Оскарите во 2014-та.. и ние би! (Добро, што се вестиве деновиве со халјините?!) Но за нас вистинската вест е дека поминале 15-на години за 2 минути … 😕
- Ye како нов човек!
Kanye откако го смени и легално името во Ye се чувствува како нов човек! Забележан е прво во Италија, па во Њу Јорк на аеродром … па на состанок и кафе со адвокатот на Trump, Michael Cohen … пс крокс чизмите му се ...
- Harry Styles во фустан!
Но, не се сите среќни! Чујте зошто…. Harry Styles е на насловницата на Vogue во фустан. Со тоа е пионер, барем што се однесува до Vogue, до сега таму немало маж во сукња или фустан. Но, не се сите среќни. Billy Porter во интервју со британскиот The Sunday Times, вели: “ Имам чувство дека модната индустрија ме прифати затоа што мораше. Јас го создадов разговорот (за небинарна мода), и Vogue сепак го стави Styles, стрејт бел маж во фустан на насловницата по прв пат. Јас бев прв кој што почна да го прави тоа, а сега сите го прават…. Не сакам да го направам лом Harry , ама…. На него не му е гајле, тој тоа го прави затоа што сега тоа е нешто што се прави. Но, ова е политика за мене. Ова е мојот живот. “ Скроз те разбираме Billy , но Harry се облекува небинарно целиот негов возрасен живот, далеку пред Pose (после која имаше шанси да ги прошеташ црвените теписи - легендарни моменти)… иако не сакаме gatekeeping сфаќаме зошто си огорчен, доаѓа од цел живот искуства… но Harry помага, и е позитивна сила во приказната. А фустани на мажин во поновата историја гледаме прилично често…. Прво во рокенрол, а потоа во хипхоп (кој е рокенролот во моментов)..
- Grimes со лесно четиво во лежерна прошетка
Нѐ засекира како е Grimes откако остана самохрана мајка со малиот Икс, па ја изгуглавме што прави деновиве. Дечки ич да не ја мислите, на прав пат е! Го чита Комунистичкиот манифест, и тоа на нога!
- KRS One verzuz Big Daddy Kane: кој победи?!
Вчера на Баркли стадионот во Бруклин, имаше уште еден Verzuz, спектакл на културата, каде ги вкрстија “роговите“ две хипхоп легенди... Во Скопје беше 3 часот наутро кога почна, па не можевме да изгледаме 2+ часа како што треба, но од она што видовме беше навистина возбудливо. Некои велеа (кхм Joe Biden кхм кхм) дека е лошо спарување: Big Daddy Kane е господин смуд, а KRS е енергетичен гласен, рокенрол дури... Но, (можеби благодарејќи им на диџеите кои ги придружуваа? можеби поради љубовта и пријателството кое го имаат за себе?) чудно и необично - функционираше! Verzuz настана за време на карантинот, кога сите музичари, сите во музичкиот бизнис, одеднаш останаа дома и сета таа креативна енергија ја насочија на Инстаграм лајв. Пар милјарди долари подоцна, имаат своја платформа и оживување и енергизирање на постарата хипхоп генерација. Таму ДМХ го имаше својот последен настап , „спарен„ со Snoop Dogg... Тажен е оној свет, каде што го немаме тој настап...
- Grimes e ОК!
Во мејл за Page Six нѐ извести дека сѐ е во најдобар ред после раскинувањето со еден од најбогатите луѓе на плавава планета Elon Musk: “Ќе ја колонизирам Еуропа независно од Elon, за лезбејска вселенска комуна”. Зезање на тема договорот на Elon и SpaceX и NASA од 78 милиони долари со кој ќе го досегнат ледениот сателит на Јупитер, Еуропа, за да видат дали може да биде погоден за живот. Тој е еден од 79-те “месечини” т.е. сателити на Јупитер. Еве ако не знаевте - научивте нешто. А доколку знаевте: повелете слика од Elon на приватен аеродром во Тексас… приватен.. аеродром…
- Сурово будење на Matt Damon од ќерка му!
Matt Damon 50 годишен маж по сопствено признание, само пред неколку месеци дознал дека "the f-word" (faggot, педерче) е навредлив збор. За време на појадок кажал виц, и неговата 15 годишна ќерка шокирана ја напуштила ситуацијата и "напиша цел реферат. сега контам, тој збор е пензиониран сега ". Не знаеме што да искоментираме на ова, освен доколку требало 15 годишно дете да му оддржи лекција за да дознае, тоа е: 1. Зошто сите се смеат кога ќе каже нешто по линија на полтронство? 2. Онаа појава, бела привилигериност (башка маж) сепак постои? Откако интернет колективно се :-, тој излезе со изјава "не знам кој ја раскажа таа приказна, никогаш во живот не сум рекол "педер"... Претпоставуваме виде што му се случува на раперот Da baby...
- TikTok активисти преплавија про-живот сајт со лажни дојави
Тексас го стави во ефект „Тексашки акт на срцебиење„ после шест недели. Доколку личност се одлучи на абортус (во овој период многу жени не се свесни дека се бремени) ќе биде забрането. Звучи поетично, емотивно но е груба манипулација. Американскиот колеџ на обстретичари и гинеколози кажаа дека терминот „Срцебиење е лага, во овој стадиум она што е детектирано е порција на ткиво кое допрва би било срцето, како се развива ембрионот„. Тексашкиот нов закон има необичен, но убаво смислен пристап. Им дава моќ и финансии на граѓани, физички лица во македонската терминологија, да гонат било кого што извршува, но и кој „помага и овозможува илегални абортуси„. На пример, другарката или член од семејство кој би ја возел жената на процедурата. Зошто е вака формулиран? Бидејќи лоби групите кои влечат корени во култови, екстремистички религиозни групи се исклучително мотивирани да се занимаваат со овој тип теми, и со тоа да си ги промовираат догмите. Еден пример е сајт кој се нарекува себе „Свиркачи„. Прикачил формулари за да охрабрува луѓе да цинкарат жени кои се одлучиле на овој чекор, со цел потоа да ги малтретираат. Тука настапува Sean Black, тиктокер кој првично преку видео на апликацијата охрабрувал да го спамираат сајтот со лажни дојави. Но, не застанал овде, и ја развил идејата. Направил бот кој поднесува лажни дојави секои 10 секунди. Кога му ја банирале IP адресата, имал поднесено 300 приговори. По сето ова направил IOS кратенка која сите можат да ја користат и автоматски да поднесуваат лажни пријави, кои дури користат локални поштенски кодови за дополнителна наводна автентичност, што би направило невозможно да ги разликуваат автентичните од бот пријавите. Практично им го срушиле механизмот на цинкарење. 5000 луѓе од средата до сега пристапиле на шорткатот. Други активисти го поплавиле сајтот со мемиња. Кимберли Шварц гласноговрничката на „Право за живот„ рече дека тие „ги очекувале овие реакции и биле подготвени за сите тролови кои би дошле на сајтот„ ... Мхм, сигурно... Засега сајтот ставил капча за заштита, а Black кажува дека работи да ја надмине сопката. Други знаменити тикток активисти се к-поп фановите (корејски поп), најчесто на возраст помеѓу 12 и 16 години, кои се прилично наапани на политички теми. Добија глобален аплауз откако откупија пола сала за митинг на Trump, која остана полу-празна... Знаеме дека тоа го болеше...
- Нова Kendrick Lamar музика - но прекипена
See you soon enough. Oklama.com
- Grimes и Elon Musk полу-раскинаа!
Ексцентричната поп ѕвезда и бизнисменот - милјардер - втор најбогат Американец (? од јужна Африка) не се повеќе заедно после три години врска, и син од 16 месеци X Æ A-Xii. Elon кажа дека сеуште се во добри односи, и се сакаат, но поради работата не можат да бидат заедно долги периоди... „Најмногу затоа што мојата работа во SpaceX и Tesla бара од мене да бидам примарно во Тексас или да патувам во странство, а нејзината работа е примарно во ЛА„ Веројатно неговата работа е причина зошто не пристигнаа заедно на црвениот тепих на МЕТ (се сретнале внатре) кога ја видовме Grimes последен пат... Тие веќе еднаш раскинаа, но не половично, кога Azealia Banks (глумица и музичар) на покана на Grimes ги посетила во ЛА, според нејзе под превезот на правење музика, да го импресионира Elon со тројка - но го поминала викендот сама во нивната куќа, чекајќи...Azealia се вратила дома суперлута и како резултат постирала на Инста детали и скриншотови од разговорите со Grimes која споделувала деловни пикантерии... Elon и без тоа беше во нуклеарна верзија на „во гужва сум со Тесла", бидејќи најавил дека ќе продава акции на Тесла за 420$, па и одговорот му беше нуклеарен: Azealia мораше јавно да се извинува - доколку ја знаете Azealia знаете дека тоа е малку чудо, а со Grimes ја заврши врската...привремено. Elon има 6 деца освен X Æ A-Xii, и две поранешни жени, а на Grimes ова и́ е прво дете. Кога се спремаше за МЕТ галата, во прилог за Vouge, откри дека не се идентификува со идентитетот „мајка„, иако има многу почит за него, па верува дека син и́ некако знае, па не ја вика мама туку Клер (нејзиното владино име)...
- Scarlett Johansson vs Disney
Scarlett Johansson го тужи Дизни. Црната вдовица, по договорот кој го потпишала, требало да се прикажува исклучиво во кината, но тие истовремено го пуштиле и на стриминг сервисот Disney+. Зошто би ги тужела за тоа? Бидејќи платата била процент од заработката во кината, а со тоа што е пуштени на Disney+, се одлеала заработката. Женската работна сила, глобално и без исклучок од професијата и локацијата, е драстично помалку платена од машките соработници. Кога се има на ум дека жените работат и во домот и околу децата овој расцеп расте, а со финанската немоќ доаѓа и немоќ во сите сфери и ќошиња на животот. Холивудските глумици не се исклучок, често актерките работат и со пола од платата на своите колеги. The Wall Street Journal цитираа извори блиски на глумицата, кои известија дека хибридната премиера ја чинело Јохансон 50 милиони долари.













