top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Jeen-yuhs на Нетфликс

    Инаку во моментов е во Париз на модната недела. Девојка му е моден медиум и ја облекуваат и шминкаат Dior и Schiapareli.

  • Муглер почина на 73 години

    “Мислам дека е важно луѓето да бидат целосна реализација на себе. Секогаш бев фасциниран од човечкото тело, и сакав да направам омаж за него, што може да направи.” “Зошто некој би сакал само мода? Тука се костимите, но тука е околината, светлата, моментот. Сега сум и фотограф, а ја сакам и музиката. Модата беше многу лесна за мене па си реков “имам моќ да ги правам овие големи шоуа.” Музиката, сетовите, осветлувањето, ставовите, сето тоа помогна да си ја кажам својата приказна. Нешто што често им го кажувам на младите луѓе е: “Биди јасен во тоа што сакаш да кажеш. Осигурај се луѓето да те разбираат.”

  • Рири и A$AP Rocky во шопинг

    Не нѝ треба посебна прилика да ѝ се воодушевуваме на Рири… таа веќе некое време - 2 години- е воглавно во Њу Јорк, стационирана со дечко ѝ A$AP Rocky , а слушаме по подкасти Њујорчани кажуваат дека често налетуваат на нејзе во зградата на студиото каде што снима… вчера излегоа од Roc-A-Fella records и тркнаа до Bottega Venetа на шопинг отворено заљубени.. таа беше облечена во линија на нашите препораки: јакна, Balenciaga тренерки, и т.н. Boyfriend шминка: само Fenty Beaty lipstain и доколку имаше пудра тоа е бб крема… тој беше од глава во пети маскирно.. фармерките тексас кошулата, монтката и капчето што го викаат шајсти капче(по раперот poo sheisty)..

  • Загубата ретко е едноставна, колку и да се чини дека е споредна

    - Ми се јавија вчера, не можат ништо да направат, и отиде. Кучето Пиксел почина 4 дена откако радосно им објавив на моите родители дека сестра ми толку се заљубила за прв пат во куче што ќе го земе со себе во Скопје да го чува. Четири дена подоцна почина од штенечак. Беше толку мирен откако беше роден, што таа кроткост ја збунивме со апатијата. Тој беше селско куче, каде ретко кое успева да дочека една година. Сѐ е против нив во - на прв поглед - идилична средина. Иако растевме со кучиња, иако сестра ми не живее со моите, иако таа е возрасна жена реакцијата на мајка ми беше едно жестоко НЕ! Зошто така реагира од првото кученце кое дедо ми го донесе во кутија од Велес со воз, до сега, навистина не знам. Еден елемент со сигурност е: антиципирање на болката која ќе дојде со загубата. Но што е попогубно? Празнината, музејската стерилност, тишината, или болката, солзите хаосот на тагувањето. Тоа што е изгубено во оваа математика е она помеѓу. Целата љубов радост и сеќавања. Во дворот еден ден од никаде се појави една трошка од маче. Кога татко ми и дал да јаде, толку била гладна, што се удавила во залаците. Имаше лут израз на лицето и во комбинација со необично убавото и слатко маче имаше комичен ефект. Мајка ми смета дека мачките се себични, саможиви и со тоа врската со нив не може да биде толку силна и емотивна како со кучињата. Па така и реакцијата не беше ни оддалеку слична со оние кога ќе дознаеше дека вдомуваме куче. Само ладно дофрли: женско е? Ќе видиш што проблеми ќе ти направи. Лами и јас си изградивме дневна рутина која беше прецизна до минута. Ме будеше со тоа што ми се туткаше на рамото. Кога порасна тоа повеќе беше: Кога Лами ќе се разбуди а јас уште спијам, нежно ме буди со тоа што ми седнува на лицето. Се галевме 10-15 минути и на таа нота, среќна и расположена, го почнувавме денот. Јас кафе, таа доручек .. Првите 5 месеци од својот живот не мрдна надвор од куќата и дворот баш никаде. Не беше плашлива, но беше претпазлива. Мајка ѝ ја научи како да скокне од прозорот на кујната на кровот на соседите. Последната недела од нашиот зеднички живот, поучена од мачето кое се појавуваше да руча и нејзин врсник, почна да шета во околните дворови. Дури и ме испраќаше кога одев до продавница и седеше под колата на комшијата додека не се вратам. Последен пат ја видов Лами во влезот на мојата куќа. Го чистев, а таа се моткаше околу мене. Излезе низ подотворената врата и седна. Кога излегов - ја немаше. Ниту во дворот, ниту на улицата, ниту во околните улици... Кога решив дека ќе ја чувам, ја смирив мајка ми со „не се секирај, ги знаеш мачките, скитаат. Ќе ја израснам, да ѝ дадам шанса да преживее и после тоа ќе си отиде.„ Една недела откако го кажав ова престанав да верувам, ама веќе беше речено. Кога мајка ми дозна дека ја нема рече „ нека ѝ е со среќа, , а ти - се спаси„. Тоа што мајка ми пропушти, се моментите на среќа, блискост и поврзаност. Чистење на влакна, флеки, и разноразни бељи во тој контекст се безначајни! Поентата не е во моментот на загубата, туку на сѐ она што ѝ претходи…

  • Литографии на Ван Гог продадени

    Литографиите кои се откупени од Мет музејот во Њу Јорк за неколку милиони евра, во своето време не чинеле ниту еден…

  • Резолуции и рутини

    До каде сум со диетата што ја почнав во декември? Почнав по план, почнав дури и позитивни коментари да добивам, и отидов во викендичка на село. Таму ручав и доручкував сосема по план. Но, залихата на печени бадеми и бисквитите што сестра ми си ги купи за два месеци...отидоа после четири дена. На диеталниот тост со парченце кашкавал му додадов две лажици руска салата! Од залихата за коледарчињата, остана само...половина горчлив орев. Ете до каде е диетата.. Инаку работите се одвиваат добро, а и да не е така каква разлика би правело јас во тренерките, изолирана дома под бранот на суперзаразниот омикрон? И тука лежи цаката зошто веројатно многу резолуции не успеваат. За да се исплати трудот, треба да стои нешто што ќе мами на другата страна од тунелот, или мостот... Многу често, „исплатата„ е кажана од доктор: доколку не престанеш да пушиш/не отидеш на диета/не почнеш да вежбаш, и да преживееш, нема да биде живот кој ќе биде пријатно да се истера. Луѓето најчесто се токму таму каде што сакаат да бидат. Некогаш позицијата која изгледа дека е крајно непријатна и опасна е единственото место кое го знаеме, и кое сме научиле дека е дома. За да се преселиме во нова куќа со сјајни подови, прекрасни погледи, фини и културни комшии треба да ја напуштиме шупата. На прва изгледа дека е многу лесно и едноставно: Само престани да пушиш. Само немој да јадеш. Само 15 минути дневно.. Но тоа подразбира дека треба да ја напуштиме позицијата на комфор. Често немаме енергија во себе да го направиме тоа. Според некои метрики кои не ни се сосема јасни, ама им веруваме, за некое однесување да нѝ стане навика, потребен е 21 ден. Потоа станува наша втора природа, рутина. Прашањето останува, не како да го правиме она што сакаме да го направиме што во најголем дел го знаеме, туку прашањето е како да се убедиме дека тоа е нешто што сакаме да го правиме. Затоа потребно е малку креативност во менување на перспективата. Еден битен чекор е - одважност и храброст да сакаме и да посегнеме по живот кој можеби мислиме дека е недофатлив за нас? Во таа клопка се фаќаме многу често.. „Не е реалистично...„ А единствената задача која ја имаме во осмислувањето на нашите животи е да го исполниме целиот наш потенцијал во работите кои ги сакаме и кон кои тежнееме. Или, да се убедиме: тело од типот на оние што ги гледам, напола со завист напола со воодушевање, се сосема возможни за мене. Животот кој може да го придружи - го заслужувам и може да се справам со него. Работите кои ги нуди светот - ми се достапни. Ќе почнеме да веруваме дека подобариот живот нема да го расипеме, дека нема да нè преплави и натежне...Диетата ќе почне да делува...

  • Kanye имаше чудна вечер

    Која почна лабаво но некаде после полноќ доживеа драматичен пресврт

  • Drake - почудно од фикција.

    Овој коментар го направивме пред да ја дознаеме целата приказна. Имено… Наводно Дрејк и IG манекенката се запознале на Инстаграм, а двајцата решиле да се видат пред неколку недели. Манекенката и Дрејк имаа романтична средба, а она што се случи потоа беше па... ЛУДО. По забавата, тие се вратија во неговата соба во хотелот. Малку пушеле трева, а тој ја прашал дали сака да има секс. Таа рече, дека тој посебно бил решен да биде јасно дека тоа што ќе се случи е консензуално - со обострана согласност. „ - после ова е експлицитно(нема зошто да одиме во толку детали) но приказната завршува со : тој призна дека истурил пакетче лут сос во кондомот за да ја убие спермата. Сега манекенката на Инстаграм се заканува дека ќе го тужи Дрејк. Ние сме љубопитни по која основа? Како ќе објасни дека Дрејк има било каква одговорност за искористен кондом?!

  • Howard Stern не го штедеше Новак Џоковиќ!

    Но дали помина линија со исмејувањето на акцентот и коментарот за Дракула?

  • Рецепт за руска салата!

    Вистинска штета е да пројдат празниците без руска салата! Откако ќе го видите постов знаете и вие како да правите со пилешко или салама!

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page