Крахирање на здравиот разум во галеријата Јелцин
top of page

Крахирање на здравиот разум во галеријата Јелцин

Првиот ден на работа може да биде стресен, а стресот ги предизвикува луѓето понекогаш да се однесуваат ирационално но првиот ден на чуварот во Јелцин центарот во Екатеринобург котира високо во комично со својата ирационалност: тој исшкртал очи на една од изложените слики!





Се работи за Три фигури од руската авангардна уметница Ана Лепроскаја, која била позајмена од државната Третјаков галерија од Москва за изложбата Светот како Не-објективност. Посетители ги приметиле грубо нацртаните очи со пенкало и го пријавиле на вработените во галеријата.

Вандалот бил чувар од приватна компанија за обезбедување кој бил најмен од Александар Дроздов -директорот на Јелцин центарот. Сега тој се соочува со казна висока(или тешка) пола милион евра.

Кураторката на изложбата Ана Решеткина кажа дека оштетената слика од 60 годишниот чувар „ со пенкало кое било на галеријата и го направил тоа на првиот ден на работа. Неговите мотиви се уште се непознати, но администрацијата верува дека се работи за некој вид на крахирање на разумот. „




Весниците таму известиле: „ Слика во Јелцин центарот е обезличена- чуварот и́ нацртал очи„ .

И не е ова краток расказ на некој современ Хармс.


П.С. Во галеријата работат на реставрација на цртежот во оргиналната состојба.



bottom of page