Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Почнуваат празниците!
Со американскиот Ден на благодарноста, почнува празничниот период. Длабоката стара есен се чини дека е зима, ланските новогодишни украси по магацините и рафтовите се заменуваат со нови… Меланхолијата за претстојното сивило - посебно февруарското, избледува како и златникавиот темен тен на летната кожа… седум години по ред ја земам кутијата со лампиони и од нив отпакувам намерен ентузијазам со предумисла. Осмата година - упали. Се фати некако носталгијата во градина од пријатни топли сеќавања, божиќни филмови, вечери пред ќумбе, заедништво…
- Резолуција #1: Ќе држам диета и Резолуција #2 набрзина
Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Вежбај повеќе - Престани да пушиш - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! Резолуција #2: Вежбај повеќе. Имам орбитрек за шиткање речиси неупотребен.
- да се грашок или бурек?
Петар влезе во легендите.
- Cardi B креативен директор на Playboy!
Најприродната прогресија - од сексуална работничка до креативен директор на Playboy. Но, за жал звучи како некоја неверојатна „верувале или не„ , „Убава жена„ (филмот) тип на приказна. Карди Би на Инстаграм коментира „Пристапувањето на Playboy фамилијата е сон, и знам дека и вие ќе се заљубите во она што ќе го направиме ;) Ја почнувам журкава како што е ред, како креативен директор, и основоположник на CENTERFOLD - нова платформа, водена од креатори, на Playboy. Доаѓа набрзо! Ќе биде тооооооооолку многу забавно!„ Centerfold беше рубриката на Playboy, причина зошто милиони момчиња и мажи (веројатно и жени) го знаеја и купуваа Playboy - таму девојката на насловницата покажува што знае и што има. Прв центерфолд била Мерлин Монро. Фактот дека го враќаат Playboy на сексуалните работници е ветувачки, иако нѝ е јасно дека доаѓа од неопходност. Изданието веќе со години е замрено. Ако некој може да го врати во живот, тоа ќе биде Wet Ass Pussy Cardi B. Onlyfans беше дигиталното збиралише на сексуалните работници, каде тие добија своја независност со тоа што можеа непосредно да заработуваат - но сцената се здоби со удар кога Onlyfans оневозможи монетизирање на содржините кои што ги пружаше. Изговорот беше: банките преку кои одеа трансакциите одбивале да бидат вклучени во овозможување на сексуални услуги - тие се криминализирани во најголем дел од светот. Ова е причината зошто оваа новост од Playboy звучи посебно ветувачки и повеќе од потребно.
- Корејски маникир!
Nail art веќе некое време е прилично популарна дисциплина, ама корејците како и со сѐ друго во “убавина” (козметика) категоријата (од пакувањето до самата содржина) ја подигнаа дисциплината на сосема уникатно ниво.
- Македонска убавина
Трогателно 😭
- Да Џака Накот со нов албум!
Најплодниот не само рапер, не само музичар, веројатно и во категоријата уметник Da Dzaka Nakot издаде уште еден албум, но од она што успеавме да чуеме не на сметка на производот. За заситеност во културно изгладнета средина не може да стане збор, но токму тој глад парадоксално се чини дека го храни лиричниот змеј. Да го преслушаме како што треба и следи ривју. Ова е само препорака да тркнете до Apple Music/Spotify/Youtube или која и да е вашата платформа и да дадете придонес на македонската сцена и нешто за себе.
- Палма во зима!
Палмите дојдоа на голема врата во Македонија. Нешто како визија на претходниот премиер (имал епифанија кога бил на море дека местото ќе изгледа многу потмурно без палмите), нешто како самите сограѓани што земаат за пример додека летуваат, а делумно заради сѐ поголемиот интерес за градинарење и меѓу помладите и урбани луѓе. Со градинарење доаѓа доста експериментирање … еве како да им помогнеме на палмите да презимат во ладни зими…
- God’s plan на Ye!
#drake #Kanye и #Drake се помирија после отворената (и прочитана) покана на #ye да учествува на “хуманитарен”(?!) концерт за ослободување на Larry Hoover - гангстерски кум од Чикаго. Kanye на последниот #sundayservice ја изведе God’s Plan во хорски аранжман… со оглед дека сме среде колективна тага и траума, изведбата е како мелем на многу болна рана.
- Мет врати артефакти на Нигерија
Бронзени скулптури од 14 век. Mет музејот ѝ врати на Нигерија три бронзени скулптури и релјефи од 14от век. Откако Велика Британија уште еднаш го одби барањето на Мицотакис, при посетата на Џонсон, да го врати мермерот од Партенонот. Вообичаениот изговор е -атинскиот загаден воздух ќе ги оштети, но последнава година на британскиот музеј му прокиснува кровот, па изговорот веќе не држи вода. Гестот на Мет музејот само по една недела откако Мицотакис го посети Лондон се чини великодушен(?!) и во контраст со ставот на Британците. Но тоа е така, се додека не дознаеме дека Мет музејот вратил само три од стотици артефакти… дури допрва ќе се соочуваме со дрскоста на колонијализмот.
- Папата понуди молитва до загинатите во Бугарија
Во телеграма до Стево Пендаровски, Папата изразил искрена солидарност во болката на сите што се засегнати од несреќата кај Струма. Посебно внимание во својата молитва ќе посвети на децата кои загинаа. “ќе ги пофали душите на Семоќниот Бог, Светиот Отец и повредените во своите молитви”- пишува Vatican News .. Телеграмата ја заклучил со инвокација на Божјиот свет благослов за утеха и мир на сите посебно во време на национално тагување. Фала Папа Франциск













