Искрено... небитно




Не се поминати ниту два дена откако Дрејк(Drake) издаде изненаден албум, кој од друга страна дојде еден ден после најавата дека Бијонсе (Beyonce) ќе издаде албум кој го снима со години, активно, и за кој веќе се зборува дека ќе биде најамбициозниот албум кој го направила до сега, и - конечно ќе излезе од „поп„ жанрот. Да се натпреваруваш со Бијонсе дури и да издаде просечен албум е невозможна битка, па може сосема слободно да се заклучи дека од овде доаѓа избрзаноста.

Првите реакции е - разочараност дека Дрејк не рапува. Дека експериментира. Дека има Зара/H&M/музика за во лифт или во најдобар случај - музика за на Ибица и Миконос, за покрај базен, со раскопчана кошула, додека пиеш коктел и добиваш педикир.

Но ние после три недели активно слушање на последниот албум на Кендрик Ламар „Мр.Морал ...„ - се́ уште не се чувствуваме дека го имаме дослушано. Дрејк е далеку полесен колку и да е мрачен на моменти - во музичка смисла, не е толку комплексен - и сепак мислиме дека не е фер да се даваат квалификации како што доби после само еден ден.


Па да почнеме со белешката, или изјавата која ја прикачи на албумот, посветена на починатиот Виргил Абло, а во нејзе се обраќа на Кање Вест, веројатно на роматничниот интерес, и открива каде е во моментов.


„Дозволувам мојата понизност понекогаш да се претвори во утрнатост, оставајќи го времето да си помине знаејќи дека имам издржливост за да ја фатам друг пат.

Работам со секој здив во моето тело затоа што работата, а не воздухот, е она што ме прави да се чувствувам жив.


Тоа е некое навистина погубно срање, но тоа е тоа срање кое на мојот перфекционистички ум навистина не му пречи затоа што никој не знае што ми е на ум кога одам да спијам во 9 и се будам во 5 - освен ако не го кажам тоа во рима.


Не можам да се сетам кога последен пат некој го оставил телефонот, ме погледнал во очи и ме прашал за мојот тековен увид за времињава


Но, се сеќавам секој пат кога некој ми засјал светлина во очите


Намерно се обидувам да заборавам што се случуваше помеѓу мене и некои луѓе, бидејќи знам дека не сум човек што простува дури и кога се обидувам


Мојот порив за одмазда го победува во играта против добриот човек во мене секој ебен пат


Имам планови за кои не можам да зборувам со повеќе од 4 типови, затоа што последен пат кога ги споделив со некој однадвор...па - тоа е друга приказна за друга ноќ


Се обидував да прејдам преку таа изјава за да кажам дека не сум @ период во мојот живот кога тапкања по рамо ми помагаат


Ќе ја изберам лојалноста пред оф леле и оган емоџи


Знам дека тоа да беше темна ноќ каде што сите шанси беа против мојата страна и мојата вештина отиде кај оној што ми го одзеде животот, тие се отарасија од мене со широка насмевка и можеби дури и ја постираа за пар лајкови


Знам дека сите што ми кажува дека ме сака, не ме сака постојано, особено кога ми оди подобро од само добро и мораат да го гледаат тоа од која точка и да се во животот


Стигнав до овде со тоа што бев реалистичен


Не стигнав до овде како слепец


Знам што е што и особено што и кој е покрај мене


Искрено...Не е важно.


ПОСВЕТЕНО НА НАШИОТ БРАТ В


- Дрејк